Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    59.578
    Пол:
    Женски
    Хахахаххахаахахах какви оптимисти сте во оваа ситуација секоја чест.

    Ќе седат дома и ќе гледаат само фудбал до крајот на животот?
    Хала Мадриииид :D
     
    Последна измена од модератор: 24 март 2018
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.173
    Допаѓања:
    137.413
    Пол:
    Женски
    може па ќе бидне некое свадбиче, со терање прва брачна ноќ, со чаршаф вадење, со сФе..
     
    На ELIDavor му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки
    Да да така е ако не беше така немаше да имав сњриозна врска од 9 години.
    Не ми става никакви мисли, само да биди си знам јас после како што.

    И со уметност на платно ќе ги изучуваме знаминњата на земјите.
    Хаххаа
     
    Последна измена од модератор: 24 март 2018
  4. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Не бе порно ќе и пушти Давор да фаќа пози да учи.
    За една година ќе биде девојкава како машина.
    Ако бидне свадбиче поклон да купиш,не да му ставаш безобразни мисли на човеков.
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.173
    Допаѓања:
    137.413
    Пол:
    Женски
    Ама ДаворЧе ... не е исто да почнеш врска на 17-18 и на 27 - 8. Мислам се разбираме...

    море и на оро коа ќе се фатам, соС бело шамивче напред ... главна бре
     
    На Rebecca_R и "Zoki" им се допаѓа ова.
  6. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Бре,бре и за кума се намести да бидеш.
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    400
    Без лутење ама според мене батково малку си ги дува работите.

    Не излагала. Никаде не одела.
    Не верувам дека е баш така.
    А и нормално нели ако те сака ќе испадне.

    И не гледам ништо чудно што девојка од 24 години нема дечко.

    Па добри 50% на таа возраст немаат од тие што ги познавам.
    А голем број се убави девојки.

    Она што имам приметено Во последно време, барем кај мене е како доста луѓе да немаат други пријатели, и бараат на сила дружба, немаат работа и обврски па sвонат неколку пати.


    Ќе ми јават и ќе им кажам луѓе 10 дена не ме барајте имам да учам.
    Зафатен сум. 6тиот ден sвони телефонот, дали можел да помине. :(

    Незгодно ми паѓа кога ги одбивам, но често си имам планирано што да правам однапред, а планови не ми се менуваат.

    Ако возам велосипед и ми јават не ги одбивам. Им велам ќе одам Да се возам.дојдете ќе возиме. Е тогаш е проблем.
    Велат леле не можам. Не ми се вози уморен сум, времето било лошо.
    Епа што да ти правам.Не сакам да те одбијам но Јас едвај сум одвоил време да одам да се повозам и сега во 5до12 да менувам и да испаѓам кога не ми се испаѓа или да одам кафеана да ручам кога сум ручал пред 1 саат.

    Едно период кога одев на танц ми се јавува една другарка и вели ајде да испаднеме петок е да се видиме. А и имам кажано дека тој период каде одам. Велам неможам знаеш каде сум, но повели дојди. Не сакала Срам и било незнаела да игра, Ќе ја гледале, ќе и се смееле.

    Па пробај. Девојка е убаво да знае да игра.


    Интересно е што голем број од тие луѓе се имотни и незнаат што да прават при толку слободно време и пари. Немаат организација

    Велам да сум на ваше место толку слободен ќе го земам пасошот и ќе одам да се шетам низ светот.

    Јас тие услови и слободно време ги немам( можеби и моја вина си е тоа) но сакам да спортувам, да научам да танцувам и се разбира дека за тоа треба време.
    Во меѓувреме треба и да заработам бидејќи не сум навикнат без пари, каде и да одам.
    Гледам такви многу околу мене. За мене не е нормално млад човек да биде без пари особено ако е машко. Абе па работи 20 дена и другите 10 испадни и потроши си ги парите. Неможе секој ден да се испаѓа. Ќе ми здосади.
    Горе на запад луѓето повеќе време работат. И млади и стари.

    И на крај тоа е проблемот. Не работеле, пари нема, а кога нема. Немаат ни идеја што да прават па ајде да се оди во кафеана. Евтино ќе се поминело.Имало тост и ќебапи за 100 денари.
    Извини ама неможам друштво да ти правам.

