1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Девојки.. Не за џабе се рекло: “Кога ќе се роди машко и огништето пее, а кога ќе се роди женско, и стреите плачат.“ - За жал, кај нас, тоа е реалноста!

    Ви се дивам на храброста да живеете во такви услови!
    И јас имав мака со моите, ама за среќа, не до толку.. Дали оти сум инает и си терам по мое, или ми се погодило да ми попуштаат? ... не можам да тврдам...

    Ама за вас... ви симнувам капа! :bow:
     
    На Mr. Right, Milobebence, Martka и 4 други им се допаѓа ова.
  2. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Те разбирам али не ги слушај биди своја и имај свое јас
    И мене ми зборат исто дека таквите се курви и незз што,ако се разведам од маж ми во иднина дека нема д аможам да се вратам назат ,исто што ти рекле додека си под мој покрив има да правиш јас како ке кажам

    Едно ќе ти кажам не се нервирај ,а дечкоти нека ти биде најголемата подршка во него гледај ја светлата страна на животот .
    Ако можеш на секој нивни збор да им враќаш мислам дека малце подобро ќе биде јас ќутев ќутев али кога ми дојде преку глава за све им враќав ,им покажав дека не сум ни роб а не сум ни дете фрлено на улица.
    Биди своја,биди среќна,не попуштај

    Заборавив да кажам еднаш пред да икочам ми рекоа или ќе седиш дома или ќе искочиш ама нема да ја најдеш вратата отворена туку ќе ја заклучиме и спиј надвор кај сакаш оди.
    Не си сама тоа да го знаеш на тебе и на сите девојки со исти проблем кога и да ви треба некој да се олесните да си кажете тоа што ве убива слободно пишете ми лп.
    Јас се решавам да напишам книга за сите овие проблеми што се случуват во 21ви век со женскиот род
     
    На Milobebence, Martka, niaholly и 3 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Ако тоа го направиш, јас прва ќе ти ја купам!
    со потпис... За да се праам важна, дека ја знам писателката - борец за женски права :$ :hug:
     
    На fana, Ava.84, Alisa22 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Фала ти за тоа што ме охрабри ....
    Животот си го уништив и здравјето за секое викање и мачење,психата ми се поремети,коа се враќам од работа нозете ми се враќат назат кога се доближувам кон куќата.

    Се надевам дека ќе соберам храброст да ја напишам и да им покажам на сите дека не е се така розево како што мислат.

    :* :hug: :hug:
     
    На Milobebence, smooch и WildMk им се допаѓа ова.
  5. GabyTranceॐ

    GabyTranceॐ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    1.108
    Пол:
    Женски
    Овој месец бев под големи стресови и нервози. Под очите забележав сабајлево линии;(.
    Ве молам некоја ефикасна крема за лице да ми препорачате да не фрлам за џабе пари потребни ми се но и сакам пред време да си хо спасам лицето од брчки 21година сум.
    Ви благодарам многу.
     
  6. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Да ставиш краставица,компир или мало лажиче стави во фрижидер нека опстои неколку сати потоа стави го под очите каде што имаш линии
    Дали тој дел ти е како модро или само линии имаш?
     
  7. GabyTranceॐ

    GabyTranceॐ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    1.108
    Пол:
    Женски
    Линии кога ќе се насмевнам. Мало затемнување имам...Инаку колку време да држам?? Фала ти многу.
    Секој совет добредојден:l:
     
  8. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Искрено незнам колку време да најдам па ќе ти кажам.
    Иначе биди активна пешачи,вежбај нешто,трчај ,најди нешто што ќе ти го одвлече вниманието од нервозите.

