Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.036
    Допаѓања:
    130.915
    Пол:
    Женски
    Ако си сигурна во врската со дечко ти,тогаш живеј со него во Скопје.Кај твоите можеш да идеш за време на викендот,а и тие можат да те посетуваат.
    Веќе си возрасна,слушај се себеси!
     
    На bebaa и Feminka22 им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.396
    Пол:
    Женски
    @vaga95 ти и вака и така ќе се омажиш еден ден и ќе си основаш своја фамилија.
    Дали ќе си идеш денес утре или после година дена исто е.Според мене што побрзо се осамостоиш тоа поубаво.Ќе си створиш навика сама да се грижиш за себе, сама да си ги плаќаш сметките и тако даље.Под ова САМА мислам БЕЗ помош на твоите, но секако и со помош на дечкото.
    И верувај ми треба да си среќна што имаш дечко кој те бутка напред и ти дава ветар у грб.Место да те тера да седиш кај мама и тато и се на готово.А и твоите (сеа да не сфатиш погрешно) ама треба да гледаат од реалната страна малце.Во Скопје имаш мноогу повеќе отворени врати (не знам од кај си ама ипак голем град, метропола све тоа си носи предности и маани) на крај краева Македонија е педа земја што би се рекло.За два саати еве три нека се можеш да стигнеш сегде.Не си на крајот на светот.Знаш колку членки има што не живеат во Мкд па си имаат и фамилија, и работа и се?Еве @koritsaki е во Грчка на пример па пак си ги гледа нејзините. @bittersweet е во Австралија што е уште уште подалеку, па ништо страшно.

    *да се докажам.А и да мама и тато нема да се цел живот до нас, некогаш треба да ставиш црта и да размислиш за себе и својата иднина.Никој не може да ни се меша ниту јас на тебе ниту твоите ниту дечко ти ниту пак мене може некој да ми се меша.Значи тргни ги во еден момент дечко ти и твоите на страна, не гледај објективно туку размисли ШТО ТИ САКАШ ДА ПРАВИШ ПОНАТАКА, не твоите или дечко ти.Твоите денес ги има утреден ќе ги нема.. за дечкото исто.На крајот ТИ остануваш и за ТВОЈАТА иднина се работи.Размисли си убаво.Еве плус студираш во Ск, не ти е толку непознат град.Јес дека е хаос ама имаш многу работни места.Размисли и кажи им ја одлуката на твоите и дечко ти, доколку доволно се реални и храбри ќе те поддржат.
     
    Последна измена: 6 октомври 2018
    На your-girl.-.friend, bebaa и koritsaki им се допаѓа ова.
  3. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    @vaga95 јас многу пати досега сум ги избрала родителите и тоа да сум покрај нив. И се доведов себеси до ситуација каде не сум исполнета и се чувствувам заробено. Побарав помош од татко ми да пробам со она што ми беше замисла секогаш, а не е по негов ќејф и не само што бев одбиена туку и бев навредувана.
    Да напоменам дека се работеше за чесно и комплетно легално плус тој располага со средствата кои му ги барав. Останав да работам работа која не ми е ни по струка ни по ќејф ниту ме исполнува. Собрав средства и за брзо желбата ќе ми стане реалност. Комплетно сама, ни мајка ни татко. Криво ми е што е вака, но јас имам допрва за живеење, а тие нивното го проживеале. Јас гледам себеси да си остварам иднина, не сакам тие да ми создаваат.
    Послушај се себеси и постапи како сметаш дека е најдобро. Еден ден родителите ќе ги нема, бирај сега за тогаш да не останеш кон никаде.
     
    На crimson, your-girl.-.friend, esperansa777 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Душо,значи немора за цел живот да биде тоа.А и зошто би газела по трудот на твоите.Нешто бизнис имаат?
     
