1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dejana25

    Dejana25 Нов член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2018
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
     
  2. guardatela

    guardatela Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    85
    Ми раскина Оти не е повикан на свадба кај сестра ми.Во врска бевме година ипол со што имавме раскинато еден период од два месеци.Не можам да проценам дали ме манипулира Или ме третира лошо Оти јас него го третирам лошо.Последните две три недели никако не се погодувавме да сме кај него дома.Ми имаше кажано дека се преселил кај брат му и еден ден цел ден шетавме и вечерта требаше да идеме кај него и чекајќи автобус знаејќи дека треба да идеме у правец накај станот на брат му најладнокрвно ми рече дека не излегло ништо од тоа и не ми кажал порано за да не се караме и излегло дека уствари седи у некој трет стан и очекуваше да се качам у бус со него јас реков не ќе си идам дома.Муабетот ми е лагите се лаги мали или големи.И не е прв пат да ме излаже за вакви глупости.Следниот ден кога пола саат зборев дека ми е криво што се осеќал дека треба да ме лаже и е проблем и не е океј .. не искоментира ништо на тоа само рече дека сум била своеглава и сите околу мене знаеле дека треба да биде поканет на свадба само јас не а јас не го канам од причина што не се осеќам дека врската ни е на тоа ниво и дека треба да се работи на решавање проблеми и бла бла па после запознавање со домашни.И не можам да сфатам дали ме манипулира за да си го добие тоа што го сака или пак навистина сум јас своеглава и треба да размислам поубаво..
     
  3. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Според мене рано е да доаѓа на свадба. Вие не сте ни во сериозна врска која води кон заедничка иднина за да доаѓа тој, како што сама кажа.
    Ако толку сака и размислува за иднина со тебе, лагите и манипулациите не треба да постојат.
     
    На SummerGirl и BGLIGOROVA им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Ако направил да немаш доверба во него, нема што да се чувствуваш виновна.
     
    На SummerGirl и SwanMay им се допаѓа ова.
  5. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    6.561
    Пол:
    Женски
    Многу работи во вашата врска ми изгледаат погрешно. Прво, според мене правилно е да биде поканет на свадбата на сестра ти, бидејќи година и пол не е мал период. Од друга страна, доколку сеуште не сте толку сериозни и блиски, во ред е да не го поканиш, но се јавува друг проблем - зошто не сте успеале досега да ја донесете врската на тоа ниво? Не дека постои временски ограничен период, ама сепак мислам дека година и пол е доволно.
    Делот со тоа што буквално незнаеш каде живее дечко ти, ама воопшто не ми се допаѓа. Незнам како функционирате и како успева да крие такви работи од тебе, и зошто ти би се лутела ако си знаела?
    Точно е дека лагите се лаги, денес ќе е можеби за глупост, утре ќе е за нешто многу посериозно. Не гледам причина личноста што ја сакаш да ја лажиш поготово за такви работи.
    Имате проблеми за кои мора да разговарате, и да се обидите да ги решите доколку имате желба да останите заедно.
     
    На bebaa, SummerGirl и BGLIGOROVA им се допаѓа ова.
  6. desidesanka

    desidesanka Нов член

    Се зачлени на:
    18 јули 2018
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво. се заљубив во погрешен човек а и тој во мене.Како створени да сме еден за друг,во се се надополнуваме,ама нашето е забранета љубов.И тоа го сфатив и решив да се тргнам.
    Последно кога имавме односи јас не уживав,ми се вртеа црни мисли во глава и неможев да уживам и тој на тоа се навреди многу и се осети понижен и ми рече ова ти е најјакото оружје да ме оттргнеш,несакам да уживам само јас.Но тој мисли дека тоа намерно го направив само да го оттргнам. Како да му дадам до знаење дека не беше намерно,туку дека едноставно ме гризе совеста а и љубомортата,дека од тука пак ќе оди кај вереницата и јас кај вереникот.Тешко ми е што се заљубив.Сакам да му докажам дека го сакам ама дека сево ова е погрешно ,да го вратиме тој пријателски однос. Ве молам за совет
     
    Последна измена: 18 јули 2018
    На WildMk и Jenyl им се допаѓа ова.
  7. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.731
    Допаѓања:
    55.495
    Пол:
    Женски
    Прво што сакаш ти дали знаеш?
    Си решила да расчистиш со него, сеа го бараш неговото внимание? Каква блискост бараш да имате после се?
    Нормално дека ќе те избегнува, нормално дека нема да биде ист.
    Прво запрашај се сама што сакаш во животот, на време не му го уништувај на друг (вереникот).
    Не можеш да сакаш 2, ти вереникот не го сакаш. Да си го сакала немало да погледнеш друг не па да завршиш во туѓа постела.
    Уште еднаш ќе ти пишам, размисли ти што сакаш во животот.
     
    На bebaa, КикиМаус, zalosna и 5 други им се допаѓа ова.
  8. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Едно ќе кажам: вереникот има право да знае се, па сам да одлучи дали сака иднина со тебе.
    Со другиот ако расчистиш никогаш не ќе можеш да имаш добар пријателски однос а и најдобро е така, да си ги разделите патиштата ако ти сакаш да се бориш за вереникот.
     
    На Joi, bebaa, КикиМаус и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Телевиса пресента...:~:
    Верена си за еден, а сакаш друг ?
    Зошто си го правиш тоа самата на себе, а после и на вереникот ти ???
     
