Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. koki90

    koki90 Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    ајде некој женски совет ... одев со една девојка 3 год сме имале све со нејзе и типката од еднаш ми раскинува а како причина ми наведува дека мн сум ја повредил летото кога сум побарал пауза од нејзе зш беше она претерано љубоморна после таа пауза јас се вратив се смиривме она се однесуваше коректно и сеа значи за нова година ме вика со нејзино друштво да славам а самата знае дека не ги поднесувам тие некои "другари" на сестраи и се договоривме она да си остане таму да си слави јас со мое друштво бидејки неможевме да се договориме и после нова година она се решава да прекинеме со образложение дека не ме правела среќен не била за мене и ред др глупости а занова година мој другар со негово друштво беше со нив јас и се јавив точно во 12 и честитав она почна да плаче мене ми се насолзија очите и веднаш сакав да одам кај нејзе ама работата е што бевме во различни градови и неможев после тоа јас спремав изненадување да ја однесам на викенд заедно да бидеме ама она едноставно постапи така и неможев да сторам ништо сеа правиме муабет контактираме нејзе и е страв да ми се врати мисли ке ја повредам и вика поубаво сама никој не ја нервирал и такви глупости а вика дека сеусте ме сака ама не како порано ........
     
  2. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Можеби навистина за нешто си ја повредил и навистина се плаше пак да биде повредена. Ако ја сакаш не се откажувај од неа. Направи се што можеш да ја вратиш и ако после се таа пак не сака, тогаш нема повеќе зошто да се трудиш.
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.000
    Допаѓања:
    81.339
    Пол:
    Женски
    Многу се нервирам кога треба да барам совети, затоа што знам дека изгледам очајно, а не сум. :D
    Уствари моментално можеби и сум, затоа што стварно не знам што да правам со самата себе.
    Моментално се наоѓам во ситуација некаква помеѓу врска и другарство и искрено, мене ми е многу убаво и не би менувала нешто, ама овој "мојов" си запнал за врска и толку. :|
    Ми се допаѓа, ама мразам официјални работи, мразам врски, затоа што секогаш сум се разочарувала и не сум го добивала тоа што сум мислела дека ќе го добијам преку врските (не мислам на односи) - значи мене не ми треба дечко за маскота, колку да шета со мене за викенди и да се курчи затоа што успеал да ме фати за женска. Сакам личност што ќе биде со мене секогаш кога ќе ми треба и која нема да ме третира како трофеј, а најискрено секогаш било така, а не сум јас проблемот, се трудам доволно. :worried:
    И некако, си имам таков вроден страв од врските.

    Е сега, како најбезболно (затоа што знам дека тоа што не сакам врска веднаш ќе си го поврзи со корпа) да му објаснам дека не сум спремна за врска!? Нема ли да звучи глупаво, ако му кажам дека сеуште не сакам да се впуштам во врска, а сакам да сме заедно !?
    Стварно не знам како би можел да реагира, а се плашам од најлошото, богами.
    Се мислам да му кажам да причекаме некое време, ама се плашам дека ќе сфати као јас да имам намера онака да го мафтам, а не е така. :|
    Не знам зошто сум таква, и немам појма што да направам. Стварно. :doh:
     
  4. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Прво воопшто не делуваш очајно зошто секој од нас понекогаш се наоѓа во ситуација кога има потреба од нечиј совет :) Што се однесува конкретно на ситуацијава мислам дека најпаметно би било да искочиш со дечкото и да му го објасниш истото што и нас ни го пиша тука.Објасни му дека ти е убаво кога си со него и се тоа,но дека сешуте не си подготвена за врска бидејќи до сега ти си била таа која што била повредена на крај.Колку што разбрав вие сте другари така да од прилика знае каква особа си и не верувам дека после твоето објаснување зошто не сакаш врска би се одалечил од тебе.И еден најдобронамерен совет до тебе : немој секогаш уште пред да започнеш нешто да го гледаш од негативната страна.Не знаеш што ти носи животот понатаму,можеби токму ова ќе прерасне во она правото.Ти посакувам се најдобро :)
     
