Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Catnight

    Catnight Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    724
    Она со дечко и останато, не ми треба ниту сериозна врска ниту ништо, имам само 19 години, немам што да брзам. Инаку фала ти, ќе го сметам ова за во иднина.
     
    На carangigia и WildMk им се допаѓа ова.
  2. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    9.397
    Пол:
    Женски
    Точно знам што те интересира но ни малце не е тоа што мислиш, ако мислиш дека пак ќе му се вратат чувствата или сака пак врска се лажеш самата, просто и едноставно е како што и сама кажа дека после тебе немал друга (иако незнам како си сигурна во тоа) тоа го прави исклучиво за да те "искористи" за секс.
     
    На WildMk и Catnight им се допаѓа ова.
  3. Catnight

    Catnight Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    724
    Па знам дека е така во тоа сум сигурна зошто споделуваме заеднички пријатели, и плус знам дека еден период работеше ноќна смена во пекара, и знам дека сега е целосно зафатен со работа. Искрено стварно не знам, само се збунив, но мислам дека треба да престанам со ова. Фала ти и тебе.
     
    На WildMk и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  4. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    @Catnight не треба навечер да си слободен за да имаш друга. Секс се случува и денски. Но, ок, ти знаеш подобро.
    Во врска со него, мое мислење е дека те држи ко резерва. Никогаш повеќе нема да бидете пар. Можда само секс партнери. Дечко и девојка не.
    Како да постапиш ти?
    Да се понашаш ладно и да не паѓаш на него. Да си му значела никогаш немало да дозволи трета личност да се замеша и да ви ја уништи врската.
    Дури се замараш со бивши, нема да продолжиш понатаму. И не велам во смисла да фатиш друг дечко, туку општо. Дури тој ти е во мислите ќе си заглавена во таа фаза од животот.
    Ignore and move on.
     
    На Tina22m, moon1, Annora и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Edno-devojce

    Edno-devojce Нов член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ќе ме критикувате, прифаќам и критики, ќе се обидам да бидам кратка, се надевам некој ќе прочита.Пред две год се запознав со еден дечко, немав нешто желба да почнам врска со него, муабетите ни беа досадни, т.е. тој беше, јас се шалев понекогаш а тој ми враќаше со да, не , не знам...ми ѕвонеше секогаш (впрочем јас мразам да ме бара некој 100 пати на тел, повеќе сакам порака да пишам) две години бев со сила со некој, убав беше, ми се свиѓаше, ама не за џабе рекле, убавината привлекува, однесувањето задржува, во меѓувреме на еден чет запознав еден дечко, уште од првиот ден муабет направивме повеќе од колку што јас зборам со дечко ми, но не ми се свиѓаше, плус од различни места бевме, да скратам јас не сакав ништо да почнам со него, прифатив врска со сила, затоа што од дома вршеа притисок, ги знаете оние коментари, ајде да се мажите, сите се омажија, тетка ми цело време анализираше сите имаат дечко/девојка, ајде само ти остана и една братучедка која има 31 год и не е мажена, толку ја оговараат мислите човек убила, јас имам 24, секој ден ми беше измачување, каде со факултет , каде со нивните коментари и јавување по телефон и што ти вика? И што ти вика?? Немој да го изгубиш , немој вака немој така, па да останеш така, кои стресови ги доживував и јас глупава па стварно да не го изгубам, што ќе ми пише утре, што задутре, поминав ужасни две год со човек со кој не се пронаоѓав! Доволно ми беше тешко на факултет , па и тој товар да се гледам со него, се додека не ме запроси и прифатив, но јас навистина не можам, кажав дома дека не требаше дека згрешив, се е грешка уште од почеток да не ме понижуваат за дечко, не знам како сама си дозволив ова се да ми се случи, моите ме вреѓаа дека никогаш за ништо не ме бивало, нема ништо да постигнам во животот, сите знаат дека сме се вериле каква срамота ќе биде сега тоа и кажала на тетка ми, ми ѕвонат како луди по тел, се затворив во соба и плачам, воедно сакам да кажам 50% е моја грешка, но останатото е срам за оние кои притискаат некои да се омажи и ожени, замразив луѓе кои ги поставуваат тие прашања, си направив проб во животот кои не ми ни беа потребни, во иднина кој и да ме праша би го отерала упм, мојата култура колку и Вашата, не се среќни за моето дипломирање, поради оваа одлука, ми рекоа ако не се предомислам нема више да ми зборат...
     
