Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Flower.D

    Flower.D Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Женски
    Не си дозволувај да ти помине животот така и тој да си игра со тебе. Гледај и од други гледни точки а не само го сакам. Остави го и почни да излегуваш со друг. Очигледно тој незнае што сака а не ти. Убаво ти кажа @WildMk
     
    На Nekogas I sega, Feminka22, fificaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Ana.brojka

    Ana.brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    233
    Ок барам мислење за мојава ситуација.

    Пред неполн месец летово, се запознав со дечко од странство, имавме преубава вечер заедничка, за жал утредента си одеше. Многу забавно си помианвме, со муабети и разменување по некоја нежност. После тоа си пишувавме недела дена и муабетот заврши (тој беше на ред да врати, последно го прашав како си поминал во х град). Имавме правено муабети јас да го посетам, да земам карти за нареден месец итн.
    Не сум нешто потресена или залетена, не сум тинејџерка и имам поминато доста работи, но сепак ќе ми беше мило да продолжевме контакт, па и да му појдев на гости (ако ништо друго ќе се прошетав хх. Да не звучам многу ладно, се разбира дека ми се допаѓа дечково).
    Од тогаш поминаа скоро 3 недели. Дали тоа е тоа и да баталам се околу дечково или да пишам. И ако пишам, што би пишала?
     
  3. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.131
    Пол:
    Женски
    Јас не знам веќе што да правам, дома се осеќам како да ме гушат не можам веќе да издржам.
    Чим ќе кажам дека ќе излегувам фаци прават, пред да излезам МОРАМ да прашам дали може , имам 24 години не сум мала , срам ми е од ваквата ситуација. Имам дечко на одмор не смеам со дечко да одам во никој случај, ако сум излезена повеќе од 4-5 саати одма кај си , што правиш толку време излезена . Не смеам секој ден да шетам , морам да правам комбинации во неделата, ако сакам да излезам повеќе пати морам да излажам дека треба да одам до факултет или нешто слично . Мене ова ми е претерано и не знам како сум издржала до сега, дали воопшто некако можам да ја променам оваа ситуација, мислам дека ќе пукнам.И кажувам сега на мајка ми на факултет треба да одам за дипломската , ми вика НЕ ЗНАМ ЈАС ТОА!. КАКО НЕ ЗНАЕШ БЕ ? ИМАМ ОБВРСКА НА ФАКУЛТЕТ И ТАМУ ЛИ НЕ СМЕАМ ДА ОДАМ ?!?!!?
    Што да правам ? Што да им кажам ?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.827
    Допаѓања:
    80.751
    Пол:
    Женски
    Нешто слично и кај мене. Со такви родители само проблеми. Нема што да правиш, ти ќе им кажуваш, тие пак ќе те нервираат. За жал. 24 години не се сменило ништо, ни сега нема. Само да најдеш работа после дипломирањето (ако веќе не работиш) и пробај оддалечи се, живеј сама, или со цимери.
     
    На WildMk и Juicy им се допаѓа ова.
  5. malalola

    malalola Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2018
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Деца се оддвојуваат од домашните само што ќе наполнат 18,вие имате 24.На 24 некоја води семесјтво е мајка и размислува и за себе и за своето дете.Додека се жалите снајдете се,дур размислувате што да излажете смислете како најлесно да се оттргнете.Можеш и да учиш и да работиш ако сакаш.
     
    На WildMk, bebaa и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  6. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Како што кажа членката над мене,на 24 некоја е веке мајка и се грижи за дом.Не си мала како тоа треба да лажеш како некоја средношколка или основно да си за да излезеш чаршија??? Па кажи отворено завземи став.Нека видат дека ќеркаим е зрела особа и да започнат со почит да те гледаат.Можеби и ти водиш некој начин на живот што го навело на тоа.Дали дечкоти и човек а место или ...Во секој случај со лаги нема да го решиш проблемот туку со стабилност.Најди работа,покажи им дека си возрасна
     