    На srcekrsacka и Mishela им се допаѓа ова.
  5. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Затоа немој ништо да очекуваш и препушти се на самата врска, дозволи да те изненади и надевај се дека овој пат ќе биде позитивно. За да пребродиш некој страв мора да се соочиш со него. Глупаво е поради очекувања кои можеби никогаш во целост нема да се исполнат, да пропуштиш некој кој велиш ти се допаѓа. Тоа е доволно да му дадеш шанса и да не се откажеш на првата негова грешка и да си речеш знаев ете пак не ми успеа. Ниедна врска не е ни малце совршена, затоа е и убава. Затоа што постојано и двајцата треба да се трудат и да ја одржат на некое ниво и да има некој баланс. Нема потреба да му објаснуваш, дај му шанса, однесувај се со него како што сакаш тој да се однесува со тебе, ако не ти возврати не се откажувај во целост од врските или потрагично од машкиот род :)
    И не изгледаш ни малце очајно ако побараш совет, очајно е да имаш каде да се обратиш, а да не го направиш тоа од срам или страв некој да не те осуди :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    А зошто мислиш дека пак ќе е исто како што е било некогаш? Не мора да значи дека ако еднаш,двапати си се разочарала, пак ќе ти се случи истото. Прво за да не се разочараш треба да не очекуваш. Како и CrazyStupidLove што ти кажа ќе ти кажам и јас. Препушти се на врската затоа што можеби оваа е тоа вистинското. Никогаш не можеш да знаеш, ако не пробаш. Ако пак се разочараш оваа ќе ти биде само + искуство од кое ќе научиш многу работи. Затоа јас мислам дека треба да пробаш да бидеш среќна.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  7. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    ми треба совет од некоја повозрасна девојка ..да не казам која е мазена :)
    ми треба совет во врска со мојот вереник и би сакала да ме советува некоја сто поминала низ тоа (да има вереник)
    несакам тука да писувам..ако има некоја време нека ми писе лп...поз и фала :hai:
     
  8. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Коки очигледно многу работи во вашата врска не функционирале..прво фактот што била многу љубоморна па си барал пауза, послем тоа што ти не ги поднесуваш нејзиното друштво! МНОГУ голем проблем.. како тоа не си го поднесувате друштвото?! за една нормална врска, многу е битно да си ги сакате заедничките друштва.

    Мишела немој да си ја мачиш главата.. НЕ ТИ СЕ ДОПАЃА Доволно! И немој да бараш објаснувања не си била спремна за врска или други објаснувања..Па фала богу дека ке сака дечково да сте во врска кога му е убаво и не гледам ништо лошо во тоа.Вие можете да успорите да не се брзате но сето тоа носи кон вие да бидете во врска. зошто врската ја сваќаш само имајки дечко за маскота јас не разбирам?! И не мора да значи дека мора цел свет да знае или дека мора одма во врска да се ставиш со него на фб.. Глупости! и самата знаеш дека не сте деца, и не гледам ништо лошо во тоа дечково да бара врска. многу нормално. А ти можеби го свиѓаш но не доволно, и тоа е тоа! А тој дечко многу те сака, и не гледам зошто кога двајца се сакаат да се фатат за рака и да се прошетаат без да ги боли уво кој што збори. Затоа без оправдување дека имаш ствар од врски туку биди искрена, колку попрво прво со себеси. Немој мојот совет да мислиш дека е кажан со иронија но едноставно така е. а колку подобро го размислиш дека е така толку побрзо ке го решиш проблемот..
     
  9. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Женички мои,веднаш ќе преминам на главното,глупав е.Не сакам да звучам навредливо или од сопствена иритација го нарекувам така,но таа е општата ситуација. Многу ми се допаѓа физички и секако го сакам начинот на кој се однесува со мене,нежен е,фин,внимателен,постојано ми се јавува,ми праќа пораки,а како што реков и добро изгледа,што мене многу ми одговара
    мазича сум јас :$ ,сакам да ме гушкаат,штипкаат и сл.
    единствен проблем е тоа што навистина е ајде да кажам ниско интелегентен,тешко комуницираме,не ме разбира што му кажувам,не ги поврзува речениците,прво мислев дека јас сум крива и затоа ја спуштив лексиката се изразувам да не кажам просто,со наједноставни зборови и кратики реченици, повторно не ме разбира,знае да се издигне(испонаша),не затоа што јас сум кажала нешто лошо веќе затоа што не умее да ме разбере.Има некои други ситни мани
    слуша турбофолк и така е настроен
    но на нив можам и да ги "затворам очите",но навистина незнам како ќе фукционираме ако не комуницираме.Совет,мислење?
     
  10. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Без зарднички интереси, неможе да функционира. Ако ти сакаш да идеш на изложби, на Таксират (на пример), сама ќе идеш?
    Планираш да идеш на Пулумента/Булумента или како и да ли се викаше на концерт со него?
    Кој филм заеднички би го изгледале кога нема да ви се излага?
    Како со него ќе ја споделиш последната прочитана книга?
    Он треба да знае што ти мислиш уште пред да го изговориш. Мора да те познава како дишеш.
    Одговори си на овие прашања, процени што губиш и што добиваш, донеси си одлука а после живеј си со тоа и немој него да го окривуваш или да пробуваш да го промениш за да повеќе ти одговара на твојата проекција каков сакаш да биде, а не каков е.
     
