Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.680
    Пол:
    Машки
    Нема полошо од љубомора.
    Велат прошетки на чист воздух делуваат.
     
    На honey.11, SnowDOG и "Zoki" им се допаѓа ова.
  2. Zaluben vo svet

    Zaluben vo svet Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Sve napraviv i cist vozduh i sve nevredi se zalubiv ludo neizdrzlivo
     
  3. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Вашето завршило. Причината не ја знам, но ако некогаш си ја почитувал и сакал во тие 4ри години нема да сакаш да и се одмаздиш и да и го загрозиш животот.
    Нејзино е што ќе прави и како ќе слави, слободна е.

    Доколку е виновна за раскинувањето и те повредила, нека и седи вината, еден ден ќе се освести, можеби и касно.
    Доколку е обострана одлука, најдобро е и ти да продолжиш понатака како таа што направила.
     
    На Milobebence и Alisa22 им се допаѓа ова.
  4. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    6.051
    Пол:
    Женски
    Вака. Ми треба мислење и совет. Сакам да видам како вие девојки би размислувале на мое место. Во врска сум речиси 2 години и супер ни оди, никогаш не сме имале големи караници, љубоморни испади и неразбирање. Бидејки ништо не е идеално сепак има нешто кое веќе подолг период ме мачи. Еве за што се работи:
    Имав чувство дека не сака многу многу да ме меша со неговото друшто што го сваќав како најнормално нешто зошто тие сепак си се машко друштво од детството и што барам сега јас туѓинец со нив.

    Подоцна некои од неговите другари исто така си фатија девојки и почнав да дознавам дека многу често искачаат со нив. Си реков, јас не сум таква девојка не сакам да се упикувам со сила, таа девојка што излегува со нив толку често е очигледно нападна и очајна.
    И на ова не обрнав внимание.

    Еден ден, при крајот на ова лето, бевме излезени јас и тој на кафе. Се погоди во истиот кафич да бидат и неговите другари. Седевме сите заедно и јас се чувстував некако убаво. По половина час се појави и девојката на еден од другарите, и тоа заедно со нејзиниот брат. Имав слушано доста за неа, дури и ја имав видено кога сум била со дечко ми, но тогаш јас и она официјално си пруживме рака да се запознаеме. И така се беше во ред, си пиевме кафе, сеуште не се чувствував лошо или пак некоја љубомора.
    Се додека, не почнаа да прават муабет за пикник за кој решиле сите тие да одат, вклучувајки ја и неа, како девојка на нивниот другар, како дел од “друштвото“. Ги правеа своите планови пред мене, а мене не ме ни погледнаа а камо ли да ме поканат, иако сум девојка на нивниот другар од детството. Е тогаш ми стана навистина нелагодно, се почувствувам отфрлено, сакав веднаш во истиот миг да станам. Дечко ми ме примети дека имам чуден поглед и само ми рече, онака ради реда: - Дојди и ти АКО САКАШ, ама знам дека ти не си по тие работи. Е тогаш го доживеав она врвно разочарување. Секако, не појдов.

    Од тогаш е така. Се е во ред со нас, сака да ме гледа, ме моли да ме види, но секогаш живеам со тоа чувство дека постојам како негова девојка само кога јас и тој сме сами. Изминативе месеци дојдов до тој степен конечно да почувствувам и љубомора, нешто што за мене беше непознато.

    А таа девојка... испадна дека студирала на мојот факултет. Постојано се вртев наоколу дали ќе ја видам (иако речиси не се ни познаваме) и кога ќе ја видев од далеку ја набљудував од глава до пети, до најситниот детаљ и до секој нејзин покрет и однесување. Развив една мини опсесија со девојчето само за да дознаам по што е таа толку посебна.
    Многу голема будалштина од моја страна нели.

    Проблемот во мене е што јас молчам, не се наметнувам. Секоја нормална девојка би рекла, а јас, каде сум јас? И дечко ми не молчи и кога ќе сме оделе некаде јас и моето друштво а воедно ќе бил планиран и дечкото на мојата другарка, тој ќе речел: еееј, ондак и јас ќе дојдам! Иако сеуште не сум го викнала.

    Епа феминки кажете ми дали грешам со тоа што молчам, дали вие на мое место би биле погласни и како би се чувствувале да сте не мое место?
    Можеби во мојата глава изгледа како да си правам од ништо нешто, ама мене многу ме мачи тоа чувство на отфрленост :)
     
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Во право си за се, не е проблемот во тебе, туку во дечко ти.
    Седни го и кажи му го сето ова и ќе видиш што ќе ти каже, што е проблемот.
     