  6. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    921
    Допаѓања:
    672
    Пол:
    Женски
    Девојче си згрешила што си згрешила, свесна си и сама, но НЕМОЈ да дозволиш веќе никогаш во животот да страдаш и да правиш нешто што ти не го сакаш, за да задоволиш други. Стави си во глава дека животот е твој и дека ке го живееш како што ти сакаш. Не е касно за ништо, животот е пред тебе.
     
    На BlackNight, Purelove92, Billy Idol и 4 други им се допаѓа ова.
  7. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Шо туку паѓате на ниски провокации од луѓе кои не си го гледаат нивниот живот?
    Како бе така прифати брак, а муабет не ти се прави со него?
    Како сте толку дволични врска цела да изглумите?
    Јас со некој шо не го сакам кафе не пијам, не па брак да планирам.
    Не си 50%, туку 100% крива. Ако нејкиш да се мажиш не мораш. На овој свет мора само да се умре, друго ништо. И никој не може да те натера на нешто. Раскини и продолжи со животот.
     
    На happygirl11, BlackNight, scorpias и 6 други им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.039
    Допаѓања:
    130.930
    Пол:
    Женски
    Возрасна си.Никој не смее да ти се меша.
    Купишта веридби се раскинале и ќе се раскинат.Не е во ред да бидеш со некој кој не го сакаш.
    Откачи го и продолжи понатаму.
     
    На WildMk, Edno-devojce и Unique__ им се допаѓа ова.
  9. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    9.397
    Пол:
    Женски
    Луѓе сме и грешки правиме што е нормално, ама никако не ми иде у глава како тоа од што те притискале да фатиш дечко па си се фатила само да не те притискаат и тоа што некој ни ти се свиѓа ни ништо па и у врска 2 години си била со него (пред се секоја чест за глумењето љубов)
    Искрено без да се навредиш ама целава работа ми изгледа толку просто и примитивно и се трудам да те разберам ама воопшто неможам, толку ли немаш свое јас и незнаеш да се бориш за тоа што ти го сакаш во животот, не си мала па твојте родители да одлучуваат за твојот живот, веќе си возрасна и мислам дека е нормално сама да носиш одлуки и сама да правиш избори во животот.
     
    На BlackNight, Edno-devojce и Luciferovog zlo♧ им се допаѓа ова.
  10. wildone

    wildone Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    81
    Во врска сум 4 години. Веќе таа врска не е она што беше, веќе стана навика. Што знам сите велат дека после некое време станува навика, ама што кога веќе ги нема пеперутките, што кога веќе ја нема страста. Немам ниту желба, ниту потреба. Изгубена сум потполно. Цело време сум под некој притисок за ставање прстен на мојава рака иако сто пати му имам кажано дека имам други приоритети, дека факултетов ми е на прво место и најбитно од се', дека не сум подготвена за таков чекор. Одеднаш се' се менува. Тој станува попосесивен од било кога, а секогаш бил љубоморен. Јас сега сум себична, кариерист ладна кучка.. Па дали драги мои Вие мислите дека треба да се извинувам за својот сон? Дали треба да се задоволам со една трошка од целата торта која стои пред мене?Кога ќе се спомне излегување, се оди кај него дома.. И сега од четири ѕида идам у други четири ѕида.. А најискрено сакам воздух после некои 7 или 8 саати учење.. Кога ќе спомнам дека сакам да излезам со другарките, веднаш се менува личниот му опис. Па каде , па зошто, па не ми посветуваш внимание... Драги мои кога јас на ова ќе вратам со одговор дека ми се излегува, ќе ме праша колку ќе пијам, што ќе носам, дали (демек на шега) ќе барам нов дечко.. Кога ќе се спомне образование, јас зборам за своите планови што сакам да станам, како ќе дојдам до тоа, за учење за книги.. А тој само ќе ми врати просто и кратко. Кога ќе му спомнам да читне некоја книга, у смисла имам книги дома, земи читај си на работа нешто, тој само бурно реагира- си читам јас на телефон ти не бери гајле! Е сега да не ни зборувам за некои без врска насилни избацувања, што го гледаш оној? Ааа ти се свиѓа оној и така натаму.. Не знам стварно не знам... Дали е грешно сето ова што ми се вртка низ глава? Дали треба да подголтнам и да продолжам некако напред? Зашто јас сум таа што се граба секој миг за да се надогради како личност и како академски граѓанин, а тој е оној на кого му е сеедно и така си тапка во место не сакајќи ништо да смени. Видете 4 години се многу ама пак се подзамислувам како може некој толку да ме знае а да не ме знае.. А стар пријател кого го немам видено 3 години со еден муабет да ме прочита и да ми врати сјај во очите малку. Навистина сум изгубена,..Се чувствувам заробено во себе, кога сум со него се чувствува некоја напнатост. Сексот си го очекува најнормално како да сум машина, а мене не ми се ниту размислува на таа тема. Инаку 22 години имам, па можеби и не е нормално да ми се случува вакво нешто .. Романтиката ја нема одамна, а за да биде романтичен се обидува да ми ја испланира иднината као у смисла зошто ти како доктор да специјализираш у странство? Заврши си тука, ја сум тука, ќе ти најдам пари, ти испланирав кај ќе имаш амбуланта. И јас онака не верувајќи им на ушите се прашувам, како дозволив да му дадам за право тој да мисли дека може мојата иднина да ја планира.. Онака додека во мене се крчка некој коктел од бес, лутина, шокови и не знам што се' не.. Ве прашувам за Ваше најискрено мислење и совет.. Што би направиле Вие да сте на мое место?
     
