Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Уживај во моментите сега, а кога и ако останеш сама ќе мислиш после. Немој да бидеш параноична и со тоа да го оттргнеш од себе сегашниот дечко, биди позитивна и насмеана, уживај со него, секој ден прави го посебен и не мисли на тоа „што ако останам сама„ нема да останеш сама и да се случи тоа како што го најде овој така ќе најдеш и нареден дечко ако отидат работите на таа страна.
     
    На Mama90 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Не размислувај сега на негативни работи ако ти е убаво. Кога ќе останеш сама тогаш ќе мислиш. Но ти нема да дозволиш да го изгубиш и да бидеш пак повредена. :) Не мисли на иднината, живеј во сегашноста и уживај со тоа што го имаш. :)
     
  3. Reaper666

    Reaper666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    15
    ех не претерувај .. уживај си во тоа што го имаш сега .. за понатаму се што треба да дојде.. ќе си дојде.. доколку се навраќаш на лоши спомени .. не ќе можеш да уживаш во тоа што е сега :)
    само релаксирај се и уживај во сегашноста ;)
    поздравче :*
     
  4. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Девојки, со дечко ми можам да кажам дека одлично се согласуваме. Но не и кога се работи за патување. Не ми е човек од акција. Секогаш наоѓа изговори за да не појде некаде. ОК, има кредит земено и не му остануваат многу пари, но кога и да му најдам некое прифатливо решение, тој одбива. Јас сеуште не заработувам, но моментално имам нешто заштедено и сакам барем на ден-два да излезам од државава. Сакам до Ниш да појдам или пак до Солун. Не треба којзне колку пари, нели? И бидејќи ми здосади од молење, му реков дека ќе одам со сестра ми, и .... се подналути со изговор- Мене не ме викаш со вас???
    И ми дојде да го отерам у П.М. :@ Као јас никаде не одам без тебе без да те поканам и сл. Ајде ок...ама барем да ме викнеше на некое патување- не до продавница.... :emo:
    Што мислите? Да кревам востание, или пак да чекам да имам доволно пари и услови па за да му удоволам на господинот за да нема на што да најде забелешка?
     
  5. TrueReligion

    TrueReligion Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    175
    Вака....Другарките ми велат дека е женкар..Моето друштво(т.е околината во која живеам) ми вели дека користи дрога и е пијаница,мајка ми вели дека не е за мене-како сум можела да се споредам со некој кој имал завршено само 4та година гимназија,а инаку јас имам одлични оценки и веќе од моите дома имам голема замисла за мојата иднина :D....Вистината е дека кога тој кога бил помлад имал проблеми со законот....Тој и неговото друштво,ама мене со него ми е пријатно,убаво,се чувствувам задоволно и што е најбитно среќнои фала богу никогаш сум немала проблем со неговите стари проблеми.....Немаме голема разлика во годините(4)....Taка да јас сум на средина на многу нешта? Што би направиле вие во ваков случај....Он знае дека него за таков го сметаат но ми кажа дека само моето мислење му било битно,а домашните со совет да се оддалечам....Што да сторам?Како натаму?
     
  6. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.627
    Допаѓања:
    9.070
    Пол:
    Женски
    Без избрзување,запознај го подобро,дај му шанса.Само што не ми се допадна тој негов став дека мислењето на другите не е битно,и те како е битно ако се работи за мислење на родител.Немој да се залеташ,и имај го во предвид мислењето на родителите,тие лошо не ти мислат.И не мораш преозбилно да го сфатиш дечкото уште од почеток,запознај го,види дали ќе ти одговара,дали е женкар...Само ти можеш да процениш дали тој те заслужува.Доколку процениш дека е така,бори се за својата љубов :clap:
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Да си го гледаш факултетот. Мое мислење и да ги послушаш останатите. Таков не ти носи ништо добро во животот, ако бил таков де. Дечковци имало и ќе има секогаш.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Девојки не знаев во која соодветна тема да го поставам мојот проблем кој може че ви звучи банален ама верувајте мене воопшто не ми е лесно.Се работи за тоа дека моите колешки од факултет постојано ме гледаат со потценување и тоа страшно ми влијае на расположение ,постојано ми упатуваат некои погледи ,превртуваат очи .Живеам во мал град и сите се знаеме ,имав претходно една добра другарка која дружевме долго време и ми се вмеша во врската и поради неа раскинав со поранешниот дечко .Но има и друг проблем една друга колешка која му се наметнува на мојот партнер и тоа од инает само затоа што тој се гледа со мене,цело време ме гледа со потценување буквално ми се исмејува и мислам дека тоа нејзино однесување произлегува од таа подршка што ја има од нејзините другарките и од колешките на факултет ,ги имам слушнато дека велат оти јас сум грда и дека не го заслужувам него.Мојот проблем е што незнам како да се справам со ситуацијава ,бидејки нема излезено овие три недели не знам што се случува низ град и со мојот партнер од друга страна па се прашувам дали тој почнал да се гледа со нееа и затоа така прави од друга страна ја губам самодовербата сега кога ќе се погледнам почнувам да плачам и како да почнувам да верувам дека јас не сум доволно убава и паметна за него . .Ви благодарам однапред за советите и мислењата.
     