    На Tina22m и Alisa22 им се допаѓа ова.
  6. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    3.604
    Пол:
    Женски
    Да, грешиш. Треба да одиш, да кажеш ќе дојдам и јас. Држи го малце до себе. Врската не треба да биде само ти и тој и никој друг. Треба да имате и заедничко друштво, да одите заедно со други на излети, патувања и сл. Не дозволувај секогаш сам да оди секаде, оди и ти со него. Да се навикнува на тебе и кога е во друштво. Не биди повлечена, кажувај го она што го мислиш, не се плаши од ништо и не се чувствувај како вишок туку пробај да се вклопиш. Сепак си му девојка и долго сте заедно.
     
    На Annora, Tina22m, Milobebence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.719
    Допаѓања:
    46.295
    Пол:
    Женски
    Мислам дека немаш основа да бидеш љубоморна на девојката. Разбирливо си само изреволтирана од ситуацијата и како таа може да оди а ти не.
    Сепак, треба да разговараш со дечко ти и да му кажеш отворено како се чувствуваш. Да знае дека тие работи ти се битни, и дека те разочарува неговата (не)реакција и незаинтересираност.
    Разговарајте и види што ќе ти каже, и дали воопшто ќе се смени нешто после разговорот.
     
    На Milobebence, Cinnamon Bun и rolulika им се допаѓа ова.
  8. rolulika

    rolulika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2018
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    @Cinnamon Bun ако сакаш да се мешаш во тоа друштво треба да му кажеш на дечко ти дека ради дружба би одела и на места кои не ти се најомилени пр. пикник. Но треба со него да поразговараш и да му објасниш како тој доаѓа кога дечко на другарка доаѓа така и ти кога доаѓа девојка на другар сакаш со нив.
    Можеби пак сака да те заштити од нешто, може друштвото негово не прифаќа нови членови или може дечкото мисли тебе не би ти одговарале неговите другари и по некоја девојка.
     
    На Cinnamon Bun му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    6.051
    Пол:
    Женски
    Фала ви многу на мислењата, дефинитивно треба да соберам храброст и да поразговарам. До сега не го направив тоа зошто си правев најразлични филмови, дека ќе си помисли дека сум очајна, гревна, упикувачка и посесивна, ама тоа не е така и мислам дрка после 2 години ќе ме свати. Сепак ако размислиме и нему воопшто не би му било сеедно јас да му правев така и би се чувствувал исто како мене. Само што сигурно веднаш ќе ми укажеше на тоа :)
     
  10. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    епа да проблемот е во тебе. Ако еднаш дозволиш да не те стави на списокот на присутни девојки во друштвото а девојките на другарките да се присутни,тогаш секогаш ќе бидеш на второ место. Не се наметнувај ако се само машко друштво но ако се и девојките... Јас ќе пукнам ако не дознаам зошто мене неќе да ме земе. Јас 4 годишна врска прекинав поради една таква случка. Друштво машко за нова година и една госпоѓа од машките прашува каде после 12 дечко ми одговара да ме испрателе мене па ќе се договореле каде - 4 машки и таа. И после тоа се чудеше што направил
     
    На Cinnamon Bun и worrieddd им се допаѓа ова.
  11. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.429
    Допаѓања:
    22.129
    Пол:
    Машки

    Емпатична си и не сакаш на некој чуден начин да го повредиш или не знам како да објаснам подобро. Ама не се измачувај и повредувај себе си, на крајот сепак треба првин за себе да гледаш, нели?
    Од моја машка гледна точка што и да те мачи треба да му кажиш нему и да се ослободиш на некој начин, а и веројатно него затоа што понатаму може само да те прави понервозна и да создава други проблеми. Не е само ова ситуација да собериш храброст, туку јас те советувам искреноста е нешто најбитно, секако ако другата страна е вистинска и искрена и ќе го цени тоа.
     