    Не сум себичен, па кога нешто правам ги викам, но секогаш ги мрзи и се несигурни.
    да почнат нешто.


    Денес и јас ретко да пишам на некого. Послабо контактирам.
    Ако ми пише ќе му одговорам. Многу се лутат. Роднини ќе пишат не сум отишол да ги видам, (сум се изгубил, ајде дојдете)
    И таа реченица се повеќе ја слушам

    Другари немало да им пишам се лутат, другарки исто така ќе пишат( кај си се изгуби).

    Абе па луѓе тука сум. Но искрено незнам што да ви пишам и што да ве прашам кога минатиот пат се видовме и си се прашавме се. Немам веќе теми на разговор и незнам што да зборам.правам тоа и тоа и ако најдам време ќе дојдам.

    Денес знам да пишам само на краток круг на луѓе, но искрено се радувам кога ќе ми пише или кога ќе зборувам со девојката што ми се допаѓа. Се друго ми е досадно барем на мене.

    За дечково.
    Јас мислам дека тоа со фудбалот веќе требало да ти биде знак, дека нема заинтересираност. Сигурно имало и други знаци но не си приметил. Ако те сака ќе ти пише . Штом не пишува и не ти враќа, не сака да испадне, престани да пишуваш бидејќи мислам дека стануваш досаден.

    И тоа што не ти дава телефон е уште еден доказ дека си замарал и страв деќа ќе досаѓаш.
    Те разбирам дека ти се допаѓа ама тоа е
    Убеден сум дека кога ќе.си отидеш од кај нив девојката вели на нејзините. Леле многу замара овој. Не се откачува


    Девојчето си е сигурно добро и ништо не и е.
     
    Последна измена: 24 март 2018
    На blurryfave, buba4e89 и ELIDavor им се допаѓа ова.
  8. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    59.578
    Пол:
    Женски
    Многу пишано но всушност ништо не кажано.
    Знаеш многу девојки што на 24 години немале дечко? Јас се повеќе слушам за 16 годишни бремени, сакам да кажам влегуваат во врски многу порано од минатото не на 24 години да седи дома, не работи, не шета и нема дечко.
    Критериумите за нормално ни се различни.
     
  9. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    6.664
    Пол:
    Женски
    @ELIDavor Мене ми изгледа дека девојката е без самодоверба и некоја случка од минатото предизвикала да биде затворена девојка (најверојатно била омаловажувана во школо) поради таа или слична причина она нема доверба во луѓето, а домот и е заштитен оклоп.
    Карактеристиките што ги наведе дека е мирна, вредна, се грижи за домот и сл. се супер карактеристики за девојка со која сакаш да започнеш сериозна врска.

    Ако си одлучил дека сакаш врска со девојкава биди директен викни ја на кафе, но големи се шансите да те одбие. Мое мислење е дека девојката не е заинтересирана за тебе, па бара банални изговори за да не излезе со тебе.
    Мора да си свесен дека карактерот не се менува и доколу бидеш во врска со неа ти секогаш ќе треба да се трудиш и да ги влечеш конците, а таквите врски не успеваат.

    П.С. тоа што досега нема дечко не е воопшто страшно, едноставно на девојката никој и го нема привлечено вниманието за да даде шанса и да го пушти во нејзиниот живот. Сметам дека ова е подобро отколку често да менува партнери.
     
    На Aquamarine93, ELIDavor и Albertos им се допаѓа ова.
  10. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    400
    Има различни случаеви. Тоа било секогаш така. Зарем порано немало девојќи што биле бремени и на под 16, но и тогаш имало што раѓале и на 33.
    Се согласувам и дека има комшии околу нас кои велат. Во нивно време на 20 години по 5 жени веќе поминале.

    Точно е дека ни се различни критериумите.

    Она што е факт е статистката.
    Таа говори дека кај нас девојќите се повеќе раѓаат после 27 година од животот. Отвори и провери си. Таа е сигурно поточна од комшиите.


    И возрасната граница за стапување во брак е поместена далеку подоцна од порано.

    Некој вели финансиите се главен проблем. Јас ја следам и Италијанската статистика која е попрецизна и опфаќа многу повеќе сегменти од нашата.

