Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.768
    Пол:
    Женски
    Благодарам за советот :)
    Поминаа месеци а јас уште не се средив , па ваљда и никогаш не би се средила ако продолжам вака .... Иако не сум спремна ке прифатам дејт :) што ке се случува понатаму никој не знае .....
    @Fina balerina имам пишувано за крајот на поранешната врска и каков шок добив ..... Не патам за бившиот туку ножот што ми го зааби во мојот грб , траумаата што ја доживеав многу ме погоди , и тешко се опоравувам од тоа ... Размислував да одам на психијатар но што фајде од тоа ...
    Ке одам на дејт , ке видам што понатаму ....
     
    На Yowannty, Fina balerina и +++ им се допаѓа ова.
  2. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Многу е лесно да се каже само влези така во врска и не пропуштај прилики, ама не е баш така. Никој не заслужува да му биде всадена лажна надеж или пак невозвратена љубов. И не е воопшто лесно да се преболи нешто што те повредило. Скоро сите го имаме поминато тоа тука па и сите знаеме како се одвиваат работите кога станува збор за тоа и затоа е најубаво да бидеме искрени. Треба време да се преболи таква болка.
     
    На parksey, Juicy и Justicija им се допаѓа ова.
  3. Fina balerina

    Fina balerina Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Sekogas nekoj mora da pati i toa e izbor uzmi ili ostavi

    Jas ne istaknav vrska mora da ae napravi cekor napred u toj konteks bese muabetot dali e kafe vecera bla bla dali ke ostane samo prijatel tteba prvo da go zapoznaes pa da razmislis
     
    Последна измена од модератор: 5 октомври 2017
  4. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Кога веќе ме цитираше, ќе ти одговорам зошто сметам дека тоа не е во ред. Не е во ред зошто тие луѓе веќе имаат голем интерес, баш како што наведе членката погоре. Навистина е убаво тоа и се радувам за неа, но не е во ред ти да му всадуваш на некого лажна надеж ако не си спремен. Инаку сите ние (ако не сите, повеќето) расчистуваме со нашето минато благодарение со нашата самотија и посветеност на самите себе. Самотијата секако, колку што е добра толку е и лоша.
     
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.427
    Допаѓања:
    183.296
    Пол:
    Женски
    @Justicija нема проблем. :) Не сум прочитала или не памтам какво искуство си имала, ама еве од лично искуство тврдам дека се поминува.

    @+++ секој од нас барем еднаш имал лошо искуство во врска. И секој различно се бори со мислите. Некогаш толку се повлекуваме во себе со изговор да се средиме, што потоа се потешко станува излегувањето од комфорната зона. На крајот, никој не и кажа да рипне во нова врска, туку да не пропушта кафе ако процени дека особата е интересна и има предиспозиции да се развие нешто повеќе. А и да не дојде до тоа, од едно кафе со нова личност никој не умрел. :)
     
    На Pandora- му/ѝ се допаѓа ова.
  6. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Па јас не пишав дека вие и препорачувате да влезе во врска, туку само ѝ напоменав да не влегува во врска ако е неспремна. Што се однесува до другото, сите имаме различни гледишта, но таа веќе пиша дека луѓето се заинтересирани за неа и дека сакаат нешто повеќе и сметам дека не треба да се превземат било какви чекори сè дур таа не расчисти самата со себе зошто може тоа да води и до влевање на лажна надеж.

    На крај крајава, сите сме тука само да ѝ дадеме мислење а како ќе одлучи таа, така.

    Ништо против тебе, не го сфаќај коментаров како напад.

    Поздрав.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  7. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.504
    Пол:
    Женски
    Некој дали има измешано муабети? Мене ми гледа како да е навреден од нешто друго според тоа како ти одговорил. Нема тука ништо лошо ако рекле дека може да има нешто меѓу вас, сигурно има нешто друго, друга причина. Разговарај со него отворено нека ти каже.
     