    На Harper, Cinnamon Bun и senza.parole им се допаѓа ова.
  12. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    6.051
    Пол:
    Женски
    Реално, мислев ќе си заборавам како ништо да не било ама веќе сите вклучувајки го и него приметуваат големи промени во мене во смисла што веќе не се контролирам за некои работи, нервозна сум и се околу мене ме иритира. Така да прво за да се спасам себе си па потоа и нашата врска, ќе направам еден разговор. Секако големо благодарение на вас :l:
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    Со дечко ми сме заедно повеќе од две години и до сега ни е убава врската, убаво се однесува со мене, има доверба меѓу нас, скоро и да нема што да се пожалам.
    Проблемот е што јас пред него физички не можам да се опуштам. Уживам кога сме заедно, кога ме гушка, бакнува ама кога и да треба да бидне повеќе се стресувам и не можам да продолжам. Како потсвесно да се срамам од него да ме допре или да ме види без облека. Од една страна сакам, од друга кога треба да бидне, се стегам.
    Никогаш не ме натерал на нешто со сила, има почит кон мене, ниту пак јас имам некое трауматично искуство, проблемот е исклучиво до мене и најверојатно ниската самодоверба.
    Знае и тој за проблемот, но почна да се сомнева дека не уживам со него, дека можеби глумам во некои работи, па затоа толку се стегам.

    Ми треба совет.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Проблемот лежи во твојата психа. Можеби некоја траума од детството, случка, ситуација... Реално, овде советот е да се опуштиш, но прво мораш во себе да најдеш што е тоа што те стега. Не е нормално после 2 години да се срамиш и да си стегната пред него.
    Размисли убаво, на што мислиш во тие мигови, што е тоа што не ти дава да се опуштиш...
     
    На buba4e89 и Tan4ence им се допаѓа ова.
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    Мислам дека е поради тоа што не си го сакам телото, сметам дека не сум доволно згодна...иако тој тврди дека сум.
     
  16. Сherry.girl

    Сherry.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    Според мое мислење немаш никаков проблем. Во ред е да не можеш да се опуштиш, не треба да се присилуваш да правиш нешто што твојата психа не го сака. Можеби не си доволно отворена со него или едноставно не си спремна на тоа. Можеби е и до него проблемот и не знае како да ти угоди и како да те опушти, не мора да значи дека е до тебе само. Има машки со кои веднаш ќе се чуствуваш како своја, а со некои пак и после кој знае колку време нема да ти е пријатно интимно да се опуштиш. Разговарај со него, кажи му го проблемот, а ако те осудува и ако му смета сето тоа и не може да те разбере, не е за тебе мила ако не сака да го разбере твојот проблем.
     
  17. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Поработи на себе. Вежбај, држи диета. Така ти ќе се чувствуваш подобро и ќе знаеш дека правиш нешто за да го промениш тоа што според тебе не чини.
     
    На Scorpiongirl12, Stark, worrieddd и 2 други им се допаѓа ова.
  18. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    3.604
    Пол:
    Женски
    Пробај да се гледаш почесто самата во огледало без облека. Засакај си го телото и ќе се опуштиш. Барем пробај. Јас ко сум сама се шетам гола низ дома и се гледам у огледало. :D Немам проблем со ниска самодоверба. И слушај го дечко ти ако ти вика дека си згодна - згодна си. :* Ако имаш некое вишок килограмче ослабни или засакај си го и тој дел некогаш е вишокот секси за некого. :)
     
    На Dream-Girl и Tan4ence им се допаѓа ова.
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    јас имав сообраќајна незгода и цела сум со лузни по телото башка од операции од чуда. Па никогаш на памет не ми паднало да се срамам. Едноставно мојата вистина е таква и сакала неќела морам да ја прифатам.
     
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Мислам дека и јас во иднина би го имала истиот проблем. Мене дури ми е некако стрес и на половина кога ме фаќа преку облека, не се осеќам ич опуштена, веќе пола година сме еве, а не дека ми е лошо со него. Исто, проблемот ми е во тоа што не си го сакам телото, поради вишок кг од порано, нешто од сега, целулит, стрии ова она. Едноставно ич немам самодоверба, мразам и лето поради такви причини, не сакам да шетам ич поразголено, а пробувам да надминам се тоа. Мислам дека еве и на мене и тебе решение би ни било да вежбаме, да работиме на телото, да го засакаме него. Истиот совет себеси што си го давам и тебе еве. И тоа на @Amellie13 е убав совет, и јас така пробувам да се гледам на огледало во купачи на пример за да си створам убава слика за себе и полека да го засакувам телото.
    Чудна работа е психата и самодовербата...
     
    На Tan4ence му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.