    На Sanjichka007, molikaMk, bebaa и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    Еве совет: Остави го човекот со кого мислиш дека сте како „створени еден за друг“, потоа оди и раскажи му на вереникот се' како што е без ниту една најмала лага. Остави го да размисли дали ќе ти прости за глупоста која си ја направила, а за тоа време ти размисли што поточно сакаш во животот. Не сакам да звучам сурово, ама навистина ми се гади кога читам вакви приказни и оправдувања за неверство. Едноставно не можам да замислам како може да спиеш мирно до вереникот, а еден час пред тоа си била со некој друг. Извини вака што директно ти кажувам, ама нечијата љубов и доверба не се играчка.
    И накрај ако и вереникот реши да те остави, прифати го тоа мирно и остави го да биде со некоја која навистина го заслужува.
     
    На bebaa, desidesanka, zalosna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. kikica14

    kikica14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    668
    Пол:
    Женски

    Разреши прво самата со себе што сакаш и кого сакаш, дали воопшто сакаш некој од нив двајцата. Мислам дека ти воопшто не го ни сакаш вереникот штом го изневеруваш, а и тој пак има вереница со тебе ја изневерува... А на вереникот да му кажеш бидејќи ако дознае од било кој друг или подоцна би било многу полошо и пред се заслужува да знае.
    Богами телевиса презента :^)
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BGLIGOROVA

    BGLIGOROVA Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2018
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Зошто си се верила со некого кога сеуште не си сигурна и кога ти се појавуват други личности па се заљубуваш во нив?
    Да се вериш не е мала работа,а пак да направиш неверство уште напочетокот ептен не е мала работа...
    Има право твојот вереник да знае се,доколку те остави не лути се ти сама направи да бидеш оставена
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Реши со кој сакаш да бидеш и после, и на двата кажи им што точно сакаш и мислиш.
    Не калкулирај. Ко демек- ќе му предложам на љубовникот, па ако сака ќе бидам со него, а ако ме одбие, ќе си останам со вереникот. Може грешка да направиш така.

    Преиспитај се со кого сакаш да бидеш, пред да зборуваш со било кој од нив двајца.
     
  14. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.872
    Пол:
    Женски
    Од каде е погрешен кога си се заљубила во него? Значи вереникот е погрешниот.
    Ако треба да избираш помеѓу двајца секогаш избери го вториот, да го сакаше првиот немаше ни да помислиш на друг.
    За твоја сопствена среќа раскинија веридбата и размисли со ладна глава што понатаму во животот, а и без брзи одлуки повеќе.
     
    На desidesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.731
    Допаѓања:
    55.495
    Пол:
    Женски
    Во право си и убаво и пиша, но нека не се надева дека вториот во ситуацијата ќе ја остави вереницата.
     
    На zalosna, BGLIGOROVA и Purelove92 им се допаѓа ова.
  16. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.872
    Пол:
    Женски
    Тешко на вереницата , не се гради среќа врз туѓа несреќа ама ајде..
     
    На bebaa, zalosna, SwanMay и 2 други им се допаѓа ова.
  17. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Ако реши да расчистиш со него, шо те интересира неговото мислење?
    Нека мисли шо сака, тоа прво.
    Друго, ако толку сте створени еден за друг, раскинете ги веридбите и живејте си среќно заедно. Не уништувајте туѓи животи и онака не ги сакате тие со кои сте.
     
  18. desidesanka

    desidesanka Нов член

    Се зачлени на:
    18 јули 2018
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    фала ви на сите за искрените одговори. Никогаш не очекував да се најдам во оваа ситуација,сум ги презирала тие што изневеруваат и да, во право сте, неможам мирно да спијам до вереникот и затоа вчера навечер се му признав.И знаете што ? Многу мирно го прифати тоа, ама знаете зошто ?Не бил и тој баш толку мирен колку што мислев,ми призна дека пред неколку месеци ме изневерил и тој,па сега му дојде ова како олеснување,му тежело и нему цело време ама сега полесно му било као ете двајцата сме направиле грешка . Само што јас дефинитивно нема да продолжам,веридбата ќе се раскине ,не од причина што сум му лута(неможам да се лутам кога исто направив).туку и двајцата мислам сфативме дека чим сме изневериле ,нешто ни недостасува ,а неможеме да се надополниме. Без разлика дали колегата ќе ја раскине веридбата или не, јас не продолжувам со вереникот. А ќе разговарам со колегата,нека реши и тој што сака, оставам на него , ако не , се надевам ќе дојде некој каде што навистина има љубов заедничка.
    Ни на душман не посакувам ова што мене ми се деси, ама од друга страна викам можеби подобро испадна,можеби тој никогаш немаше дами признае и со тек н авреме уште полошо ќе беше. Да не направев и јас грешка,можеби тој немаше храброст толкава да ми признае. Тешко ми е многу, душа ме боли , ама овој пат ќе размислувам со мозокот а не со срцето,срцето некогаш знае да зезне.Во секој случај најдобро е вака.Сега само ми е мака за вереницата на колегата, без разлика колку лошо сум направиле и сум им се помешала во среќата, сепак чим ј аизневерил ,нешто недостасува, се надевам и двајцата тоа ќе го сфатат или пак ќе пробаат да поработат на врската и ќе бидат среќни.Ја веќе ништо не правам,оставм тој да реши.што и да реши ,прифаќам.
    Фала ви на сите за искрените и директните совети
     
    На Alisa22, DAngel, Annora и 2 други им се допаѓа ова.
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Паметно си постапила. Животот е прекраток за да го трошиш покрај некој кој не го сакаш.
    Се најдобро (fingers)
     
    На shining_star, Purelove92 и desidesanka им се допаѓа ова.
  20. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    Вау, што љубов ќе била таа кај што и двајцата изневерувале :x Како и да е, добро си постапила што си му признала се'. Ти посакувам среќа во иднина и памет во глава за да не се доведеш во слична ситуација :mm:
     
    На shining_star и lovestoneddd им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.