    На Annora и malalola им се допаѓа ова.
  7. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Значи не сум единсвена во светов со вакви родители.
    Слични проблем на иста воздраст сме те разбирам тотално дека сакаш да искочиш да одиш на одмор со момчето .
    Јас се борев за да бидам самостојна да се држам на нозе работев по цел ден и еве уште работам пробај и ти нешто да работиш разговарај со момчето да ти помогне некако.
    За родителите јас се карав за вакви работи кога беше прашањето за да искочам ќе речев јас искачам и таткоми ќе ми речеше каде ќе одиш праша некој ке речев а што треба да прашам дете ли сум ќе ми речеше соблакај патики и назат во соба да не те гледам.
    Колку пати си ја подготвив торбата да си одам ,еднаш бев искочена ми се дереше по тел да си дојдам одма дома кога дојдов дома добив физичко малтретирање сеа кога ке се сетам се тресам цела.
    Се борев се борев им покажав дека не ги сакам дека за мене веќе не се родители дома само преспивав од тогаш престана тоа ,али ете пак знае да се појави ,сега веќе не ни преспивам дома идам дома на саат два и искачам ...мојата приказна е долга сеуште имам трауми дури и халуницинации,висок притисок и мн здравствени проб. Сакам да кажам да не трпиш да бидеш силна и да се спротиставиш на се тоа што ти се случува немој да дозволиш да си го расипеш здравјето како мене немој.
    Почни да работиш ,ако работи и дечкоти најдете некој стан под кирија спаси се некако од тој кошмар
     
    На Flower.D, Ava.84, Juicy и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Го имаме сличниот проблем со проблемите, среќа па јас наоѓам некако начин да излезам, да измислув
    Некогаш не е лесно да кажеш вработи се па се ќе се промени, некогаш тоа знае и да продолжи.. што ако тие го следат секој твој чекор, те напнуваат од време на време, ти живееш во мал град и едвај се наоѓа место за под кирија? Барем ставете се во иста ситуација и дека не е се така лесно како што се мисли од страна.
    Јас го имам истиот проблем дур и кога сум вработена проблемот е ист. Се расправам со денови, со месеци дури не сум контактирала воопшто со моите некогаш кога ќе претерат.
    Дури некогаш знаат да се издерат ако не се јавам на време кога тие ќе звонат.
    Не е лесно секогаш да се спротиставиш.
     
    На Juicy и WildMk им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Да ти се плукнам во државата која не може да обезбеди работни места и услови, за младите да си се осамостојат уште рано-рано!
     
    На Feminka22, Mr. Right, Martka и 8 други им се допаѓа ова.
  10. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    ^
    Се согласувам дека не е лесно тие што не осетиле незнат колку е тешко иако си вработен
    Стан под крија ти е 200 евра а ти со 300 евра плата кај ке одиш ќе седиш и ке трпиш .
    Еве што ако работам секој ден само се дерат или знаат да те уценат ,да ти се заканат не спијам со ноќи од друга страна во ред е што работам барем имам за мене да си платам сметка да искочам неколку пати во месецот да си купам возен билет.
    За телефон да не правиме муабет ,идам на дезурен без ништо со мене ни лична карта со болки огромни тел дома се враќам дома од инекција ми се дере цело мало ја слушаше зашто не сум и кренала на телефон кога ми ѕвонела и што уште се нема десено ...
    Ич не е лесно со вакви родители и уште плус што се со размислување во 15ти век
     
    На Juicy, Unique__ и WildMk им се допаѓа ова.
  11. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Не реков се ке се промени ако се вработи,туку дека со лаги нема ништо да си помогне и да смени.Дека треба да се соочи со нив,а и да размисли дали они имаат причина што ја третираат како мало дете.
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Абе зависни се финансиски повеќето. Ако им се спротивстват, може да им пресечат буџет за излегување, факултет, облека.. било што, што ќе им текне.
    Знаеме дека е подобро да се вработат и осамостојат, ама колкумина работат, и колкумина од нив земаат доволно пари за самостоен живот?
     
    На Martka и Juicy им се допаѓа ова.
  13. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    За жал и јас сум некогаш принудена да ги лажам бидејќи кога и да сакам да отидам до комшилук, кај дечко ми во друг град или кај другарка тие урлаат а не сум многу горда на тоа.
    И кога и да сум ја кажувала вистината секогаш пак исто, како и да гледаш исто е, нема излез.
    Брат ми зема убава плата, што ако зема кога и да оди одмор тие се лутат и пак исто.