  9. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Воопшто не е банален проблемот, особено кога се работи за самодоверба, една од најважните особини кај секого.
    Кога ќе се погледнеш во огледало гледаш некоја грда и глупава зашто самата се мислиш за таква, или зашто некои си таму „пачаври“ отстрана зборувале? Твоето мислење за себе е најважно, а ако се стремиш да бидеш онаква каква што отстрана би те замислувале за идеална, уште сега оди си слободно во Бардовци - во еден правец. =)
    Не оди тоа така, пријателке, но барем ете, го имаш партнерот крај себе и баш на него гледај како на поддршка, како на некој кој е тука да те ислуша и кога и е тешко. Ако одите подолго и ја имате стекнато онаа поинтимна доверба еден во друг, пробај разговарај со него за овој проблем, да слушнеш дали и што тој размислува за него. На крајот на краиштата, секогаш се тука и твоите најблиски, отвори се пред нив; Да, постари се, но тоа не ги прави „странци“ за проблеми како овој. Напротив, ако некој најубаво знае да ги посочи твоите доблести, тоа се тие. =)
    Само во никој случај НЕ ДОЗВОЛУВАЈ да западнеш во депресија, a со твојот пост укажуваш токму на тие знаци! Ги имаш блиските и оние што те сакаат, баш ваква каква што си, околу тебе - Не испуштај ги!
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Девојко очигледно девојкиве ти се љубоморни па затоа така сакаат да те потценат. Само исфрустирани и искомплексирани го прават тоа. Злоби, немаат попаметна работа во животот.
    Додека ти си го живееш животот тие се замараат со тебе, а ти се уништуваш заради нив???
    Па ти не си таа која се замара и оговара други девојки, нема зошто да те загржива тоа, луѓето отсекогаш збореле и ќе зборат кога некој им пречи, а ти очигледно им пречиш на овие девојки, можеби затоа што си попаметна и поубава од нив, можеби затоа што машките тебе повеќе внимание ти посветуваат... Они се чувствуваат запоставено заради некои од овие причини па затоа се однесуваат така. Ова само треба да ти ласка и да ти ја зголеми самодовербата, штом на некоја девојка толку и пречиш те гледа како конкуренција и потенцијална закана па сака да те погази.
    Не го дозволувај тоа, твојов пост докажува дека вредиш повеќе од овие девојки, застани цврсто, ич нека не ти биде гајле, тие нека зборат што сакаат дали си грда или не, најбитно е ти да си ја гледаш убавината во огледалото, а и онака убавината не е некакво мерило за нешто.
    А партнерот штом е со тебе значи дека сака да биде со тебе, не се оптоварувај дали го заслужуваш или не, секако дека го заслужуваш, што е тој по вреден од тебе? :^)
    Биди си самата на прво место, не се замарај со површни девојки како овие, гледај си го учењето.
    А ако дечково те откачил поради некоја од овие девојки тоа значи дека тој не те заслужувал тебе, а не ти него. Си го покажал вистинското лице колку вреди.
    Само цврсто и не им ќути на девојкиве, можеш да ги спуштиш со два културни збора, не паѓај на нивното ниво и ич нека не ти чуе што зборат они.
     
  11. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Пич гирл не сте исти за жал. Не знам дали е до разликата во годините, не мора да значи но мислам дека и не му е баш возбудливо на него. И не мора да се парите проблем. Понекогаш задоволството не се плаќа со пари. Не мора да креваш паника. Речи му дека таа недела тргнуваш некаде и дека идеш со автобус или кола и дека поканет е и дека ако може би ти било мило да дојдеш малце да здивнете.. Друго не знам што да ти кажам :)

    ТруРелиџн јас би ти советувала да се откажеш одма од идејава. Оваа фаза на лошо момче нема девојка што ја нема поминати ама само губење време ти е. Мораш да сватиш дека ваквите мажи не се предизвик, туку само измачување. Не дека дипломата те прави човек, јас знам многу машки што се многу паметни а немаат завршено фак. но јас сум на тој начин израсната од дома дека сакам да си завршам студии да се вработам (да бидеме здрави и живи) .. На тебе ти се свиѓа неговата особина и не можеш да му одолееш И можеби врската со него ке ја чуствуваш како возбудлива авантура но на крај ке сватиш дека ке патиш многу повеќе

