Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Пишав.
     
    На Doris123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    46.473
    Пол:
    Женски
    Девојки ми треба совет, како би се справиле со ваква ситуација.
    Имам дечко веќе подолг период. Преубаво ни е, се почитуваме, се сакаме, разбираме. Тој е многу добро воспитан, културен, паметен.. Ситуацијата е таква што тој е од мешан брак (босанец и македонка). Воспитан е да ги почитува и двете страни.
    Не е религиски определен од раѓање, но верува во Господ (посетува и храмови од време на време, црква претежно, таму повеќе се пронаоѓа)
    .
    Мене тоа воопшто не ми пречи и побитни ми се сите други работи што ги набројав за него. Проблемот се моите родители. Не сум им кажала, се плашам од тоа дека нема да ме поддржат што сум со него, дека ќе ме попречуваат, а највеќе ми е за стресот и тоа што ќе треба да живеам во средина каде што владее негативна енергија и каде што нема да ме прифаќаат мене и моите избори и одлуки. Прашањето ми е, како да им докажам? Како да ги убедам да не ми застануваат на патот? Како да ни дадат шанса?
    Ве молам за добронамерни совети. :)
     
    На shining_star, theowndemon и WildMk им се допаѓа ова.
  3. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Што има врска што е од мешан брак и тој е од крв и месо како сите нас. Разговарај со твоите родители доколку те сакаат и почитуваат нема да ти прават никаков проблем , напротив ќе ти бидат најголема поддршка во целата ситуација.
     
    На shining_star, ❤️Sneze❤️, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    46.473
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу.
    Моите се преоптеретуваат со тоа што ќе кажат другите луѓе. И според мене мислам дека тоа им е дури побитно од било што.
     
    На shining_star, WildMk и RAF Camora им се допаѓа ова.
  5. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    И моите се исти како твоите барем да те утешам. Кај мене секогаш се започнува со реченицата: Што ќе кажат комшиите. Инаку нема врска од која вера е или дали е од мешан брак важно е да е добар човек и доколку те почитува и те сака таква каква што си. Затоа нема потреба да се плашиш што и да кажат твоите на крајот твоја е одлуката. Утре доколку врската стане посериозна нема тие да се мажат за него туку ти. :D
     
    На shining_star, ❤️Sneze❤️, Luminary и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски

    Во принцип, на некои родители речиси е невозможно да им угодиш.

    Јас знам за пар, каде што дечкото не сакаше да студира, туку веднаш по средно си најде работа. Родителите се бунеа, ама со тек на време си легнаа на брашното. Парот сега има две дечиња.

    Други родители едвај го прифатија дечкото на ќерка им, сега маж со кого има две деца, бидејќи е 10тина години постар од неа.

    Доколку сте возрасни и се гледате заедно и во иднина, тогаш биди храбра и соочи се со твоите родители. Нема да си среќна доколку врската ти е исфилувана за роднините и соседите, туку доколку партнерот навистина ти одговара, макар не им се допаѓал на останатите.
     
    На shining_star, theowndemon, Ambitious и 2 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    @Luminary , ќе мораш да се соочиш со нив и да им кажеш.
    Сите тоа ќе ти го препорачаме и сигурна сум дека и самата знаеш, само ти треба малку 'позитивно буткање'.

    Кажи им дека ќе дојде на ручек да се запознаат и можеш да ги известиш за 'проблематиката', откако ќе си отиде... откако ќе го запознаат. Да не си прават филмови пред тоа.
     
