Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    57.158
    Пол:
    Женски
    Мене ова не ми изгледа како да те сака, искрено. Па и кога си го прашала директно ти рекол не. Нема совршена врска, ама ова е претерано. Тој што те сака ќе наоѓа време за тебе, овој ти откажува и не ти кажува каде ќе оди. А и што има да се лути ако не си сакала да имате односи во тој момент? Тој во оваа ситуација нема никакво право да е лут, туку ти треба. Пробај прво разговарај со него ако немаш разговарано зошто се сменил наеднаш во последните 3 месеци. Ако продолжи да покажува незаинтересираност, таа врска нема иднина. Тој што те сака вистински нема да те доведе до ситуација да се сомневаш во неговата љубов.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.813
    Допаѓања:
    80.630
    Пол:
    Женски
    Јас знам, прекини ја таа ,,врска'' затоа што заслужуваш да си среќна и сакана, а со овој тоа не си.
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Многу ниски стандарди поставувате, и многу извртена слика имате за “најдобриот човек на светот“, ова ако е најдобриот со овакво понашање, најлошиот несакам да знам каков е.
    Тоа под број 1.
    А под број 2, вака почнува се, и вака се поставуваат мачовци кои сакаат да контролираат се. Прво ја испитува територијата, до каде ти се границите на толеранција, и само ја поместува и поместува, до степен кога ќе станеш неговa sopstvenost и ќе управува ос тебе како сака. Сака да дојде до ниво каде што ќе чувствуваш страхопочит спрема него, од стравд а не се налути ќе му ги слушаш сите негови наредби, и сите негови желби ќе ги исполнуваш.
    Под број 3, или покажи му заби, или бегај што подалеку. Сега си во фаза кога сеуште не си подпаднала под негова соственост да те контролира како сака, седни и речи му, ако планираш вака да се понашаш, дај се разделиме додека не сме отишле предалеку и двајцата и додека нашите 2 години не се претвориле во 5, а 5те во 10 години агонија. Зашто јас вака животот со ваков човек не го замислувам, прво нестабилен, а второ лутаџија, чим не му е по воља дига нос. Понатаму ова твоево ќе прерасне во фрустрација, можеш сега да му одиш по газот и да му исполнуваш желби, еднаш, два пати, три пати, ама кога ќе ја помине границата, нема да смееш да му писнеш од страхопочитта која ја воспоставил, само во себе јад ќе си трупаш и црнила на душата. После 2те години ќе препраснат во повеќе, па ќе си ќутиш атер за годините заедно шо сте ги поминале, па кај допрва ќе бараш друг, се помируваш со судбината и така натаму... 100 пати видено, и 100 пати чуено досега, секоја втора трета врска прераснала во такво измачување.
    Седни си и направи си визија за животот твој со него, ама на долгорочен план. Под долгорочен мислам на вработување, мажачка, имање деца со него, и на што ќе личи сето тоа.
     
    На S.J.Parker, Rhaenys, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    @Daisy17

    Здраво девојче,

    овој човек треба да го оставиш да си живее во тој негов свет кој си го има создадено во неговата глава. Татко ти убаво ти рекол, овој човек не е за тебе.
    Е сега, знам дека секој човек не би дозволил да биде понижуван и третиран вака, па и ти, ама прашањето е зошто ти сè уште го толерираш? И да разговараш со него мислам дека нема да донесе тоа некаков ефект зошто гледам човеков не покажал ниту еднаш каење за неговите постапки. Ова го заклучив според тоа што го пишуваш.
    Најверојатно го толерираш зошто ти е мала самодовербата т.е. страв ти е дека утре ете, ако го напуштиш дека нема да најдеш некој друг кој ќе те цени, сака и почитува?! Ако е ова мислам дека размислувањето ти е погрешно и дека треба да собереш повеќе храброст. Дури и да не најдеш некој утре (што може на секој да му се случи, а и на мене) мислам дека не треба да дозволуваш некој вака да те третира. Така да, слободно направи го чекорот и имај повеќе самодоверба и повеќе цени се себеси.

    Се надевам дека со советов ти помогнав.

    Поздрав
     
    На Yeeah, buba4e89, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Daisy17

    Daisy17 Нов член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2018
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите, ептен ми помогнавте. Инаку преска околу 4часот ми се јави да се извинил за тоа што бил нападен синоќе, но само му било многу криво што сум му рекла дека ме нападнал, ми вели не сум јас ненормален. Немам страв од него, се што имам му кажувам во лице, му реков за последен пат, последна шанса, дека ако уште еднаш се испонаша така со мене и ако се лути за без никаква причина, толку ќе биде со нас. Изгледа подразмислил подобро и пак ми се јави пред малку, ако сум сакала вечет да одам кај него да сме си седеле, но неможе јас веќе си се договорив со другарќите, и за прв пат во овие чудни 3месеци не рече ништо. Се надевам дека сватил, дека се освестил, ќе видеме овој период. Но доколку не е така утеха ќе ми бидат само зборовите на татко ми. Повторно ви благодарам на сите :*
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    57.158
    Пол:
    Женски
    @Daisy17 многу ми е мило за тоа но ако продолжи пак како претходно не му давај повеќе шанси. Можеби се замислил малку дека може да те изгуби ако продолжи така. Така и треба, па ако не му чини негов проблем.:)
     