  5. Лојална

    Лојална Нов член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2018
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Здраво:hai:, ми треба совет како да се приближам на едно момче кое ми се допаѓа. Тој ми се допаѓа но не знам како да му кажам а, приметувам дека и тој се загледува во мене, во школо ми имаше намигнато:$, бидејќи сме на ист спрат често се гледаме. Плус би сакала да ми е партнер на полумаатура но не знам ккако да го прашам. Ми требаат совети.:inlove::inlove::inlove:
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Директно. Пријди му, претстави се и кажи му дека сакаш да ти биде партнер за полуматура.
    Ама биди спремна на секаква реакција.

    Ако не си.. Почекај уште некоја година за фаќање дечко.
     
    На MINA1195 и Лојална им се допаѓа ова.
  7. Лојална

    Лојална Нов член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2018
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Многу сум срамежлива за директно да му пријдам:$
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Пиши му на ФБ или инстаграм.
     
    На Лојална и Darko009 им се допаѓа ова.
  9. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    2.878
    Не знам од каде да почнам, ужасно се чуствувам, имам 24год...освен братучетка ми другите во фамилија се сите мажени/женети...постојано зборуваат за тоа како требало да се мажиме/жениме, можеби ќе ви биде смешно, но прифатив врска со дечко кој не го сакам само за да не зборат, сама си направив проблем еве не знам, станувам сабајле тој ми ѕвони, излегуваме итн, не е грд дечкото, убав е , ама не е тоа тоа, искрено со сила сум во врска со него, ако му раскинам сигурно и за мене ќе зборат како за братучедками дека наполнила 31 год а уште не се омажила не знам што, немате појма колку е ужасно да бидете со некој кој не го сакате, секој ден ми е без врска, не можам повеќе вака да продолжам...
     
  10. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.453
    Допаѓања:
    35.071
    Пол:
    Женски
    Ќе се омажиш кога ќе бидеш спремна и кога ќе ти дојде време, а не кога некој друг ти вика.
    Ич да не ги слушаш другите, иако ти се фамилија, а и не е фер да му го трошиш времето на дечкото ако не го сакаш, стави се на негово место.
     
    На happygirl11, lost123, Alisa22 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Luciferovog zlo♧

    Luciferovog zlo♧ Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2017
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    5.497
    Пол:
    Женски
    Ако сите сега седнеме и се замараме другите што ни викаат, ти ќе полудиш :D Девојче, луѓе како луѓе секогаш ќе зборат, затоа не се будали и не прави нешто против себе, за зборење и совршена да си, пак ќе се збори, во врска со дечко само поради рекла казала, ајде бре...фатете книга, надоградете се :) попаметно е.
     
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.036
    Допаѓања:
    130.915
    Пол:
    Женски
    Ако немаш чувства кон него,остави го.Батали ги другите!
    Не е во ред да го лажеш.
    Не е во ред ни ти да бидеш несреќна за да им удоловиш на други.
    Глеј си образование,глеј си кариера.
    Никогаш не е доцно за љубов.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.429
    Допаѓања:
    22.117
    Пол:
    Машки
    Јас се прашувам некогаш, или јас премногу сум наивен, ама.... како можете да бидете во врска со некого кого... немате чувства? Мислам... како ја сфаќате љубовта?
     
    На worrieddd, carangigia, poenta и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    Многу голема грешка. Зошто се замараш со тоа што зборуваат другите? Ти за себе живееш, не за нив. Ако сакаш и на 40 ќе се мажиш. Ако не сакаш воопшто нема да се мажиш. Тоа си е само твоја одлука. Настрана тоа, мене ми е многу безобразно кога знаат дека немаш ни дечко во моментот, а те притискаат дека "времето ти се ближи". Следен пат кога ќе зборуваат така, покажи им до каде им се границите.
    Во врска со дечкото, ова е многу не фер спрема него. Не само што ти самата си го губиш времето, бидејќи очигледно немаш чувства кон него, туку му го губиш времето и него. Тој може да вложува во оваа врска за на крај да го оставиш разочаран и повреден. Навистина не е фер.
     
