Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    А од кај знаеш дека те игнорира со цел да те тестира? И самата напиша дека си го откачила повеќе пати, па сфатил дечкото дека не треба да си го губи времето веќе и затоа те игнорира.
     
  2. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.770
    Пол:
    Женски
    Имам таков впечаток
     
  3. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Имаш врска и си ја тупаш главата зошто некој трет те игнорира? Не разбирам жено, зошто??
    И после мажите не чинеле..
     
    На Ingvild, Marija), Oscar Lady и 5 други им се допаѓа ова.
  4. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Мене не ми е јасно зошто сите се жалите од нас момците. Јас знам дека има многу големи ѓубриња и од нашиот род, но зошто кога ќе ви пријде некое момче кое што е љубезно со вас наредниот пат го избегнувате и игнорирате. Доколку сметате дека сака нешто повеќе од пријателство може само да му го кажете тоа во лице и културно и отмено да го одбиете. Можеби неговата љубезност е поради тоа што во вас видел искрен и добар пријател. На сите не ни е на памет да ве заведеме и да ве искористиме, некои од нас имаат потреба и од добра пријателка. А што се однесува за прашањето на Јустиција одговорот е многу лесен. Си го продолжуваш животот понатака и ич мува да не те лази.
     
    На "Zoki", Yowannty и buba4e89 им се допаѓа ова.
  5. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.770
    Пол:
    Женски
    Еј де и што има толку страшно ????
    Какви работи мене ми се направени у минатото , ехеееее , 100 гревови треба да направам за да се искупам.
    Некогаш човек може да биде заљубен во двајца , исто како што може да мрази двајца во исто време ..
     
  6. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Не е ништо страшно ама ќе мораш само еден да одбереш.
     
    На buba4e89, Justicija и Luminary им се допаѓа ова.
  7. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Сами си го комплицирате живототе со тоа “еден мене ми направи вака, сега и јас на наредниот така ќе му правам”. И така во круг. Наместо да ја најдете среќата со еден, вие бесцелно талкате од еден на друг одмаздувајќи се за неправдите кои ви ги нанел некој кој сега сигурно не се ни сеќава на вас.
     
    На Ingvild, Marija), kim.k и 7 други им се допаѓа ова.
  8. DevojkataO

    DevojkataO Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2016
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    31
    Послушај го срцето и интуицијата! Никогаш тие нема да те излажат. Погоре и јас пишев за тоа и превзедов нешто па разговаравме отворено за се и сега си сме во ред и се е супер.
     
    На buba4e89, Justicija и RAF Camora им се допаѓа ова.
  9. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Мило ми е што ти помогнал мојот совет. Со среќа и имај пријатен ден.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  10. greenday

    greenday Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Прв пат пишувам на оваа тема, бидејќи до сега не сум имала некои посебни љубовни проблеми. Приказната почнува вака, со дечко ми излегувам една година и во таа една година се' беше во ред. Во октомври бев кај другар на свадба го поканив дечкото на свадба но не дојде ми рече во стилот ,,за мене тоа е премногу, не ми си се' уште жена". Во меѓувреме ме запозна со неговите јас со моите цело време заедно. Не ставаме воопшто слики, не ни е јавна врската и другарките веке почнаа да ме притискаат зошто немате слики зошто ова зошто она и на крај сакав да ставам слика и се расправавме 5 саати дали да ставам или не и на крајот пак по мое испадна. Цело време зборува како врската ни напредува од ден на ден, како се е сменато и слично. Сега е девер на свадба за неколку месеци, но јас не сум во таа приказна, ќе оди сам на свадба, а нели како девер треба да оди со ,,млада деверица". ВЕ МОЛААМ ЗА СОВЕТ и мислење бидејќи навистина ми е мноооогу мноогу тешко.. проблемот го барам во себе. А сите другарки ми зборуваат како сум преубава, препаметна девојка и најверојатно индиректно сакаат да ми кажат дека тој не го цени доволно тоа.. ве молам за мислење :( :( :( :( :(
     
  11. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Единствено ако има друга или ако се срами од тебе. Трето нема.
     
    На Alisa22, greenday и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Убаво ти кажале другарките, можеби и е така...
     
    На greenday и RAF Camora им се допаѓа ова.
  13. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Акни му два,три шамари да му дојде памет.

