Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Не знам зошто толерираш такво однесување. 10 месеци сте заедно и воопшто за тоа немате зборувано? Па не треба ни да му речеш, тој треба да е свесен како треба да се однесува во твоја близина.
    А со тоа фејсбукот многу се замарате, зошто му пишуваш дека го сакаш, зарем не знае? Зошто тој тебе не ти напише туку ти. Сами си дозволувате така да се однесуваат, покажи малку незаинтересираност и строгост во твоите барања па ќе видиш како ќе реагира.
     
  2. loca1995

    loca1995 Активен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    се прашувам многу пати и јас самата зошто го толерирам.. но колју пати сме разговараме милион пати но тоа останало само на разговор ништо не се сменило. дај ми совет како да почнам да се понашам што да направам да виде дека не ми е повеќе гајле и дека нема секогас јас да бидам жртвата помеѓу нас .. ?
     
  3. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Девојко нема попроста работа HE'S JUST NOT THAT INTO YOU..
    Не знам како другачије да ти објаснам, очигледно типов ниту малце не е заинтересиран туку само тепа време. Извини ама машко што те сака никогаш нема да те крие, туку напротив ке сака да те покаже пред цел свет..
    А ти ако сакаш и ако имаш време да си го трошиш времето за некого што не вреди слободно..
    Ако сакаш да покажеш малце достоинство и да го искористиш за тоа време да сретнеш човек што ке те почитува, откачи го одма..
     
  4. loca1995

    loca1995 Активен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Многу пати сум тргнала на тој пат и само што ке дадам чекор само што ке го оставам или тој ке ме побара или незнам како но слуцајно ке се сретнеме ... многу пати се има случено тоа и кога сме лути еден на друг ќе раскинеме и не се гледаме ама незнам што не само мене и него го тера пак да се сретнеме. нема да кажам дека е опсесија или навика пошто за прв пат во живот засакав и неможам да се откажам од него. Понекогаш е незнам како од бајки симнат но понекогаш и не го познавам, се што сакам е да ми кажете што да направам за да му дадам до знак дека може да ме изгуби но овој пат засекогаш ?
     
  5. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Добро зашто ние жените премногу мислиме дека мажите се комплицирани, што верувај на нив тоа многу им одговара.. Ете стави се на негово место.. Ти се срамиш од него? Не, ако ти пише на фб ке му вратиш? Да ... Одговор: истите работи што ги прават машките и ние ке ги правиме..
    Биди одлучна, тука се гледа дека си слаб карактер, дај жити се остај ја љубовта, горе главата и имај малце почит према себе.. Некој мене да ме прави будала во здрав мозок колку и да го сакам ке си речам извини ама се сакам себеси повише
    Првпат во живот си сакала? Супер, браво за тебе. Само има еден проблем.. ОН ТЕБЕ НЕ ТЕ САКА
    И можеш да се откажеш од него-САМО НЕ САКАШ (се чудам како не можеш да ги разликуваш овие двете)
    Знак дека може да те изгуби?! Остави го..

    Можеби мојот пост ке ти изгледа многу ироничен ама едноставно се нервирам зошто толку сме патетични ние жените.. Како можат маживе да те остават без да им трепне око а ти не си можела?! Божем он бил единствен на овој свет? Ма дај ти се молам..
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Премногу си му дозволила ти, затоа така се однесува.
    Да го молиш да се видите? Зошто? Ако тој решил да оди со другарите не смееш да го молиш.
    Си направила многу грешки, и затоа сега тој така се однесува со тебе.
    Ако веќе не можеш да се тргнеш од него, ти останува да се смениш ти, кога не можеш него да го смениш.
    Имаш ли другарки? Ако имаш, почни да излегуваш почесто со нив. Почни да живееш без него. Покажи му дека не живееш ти само со него.
    Со зборување, нема ништо да промениш. Со плачење па ич, ниту пак со молење.
    Тоа што кренал рака на тебе и самата знаеш дека е многу лошо, и дека не треба никогаш да му простиш.
    Пробај смени ја тактиката малку, однесувај се по ладно спрема него, нека тој тебе те моли да се видите, а не ти него.
     