  8. Emaa9601

    Emaa9601 Нов член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите!
    Во врска сум 3 месеци. Дечко ми е постар од мене 2 години. Често кога сме кај него дома почнува да ме допира.. знаете каде и како . Мене тоа воопшто не ми пречи но секогаш кога ке се случи тоа сака да му возвратам. Но незнам како се срамам.. Ми треба совет како полесно да се опуштам во такви ситуации и како да му возвратам за да не се чуствува запоставено од моја страна. :D
     
  9. лавица19

    лавица19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    106
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба да се опуштиш малку и да размислиш дали навистина го сакаш тоа..ако до сега го немаш напраено тогаш ке треба да почекаш одреден период да помини за понатаму да не се каеш.
    Воглавно пробај и ти да му возвратиш иако мислиш дека не е како што треба на мажите убаво му е секако,и најбитно разговарај со него што сака тој,како сака исто и ти казисиги своите желби.па среќно :)
     
    На Emaa9601 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Според мене јас мислам дека тебе повеќе ти е страв од тоа да не се обрукаш во случај ако направиш нешто погрешно, ама опушти се, и да направиш нешто погрешно верувам дека ќе најде дечко ти разбирање и ќе ти покаже самиот тој како треба и како тој сака.
     
    На Emaa9601 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Jane.Birkin

    Jane.Birkin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    1.941
    Пол:
    Женски
    Па опушти се и ти. Фаќајте се малку и ако е поискусен нека ти каже што го возбудува и како да го направиш тоа. Многу е важна комуникацијата за тазе врска затоа што сеуште откривате што сака партнерот:!:
     
    На ELIDavor му/ѝ се допаѓа ова.
  12. valerijast

    valerijast Нов член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, во врска сум 2 години меѓутоа во последно време многу се каравме некако не идеше врската све некоја монотонија фати,башка не се трпевме многу со карактерите во превод не се согласувавме така да една вечер се скаравме така појако зборевме нешто на телефон ми спушти слушалка и од тогаш јас мн се изнервирав бев лута го немаше скоро 10 дена решив да го побарам да прашам кај е што го нема,пишав и на тоа ми врати кај треба да ме има нели јас не сум бил за тебе ти си била многу добра и сфатив дека ми иде контра јас сакав да се смирам тој ми набацуваше цело време и од тогаш решив да не го молам да не му пишувам. Во тој период се почуствував многу повредена едноставно сфатив како да ми раскинал го преболував на некој начин,учев како да живеам без него првите две недели беа мн тешки меѓутоа се навикнав се трудев да не се секирам да искачам повеќе со другарки да си го исполнувам времето и успеав во тоа ми дојде мн полесно зошто искрено некако како обврска повеќе ми беше врската си сфатив дека тој не ме заслужува толку и дека не е толку вреден,почнав во меѓувреме да се допишувам и со едно дете што ми се допаѓаше договорив онака на кафе со него само,но точно после еден месец ми доаѓа дечково шо идев 2 години и ми пишува дали сум размислила дали сум разбистрила мозок,едноставно незнаев како да реагирам бев толку оладена од него што искрено не ми значеше толку тоа што ми пиша,ме остави еден месец сама ме олади па одеднаш се појавува ко небаре играчка сум јас па кога ќе посакам ќе си ја земам.Му го изнакажав сето ова тој ми рече како си можела толку брзо да донесуваш одлуки сама во глава да си мислиш дека сум ти раскинал или незнам што му реков те немаше долго време што треба да мислам.Во контакт сум со него и се мислам дали да дадам шанса сепак во име на тие 2 год иако знам дека нема да е исто еднаш коа ќе се скрши,од друга страна ептен се затрескав во детево значи мислам на него цело време бев излезена на кафе муабет само ептен ми остај впечаток значи поише мислам на него отколку на дечково,ве молам да ми дадете совет како да постапам во ваква ситуација ни сум ваму ни сум таму,што би било паметно да направам.Ве молам за совет.
     
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.844
    Допаѓања:
    173.283
    Пол:
    Женски
    Штом си оладила, остани ладна.

    Многу мразам машки што се однесуваат лошо. Почнувам да ги мразам некако, одбивни да ми стануваат.
    Никогаш не би дала шанса на таков.
     
