Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.505
    Пол:
    Женски
    Здравје кога ќе се венчате, кога ќе се родат деца и кога ќе ги земе враце поинаку ќе е се.
    Штом е добар вујко и добро се однесува со деца сигурно ќе си ги сака и своите.
    Мислам дека само се плаши од одговорност, но добро би било да разјаснете поконкретно што сака.
    Пишуваш еднаш вика не сака, потоа си го предомислила. Затоа убаво зборувајте, без караници и последователни раскинувања и споделете си ги идните планови и желби.
     
    На KeBideLi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.424
    Допаѓања:
    22.063
    Пол:
    Машки
    Овде има повеќе фактори од моја гледна точка, мисли дека си негова сопственост и сега веќе не мора да си убава на некој начин.

    Напнат е нешто, можеби има(те) проблеми со финансии, работа и слично.

    Или пак евентуално можеби се сомнева нешто со тебе?
     
  3. KeBideLi

    KeBideLi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2018
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски

    Фала ти на одоговорот. Епа, пред 2 год исто ми кажа дека не сака, па остана со мене затоа што не сакаше да живее без мене. И мислев дека засекогаш ќе мисли така. Сега пак се изјасна дека не сака, мислел дека ќе е ок, ама сфатил дека премногу е... Па, пак се одлучи да остане со мене, само ради што ме сака. Од кај да знам колку време ќе му трае ова, и пак ќе се премисли? Тоа ме мачи... Имам 2 избори, да раскинам или да чекам и да видам што ќе се случи...
     
  4. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    3.769
    По колку години имате?
     
  5. KeBideLi

    KeBideLi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2018
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Јас 27, тој 37.
     
  6. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Несака деца на 37год,?А која е причинатс што сака сами да го поминете животот?Помислив ке речеш 25/6 прекусила дека е.
     
  7. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Финансиите не се проблем, повод за љубомора немам дадено , стресни ситуации има секој човек па и ние на работа и сл. Не можам да сватам каде згрешив , зошто така изреагира
     
  8. KeBideLi

    KeBideLi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2018
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Епа, сака целото слободно време да го помине со мене. Да нема други обврски. Да нема стрес. И јас да имам повеќе време за него (пошто нели, со деца треба да ме дели).
     
  9. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Да во право си , треба да разговараме .. Моментално само молчиме и како станци се однесуваме по дома
     
  10. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.505
    Пол:
    Женски
    На 37 веќе има целосно оформено свое мислење за иднината. Мислам дека нема да го смени. Но разговарај отворено, точно нека ти каже дали никогаш нема да се предомисли. Ако рече не, одлучи што сакаш ти.
    Тој останува со тебе, бидејќи ти остануваш со него и можеби мисли дека ќе го промениш ставот. Затоа стави му до знаење што ти навистина сакаш и одлучете како понатака.
     
    На KeBideLi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Мене тоа не ми личи на зрела особа.(без навреда дури на себична,читајки како се однесува и кога треба да одите дури и кај неговите).Стресови и обврски секога ке има во жовотот,со или без деца.Но возрасна личност која влегува во 40сетите години и биолошкиот часовник му откуцува,да има став дека несака деца за да не ја дели женаму со нив и за да нема обавези,не ми личи на стабилна,зрела особа.Размисли си дали сакаш да го поминеш со таков човек животот.Макар што некои викаат кога ке дојде детето се менува секој човек без да сака,едноставно природно си доѓа промената и ппчнуваш да живееш за него.Две другарки непланирано останаа трудни и се сменија скроз,од луди деца во одговорни мајки и пријатно ме изненадија.Но никогаш не рекле дека несакаат деца да имаат.Ова кај дечкоти ми е чудно,освен ако знае дека има некаков проблем па несака да ти каже.
     
    На Cinderfakinrella и KeBideLi им се допаѓа ова.
  12. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    5.692
    Пол:
    Женски
    Искрен разговор со некој би ми дошол добро.
     
  13. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.572
    Пол:
    Женски
    Неможе да се чувстуваш како странец од еден беден коментар на парнерот со кого си 11 години.
    Страв тие за веридбата?
    Ајде главата горе повеќе си од моменталната психичка состојба, врати го малку во прекрасните заеднички моменти и дека таква си негова избраничка.
    Колку повеќе чекаш толку полошо.
     
  14. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.134
    Пол:
    Женски
    So decko mi sme zaedno 4 ipol godini ,navistina mnogu go sakam no postojano me pritiska da se zememe ili da ziveeme zaedno ,mu objasniv deka ednostavno ne se osekjam dovolno spremna za toj cekor no on go sfakja toa pogreshno I misli deka ne go sakam I deka ke mu raskinam .. postojano me pritiska navistina ne znam shto da pravam
     