  7. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    loca1995 ти најдобро знаеш што треба да направиш.Но немој да мислиш дека ако ти го тераш да се смени дека навистина ке го стори тоа?
    Да трпам малтретирање како тебе и тоа психичко ма јас има до лудница да стигнам.Татко ми мене не ме удрил а камоли да дозволам некој м*чко да се истресува врз мене?
    Ма има да го пријавам за малтретирање или да го кажам на татко ми па после тој нека му пресуди |(
    Настрана од таков бездушник,зошто немој да се случи утре да те претепа од котек што ке направиш?
    Батали фејсбук,стави го под игнор и готово.Не си должна на ова матретирање.
     
  8. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.787
    Допаѓања:
    6.630
    е ова многу ми се допадна.како мажите можат да не остават без око да им трепне а ние на можеме.ма дај не е единствен на светот.се забавувал а потоа му поминал кеифот,те откачил,а ти не можеш да го заборавиш.глупости.барам не се понижувај повеќе имај почит спрема себе.
     
  9. loca1995

    loca1995 Активен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    не велам не не само јас сите ако сакаме можеме да ги оставиме тие што мислиме дека не не заслужуваат, со сакам да му вратам прво сакам да му кажам со кого си фанал работа дека со мене нема да помине лесно јас патев плачев трпев малтретирање но сакам дам у вратам сакам со еден удар да го средам и колку и да ме боли и да ми е тешко прво сакам да го измачам но незнам како дадете некој совет. јас да неможам без него но понекогаш си велам дека повеќе сакам да бидам среќна отколку малтиретирана од него
     
  10. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Кога не би се замарала повеќе би го повредила.
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.787
    Допаѓања:
    6.630
    LOCA1995 девојко па ти не си нормална.повеќе би сакала да те малтретира отколку да си без него.е навистина не можам да те разберам.свати тој НЕ ТЕ САКА.колку и да звучи сурово тоа е вистината.дај откачи го типот додека не те претепал така добро и да завршиш во болница.можеш да си најдеш стопати подобар.се надевам дека не ми се налути.поздрав
     
  12. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    А зашто имаш потреба да му се одмаздуваш (колку малоумно размислување) види ти да се средиш и да научиш од грешкава и да се опоравиш..
     
  13. mekusce

    mekusce Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    8
    Срцки ми треба некој ваш совет ...Минатата година ова време се запознав со еден дечко се видовме неколкупати се смувавме и се беше океј , но по 20 дена јас отидов на екскурзија и таму имаше еден прекрасен дечко бевме цело време заедно ни беше многу убаво онака ептен се смувавме тој ми кажа дека веќе долго време сум му симпатија и дека сака да има нешто сериозно со мене. Но кога се вративме јас пак се видов со дечкото од екскурзија бидејки премногу ми се допаѓаше , но сепак за да не го повредам оној другиот останав со него.На почетокот некако успеав да не мислам на него , но во почесто време постајано се сретнуваме , во иста смена во училиште сме и чуствувам дека повторно се заљубувам во него ... но незнам дали треба да направам нешто бидејки сега ни здраво не си кажуваме зошто го оставив на цедило дечкото и сега мн ми е жал мн се каам. А со првиот дечко подоцна се фатив и до денес сме во врска но многупати раскинувавме и постајано се караме , воопшто не го чувстувам за него тоа што го чувстувам за дечкото од екскурзија ? ... Дали да се обидам повторно да имам нешто со негооооо ? Дали има шанси да бидеме заедно?
     