    Таму бројќите се уште повисоки иако стандардот е пивисок.
    Стапувања во брак според националниот италијански институт

    Најголем процент
    Машки 30-33 години
    Девојќи 28-31 година
    Пред некоја недела правев муабет со братучетка од Германија и она вели дека во нејзиниот град бројките се уште повисоки.
    Колку е ова точно незнам. Некој што знае германски добро би било да побара и да ни прати тука.

    Јас сметам дека писменоста денес општо во светот е поразвиена, девојќите денес се и далеку поинформирани за преносливите болести и ризици од порано, денес речиси секоја девојка па и машки отвараат инстаграм и интернет и имаат свои идоли кои патуваат на егзотични дестинации, се носат убаво и ретко која сака да остане заробена дома со деца на 18 години.
    И не стапуваат во однос со секого кого ќе го видат на улица како што мислиш. Не дека нема такви случаи, но сигурно се помалку од порано.

    Велат порано се мажеле на 16 години кај нас. Да вистина било. Ама отвори ја статистиката да видиш колку била писменоста и колку завршиле само основно образование во тој период, и колку од населението не ја знаело ниту азбуката, ниту да се потпише
     
    Последна измена: 24 март 2018
    На VictoriaSan му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки
    Јас во месецот или 2 или 4 пати. Тоа што не ми пишува заборавив да кажам ми рече дека не и чинел компјутерот а нејзиниот мобилен е најобичен.
    Незнам дали сум досаден или не но доколку гледам дека не одговара одма прекинувам на тоа да не бидам досаден најмногу внимавам.
     
  12. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    @ELIDavor ги прочитав сите мислења и ќе ти кажам мое. Прво, јас со децата на куќни пријатели на родителите не се мувам. Од поштовање! И не ги гледам како потенцијални дечковци.
    Друго, ако родителите нејзини ти ја местат не значи дека и се допаѓаш. Баш зашто не излегува од дома (верувам нема додворувачи) во тебе ќе гледа шанса да излезе и смени рутина. Ама може не и се допаѓаш ама ете сплет на околности е што одиш домаи па не може директно да те откачи.
    Трето, зошто не се обидеш да си најдеш сам девојка? Тоа што бившати починала нека не те демотивира. Животот оди поматаму. Најлоши се вакви местенки.
    Ако таа била толку прекрасна за тебе, а ја знаеш од дете, ќе си ја изберел пред Елена. Може е ова болно, ама така е. Уште не си опоравен од неа, па затоа вака се однесуваш.
     
    На HoneyBun, Dust и ELIDavor им се допаѓа ова.
  13. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки
    Не е баш така, болката си е болка по загубата, само и јас морам да најдам некоја која ќе ја сакам не како што сум ја сакал претходната.
    Што да расчистам со себеси расчистено е,таа е горе а јас долу и тоа е тоа секое навраќање на некои работи кои ме трауматизираат исто како што ме трауматизира сите слики што ги видов и најважното тоа што таа што ја сакам ја нема.

    Не местенка нејзините никогаш не ја присилиле да биди со некој едноставно тие ја тераат да излегува да се дружи а бидеќи ме знаат од мал тие некако гледаат доверба во мене.
    Јас најмалце сакам нејзините родители да ми бидат мост помеѓу нас и да ја убедуваат за мене.
    Зошто не сум ја избрал баш неа пред Елена е тоа незнам.
     
    Последна измена од модератор: 24 март 2018
  14. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Ами чим те занима толку дали се депилира девојката, еве ти идеја за дејт. Однеси ја на депилација, ем тебе чудни мисли не ќе те мачат, ем ќе поседиш на само со неа додека ја носиш до салонот.
     
    На crimson, Yowannty, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  15. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки
    Тоа го кажав фигуративно мада и се сомневам во тоа но не мора да значи дека е обратно
     
  16. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Мајсторе штом се знаете од претходно или девојката не сака да има ништо со тебе или е премногу повлечена личност.
     
