Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. E.Cassells

    E.Cassells Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    За мене некое друго мислење? Многу ми е битно... :angel:
     
  2. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Кажи му сакаш да водиш љубов со него :D

    Ок шала на страна ке пробам да ти помогнам зошто мислењата ме заебаваат кога ги постирам.Не се секогаш цели.


    Сфати го тоа како тест за двајцата,дали ке издржете еден без друг,дали љубовта е голема.Кога ке се врати тогаш одлучете.Во право е бидејки далечината може повеке да ве повреди а тоа не го сакаш.
    Можеби е зафатен со обврски,можеби пред поагање не сака да се зближи повеке со тебе за да не му биде и нему тешко подалеку.
    Убаво ти кажал.Биди задоволна и со малку.За жал така е.
     
  3. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски

    многу работи се десија веке незнам што да мислам.. како и да е мора да размислам подобро
     
  4. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132
    Другарите негови = негова фамилија. :|
    Најчестата причина за кавги помеѓу нас . Значи по цели денови ги поминува со нив, и упорно иако знае дека тоа мене ме нервира.
    Немам ништо против да има и да се дружи но што е претерано е навистина е претерано.Ги споредува со неговата фамилија од кои тој самиот си кажува дека не бил задоволен и дека другарите биле тие што го исполнувале.
    Па тогаш зошто му сум јас , зошто му е женска кога има кој да го исполнува ? :x
    А за жал ниту еден од нив нема па ни женска, сите се слободни .
    Дали некој се има најдено во мојата ситуација ? Незнам како да го решам ова, веќе проблем ми е.
    Несакам да нема , да не се дружи со нив , сепак се другари од мали , но вакво објаснување неможам да прифатам навистина. Се чувствувам многу запоставено од негова страна :doh:
     
  5. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    И јас сум, не можам да кажам иста, но слична ситуација како твојата.
    Многу повеќе време поминува со другарите, одколку со мене и за жал, исто како кај тебе и тие сите се слободни. Јас зборувам отворено со него кога ми смета тоа, а понекогаш не ми смета затоа што сакам и јас да поминам повеќе време со моите другарки.
    А понекогаш се и лутам затоа што за нив во секој момент може се да направи, а за мене не знам дали може.
    Зборувај со него, кажи му дека ти смета што толку те запоставува, и дека сакаш да поминуваш повеќе време со него. Не знам колку ќе го решите тоа со разговор, но друг начин не гледам.
     
  6. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.784
    Допаѓања:
    6.617
    не знам дали моето прашање е најсоодветно за оваа тема но што би направиле ако дечкото во кој сте затрескани до уши ви побара секс на првиот состанок.мислете ли дека само сака добра забава и би се оддалечили ли од него иако го сакате.ве молам одговорете ми.поздрав
     
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Па јас ти советувам да разговараш сериозно со твојот дечко и да му објасниш со убаво дека тоа за тебе е проблем,ако му значиш ќе размисли и поубаво ќе си го организира времето сега не мора секој ден да се гледа со другарите или со нив да седи по 5 сати бог да чува треба да најде време и за себе и за тебе и за домашните разговарај со него само така можеш да го решиш овај проблем искрено треба да му посветува повеќе внимание на својата девојка,да ги сваќа твоите потреби,грижи,проблеми да се зближувате повеќе оти вака испаѓа дека тој е со тебе само по потреба не ме сваќај погрешно но додека читав таков впечаток добив значи разговарај и ако не превзени ништо во врска со тоа превземи ти клајго на игнор и би требало да реагира ако му си важна,биди искрена спрема него и кажиму дека се осеќаш запоставено нема зошто да го трпиш ова...
     
  8. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Секако дека би се оддалечила од него. Прво треба машкото да има малку памет у глава, за да побара секс на првиот состанок, а второ женското никако не смее да се согласи на тоа. Јас така гледам од моја страна и јас не би имала никогаш односи со некој што еднаш ќе се видам.
     
  9. chipmunk

    chipmunk Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Феминки драги, ќе го копирам моето мислење од друга тема бидејќи ми требаат повеќе мислења за мојава ситуација (воедно им се заблагодарувам на оние кои дадоа веќе свое мислење :* )

    ИМав пишано во 2-3 теми но сакам и тука бидејќи темава е поактивна од тие теми ... Вака : пред 2 месеци страшно многу ми се допадна едно момче кое е 1 година помало од мене... не се знаевме се до пред некоја недела кога случајно се запознавме преку фб. Е сега тој по некој ден ме покани да одиме кајнего заедно со уште една моја школска и некој негов другар но јас не прифатив од причини што не го знам детево убаво па уште одма дома ќе му одам :?: .. се налути а другата ден ме покани да излеземе но навистина немав од каде да најдам времебидејќи бев презафатена.. е тогаш сварно се налути и еве неколку дена не ми пишува воопшто. се излагав, јас му пишав но онака отсечно одговара како веќе да не е заинтересиран... дали јас згрешив ?? да му понудам ли јас сега да излеземе ? што вие мислите ? - ви благодарам !
     
  10. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Вага, јас сигурно би го сфатила тоа како желба за провод. Ништо, стави му до знаење дека тоа не е тоа што ти го сакаш, па ќе видиш што ќе се случува..