    Фалененџч не е толку трагично и немој да се депримираш. Гледај си ја твојата работа и биди позитивна. Нека тоа потценување ти делува мотивирачки да добиваш вишок сила и ако го постигнеш тоа што го сакаш да уживаш што на другите ке им ги затвориш устите.. :)
     
    На PeachGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63

    ОД оценките твои има многу поважни работи... секако зависи секој различно си мисли
    Ти сигурна си дека користи дрога?
    и што ако има завршено 4та средно, помалце ли вреди од тебе? Е значи со вакви старовремски свакања преку
    пичката
    ми е. Подобро запознај се со случајов со дрогата, ако сакаш ти да си срекна одбери го него, не другите а ако не сакаш тогаш нарави го спротивното. со срека :)
     
  13. song

    song Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    46
    Јас ипак имам “некое“ старовремско мислење донекаде. :!:
    НО,што и да решиш нека биде одлуката твоја а не на другите! Ако го оставиш а по некое време се премислиш и сепак желбата е посилна од тебе сакаш со него а веќе е завршено ,тогаш што ? Другите ќе ги обвинуваш,ќе мислиш дека си пропуштила нешто навистина важно.(макар и да не би било совршено,не си пробала незнаеш,па ќе си фантазираш се убаво што би можело да ти се случи со него).
    А тоа дека има завршено само до 4-та година гимназија не треба да го гледаш како проблем.Не сите имаат можности да одат на факултет и понатамошно образување!
     
  14. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    А ти што мислиш каков е? Не е важно мислењето на другите, важно е твоето. Ти си со него, не се другите! И јас сум со таков човек што е со гимназија само, а е многу паметен(не дека го фалам). И тој имаше проблеми и со полиција и со дрога и слични работи.. И моето семејство и пријателите ми велат дека не е добар за мене, но тој секој ден ми докажува колку е добар. Се разбира, ти треба да си го гледаш школото и да се запишеш на факултет, немој поради него да се откажеш од твоите соништа. Тој нека си го живее неговиот живот, ти твојот, а кога ќе дојде ред за мажење и за размислување како заедно во заедничкиот живот, тогаш ќе одлучиш дали е за тебе или не е. :)
     
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Извини али ако бил паметен ќе седнел и ќе учел, немало да се замара со криминал, дроги, полиции... абе у кои филмови живеете вие? Демек љубовта се победува? Ај разбудете се и опрајте си ги животите додека не ви е касно.
    Кај ви е паметот и очите па што се плеткате со такви типови, не било важно мислењето на другите само нејзиното??? Да, сигурно нејзините родители и мислат лошо и сакаат да биде несреќна. Која среќа со криминалец бре алоооо?
    Сакаш сите да те знаат како „девојката на наркоманот„ „девојката на оној што скапува во затвор„ ???

    Златни дечковци има надвор, и паметни и образовани и се, и баш најде вени да сечеш за човек кој можеби нема никаква иднина. А прашање на време е само кога и тебе ќе те вовлече во дрогата, па ќе му ја чуваш додека него го брка полиција. :x
    Немате памет.
    Сега јас можам тука и цели реферати да напишам ама џабе ќе биде додека сами не се освестите никој нема да ви помогне. Имате ли вие самопочит, имате ли некаква вредност, мислите ли дека заслужувате повеќе од дечко криминалец? Ќе дозволите ли тој да ви го упропасти животот како тоа што го направил со неговиот? Одговорете си самите, може ќе се освестите.
     
    На marama и WomanInRed им се допаѓа ова.
  16. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Е мимс све кажа :) Браво :clap:
     
  17. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Девојки за ова подолу пишав во друга тема, ама изгледа не е активна па еве овде да побарам некое мислење, ваше гледање...
    јас и дечко ми (што неверувам дека понатака ке остане, го сакам искрено сакам да продолжиме) сме на некоја пауза зошто он некако се чуствува изгледа конфузно, нема некој конкретен проблем ама некако сака да се дистанцираме, не бил некако подготвен за сериозна врска.... јас му реков дека колку и да сакам да продолжи врската, нема да го молам да останеме, нека се среди у мислите, нека се јави да ме побара после, а зависи колку после тоа ке биде временски....ке видам јас како ќе сакам...малце ладнокрвно
    Колку и да го сакам и да се борам за нашата врска, неможе он мене туку така да ми каже "пауза"...сепак јас се ценам себеси и своето време... Ако е пауза, ке има крај, ако е врска, и врската може да има крај. Јасно му оставив на знаење дека очекувам од него да се среди прво (најмногу заради него самиот), да види што му е, му оставам и простор и време.