  15. bunny19

    bunny19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    171
    Во последните неколку месеци се чуствувам како да ја изгубив најдобрата другарка. Се дружиме од мали али во последните 2 3 години бевме доста блиски. Од патување заедно, живеење заедно, праење муабет по 2 саати на телефон, пишување по цел ден на фејзбук до тоа да денес не се ни слушаме ниту пак се гледаме. Имено и двете бевме сингл во последните две години поради тоа можеби и имавме толку време една за друга. Денес и двете сме во врска но проблемот е во тоа што таа кога и да има дечко заборава на сите и не е прв пат истото да се дешава. Можеби предходно кога се има десено не сумго ставила толку на срце дека не сме биле толку блиски но сега премногу ме повредува. Во последните 5 6 месеци постојано се обидував да одржам контакт со неа од типот ајде кога имаш време да идеме на кафе, ајде ако сакаш ке идеме во кафана, ајде на шопинг, ќе и се јавев, ќе и пишев ама некако ни за на кафе ни за ништо, сами или со дечковци немав повратен одговор. Цело време ќе видиме, зафатена сум, имам за учење и сл. Поради константно одбивање ми стана глупо да ја викам и оставив престанав да и вртам, а ретко и да комуницираме на фејзбук. Предходно и во другите врски била таква и сите другарки и имаме кажано дека прави голема грешка ама сето тоа резултираше така што ќе се налутеше. Не дека и барам да се гледаме секој ден, да збориме по два саати, ама барем еднаш во месецот да најдеше време за другарките или ако нема време барем да се јави да праша како си ... ништо повеќе ..Стварно незнам што да правам и дали воопшто вреди нешто да се реагира. Сакав да оставам така и да видам до кај ќе иде, а првиот момент кога ке ме побара пошо нешо ќе и треба да и го плеснам во фаца ама тоа да не биде како од ведро небо него како низ муабет. Од друга страна си викам дали е тоа паметнои дали воопшто да реагирам или во таков момент само да игнорирам и да оставам така на игнор.Ако си на некој пријател, пријател си и нема потреба да молиш некој за да ти посвети внимание или да се караш пошо нели не и треба никој се до моментот додека да раскине . Што би правеле да сте на мое место ? (како што кажав предходно разговор не помогнал)
     
  16. KeBideLi

    KeBideLi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2018
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Мислам дека последниот пат му дадов јасно до знаење дека јас го сакам тоа и нема да се премислам. Па се надевам дека така и ќе е. Ама до тогаш ќе си мислам цело време на тоа... Ќе видиме што ќе биде. Фала на советот. :)


    Не дека го бранам, ама напротив не е незрел. Туку едноставно е друг менталитет. И така си одлучил во животот дека не сака да има деца. Е сега, јас му дојдов во животот, и јас не можам да прифатам ништо друго. Па тој треба или да се откаже од мене, или да прифати да има нешто што никогаш не планирал. Ама и јас не можам да разберам зошто не сака да има деца, јас му кажав дека не планирам до крајот на животот да одам на работа и да се враќам дома и да гледам филм...засекогаш. Сакам семејство и се` што си доаѓа со него.
    И некако и јас се надевам на тоа, кога ќе има дете ќе се чувствува поинаку...
    Валда ми останува само да чекам и да видам што ќе биде... Или може пак ќе ја отворам темава па што биде биде...

    Фала ти на советот! :)
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. KeBideLi

    KeBideLi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2018
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Ми се случи нешто многу слично. Имено, се задруживме случајно во моментот кога двете бевме сингл, и кога сите нејзини други другарки беа во врска и не ја рецкаа (јас си имав сеуште други другарки, па ја земав неа со мене секаде). (а и други ми кажуваа дека е таква, кога има дечко не се замара со другарки) Станавме ептен блиски, како што кажа ти, со телефони, преспивање една кај друга, едно лето цело остана кај мене да спие, излегување и триста глупости. Јас добив работа во странство, и уште незамината почна да ме игнорира. Ми кажа као, па ти си одиш за некој месец, не сакам да сме преблиски и после да ми е тешко. (наместо последните месеци уште повеќе да го искористиме времето) Почна да излегува со претходните другарки.. Сфатив дека уствари, излегува со нив пошто имаа многу интересни другари како за неа.
    Малку по малку се` излезе на виделина, излегуваше со тоа друштво од кај што имаше повеќе аир. Јас заминав во странство, на почетокот се слушавме преретко ама не беше тоа тоа. После една година не ми дојде на дипломска. И после 2 год се мажи и не ме покани ни на свадба.
    Многу ме повреди, многу плачев и сеуште не можам да поверувам. Ама пред свадбата, кога дознав дека не ме викна, и се јавив и и` кажав се`. Од тогаш ми е многу полесно, затоа што не ја мислам толку. После муабетот сфатив дека не вредело. Ми кажа: Тоа е. Некои другарства траат, некои не.

    Може и твојата така. Поважен и е љубовниот живот. Сака само да си најде некој, да се осигура, а другото ништо не е важно. Излегувала со тебе дур не си нашла дечко, сега веќе не си и потребна. Нема време за тебе... Ама се надевам дека еден ден ќе се разбуди и ќе сфати каква другарка изгубила.
    Јас мислам дека не вреди да и се замараш веќе. Ама кажи и` се` што мислиш, за да ти олесни на тебе. Со среќа и верувај, не секој вреди да ти биде близок.
     
    На bunny19, star83, Milobebence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.424
    Допаѓања:
    22.063
    Пол:
    Машки
    За да не си ја расипите врската мислам дека има мал проблем со самодовербата односно мисли дека не го сакаш и слично, кажи му на некој понежен начин и можеби ќе се поправи, или пак биди "трпи" го таков.
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. другар.

    другар. Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Машки
    а да поработите на наталитет нема да биде лошо, бабати сигурно ја прашале дали е спремна.
     
  20. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.424
    Допаѓања:
    22.063
    Пол:
    Машки
    To vreme ko bea zenite sopstvenost i da se izzivuvas za niv i fabrika za deca pomina.
     
    На honey.11 и Purelove92 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.