  14. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Аххх, ма какви кавги, јас војни водам за ова. :D Значи дечко ми е многу зависен од другарите. Е сега, тој не е по цел ден со нив, дури понекогаш и не се видуваат по неколку дена и не ме запоставува. Ама, многу му е важно мислењето на другарите. Или па јас не умам да ја објаснам ситуацијава. И неговите другари се сите слободни, ама баш сите и имаат многу глупави ставови за женските. Според нив, женската не треба да се води за рака, не треба да се води во чаршија, не треба да се става на прво место, бла бла бла... Фала богу па не ги слуша, се е во ред со нас! Ама ме нервира кога ќе ми се појави натажен и изнервиран затоа што другарите му кажале:папучар си, лелее па таа ќе те одалечи од нас, ќе не раздели- што уствари врска нема! Никогаш не сум помислила да го разделам, бидејќи и самата одсекогаш повеќе сум се грижела за другарството одколку за љубовниот живот. Башка, си треба пријател. И никако не можам да го убедам да се не нервира за такви глупости, тие другарите негови да се толку асални женски ќе имаа, а не само на муабет се јаки и на друг солат памет! 100 пати сум му кажала, нека си се дружат колку сакаат и што сакаат нека прават- не ми смета, само не сакам тоа да влијае на нашата врска. Колку што гледаш решение и не можам баш да ти понудам, бидејќи ни за мене немам. Ама ете пробај така. Ако нивното дружење нема влијание врз вашата врска не се замарај. Ама ако има, седнете и сериозно разговарајте за проблемот.

    Јас не би, и многу веројатно е дека сака само забава. И да дадеш, верувај дека ќе се каеш подоцна! Немора бе да се одалечуваш. Биди си своја, биди самоуверена и не се давај лесно. Па види, ако се труди около тебе можеби и не му е само до секс. А ако му е, ќе се види тоа веднаш. Инаку, немој да мислиш дека ако му ја исполниш желбата на саканиот, каква и да е, дека веднаш ќе те засака и дека многу ќе е среќен. Само ќе е задоволен. Мажите можат што сакаат да зборуваат, ама и нив им е убаво и повозбудливо кога нешто им се брани и не го добиваат веднаш. А вака само може да те прогласи за лесна девојка. Не го дозволувај тоа. :) А гледам си пишувала и дека веднаш друга ќе си најде. Абе немојте со тоа еј, :worried: ако решил тој да најде, ќе најде и ако му дадеш! И што ти е гајле, нека си најде, нека биде некоја друга глупава, зошто мора да си ти. Ако тој така размислува тогаш не е за тебе. Ќе видиш понатаму во животот дека не се сите машки исти. Ќе најдеш некој што вистински сака. Најдобронамерно ти го кажувам ова. :) Ти пишав и во друга тема, и да знаеш многу среќа ти посакувам, само биди паметна. :hai:

    Хехе, и јас никогаш не сакав оп-труп одма кај него дома. Мада нема ништо лошо во тоа, ама ете... Јас мислам да му пишеш, уште еднаш да му се извиниш и да му објасниш дека навистина не си имала време. И уз муабет покани го да излезете. Кажи му нешто у стил ај на кафе таман ќе ти раскажам. Пробај, ништо нема да изгубиш. :)
     
    На chipmunk и H.VAGA им се допаѓа ова.
  15. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.787
    Допаѓања:
    6.630
    Danilela едноставно твоите совети ме оставаат без зборови.како да ја слушам мама.се шегувам.навистина си добар советник и кога би загазила во животот мило ми е барем што има на кого да се обратам.поздрав
     
    На Danilela му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Се сложувам. loca1995 одмаздата не е решение. Со одмазда ќе покажеш можеби омраза и бес, ама ќе покажеш и колку си очајна. И омразата е чувство- значи сепак нешто чувствуваш за него. Додека рамнодушноста многу многу повеќе боли, повредува... Откачи тоа, не ти треба. Мораш да постапиш така, бидејќи и самата кажа дека веќе си се обидувала да раскинете ама повторно сте заедно. Ете, дечкото си начекал, знае веќе дека што и да правиш пак ќе му се вратиш, затоа така се однесува. Премногу си му допуштиле, па сега тој си се теши со она, ми се може! Жената(или девојката, небитно, важно женски род :lol: )и да е најлоша, не треба да се удира. Многу сум против тоа. А таквите верувај, тешко дека некогаш ќе се сменат.
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.761
    Пол:
    Женски

