1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Чести кавги макар и за ситници водат кон нездрава врска.
    Те цитирам: ,,Сакам да се замара а не да рече ќе биде ок и да не биде", размисли дали само проблемот е во тебе или и тој не внесува доволно во врската.
    Секој незаинтересиран однос води кон ладење на чувствата. Ова важи и за тебе и за него.
    Би ти рекла да дадете малку време, разбистрете ги главите и двајцата па одлучите што понатака. Сама во тој период ќе воочиш дали сакаш да продолжиш со него или веќе чувствата не се исти како порано.
     
    На Mia-K му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Фала ти за мислењето,искрено сакам да е океј ама премногу сум изгубена и збунета за тоа што сакам да направам и што уствари ми се случува.А времето што ќе го дадам мислам дека уште толку ќе ме оддалечи само...
     
  3. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Тогаш значи сепак не го чувствуваш истото како порано.
    Разговарајте отворено, пробајте да ги смените сите тие ситници кои водат кон кавги, не си контрирајте туку работете на зацврстување на врската. Но, ако не сте на иста фрекфренција и тогаш се уште постои тоа чувство на изгубена, најдобро е да не си го трошите времето, бидејќи ако вистински се сака и се усреќува партнерот, нема ни да постои таков сомнеж.
     
    На Mia-K му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Не си нејасна.
    Зборувај со него за ова. И разгледајте ги сите ситници кои те тиштат... Еден брејмсторминг направете.
    Двајцата сте во ова и двајцата влијаете на врската.
    Ќе го најдете одговорот, сигурна сум :hug:
     
    На Mia-K му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.432
    Допаѓања:
    4.624
    Нормално е при зачестени кавги да почувствуваш такво нешто, особено ако се кавгите преку телефон, а не во живо.
    И јас кога ќе се скарам, а бре си викам да си ми тука кожата ќе ти ја одерам и иди у пм. Зошто дечко ми е тип што сака да ги смирува ситуациите, ќе помине бла бла. А јас сакам секоја ситница да ми е разрешена, и ука бука дигам. :D Ама кога ќе му ги видам очињата, ма какво отерување у пм, едноставно љубов му излегува низ нив.
    Совет од мене: Сето ова што го кажа овде, кажи му го отворено и нему. Кажете си што како, што ви смета, и работете да го промените тоа. Мислам дека (од мое искуство) првите две години во врската се "медот", каде преминуваш преку се', се ти е како ситници и не им обраќаш внимание. Ама со тек на време сфаќаш дека не се ситници уствари, и дека на долга стаза ти сметаат и мора да се сменат. Тоа е и тест-периодот на една врска. Дали ќе успеете да ги пребродите тие недостатоци и маани, или едноставно ќе решите дека треба да прекинете и секој по свој пат. Се' зависи од вас и вашите чувства и желба за соработка.
    Секогаш, ама секогаш биди отворена со партнерот за било што! Мене освен дечко, ми е и надобар другар бидејќи сме брутално искрени еден со друг.
     
    На Mia-K му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.735
    Допаѓања:
    15.227
    Пол:
    Машки



    Здраво имав како твојата врска, односно токсична и нездрава на некој начин.


    И го давав сето внимание љубов и достапност односно да ми биде на прва точка. Порано кога че почнеше да се расправа и да ми префрла, и велев само добро и да не се расправам повеќе. Таа ми рече дека и требало повеќе внимание и да не бидам толку незинатересиран во нејзините расправии и да аргументирам повеќе.

    Почнавме да се расправаме уште повеќе, за да на крај ми раскине преку фејсбук, и да се однесува со мене како којзнае што да и правев.


    А и можеби и правев, ја сакав премногу, почитував и се што планирав во иднина планирав со неа.


    Инаку бевме другари скоро 4-5 години, а во врска скоро година дена.
     
    На Mia-K му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Вo стaбилнa врскa сум гoдинa денa, нa дaлечинa, прв дечкo ми е, 23гoд имaм. Oд неoдaмнa пoчнaв дa oдaм нa прaксa и зaпoзнaв еден кoлегa сo кoгo мнoгу се зближив. Минaтите две недели бевме скoрo сaми вo кaнцелaријa и цел ден муaбет сo негo пa нa пaузa се шетaме пa oдиме дa јaдеме... Мнoгу ми е пријaтнo сo негo, интереснo ми е, дo сoлзи се смеaм, мнoгу е пoпривлечен oд дечкo ми и се нaoѓaм вo ситуaции кaде гo спoредувaм сo негo, и кaкo сo сaaти бирaм штo ќе нoсaм утре нa рaбoтa, пoследниве две недели пo цели денoви сум сo негo a сo дечкo ми нaвaчер нa скaјп штo ќе збoриме сaaт време и тoa е, сaкaм дa не гo гледaм некoе време нo не мoжaм мoрaм дa oдaм нa прaксa и чувствувaм грижa нa сoвест пoрaди мoите мислии не мoжaм дечкo ми дa гo пoгледнaм вo oчи дури преку кaмерa гaднo се oсеќaм се се гaдaм сaмa нa себееее ПOМOШ
     
  8. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    35.954
    Што значи стабилна на далечина? Далечината по дефиниција е време за преиспитување на "далеку од очи далеку од срце". Не звучиш заљубена во дечко ти. Колегата слободен е? Заинтересиран? Не можеш туку тала да исклучиш привлечност.
     
  9. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Слoбoден и спoред знaци и мoјa интуицијa зaинтересирaн. Нo, гo сaкaм дечкo ми и нaвистинa гo мислaм тoa, пoрaди тoa и мнoгу ми е тешкo oти се пoјaви тaa привлечнoст. Пoд стaбилнa врскa мислaм нa врскa без пoсериoзни прoблеми, сo плaнoви зa вo иднинa зa зaеднички живoт..
     