    Веројатно тој се срами од тебе,или има дечко и е геј,друг проблем не гледам.
     
    На Dust, greenday и RAF Camora им се допаѓа ова.
  14. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Тоа за дека има дечко ни на крај памет не ми текна. Се согласувам со тебе.
     
    На Pandora-, Annora, greenday и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. greenday

    greenday Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Женски
    Леле вие сте бе сите сонценца! Фала ви еј, јас па наоѓам начини милион да го оправдам.. а од страна имам сто додворувачи кои постојано ги игноритам, него секогаш му изразувам внимание разбирање не го лажам за ништо.. а јас па си викам демек поголем е од мене 6 години, па ајде други размислувања има, јас сум помала блабла. Фала ви на сите од срце, се осеќам како камен да ми паднал од душата. Ве гушкам сите и ви ја посакувам целата среќа на светот!
     
    На Alisa22, RAF Camora и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  16. XVII

    XVII Нов член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Го сакам и ми значи. Но проблемот е во тоа што се чуствувам ко врскава да ме истрошува. Не се гледаме често пошто живееме подалеку.Понекад знае да ме игнорира,ќе ми каже дека ќе иде да спие а седи уклучен на нет уште пола саат. добро. ми вика дека ме сака и неќе никад да се разделиме но не знам колку да верувам во тоа?ми беше мн тешко претходниов месец и сеуште ми е. Мн сум под стрес а ова што не сум среќна уште поише ме докршува. Верувам во тоа што го чуствувам бидеќи до сега во што сум се сумљала и така било. Може и преовеличувам но тешко е да се опише...
     
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Како знаеш дека е уклучен, му пишуваш од лажен профил? И јас кога ќе се исклучам ме дава онлајн неколку минути.
    Инаку зошто си бараш игла таму кај што нема?
    Ти си премногу оптеретена со него, а тој си е онака лабав тип и изгледа не се замара премногу.
     
  18. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.346
    Можеби не си поканета на свадбата??? Дечко ми кога беше девер ние бевме заедно 3 години, јас не бев поканета на свадбата, после заедно бевме 6 години кога беше поканет кај братучетка на свадба а јас не бев поканета. Исто како што имало свадби каде што тој не бил поканет. Луѓето што ја прават свадбата, си имаат план кој сакаат да канат и за колку луѓе може да платат. Не размислувај толку себично, плус врската не ви е толку јавна за сите да знаат дека он има девојка за сериозно и што ја носи по свадби и други прослави.
     
    На Luminary и greenday им се допаѓа ова.
  19. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.223
    Допаѓања:
    57.219
    Пол:
    Женски
    @greenday Можеби си поканета но дечко ти им има кажано дека не сакаш да одиш, и да не си ништо чудно бидејќи тој не те покажува пред луѓето и тие не сметаат дека врската е сериозна. Едноставно е тој се срами да те покажи пред сите, чим и слики не сака да ставате од време на време. Јас бев поканета кај другар од дечко ми кога бевме 4 месеци во сериозна врска, иако ми беше срам да одам тој инсистираше и појдов.
    Седни го сериозно да разговарате за ова, ако не сака да се промени значи нема иднина тука.
    Ти посакувам се најдобро. :)
     
    На Dust, greenday и RAF Camora им се допаѓа ова.
  20. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Инаку за ова со сликите нема некое големо значење колку што му давате вие како понежен пол. На пример јас доколку девојка ми сака да ставиме слики на социјалните мрежи како сме заедно не би се согласил. Ова е поради лични причини, не поради нешто друго (не сум фотогеничен). Што има јас да им докажувам на моите пријатели дека јас и таа се сакаме и дека сме заедно. За ова со свадбата не може да знаеме која е причината, можеби се срами или сака да ја поштеди од некои коментари на роднините. На пример мене некои од роднините ми одат на живци затоа што се мешаат во мојот живот и ми кажуваат што е правилно да направам. Прво јас не сум им ни барал совет тие сами се мешаат во моите одлуки. Или прашања од типот ( Колку време сте заедно, Дали скоро ќе се венчате, Дали планирате деца во скоро време) уште да прашаат колку пати дневно имате интимни односи и да земам на крај сите во топ да ги ставам.
     
    На greenday, Amellie13 и Luminary им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.