    На shining_star, Rebecca_R, Luminary и 2 други им се допаѓа ова.
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    @Luminary Само ти да си среќна, не рецкај ништо од страна.
    И да се бунат отпрвин, после кога ќе видат дека си среќна и чувана, ќе спуштат топка и ќе се помират со твојот избор. Пошто тоа и е, твој живот твој избор.
    Сре4но (fingers)
     
    На joy1, shining_star, Rebecca_R и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    46.473
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам од срце:l:
    @RAF Camora @Rebecca_R @WildMk @lovestoneddd
    И сама сум свесна дека ќе морам да се соочам.
    Искрено сакам да го истераме одморот прво на мир, па потоа ќе им кажам.
    Се надевам ќе биде во ред. Решена сум целосно да им докажам дека нема ништо лошо во тоа. Да го запознаат каков е како човек, а и со мене, сигурно ќе биде подруго.:)
     
    На joy1, shining_star, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  10. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Со среќа и со лесно јас ти посакувам да помине се како што треба. :D :hug:
     
    На WildMk и Luminary им се допаѓа ова.
  11. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Ако сте и двајцата сигурни во врската, одете понстаму. Ако имате макар и најмал проблем ич не кажувај домати. Тие ќе се противат, ти ќе му кажеш него и тогаш сите други проблеми ќе испливаат на површина. И врската ќе ви стане пекол и ќе заврши.
    Не е секогаш љубовта посилна, животот не е бајка. Совет од паталец ти е ова, уживај додека можеш и додека ви е убаво, лошото допрва ти доаѓа.
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Не и' вели така ма :(
    Не мора секоја приказна да биде трагична...
     
    На shining_star, lovestoneddd, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Не мора, се сложувам. Ама убаво е некој да и ја каже и сивата страна, не само розевата. Зашто од вакви ситуации и очекувања дека ќе се деси најдоброто подоцна имаме многу разочарани во љубовта кои ќе повредат некого ни крив ни должен. И така...
     
    На Luminary и WildMk им се допаѓа ова.
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Секој пар има проблеми и тоа е нормално нешто, успони, падови, грешки, поправки, се тоа е дел од една врска. Тука мислам тргнуваш од тебе и твоето лошо искуство, што не мора да значи дека ќе биде случај и со девојкава..
     
    На Luminary и WildMk им се допаѓа ова.
  15. Frosi333

    Frosi333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2018
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Kako da mu dadete do znaenje na nekoj koj postojano vi pisuva i so koj ste izlegle 1-2 pati deka ne sakate vekje da imate nisto so nego?Ednostavno da go otkacite? A ne sakam direktno da mu kazam...
     
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.247
    Допаѓања:
    176.243
    Пол:
    Женски
    Сем директно, се останато можи да биди грешно разбрано.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.573
    Пол:
    Женски
    Па вистината. Ми треба време само за себе, неможам моментално да размислувам за врска или нешто слично.
     
  18. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Потребно ми е искрено мислење.

    Неодамна започнав врска со дечко кој ги исполнува сите мои критериуми. Еве да речеме дека е доста сериозен во намерите со мене, веќе ме запозна и со неговите, иако е пребрзо но сепак добро е што знам со какви луѓе би имала работа во иднина доколку преминеме на следен посериозен чекор или врската ни напредува. Врската е на далечина, што не ми пречи бидејќи се водам според тоа дека ако се сака, ќе успееш во се.
    Влегов во врската свесна дека можам да очекувам речиси се, раскинувања поради далечина, љубомора, забрани иако за сега ова се уште не се појавило фала му на бога.
    Дечково е приземјен, сериозен, внимателен, искрен но сепак по малку и затворен и понекогаш не знам што и за што размислува, емоции слабо искажува бидејќи бил повреден од претгодната врска и долго време бил сингл. Одиме полека, не сакам јас да се експонирам се уште во јавноста со слики, рилејшншип статуси иди ми дојди ми иако тој веќе размислува да одиме на викенд во едно од туристичките места.
    Од една страна се радувам, бидејќи ми го дава целото тоа внимание за кое до сега сум го немала од ниту еден партнер пред него, од друга страна се прашувам дали сето тоа е избрзано иако би сакала да се опуштам и да си дозволам задоволства и уживања покрај личност кој цени што има покрај себе. А јас од ситница умеам да преувеличам и да уништам се.