    е за тоа зборувам.
    пола пари од платата ги трошиш за гардероба јадење пиење ако излезеш во град. и толку.
    Становите за под кирија се скапи, а додека најдеш цимер..
     
    На Juicy и WildMk им се допаѓа ова.
  14. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Ако се вработат немора да се преселуваат.Што ке им направат ке ги заклучат дома???Толку луди родители постојат?А и зошто со убаво да не се разговара.Не секогаш,но некогаш родителите се такви затоа што керките или синовите се понашаат на 25/30год како да се 15.Незрели и неодговорни.Секако дека постои и случај каде ридителите лечат комплекси.
     
    На Juicy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Не ги оправдувам таквите родители. Ама факт е дека користат ситуација.
    Може нема да ги заклучат во соба, ама може да ги заклучат надвор и да не ги пуштаат дома...
    А ако детево нема доволно пари да живее само, кај ќе оди?
     
    На Unique__ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    @WildMk
    Не верувам дека нормален родител за едно излегување чаршија ке му заклучи врата на дете.
     
  17. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Еве ќе земам конкретно за мене - сите што ме познават никој нема лош збор кажано за мене бидејќи ко најпрвин сум домаќинка која гледа да си ги изврши обврските дома да зготви, испере, исчисти, и бидејќи не ги мерам улиците и не сум пијаница и да пушам цигари ко денешниве повеќе млади и немам бурен живот да излегувам на викенд, додуша повеќе сум дома отколку надвор додека сите на моја генерација ем се омажија ем склопија семејство и одат по одмори а јас седам на социјалните мрежи и гледам слики како некој се шета а јас не сум во можност ниту до маркет да отидам само поради нив.
    Сум зборувала многу пати со мајка ми и сум и кажувала и дека ќе се вработам и ќе се отселам - ми има вратено, оди ако имаш каде после не се враќај дома.
    Во малите градови од кај што сум едвај се наоѓа работа а не пак место за под кирија.
    Инаку за лутината си во право, но додека собереш храброст е проблем.
     
    На Juicy и WildMk им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Абе ти не веруваш... ама секакви има...
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.131
    Пол:
    Женски
    Имам пробано и на мирен начин да разговарам ама татко ми е со постаро размислување и што и да кажам ми вика - ,,додека си под мој покрив како ќе кажам така ќе биде''- Значи тие сакаат да го живеам животот на нивни начин, епа не сакам така. Исто така имам кажано дека чим почнам со работа ќе се преселам сама да живеам во стан под кирија , на тоа ми одговорија - оди , ама после не се враќај веќе, нема да постоиме за тебе. Не можам да сфатам како не го сменат тоа мислење 21 век сме, според нив ако некое девојче живее само во стан била курва, дека можела дома кој сака да го прибере. Фала богу што дечко ми ја знае и ја разбира целата ситуација и не прави никакви проблеми .Јас знам дека ова нема да се смени, такво му е мислењето на татко ми секогаш, сепак ви благодарам на тие што одвоивте време да ми дадете некој совет. :hug:
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Има еве ќе ви кажам од лично искуство
    Има секакви родители од секогаш сум била примерно дете сум била со нив за се и сешто,сум работела се за да им помогнам сум носела ќеси тешки,готвам од моја намјала воздрас од 6години али незнам што се случи неколку години уназат и веќе се осеќам како да не сум нивно дете.
    Да ме затворија во соба да не искачам и тоа да прошетам во близина таткоми седеше надвор во двор за да не искочам,па чекав да заспијат за да се прекачам преку прозор да го видам дечкоми на 5мин,друг ден од сред шетање добив дерење по телефон потоа дома добив физичко малтретирање и закана дека ќе ме заклучат во соба.
    Повеќе да не кажувам затоа што нервите ми играат
    Значи постојат секакви родители тоа да не ве чуди има супер родители,има страшно ужасни родители,има родители што уште живеат во 15ти век има родители што се понашат како да немат деца,али од сето ова ние трпиме и патиме ама и ја учиме најголемата грешка на нашите родители ,ние да не бидеме такви родители туку да бидеме добри и секогаш пример за нашите деца.
    Искрено да ви кажам сонот што го има секоја девојка да облече венчаница јас веќе го немам тој сон е од сите овие причини.

    Изини што те цитирав
     
    На marija.980, Luminary, Juicy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.