  17. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    @ELIDavor прочитав многу мислења и твоето
    Те разбирам и тебе и нејзе.Она може знае дека си имал долга врска и дека сеуште мислиш на нејзе и не сака да се изгори,може те гледа само како пријател близок затоа ќе те посеоветувам прво кон нејзе да бидеш како пријател да и пружиш доверба за да ти се отвори да ти каже што се случува со нејзе.
    Според сето ова нејзе нешто мн ја мачи не е без причина она дома да се затвори и да наога оврски за да тргне некое мислње од глава за да не мисли на тоа има нешто само што она си знае,затоа ќе гледаш да ја опуштиш и да и пружиш среќа.
    Иста бев јас пред три ипол години еден ѕвер кожата ми ја растргна,животот ми го скрати за 10 години ме уништи и др.раб после тоа за мене не постоеше машко или дома се затварав по некоклку дена или одев по дискотеки со другарки пиев до сабалје или идев на раб и после раб дома спиев кажано жив мртовец.
    Али после неколку месеци се појави тој што ме извади од таа темнина од таа смрт и ми покажа дека не е се црно еве и ден денес ме прави најсреќната жена на светот.Пред мене се појави пријателски се дружевме иако знаевме дека се свиѓаме али бидна љубов голема .Еден ден ако го нема него и мене ќе ме нема.
    Затоа те советувам да не се откажуваш ,биди силен како лав главата горе и бори се за нејзе,придобиј ја да ти се олесни да си каже што и тежи на душата што е толку затворена.
    Ако треба секој ден пишувај и и поканувај ја на кафе еден ден ќе прифати.
    Тој што се откажува на пола борба не е борец.
    Со среќа
     
    На ЕденЧлен, ELIDavor, marchi-cool и 2 други им се допаѓа ова.
  18. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки
    Бравос за тебе и за дечкото кој направил од тебе личност која зрачи и дава искрени и мудри мислења. Велаѕ храбрите и борбените ги следи господ.
    Како и да е скрос си во право ќе те послушам и до некаде и јас така планирав фала за миалењето.
     
    На Outlook му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    @ELIDavor Она што ти го објасни за однесувањето на девојката е типична агорафобија, која што сепак спаѓа во спектрумот на анксиозност, односно социјална анксиозност.
    Имај во предвид дека кај овие лица светогледот е поинаков, ако ти си екстровертна личност, шансите да сфатиш што се случува кај еден интроверт се многу мали.
    With that being said, во твојот опис гледам и доза на потценување. Океј, може не било со намера, ама тоа е она што јас го читам меѓу редови.

    Строго се потпираш на она што нејзината мајка ти го кажала за неа. И тука грешиш.
    Интровертите имаат тенденција да кријат тајни во себе.
    Па на нејзините 24 години, дека немала дечко, невина е, не излегувала, домаќинка, ќе ти кажама дека се лоши проценки.
    Веројатно ги имала сите овие искуства погоре, во еден момент се разочарала и сега бара начин како да ги излечи траумите. Ако кај екстроверт, раскинот на врска се рефлектира со идење по кафани, пијанење до доцни саати, мување со кој што ќе се најде, кај интроверт е дијаметрално различно.

    И друго, комуницирај со неа ама ако наидеш на негативен фидбек подобро откажи се и почекај таа да те побара.
    И не секогаш ваквите личност бараат да бидат спасени од некого.
    Веројатно е само период и ќе застане на здрави нозе по некое време.
     
    На crimson, Purelove92, lovestonedd и 5 други им се допаѓа ова.
  20. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Вака, како прво не знаеш дали девојката има 24 дали има 26 години, сте си играле како деца океј ама ти девојкава воопшто не ја познаваш. Гледаш дека е повлечена и не сака ништо со тебе мислам дека треба да престанеш да бидеш нападен. Таа тебе не те гледа на таков начин, ако те гледаше до сега ќе знаеше. Тоа што е културна и има почит спрема тебе затоа што се знаат вашите не значи дека треба да одиш кај нив дома и постојано да и викаш да излезете и да ти даде број.
    Па мене дома некој постојано да ми доаѓа и да ме замара да излеземе и да му дадам број иако гледа дека не сум заинтересирана знаеш каде ќе го пратам? Некултурен си и нападен. Си пробал многу пати девојката не реагирала прифати го тоа. За тоа што коментираш дали воопшто се депилирала и мислиш каков секс ќе имате навистина немам коментар. Така да престани да си правиш филмови во глава и остави го девојчето на мира.
     
    На aleksandra4444, Avery, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.