  11. Yesim

    Yesim Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    vaka jas se smekav so edno dete ... ii tojjj me vikase na negovata masa no jas ne otidov posto mi bese sramm .. . sega me dodade na fb... za pijatel iii nistoo ne ni mi pise ne znam sto da pravam :)
    [mod-kirilica:hnt289eo][/mod-kirilica:hnt289eo]
     
  12. cinderelka

    cinderelka Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    14
    пиши му ти,што има врска тоа кој прв ке пише,ич не му ја мисли,ништо не губиш ;) :)
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Yesim

    Yesim Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    :D пиша ми прв :$ и многу сум возбудена
     
  14. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Не мора да значи дека ако немате заеднички интереси, не може да сте заедно. Зависи како ќе го прифатиш ти тоа. И мојот дечко слуша турбо фолк, кафански песни, се дружи со прости луѓе, но не е глуп.Јас го прифатив тоа и веќе не ми смета. На почетокот ми сметаше многу, но со текот на времето го прифатив таков каков што е.Спротивностите се привлекуваат, затоа пробај можеби ќе успеете.
     
  15. Rizzle.Kicks

    Rizzle.Kicks Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Дали знаете како да направите некого да ве сака повеќе ?!
     
  16. 343

    343 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    6
    Како што рекле,, човекот почнува да те примеќа од кога ке го избегнуваш :)
    Инаку никој неможеш да го натераш да те сака.. и да сториш нешто во врска со тоа може само да има некоја моментална реакција од негова страна... затоа мислам дека најдобро би било да оставиш се како што е па со тек на времето види што и како ке биде. Поздрав :)
     
  17. Rizzle.Kicks

    Rizzle.Kicks Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    да па така и мислев не сакам со сила некого да натерам да ме засака..:)) Фала
     
  18. Feel1

    Feel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Девојки имам еднен проблем, Студирам и седам во студенски дом, Излегував со едно дете месец и пол.. а детево е баш кренато, типче, фаца..мислам знаете за каков мислам,нонстоп бевме заедно исто како да сме во врска, имаше роденден, му купив поклон, премногу се изненаде и го бендиса..и незнам што се случи едноставно за 2 дена... Претходниов викенд си бев дома,и кога се вратив встуденски... не ме ни побара ништо. го викнав неколку пати да се видиме ни дојде ништо..и разбрав од други демек бил лут бидејќи слушал муабети како сум излегувала со друг, го викнав да правиме муабет..па почна истото да ми вика како слушал некои муабети..како сум го лажела сум кажувала дека сме биле во врска,... а немаше врска муабетот... И ми рече дека најдобро да сме останеле другари и јас како сакаш само му реков..другиот ден го гледам со друга девојка.. што сме блиски со собите встуденски..почна да излегува со неа, нонстоп е кај неа... макар што мислев само онака бидејќи таа имаше дечко со кој одеше 3 години, и денес гледам се скарала со дечкому. значи сега е со мојот во врска..Тешко ми е девојки незнам како да се понашам..тешко ми е кога ке го слушам кај неа..а до вчера нонстоп бевме заедно како во врска све си беше најубаво, незнам како можеше за еден ден да ме замени со друга.. незнам и неа како не и е срам знаеше дека сме заедно... незнам што да правам..од што ми е неубо не сакам да одам дури встуденски, не сакам да ги гледам..тештко ми е ? Кажете ми како да се понашам, што да правам ?
     
  19. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    јас колку што саватив,дечково си идел со сите девојки онака и ги остава,, :^) и сама каза дека бил,кренат и дека е од оние тичинја сто се такви..значи како прво за вас не знам дали сте биле во врска или некое време заедно како за забава(извини)...
    ако тоа го направи со тебе чекај и за некој ден ке го направи и со другата девојка..нема зосто да се нервирас за ваков дечко..и мислам не би требало ни воопсто да застанес со него...поз
     
  20. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    не се работи за тоа демек он слушал муабети демек ти се гледаш и со друг, работата било немал како да те остави па ај вака измислил нешто без врска за да те откачи за очигледно другата да ја закачи :)
    си поиграл со тебе и прифати го тоа, џабе ти е колку и да се нервираш за такви ни со прст не се мрда а камо ли па да патиш
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.