    Едит... мислам дека линков ќе ти помогне https://lady.mk/kako-da-ja-odlozhite-pojavata-na-brchki-pod-ochite-2/2/
     
  9. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Значи вака ,ова не е љубовен проблем ама неможам да најдам посоодветна теме .. Завршив средно пред 4 години имаше еден во средно што ме свиѓаше и многу беше напорен не прифаќа не за одговор и значи ми го имаше бројот ми имаше звонето 37 пати и го сменив бројот поради него и еднаш дури ми дојде дома дознал каде живеам прашувал по луѓе (значи ова се случуваше пред 2 години да дојде дома кај мене ) и секако одма го избркав и му реков кој му е проблемот откако му се испоразвикав си реков ајде веќе нема да е таков ќе му дојде памет ама не значи јас го имам блокнато на фб и од разни лажни профили ми пшува ќе го блокнам тој лажен профил ќе направи друг и уште на мојте другарки им пишувал имав една слика со 2 другарки на сите три им пишал истово , здраво јас учев во средно со ** дали може нејзиниот број да ми го дадеш ............. Што му е проблемот премногу се испозинервирав ,сакам да го пријавам ама незнам кај нас како функционраат работиве ,некој совет што да правам?
     
  10. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Машки
    Најдобро пријави го кај татко ти,брат ти, братучед,другар што имаш тоапа нека “поразговараат со него“ како што велеше Груевски ако треба и два шамари за тоа не се лежи затвор. Нека види дека има некој кој стои позади тебе.
    Полиција ќе ти речат дали физички те нападнал евентуално само ќе го повикаат на информативен разговор
     
  11. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Ќе си појдеш во полиција, тој и тој вака и вака ми прави, ме вознемира, таму што и да ти прави ќе кажеш, ќе поднесеш пријава и готово.
    Не туку нудете совети за решение со насилство, зашто насилството не е решение туку нов проблем. Да се работи за вашето дете нема да речете така.
     
    На Nausicaa, WildMk и Amellie13 им се допаѓа ова.
  12. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Машки
    Си била во слична ситуација да видиш дали полиција може да те заштити? Полиција ќе реагира само ако има физичко насилство, за психичко не реагираат.
    Би се ставил во функција на секоја жена што ќе и треба помош од ваков манијак, секако не одма со ќотек туку да види дека жената не е сама без заштита. А да се однесува за мојата ќерка некој да ја вознемирува психички ич нема да се мислам уште одма да го грабнам за гуша да не му текни порака да прати а не пак да и излегува пред лице да ја малтретира
     
  13. niaholly

    niaholly Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2017
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    Пред да се фатиме со дечко ми, кога немав никакви чуства кон него го свиѓав неговиот најдобар другар, а мислам дека и тој мене ме свиѓаше, бидејќи сакаше да излеземе, но не излеговме..
    Е сега после 3 години имам убава да не кажам перфектна врска, се сакаме и ептен се сложуваме.. Но од никаде некаде после 3год пак почнаа тие чувства кон неговиот другар.. стварно незнам што ми е, како да престанам да мислам на него и само да се фокусирам на дечко ми, незнам..
    Смотана сум дури и на инста го адднав..
    некој совет моламм..
     
  14. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Размисли разумно дека тоа нема да ти донесе ништо добро ,само полазно е ќе ти помине земи занимавај се со нешто друго да не мислиш на него.
     
  15. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Тука негде сме со годините поминати во една врска убава.
    Слично мене ми се деси ми се допага некои блиски машки си мислев како би било со нив си викам алоо што правиш каде леташ каде што е забрането ,а кога ке го погледнев дм осекав како вина некоја како да сум го прелажала мн лошо чуство.
    Не се секирај тоа ти е моментална страст незз како да ти ја објаснам имаме сите такви периоди на слабост.
    Една вечер го гледав дм не тргнав поглед сите убави и лоши моменти ми се вратија сватив дека тој е за мене се мојот живот и мојата судбина си викам будала си за него ли ке помислуваш на други.
    Ако дечкоти те цени,те чува,ако имате заедничко разбирање не ти е потребен друг,ако после напорен ден само што ќе го видиш одма све ти поминува тој е за тебе не вреди да го губиш за моментална слабост и страст.
    Спортувај нешто ,пешачи,речи му да идете во диско или кафана,направете нешто ново во врската ,некоја нова возбуда што ќе ја освежи врската.
     