    Не е во ред да постојат кавги меѓу партнерите за вакво нешто. Ова мене ми личи на машка љубомора, што искрено, не мислев дека постои, ама ете, имало. Едноставно, не е во ред до толку да се мешаат другарите во врската на еден од нив, и притоа да му кажуваат што и како да прави. Сметам дека секој над 18 години е возрасна личност (колку е зрела, тоа е веќе друго прашање), и не би требало никој да му се меша во приватноста, ниту пак тоа лице да дозволи други луѓе да имаат големо влијание врз него. Вака испаѓа дека другарите се навистина недозреани и поради тоа не можат да си најдат девојки, токму поради нивните незрели размислувања. И голема е веројатноста дека тие што му викале на дечкото дека е папучар ќе се променат, т.е ќе станат најголеми папучари кога ќе си фатат девојки :D

    На две столчиња не се седи. Штом не чувствуваш ништо за тој првиот, немој ни да бидеш со него, нема смисла да се лажеш и себеси и него. А со вториот, од екскурзијата, па може да се обидеш кај него откако ќе расчистиш со овој првиот. Ако навистина сака да биде со тебе, најверојатно ќе прифати, иако си го разочарала. Но може и да биде поинаку. Ако не сака да има ништо со тебе, не се разочарувај, ќе има и други момци ;)
     
  18. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Annath иако не можам точно да ја објаснам ситуацијата и немам збор со кој би ги опишала другарите на дечко ми, точно, погоди, многу се недозреани! И јас мислам дека се љубоморни, и исто така мислам дека се многу искомплексирани личности, па затоа така зборуваат. Сите имаат по 24-25 години, има дури еден и повозрасен е од нив, а девојки сеуште немаат. И јас еднаш отворено им имам кажано- со таков памет кој знае кога и ќе фатите! Ама не, тие секогаш имаат изговор, требало да е невина, требало да е плава, идеално згодна, долга нога, ова-она, големи гради, абе не знам како да ти објаснам, мора да ги слушаш па да видиш какви се глупости зборуваат. Па ако сакаат принцеза треба и тие како принцови да се однесуваат нели? А тие богами се далеку од тоа, многу се замислуваат, како они да се некои лепотани па толку бираат. Нема зборови да се опишат, мора да се види тоа. :D Јас некогаш останувам со отворена уста од нивните глупости, дечко ми исто така им се смее често и не ги подржува во нивните мислења, ама се плаши да не ги изгуби. На почеток многу се нервирав, ама сега си викам што ми е гајле, дечко ми добро се однесува со мене, а они така што си се однесуваат, сами на себе си наштетуваат.
     
  19. Jocelyn

    Jocelyn Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Веќе некое време ме мачи една ситуација па се надевам ке можете да ми дадете некој совет. Се гледам со еден дечко околу 3 месеци, според неговите изјави убаво му е со мене и кажува дека има посериозни намери. Но неодамна некако се олади кон мене и сосем случајно дознав дека се уште се гледа со неговата бивша девојка. Мене не ми е сеедно иако не сме официјално во врска можеби и немам право да се лутам, но сум разочарана.А да не заборавам да напоменам дека се има пожалено на тоа што јас сум позатворена. До сега не сум се нашла во таква ситуација, па би сакала да знам според вас зошто се јавува потребата за повторни средби со бившиот/а. Дали е можно тоа што сум позатворена да го одбива од мене или пак едноставно тој самиот си нема расчистено со неговото минато?
     
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Сигурно е тоа дека се гледа со бившата? Ако е така тогаш ќе треба на било кој начин да се дистанцираш, затоа што тој се уште веројатно нема расчистено со неа и со се што го поврзува со неа и тоа што го имале. Тоа што си по затворена не ништо лошо иако би можела да поработиш на себе, да бидеш по комуникативна, отворена за било што ... сепак мажите ценат тоа. Не е дека од тебе се зависи. Хмм јас би ти дала совет и ти да се дистанцираш од него или да почнеш да си бараш друга прилика со некој друг. Ако има нешто ако сепак реши да е со тебе сам ќе те побара.
     
    На Jocelyn му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.