  10. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    35.954
    Па добро, не мораш ништо да правиш ако не сакаш да раскинеш до дечкото. Плус ако ти е прв, сепак ти фали искуство за справување со предизвик во облик на секси маж. Едноставно не прави ништо посебно, ако веќе не сте сами во канц. полесно е да се "раствори" таа енергија меѓу вас. Нема потреба од паника. Нормално е да ти се допадне некој згоден
     
    На Seli20 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Далечината си го прави своето. Го немаш вниманието од дечко ти до тебе па затоа ти годи друштвото на другиот.
    Но доколку врската е убава и стабилна како што кажуваш, размисли дали ќе вреди да го изгубиш сето тоа.
     
    На H.VAGA, SwanMay и Seli20 им се допаѓа ова.
  12. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Дa тoчнo ми фaли внимaние имaме премнoгу oбврски и мoжеме сaмo нaвечер сaaт време вo денoт дa збoриме и преку ден дa се дoпишувaме и слики дa си прaќaме нo сaкaм дa е дo мене стaлнooo сaкaм дa знaм кaкo е дa е некoј секoгaш тукa кoгa ти требa пoсле рaбoтa дa oдиме зaеднo нa ручек пa дa гo гушнaм дa пoчувствувaм физичкa блискoст
     
  13. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Не си спремна за врска на далечина според пишаново. За тоа требаше да мислиш пред да се нафатиш на тоа. Колегата и најгрд на светот да беше, а да ти посветуваше внимание истово ќе се десеше.
    Размисли си и преиспитај се. Прва врска не значи и последна.
     
    На Unique__, Seli20 и Dust им се допаѓа ова.
  14. JanaMrava

    JanaMrava Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2018
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Ако во скоро време би требало да се видиш со дечко ти тогаш ништо не обидувајсе со колегата од пракса. Сепак доколку се сретнете ќе видиш дали сеуште се чувствуваш како порано кога е во твоја близина но доколку не е исто и како што кажа дружењето со колегата сеуште повеќе ти годи треба отворено да поразговараш со дечко ти. Бидејќи ова би било мачење и за двајцата а можеби и за колегата доколку и ти го привлекуваш него.
     
  15. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.735
    Допаѓања:
    15.227
    Пол:
    Машки
    Многу стабилна врска, а си оформила чувства за трета личност.... Че бидам суров, ама овде требаше да бараш совет како да се ослободиш од дечкоти сега. :)


    Како и да е, ништо страшно, ако стварно те сака ќе биди скршен некое време и ќе му помини.
     
    На JanaMrava му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    751
    Допаѓања:
    2.869
    Пол:
    Женски
    Доверба, трпение, лојалност, жртва за заедничка несебична иднина и секако љубов.

    Ако се земи во предвид дека до некој степен некои умови веруваат во далеку од очи далеку од срце тоа можеш и во твојот град, а обично се користи како утеха после раскинување.

    Ако не е физички присутен тоа незначи дека неможеш да ја почустуваш неговата љубов т.е дека си сакана.
     
  17. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    35.954
    Твојата дефиниција ми е јасна. Приближна е со мојата. Сум имала врски на далечина ( на крај далечината го стори своето) и сум била сведок на многу успешни врски на далечина( завршиле со среќен брак). Не ја тешев, туку сакав да ја прочитам нејзината дефиниција. Зашто не ми делуваше претерано вљубена.
     
  18. alwayssmile87

    alwayssmile87 Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2017
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Другарка ми рече дека еднаш тука побарала совет па сега јас сум на ред.

    Имам дечко 5 години. Мене ми испадна можност да одам на работа во Германија после нова година но тој не сака да си оди од тука. И вчера решивме да прекинеме бидејќи не може еден таму друг тука. Јас имам бугарски пасош веќе 3 години а и тој од сам старт знае дека јас во иднина не се гледам во Македонија. Мене ми е криво што прекинавме но јас не гледам излез од овоа. Да останам тука можеби работите ќе тргнат на лошо па после нема да имам шанса како што имам сега, да дојде тој со мене тој сега моментално нејќе. Да пробаме да сме во врска додека сум јас таму а тој тука небива, бидејќи јас 3 месеци не смеам да си доаѓам ако сакам после да му извадам виза на него и да се регистрираме, но несакам и цело време додека сум таму да се расправам со него. Една другарка ме нарече дека сум била себична оти сум мислела само на мене а не на него, но со сила убавина небива. Неможам јас на сила да му викам на него да дојде со мене кога несака, или пак јас да останам па после да му префрлам дека ми ја земал шансата за подобра иднина.
    Ние се договоривме дека ќе бидеме пријатели, пак ќе се слушаме ипак имаме заеднички другари пак некогаш ќе се најдеме на исто место. Јас размислувам и да бидеме заедно ќе дојде ред да се земеме и дете да имаме. Тоа дете ќе треба или со мене или со него а многу добро знам како се расте без еден родител и не сакам и моето дете да биде така растено. А тој ми вели дека може и тука да останам но со нашите плати нема да можеме да издржеме ние двајца бидејќи тој сега прави куќа и од неговата плата секој месец му одзимаат по 7000 денари за кредит а тој кредит треба да го исплаќа 4 години. Јас зимам 10 000 а тој 18 000 денари.
    Барам совет од вас што и како да направам?
    Дали да ја одберам љубовта или пак кариерата?
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Не може никој да ти каже што да направиш.
    Вие треба да одличите...

    Овде секој ќе ти каже по негово, а и тоа не е она што би важело за вас, затоа што никој не ве познава и не знае се' за вас, вашите животи и вашата врска...
     
  20. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    35.954
    Кариерата .
     
    На smooch, Dust и lovestoneddd им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.