    На Dust, niaholly и La.loca им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Зошто? Што те привлекува кај другиот? Колку навистина го познаваш? Дали можеби го идеализираш? Што ти фали во сегашната врска, па да имаш потреба од фантазирање за друг? Што не ти 'дава' дечко ти, а тебе ти треба?
     
  17. Angel3r4y5b6k7o

    Angel3r4y5b6k7o Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Бев на работа во Минхен, Германија и тогаш кога требаше да си одам преку апликација за запознав со еден дечко. Целта ми беше да излезам со него за една вечер, но работите станаја покомплицирани, уште првата вечер имаше преголема хемија меѓу нас, како љубов на прв поглед, не знам, беше многу чудно. Продолживме да се гледаме, но јас немав надеж бидејќи кога тогаш морам да се вратам дома во Македонија. Но после втроата вечер со него, поради незаштитен однос, јас добив инфекција и тоа го отежна работите. Тој беше покрај мене, ми даваше невидена подршка, љубов, се грижеше за мене, никој до тогаш ми немаше дадено толку љубов, па јас почнав да имам чувства. Поради тоа продолжив да седам во Минхен иако веќе ми беше завршен договорот за работа. Му се предадов целосно, го засакав, но сепак бев свесен дека ќе заврши, а и тој. Разговаравме за врска на далечина, но и двајцата не веруваме во тоа. Разговаравме и за тоа по неколку недели да се вратам јас во Минхен или тој да дојде во Мк. Па така најпосле јас оздравев, имавме уште неколку дена заедно и јас мораше да се вратам во Мк. Последниот ден ни беше многу тешко, утрото се спремив и мораше да излезам, да одам на железничка, дојде со мене да се поздравиме и тоа беше навистина тешко за двајцата. Додека патував со автобусот до аеродром, постојано мислев на моментите што ги поминавме, дека ми беше преубаво и не сакав да бидам тажен, сакав да гледам позитивно на тоа, како едно убаво искуство, тоа и му го кажав нему. Кога стигнав во Мк, мислев толку заврши, дека неколку дена ќе ми биде тешко, а потоа ќе се опоравам, но тој ми пиша дека му недостигам, дека чуствува поврзаност и мора да планираме да се видиме. Тоа ми роди надеж и јас уште повеќе се залетав и сакав да вложам се за да успее. После една недела допишување со ми недостигаш, те сакам, едвај чекам да се видиме, сексот е да добар, но мора да издржиме, тој престана да ми пишува. Јас одма сфатив дека повеќе не мисли на мене, па му реков да разговараме и после разговорот се беше добро. И јас продолжив да му пишувам, без да очекувам тој да ми пише, не му давав значење на тоа. За најпосле да биде искрен и да ми каже дека се чуствува возбудено со недели и сака да излезе со некој само за да ја задоволи потребата и притоа ме прашува мене дали јас сум нашол некој, како тоа да е најнормална работа. Тоа ми го скрши срцето и еве веќе неколку дена не можам да се соземам, премногу ми е тешко, постојано мислам на него и на се што поминавме заедно. Сеуште се допишуваме, но тоа е за мене мачење, јас постојано чуствувам стрес и го стегам срцево, се прашувам дали излезе веќе со некој или ќе излезе. Од една страна мислам дека ова треба заврши, а од друга чуствувам дека е посебно, дека тој е идеален за мене, целосно ми одговара.
    Дали да продолжам или да ставам крај, дали од кога би отишол пак во Минхен работите би се средиле или тие денови дур сум таму ќе биде супер, а после пак исто?
     
  18. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Se gleda deka na tipot mu e samo do seks
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Кажи му дека не ти е убаво ако има секс со други. Види дали ќе се согласи на моногамност.
    Не е убаво да бидеш со некој кој те повредува.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Ако тој не е тип што прифаќа моногамна врска, без оглед на локацијата, во Минхен или тука, тешко дека ќе го задржиш за себе. Најдобро разговарај со него за да не бидеш во неизвесност и исчекување што понатаму. Разговорот ќе ти помогне за да донесеш одлука.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.