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.868
    Допаѓања:
    173.442
    Пол:
    Женски
    Јас да сум на твое место ќе му речам - ДА, ќе барам.
    Некој што ќе ме разбере, некој што ќе ме поддржи, што ќе верува во мене и моите способности, што ќе ме турка напред и нема да ми го планира животот.
    Јас би излегла од таа врска. Имаш само 22години, 4години се можеби многу за некого, но цел живот живеење живот кој не го сакаш е уште подолг период. Тој ќе ти отворел амбуланта, глупости. Што не си отвори за себе нешто?
    Треба да правиш она што те прави среќна, треба да бидеш задоволна и исполнета. Да бидеш секогаш мотивирана за подобрување на себеси, правејќи го она што сакаш да го правиш во животот.

    Млада си. Многу млада. Јас имам 28 па око не би ми трепнало да излезам од таква врска.

    А сексот... е за тоа треба да се преиспиташ. Не си машина за да го задоволиш кога нему ќе му текне. Тоа треба да е заедничко задоволство.
     
    На TashSefton, Tina22m, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.103
    Пол:
    Машки
    Раскини му, и ти ќе се ослободиш оти очигледно не гледаш иднина со него а и него ќе го спасиш да не губи со тебе време.
     
    На wildone, WildMk, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Јас на твое место би раскинала врска во која се чувствувам како цело време на штрек.
    Види, нема шанси да најдеш компромис, ми изгледа дека човекот е доста себичен и дека мисли само на тебе а не и на твојата иднина и со тоа што сакаш да постигнеш.
    Вистински дечко, оној кој искрено те сака ќе биде среќен што напредуваш во животот, дури и ќе ти дава мотивација за поголеми залаци во иднина, овој е љубоморен и себичен, така ми изгледа. И сето тоа ветување негово ми изгледа нереално да не биде после да чекаш со години додека неговиот план не се реализира а ти да си талкаш во место.
    Друго, и да го послушаш, нема утре да ти каже фала што си се жртвувала само за да биде тој среќен.

    Млада си, амбициозна, оди напредувај, а тој не е ниту прв ниту последен.
    Најди некој на кого ќе му биде мило што сакаш да бидеш таква успешна и што знаеш што сакаш од животот.
    Не си го уништувај животот, четири години не се малку но не се доволно за да те спречат во науменото.
    Животот е пред тебе, не го поминувај дома.
     
    На TashSefton, WildMk и wildone им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Жал ми е што живееш со луѓе кои се прости ко грав (извини, ама прости се).
    Требало да се мажиш... Па и тетка ти бе??! Нека си ги гледа нејзините деца, што има да ти кажува тебе?? У ствари, таа може да ти кажува, ама ти да ја игнорираш. Ич не седи дома, кога ќе ви дојде на гости. А и со твоите не комуницирај многу и не им кажувај ништо. Оти очигледно, не заслужиле!

    Те разбирам зошто си одела против себе. Знае фамилијата и околината да врши толку голем притисок, што луѓе се самоубиваат, не пак да прават грешки како твојава.

    Ич да не се секираш, ама за никој!! Никој друг, освен себе си! Не направи никаков криминал. И многу подобро е да ја раскинете веридбата, отколку цел живот да го поминеш во брак, со човек кој не сакаш да биде покрај тебе.