    Чипманк, требало да одиш кај него таман си имала прилика да го запознаеш поубаво, јас би отишла.. не си била сама поканета.
    Сега чекај, ако си му објаснила што е и како е немој да напнуваш и да си помисли дека ептен си залетана по него. Ќе стапи тој во контакт со тебе , сигурна сум. :)
     
    На chipmunk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sleepingbeauty

    sleepingbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
    Точно, женското никако не би требало да се согласи на тоа, особено не под изговорот -ама јас го сакам-. И искрено, мислам дека таквите машки не се тоолку глупави, свесни се дека има да се изразам прости и ветрушкави девојчиња па сакаат да си искористат ситуација.. зашо да не xD (не ме сфаќајте погрешно не сакав да навредам никое девојче, само казав што мислам општо за таквите) :)
     
  12. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.784
    Допаѓања:
    6.617
    се согласувам но обично слушам од другарките дека ако не му дадеш веднаш ќе те откачи и ќе си најде нова.ве молам не ми велете дека ако те сака ќе почека.сепак е машко и не би одбил ако има нова можност со некоја друга девојка.
     
  13. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Е добро де, може нема да те чека 3 месеци, ама пак уште на првиот состанок бе ?? :^) По мое само лошо ќе си направиш, ќе ти мота партали додека му требаш за секс и после ќе ти сврти грб. Остави го малку да виси, послатка ке си му!
     
  14. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.784
    Допаѓања:
    6.617
    проблемот е во тоа што тој за некое време заминува за америка а јас за русија.нема многу време.единствено што можам да добијам од него е авантура за неколку вечери.(добро имавме една вечер) незнам дали да го барам повторно.сепак го сакам и можеби нема повеќе да се сретнеме.типот е таков ако не сум јас сигурно ќе е некоја друга.ве молам за совет да го барам или едноставно да ги оставам работите да течат.
     
  15. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132

    Досега тоа и го правев , зборував ,зборував,зборував.. :|
    Дури мислам и дека напротив со тоа што јас постојано му го повторувам тоа ,тој уште повеќе се одделува од мене и се посветува на нив. А ако почнам да го игнорирам ( што и тоа некогаш го правам ) тогаш ќе ми пиши само порака како тој е навреден и чека јас да превземам нешто , т.е да му се извинам.
    Не ми останува ништо друго освен да го оставам да прави што сака , па кога ќе го зафркнат нешто и тие негови другари кои ги смета за фамилија , да видиме тогаш кај ќе се обрати.... :fubar:
    Се согласувам со тебе , истото и нему му го реков . Ако тие го исполнуваат толку многу ,тогаш не му сум потребна јас како женска.Нема ден да помине а да не се види со нив и то по 2 пати во денот.На телефон му звонат иако знаат дека е со мене . Веќе преку глава ми дојдоја. Ќе разговарам повторно со него , ќе му поставам овај пат и услови, вака вака и вака да биди. Ако не , тогаш се знае дека не можи да опстани оваа врска.
    Фала ви девојки :)
     
  16. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Дај освести се девојко. Ако замине тој за Америка и сега ти треба да му дозволиш да те искористи уште на првиот состанок, затоа што можеби повеќе нема да се видите?
    Никако. Тој со тоа само ќе има лошо мислење за тебе, и ќе се сеќава на тебе како девојка за секс..
    Подобро ли ќе е да се сеќава на тебе како за девојка што не можел да ја има, или на другиот начин?
    Машките многу повеќе ги привлекуваат девојки што потешко ги добиваат. Затоа размисли малку поубаво пред да направиш нешто.
     
  17. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    тој што многу го свигав и со кој се гледам моментално , дознав дека зема марихуана.
    ми призна отворено се и јас ја почитувам таа искреност .
    кога зборевме за тоа општо рече дека нема земено друго , дека му било страв и сами бил на ова.
    но ко што поминуваат деновиве сконтав дека секој ден зема и дека со другарите го влече тоа плус.
    денес треба да искочиме ми вика бла бла бла остана од вчера такво да се доврши -.- . колку ме нервира не е сфесен . несакам да го тормозам да изигравам мајка али стварно осекам ко работите да забегуваат |( фала богу мене не ме тера...
     
  18. loca1995

    loca1995 Активен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Здраво девојки.
    Ми треба многу голема помош од вас.. малце е комлицирана ситоацијата но ве молам помогнете ми.
    Имам дечко и веќе сме заедно 9 месеци влеговме во 10 туку речи заедно живееме во скопје овде учиме. се беше океј се до пред некој месец кога почна агресивно да се однесува и да ме напаѓа. со текот на времето се навикна на оваа и нервозата ја вадеше на мене што за прв пат и ме удри. прв пат добив шамар од машко и ми беше мн тешко но не го оставив но со текот на времето ништо не се смени па ако го удрам негде на шала тој веднаш станувам агресивен нервозен и ме повредува или ке ми удри шлаканица или ке ме фати за врат или ке ме искуби .. но болка мора да ми нанесе. имаме разговарано многу пати и му имам кажано да го смене тоа во спротивно ќе прекинеме но тоа си остана само на збор ништо не се менува. дај помогнете ми што да правам незнам. го сакам а знам дека ме сака и не сакам да го игубам но секој ден плачам и сум повредена. неможам да издржа кажете ми што да правам .. :((
     
  19. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    ^Од таков што можеш подалеку, колку и да зборуваш, што и да правиш нема да го смениш верувај. Не можам и не сакам да ги разберам девојките кои што ја продолжуваат врската со такви кои им имаат кренато рака. Кренал еднаш, ќе крене и втор и n-ти пат.
     
  20. loca1995

    loca1995 Активен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    и не е само ова, кога ќе поминиме низ град му викам дај ми рака тој не тука не сега нешто мора да има а на фејсбук мада знам дека тоа воопшто не е битно сепак ќе му написам на ѕид те сакам или било што тој не ми враќа ништо а на другари мора да врати, многу пати се има случено да го молам да се видиме а тој сега сум со другарите неможам или било што ... ама неможам да го оставам многу го сакам и покрај се неможам да се замислам без него а неможам ни вака ... :(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.