    На ELIDavor, ♣ Alba Viduam ♣, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Нешто што пукнало еднаш, колку сакаш лепи го, пак ќе пукне.
    Сега и него му е криво дека сте раскинале, може сфатил колку вредиш и што изгубил ама ти си продолжила понатаму. Мислам дека не е вреден да му се вратиш.
    Кога можел да те остави 10 дена без да ти се јави, па го бараш ти и пак исто те остава, што рогови бара сега назад?!
    Му поминал возот.
     
    На ♣ Alba Viduam ♣ и emotivnadevojka им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Ми треба вашето мислење.
    1. Дали би биле со некој постар од вас 10 години дури, свесна сум дека се многу години во прашање, но мене искрено ми се премногу. Другите ми велат не се битни години, но човекот освен што е предобар со мене, не ме привлекува физички.
    2. Со бивши ми раскинавме пред 2 месеци и останавме пријатели, но нашето пријателство се сведува на караници, често сум контракдикторна со него и кога ќе му укажам дека не е во право, топката ја префрла на мене за јас да се чувствувам виновна, ќе го нема со денови да ми пише или јави како демек тој е наљутениот. Кај мене проблемот е што јас не сум оладена и имам капка надеж во мене за нас. Многу размислував да се повлечам од него и тамн ќе се одлучам ете ти го повторно ми се појавува. Не знам веќе што да правам со човеков, ме интересираат вашите мислења.
     
  16. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.710
    Допаѓања:
    46.045
    Пол:
    Женски
    1. Годините не се проблем општо, доколку на вас не ви пречи тоа. Во случајов како што гледам, човекот не те привлекува, можеби и не е до годините, можеби и е. Јас мислам дека не е доволно некој да е само предобар за да бидеш со него. Треба да има тука многу повеќе, да те привлекува, да се чуствуваш убаво во негово присуство, едноставно да сакаш да бидеш со него. И ако толку многу сакаш, годините нема да ти претставуваат проблем. :)
    2. За да продолжиш понатаму со животот, најдобро е да прекинеш секаков контакт со бившиот. Ако толку многу ти значи и сакаш да се смирите, обиди се, разговарај со него, ако сметаш дека можете да продолжите заедно. Во спротивно подобро за тебе е да прекинеш било каков контакт со него, за да можеш што побрзо да продолжиш понатаму.
     
    На ELIDavor, Annora, Dust и 3 други им се допаѓа ова.
  17. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    1. Кога сакаш да си со некого за се ќе најдеш опрацдување. Кога нејќеш ќе бараш изговори. Ваљда за да го заборавиш бившиов од точка 2 се плеткаш со возрасниов. И порано сум кажала дека годините не се пречка ама тебе овај не ти се свиѓа. Не мора да си веднаш со некој колку да не си сама.
    2. Многу е битно зошто сте раскинале. Ако има простор за смирување труди се околу него. Ако нема, бегај. Нема пријателство после врска.
     
    На emotivnadevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Јас не сум со првиот ради реда. Не сум пристапила на таков начин, пријателски однос имам само.
    Не се гледам со машко за да заборавам некого премногу очајно ми е тоа. Свесна сум во што се впуштам, но воопшто не ми се допаѓа и не знам како да му го сервирам тоа на поблаг начин.
    А бившиот мој ми праќа измешани знаци и не знам како да реагирам.
    Можам да бидам сама, дечко не ми е приоритет. Си ги разбистрив сите опции за враќање и секогаш кога ќе помислам така тој ме враќа на почеток со измешан сигнал.
    Јас знам дека нема пријателство после врска, само не ми е јасно што се врти околу мене.
     
  19. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Епа ако не ти е јасно зошто тој се врти околу тебе, прекини ти да се вртиш околу него. Сега е најлесно, block this contact. Ако навистина го сакаш тоа...
    А за првиот, можда лошо протплкував, sorry. Одржавај си другарки однос и држи се на дистанца. Не верувам дека ќе инсистира на нешто друго ако ти го ставиш со време на место.
     
    На ELIDavor му/ѝ се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Во право си, треба јас да престанам да се вртам околу него. Фала за советот.
     
    На ELIDavor му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.