    Не е единствена твојава приказна... има вакви ехее... Па ене ги живи и здрави се... па дури и среќни. И нови партнери си нашле, и си стапиле во брак... ама со тие со кои навистина сакаат.

    Предност ти е што си завршила факултет. Честитки дипломирањето, и држи го тој адут и искористи го максимално. Најди си работа и стани што понезависна од твоите. И не само финансиски, туку и емотивно. Откачи се од нив што порано.
    Кај нас такви се повеќето родители, ќе те стискаат до нив и по нивно да биде, дури си жив... ако им дозволиш. Во се' сакаат да се мешаат.
    Епа, нема повеќе. Земи си ги во раце конците и терај си по твое. Не зборувај многу со нив. Не им објаснувај, не филозофирај. И не в соба! Стани, излези на кафе со другарки (сигурно имаш некои за кафе), аплицирај за работа, најди некое хоби.. било што, само да не седиш дома со нив по цел ден!

    Со среќа :)

    Ајде, и ти со иста мака... добро.. слична...

    Абе, не живеете за другите! За вас живеете!
    Ставете си го тоа во главите и терајте ВАМ како што ви е убаво да биде. Вие сте во ваша кожа, не дечко ти, родителите, ку*ле-ма*ле!

    Да раскинеш со дечково. Ако му дошло него до женење, нека си најде некоја, која сака да се омажи сега. Ти ќе си правиш тоа што си си го планираш, тоа што тебе ти е ќеиф.

    И види го молим те, каква слобода си зема тикварот, да ти испланира и кај ќе специјализираш, па и кај ќе си имала амбуланта, па не знам што ?!? Сенкир тој диши за тебе, тој кака за тебе.. може него го боли, место тебе ???
    Многу слобода си земаат некои луѓе, на која немаат никакво право.
    Тој не те поседува, ти си свој човек. И свесна си за тоа!
    Не биди будалче, на 22 години, да правиш тешки анализи 'долги биле 4 години врска'... Ами 70 години брак замисли??? Е тоа е долго!

    Мани му ги клоците, и терај си животот...

    Се најдобро и тебе ти посакувам :)
     
    Последна измена: 29 ноември 2018
    На TashSefton, Ygritte, Purelove92 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    Ти имаш мисии, цели и желби.
    А тој нема и затоа е посесивен.
     
    На TashSefton, Tina22m и wildone им се допаѓа ова.
  16. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Твојот живот е исклучиво твој, не на дечко ти, не на родителите ти, не на тетка ти.
    Ти не одлучуваш за нивните животи, зошто им дозволуваш тие да го прават тоа за твојот ? Во животот све е како ќе се поставиш. Млада си,паметна,амбициозна, искористи ги најубавиве години паметно, не му давај да ти ја угаси жарта со тој ебан прстен, кој само ќе те врзе.
    Ти ќе си таа која ќе минува 24саати со човек кој не го сака, која ќе трпи срања од него, која на крај на денот ќе треба да легне со него. Ти, а не твојата фамилија.
    Прави што те прави среќна, не давај друг да одлучува за твојата среќа.
     
    На happygirl11, TashSefton, wildone и 3 други им се допаѓа ова.
  17. BorisP

    BorisP Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    ТИ благодарам за советот, и за тоа што ме покани да пиеме кафе ;). Но не сум од Скопје.
     
  18. Catnight

    Catnight Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    724
    Не е дека се замарам, извини што враќам покасно. Вчера пак ми пиша, се испонаша куртонски и гнасно, потоа само отворив стари пораки да видам зошто раскинавме. Па му објаснив се како што е, и дека не сакам ништо, нека не се надева на ништо, и така само одлучи да сме познаници и ми обеќа дека нема ништо да пробува, доколку проба, како и 1ипол година што бевме одвоени/раскинати, и што се навикнав без него, ќе можам и пак. Луѓе се разведуваат со деца, што е потешко, а овој монгол што ми има наштетено за 1ипол година да не можам. Miss me with that shit.
     
    На buba4e89 и WildMk им се допаѓа ова.
  19. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.429
    Допаѓања:
    22.125
    Пол:
    Машки
    Не те следам, ама од постов како што разбрав имаш повеќе. Мислам дека му недостигаш и те сака. :D
     
  20. Catnight

    Catnight Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    724
    Па добро, и мене некогаш ми недостигал и сум го сакала, ќе се навикне.:sweat:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.