  7. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека се освестил... Не знам како ти е доволно едно извини од човек што те пцуе... Како можеш да си дозволиш да бидеш со некој кој те пцуе? Во врска сте две години како ли ќе биде ако стапите во брак.. Не верувам дека ќе остане само на пцуење.
    Бараш оправдување за неговите постапки и го идеализираш, а ги гледаш сите red flags дека тој човек не е за тебе ама сепак трпиш. Нема да се освести, нема да стане подобар, не се лажи самата себе!! Секогаш станува само полошо со такви мажи кои покажуваат агресивност во врската, макар и вербална. Само си го губиш времето со него. Предпоставувам ти е прв дечко и мислиш дека подобро од него нема и дека една нормална врска така треба да изгледа. Епа извини што ќе ти ги срушам соништата ама не е така. Почни да се цениш самата себе, не си мала за да не можеш да разграничиш некои работи. :)
     
    На Yeeah и Purelove92 им се допаѓа ова.
  8. Summerbeauty

    Summerbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2016
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, ми треба ваш совет. Скоро 6 месеци се гледам со еден дечко, не е уште сериозно иако се надевам дека ке дојдеме и до тоа. Фин е и културен ама многу затворен тип е (бик е во хороскоп) многу тешко се опушта, дури сега после 6 месеци почна да ми раскажува повеќе за неговите мисли и чувства. Никогаш до сега ме бил во врска, со сите "девојки" останувал максимум еден месец значи со мене е најдолго. Ми призна дека се плаши од врзување а од друга страна па призна и дека осеќа нешто за мене. Малку е чуден на моменти, ако осети дека премногу сме се зближиле дига паника и се затвара во себе. Не знам стварно што да правам, а многу ми се свиѓа и преубаво ми е кога сум со него.
    Инаку заборавив да дополнам ми се колнеше дека иако не сме во официјална врска само со мене бил, не се гледал со други сум требала да почнам да му верувам..
     
  9. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.880
    Допаѓања:
    59.275
    Пол:
    Женски
    Довербата се гради, не се кажува верувај ми.
    Ако има чуства за тебе, те почитува, тебе ти се допаѓа зошто не седнеш да разговараш ти со него и не му предложиш врска? Вака и после 2 години ќе бидете на исто, а всушност што сте знаете?
    Во врска со тоа што е затворен, пробај најди начин со разговор да може да ти каже и да ти се отвори, секој човек има потреба да се искаже на некој, направи тоа да бидеш ти.
     
  10. Summerbeauty

    Summerbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2016
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Последниве 2 недели повеќе разговара со мене и се отвара ама уште се плаши од врски. Освен трпение не знам што друго би помогнало.
     
  11. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.880
    Допаѓања:
    59.275
    Пол:
    Женски
    Повеќе од пола година сте заедно, или да кажа се гледате.
    Кога веќе почнал полека, пробувај да разговараш со него и му кажеш дека гледаш иднина со него.
    Разговарајте и на таа тема, ако веќе се гледа само со тебе и комуницирате постојано исто како во врска да сте нема од што да се плаши. Работата е да не се плаши од тоа да се дознае дека сте во врска :) Во секој случај полека обиди се да ги дознаеш неговите намери со тебе за во иднина.
    Јас не би сакала да се гледам со некој долго а да не знам на што сум.
     
  12. Summerbeauty

    Summerbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2016
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Фала ти на советот, инаку сме разговарале на тема врски и вика дека не сака девојка, од друга страна па вика дека му е убаво со мене и сака да продолжиме ама рано било уште за да ми каже што точно осеќа. Не бил тип што искажува лесно чувства..
     
  13. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.504
    Пол:
    Женски
    Ако никогаш не бил во врска, како знае дека нема да му е убаво во врска? И зошто да има страв од тоа?
    Можеби само сака да има слобода затоа не сака да се врзува. Ако ти смета тебе тоа разговарај и предложи му врска.
    Ако му значиш не би се колебал да биде со тебе. Всушност вие веќе пола година се гледате и на еден начин сте заедно, ако му е убаво не гледам причина за страв. Освен како што кажав, ако сака да се гледа со други, само тогаш оваа варијанта би му одговарала нему.
     
    На lost123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.880
    Допаѓања:
    59.275
    Пол:
    Женски
    Лесно? Колку време треба да се гледате да сте во врска 3 години?
    Предложи му врска отворено ти, ако се што кажа погоре тој ќе прифати веднаш.
    Од тебе зависи дали сакаш да дознаеш дали неговото е само на збор или ќе го покаже и на дело.
     
  15. Summerbeauty

    Summerbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2016
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Он упорно тврди дека не се гледа со други иако на тоа не можам 100% да му верувам. До сега не ми дал никаква причина да се сомневам. А за стравот, се плаши дека ако многу се зближиме ќе биде повреден. Инаку во текот на овие 6 месеци еднаш му прекинав затоа што не ми одговараше гледање еднаш во 2 недели и после тоа почна почесто да ме бара
     
  16. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.504
    Пол:
    Женски
    Значи тој не ти верува тебе и мисли дека ќе го повредиш.
    Ова мене ми изгледа како изговор искрено..
     
  17. Summerbeauty

    Summerbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2016
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Можно е и ја почнав да се сомневам. Ќе видам ако нема никакви промени ќе морам да му прекинам:/
     
  18. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.880
    Допаѓања:
    59.275
    Пол:
    Женски
    Зошто не разговараш отворено? Крај ставање е најлесно.
    После разговорот може нема да има потреба од крај.
     
  19. Summerbeauty

    Summerbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2016
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Зборевме баш за нова година. Тогаш ми кажа дека ме сака и дека има чувства ама сега за сега да не сум очекувала ништо повеќе. Може и ме лаже за сакањево, прв пат вака да изрази емоции и затоа не знам дали да верувам
     
  20. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.880
    Допаѓања:
    59.275
    Пол:
    Женски
    Добро, кажи му дека сметаш дека поминало доста време и сакаш да знаеш на што си. Дека сакаш врска, од неговиот одговор ќе дознаеш дали те сака и дали те лаже.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.