    На Nausicaa, KeBideLi, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  15. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    34.294
    Пол:
    Женски
    Подобро сега да раскинеш нека зборат ќе заврши тоа отолку нешто повеќе да се случи па после цел живот главата да си ја трескаш од ѕид.
    Кратко и јасно кажи му неможам веќе и толку крај е ... а за твоите дома да не ѕи е гајле бидејќи утре ти ќе живееш со тој што ќе се мажиш жениш не тие.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Pebeka

    Pebeka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    1.458
    Prestani da zivees za drugite,sekako ke zboruvaat.Gledas,ne si srekna ! Za tvojot život odlucuvas samo ti!:)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    2.038
    Напротив, со многу мака ми обезбедија станбен простор, кој порано или подоцна би ми се нашол, ете за да не се замарам со изнајмувања и приходите да ги користам на нешто друго.
    Тоа во никој случај не е пропадната инвестиција, но да сум знаела, сигурно не би дозволила толку работи да си жртвуваат.
    Ви благодарам на сите за мислењата, понекогаш е добро да чуеш ставови од повеќе луѓе.
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Ова е пример за: Домашниот есап, не излегува на пазар.
     
  19. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Баш како што кажа,нема да биде за џабе таа инвестиција.Можеш под кирија да го издаваш станот.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    348
    Пол:
    Женски
    Сакам на кратко да пишам за мојава ситуација.
    Значи со дечкото сме во врска веќе 1година ипол претходно ми беше другар 5 месеци. Се беше предобро дека се знаевме од претходно,искрено сме немале некои проблеми како други парови да се караме ептен за сериозни раб,ние обично сме се карале за ситници стварноо за глупости.Многу е океј секогаш е внимателен се грижи и стварно ме сака,многу си веруваме знаеме какви сме и немаме проблеми ни со бранење за искачања и за било што.Во последно време кога ќе се скараме за ситница ќе водиме инат цел ден и нема да издржи и ќе пише он,ќе се искараме ама ајде ќе средиме не е тоа толку битно.Караници од тој тип почнаа да се повторуваат,не знам зашто после кога ќе ми текне за што сум се карала се чудам.НЕ знам што ми се случува ама наеднаш се осеќам како да ми се изгубиле сите чувства,како да сакам да сум сама,како да сакам поинаку да се однесува во караница некад да пресече.Сакам да се замара а не да рече ќе биде ок и да не биде.Не знам може сум премногу комплицирана ама се плашам дане ми се изгубат емоциите и чувствата.На моменти сум толку ладна со него што не знам ни самата зашто е тоа така.Не знам како да видам дали сеуште толку многу ми значи,всушност не знам ни зашто ова ми се случува кога 98% работите се океј во секоја врска мора да има недоразбирања и сум свесна за тоа а сепак имам некои лоши мисли и чувсрва за врската.
    Не знам како да иакочам од оваа фаза депресија или што и да е.Сакам да знам што осеќам а не да ми се измешани сите чувства и мисли нејзнаејќи дали сакам да продолжам или не.Или пак ми здосади монотонија,стваено не ми е јасно прва врска ми е претхосно сум немала ни пократка за да знам дали е океј или не,едноставно сум многу збунета и нејасна кон самата себе а не пак кон него.Како се нешто да ми недостасува а не знам што е тоа.Како наеднаш да не знам што чувствувам и што сакам.Како да очекувам повеќе а добивам премалку.Стварно не знам што да правам,како да биде се во ред и што да превземам.На што е знак сето ова..Он ме приметил дека сим ладна и се обидува да ме насмее да смири ситуација мене ништо не ми е интересно и не ми е океј како да немам емоции кон ништо.
    Можеби е нејасно ова што го пишав знам,ама и за мене е нејасно бодејќи досега вакви мисли не ми се случиле и не знам како да иЗреагирам стварно.
    Секој совет е добредојден.
    Благодарам
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.