    ако му треба малце време и после тоа се покаже убаво, тогаш ќе продолжиме, а ако не...неможе јас со нестабилна личност да продолжам, не сме тинејџери, по 24 години имаме... и пак си велам "он мене пауза" . Инаку зоброт него му е дека ме сака-несака да ме повреди-некако не е за сериозна врска-драга сум му-му треба простор и време.

    И еве за некој ден треба да се видиме, демек доволно време му било тоа што сам кажа дека му требало и ке седнеме да видиме што се случи. Да не сум многу остра? Обично за машките се вели дека потешко им е да бидат "врзани", што јас лично не верувам дека е така...па сите сме луѓе и имаме чуства. Морам да излезам со остри граници, ако е врска нека е, ако не е тогаш да не се лажеме мислам.... :worried:

    П.С. Понекогаш си велам колку бабиве биле психички спремни да на мои години (24) можеле и деца да чуваат и во огромни фамилии :bow: а јас се расправам со некои вакви ствари на "незнам што сакам"....
     
  18. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Буби мене овај твојов ми изгледа како да сака да му шета малце газето и на друго место.
    Има машки на тие години што уште не знаат што сакаат од животот и тој преод на фаза не го прават им се лудува уште , типов видел дека работава оди на нешто подлабоко и сега е конфузен не знае што како со себе и вашата врска.Стои си на твоето, кажи му дека ти не си во фаза на тинејџерски години не ти требат мувања или врска без врска.Имаш 24 години, ако тој не е доволно созреан нека брка таму средношколки дури не му дојде умот.Него има мажи кои не сакаат многу да им се трча по газот.
    Ако поминал извесен период од таа ваша пауза (време кое ти сметаш дека е доволно) да се свести и да свати што сака од животот ако вреди и те цени и свака дека и ти вредиш за него ке си се скорти кај тебе, ако уште ја разлекува работата значи дека не е дозреан или не те сака вистински.
    Што и да биде не свакај трагично релакс, ако е за да бидете заедно ке бидете ако не значи не знаел да те цени колку што заслужуваш и ке си најдеш некој што стварно ке знае да те цени и сака. ;)
    Стои си цврсто на твојот став, не си остра.Супер си размилуваш си се цениш самата себе со е многу битен момент ако сакаш и другите да те ценат, на крај краева не е едниствен. :!:
    Ако бидеш поостра може и ке си ја акне главата и ке свати што може да прпоушти , ако си мека со него ке почни да го искористува тоа. |(
     
  19. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Многу зрело од твоја страна,али не и од негова. Барем јас така мислам. Ако и двајцата сте по 24 години,да,тој немора да сака да се врзува на тие години,но да и каже на некоја пауза,чекај малку. Во право си,не сте осмо одделение,па ќе ставаме паузи. Башка и ти убаво рече,дека се поштуваш себеси за некој таму да ти каже пауза. Не мислам дека му шета дупето како ДеМело,мислам дека сепак е на некоја раскрсница каде не знае што сака,која страна да ја фати,а можеби и сватил што има покрај себе ( за тебе ),па можеби мисли дека не е доволно добар за тебе.. И јас не мислам дека си премногу остра,напротив,супер си и мислам дека треба да се видиш со него,но да си останеш на твојот став. Ако тој пак потфрли,епа сега,стави таму пепел и продолжи понатаму. :)
     
  20. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    аааа фала девојки на брзиве одговори :D
    Некако баш размислував како сега да се поставам после паузава негова, и смислив :?:
    да ако веке видел дека и во врска и во пауза му е сеедно (значи не му значам) ставаме крај на се! А ако одлучиме да останеме заедно (тоа значи дека ме цени) тогаш јас пак ке продолжам да се однесувам остро, ке си ги покажам емоциите и љубовта и нежноста сепак тоа е нешто што е основа за врска, ама и карактерот малце со повеќе острина ќе настапувам за да го ојачам и него, да почне и он да се однесува малце зрело, да има цврсти ставови... тоа-и-тоа сакам! она-и-она несакам! кон што се стреми!

    Некако разочарана сум :| ...не очекував од возрасен човек ваква нестабилност да не знае што сака (нели сите ние после 18 години сме некако `пораснати` и некако све знаеме, а поточно е да се каже - недораснати...)

    До крајов на неделава (кај и да е деновиве) ке заврши паузата па ќе ви кажам што биднало, дали ке останеме да се бориме заедно за нас, пошто јас немам намера да го молам и да трчам по него.....или дали он решил да прекинеме :worried: но јас нејкам бре луѓе .... :( па го сакам.... ајде да не се оптоварувам сега....тоа во моментот на средбата и муабетот ке се реши

    :hug: за вас феминки
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.