    Да преминам на главниот проблем. Во сета таа идила која е опишана, во сета моја среќа постои и огромен проблем а тоа е моите родители.
    Премногу се однесуваат заштитнички кон мене и се уште не знаат дека имам дечко, не знам како ќе ги известам, бидејќи кога се работи за таа тема, секогаш со мојата мајка завршуваме карајќи се, докажувајќи се кој е во право а кој не и на крајот јас се откажувам со - добро мајко, во право си, не сакам да се караме бидејќи искрено, уморна сум од караници, додевања, и по некои зборови кажани од мене за кои подоцна се каам.
    На крајот од денот жал ми е кога ја гледам уморна враќајки се со татко ми од работа, во доцните часови и не би сакала да и придавам додатен стрес со моите размислувања.
    Знам дека сака да бидам среќна, но од досегашните искуства со нејзе на таа тема уште пред да започнам се откажувам од тој разговор.
    Дечково ми е добра прилика и речиси сум сигурна дека е добар избор и би сакала да имам иднина со него ако се биде како што треба.
    Би сакала да ризикувам, би сакала да им кажам но не знам кој е вистинскиот начин.
    За сега сум принудена да се кријам, а воопшто не сакам, премногу ми е меч со две острици за да се расправам со родители поради дечко со кој од друга страна не знам што би се случило и во иднина иако реков дека веќе има сериозни намери со мене за толку кратко време, но доколку се откажам цело време ќе ме мачи помислата што ако сум постапила поинаку?

    Се наоѓам на раскрсница, не знам по кој пат да тргнам, за прв пат во животот не знам како да постапан зошто се плашам дека можам да погрешам.
     
  19. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Дали тој сака да ги запознае твоите родители и како тој гледа на твојата колебливост во однос да и признаеш на мајка ти дека некој влегол во твојот живот?
    По колку години имате?
    Дали твоите знаат за твоите претходни врски и како реагирале доколку секако си имала некоја претходна врска?
    И за крај колку сте одалечени еден од друг?

    Има неколку дупки во приказнава, па не можам да си ја дооловам до крај... А,верувам и повеќето од членовите овде...
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Да, зборувано е за тоа, и еднаш на шала ми спомна, ама јас не знам како ќе те оделам од твоите ако тие постојано се загрижени за тебе.
    Се уште не знае, ама му кажувам одоколу бидејќи не можам директно да му опишам дека мрчат за секоја моја врска а неговите премногу ме прифатија и засакаа. Би се почуствувал несакано а и со право.
    Не е проблем да го прифатат тие, би го прифатиле но не веднаш, туку после долг период, едвај го прифатија мојот претходен дечко. А бидејќи знам што реакции следуваат, искрено се плашам.
    Моите последни две врски завршија лошо и секогаш кога ќе и спомнам на мајка ми за некој нов дечко таа мрчи.
    Денес таа има слободен ден од работа, пред некој ден и спомнав за еден дечко ( за мојот дечко) од далечина и' и раскажувам пред малку повторно, ја припремам веќе и ми вели - тој е далеку немаш ништо со него нели? кој знае каков е, ќе се нервираш тој таму ти овде, кој знае што ќе прави и баталив.

    За моите претходни врски, па ги прифаќале партнерите, малку со мрчење малку со напнување прерано да ги запознаат, ама на крај со мое убедување, сум успеала да сменат мислење, овој пат поинаку е.. После тие неуспешни врски, секогаш мрчат и ми префрлаат.
    Одалечени сме околу 150 км, плус минус.
    Јас имам 26 тој 29.
    Еднаш мајка ми' ми спомна дека изгубиле во мене доверба дека често знам да ги подлажнам, а како да не го правам тоа кога премногу ме ограничуваат со мојот начин на живеење додека другите го терат животот?
     
    На Dr.Zzz му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.