1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Јас на пример немам толку голем проблем кога сум сама, ете има делови кои барем малку си ги сакам, ама пред него ми е незгодно.
    Од лани со поздрава исхрана ослабев и јас, лицето ми се разубаве, се приметува разлика ама пак не е тоа тоа.
    Вежбам ама сепак осеќам дека и најмала маана нему му пречи, иако тврди тој дека не е така.
     
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Да, те сфаќам и јас пред некој ден се изнервирав што меѓу редови он ми сугерираше да не јадам толку, а инаку секогаш вика би те сакал каква и да си, не ми пречи ништо бла бла. Сепак некои се машки лаги ама јас пред се ради мене сакам да го сакам телото, после ради се друго. И на плажа на пример јас се осеќам неубаво, несигурно, не само пред него. Проблемот од мојата психа потекнува во мојата ситуација, тоа знам... :|
     
    На Dust и Tan4ence им се допаѓа ова.
  3. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.942
    Допаѓања:
    50.023
    Пол:
    Женски
    Не мисли во тој момент на твоето тело, опушти се.
    Јас порано си мислев дека не ми е убаво телото, дека не сум згодна. Ми беше срам некако чисто гола пред него да бидам, а сега воопшто не мислам на такви работи.
    Јас како што сум срамежлива личност пред него немам гајле, можам слободно да си се шетам гола пред него.
    Треба да си го прифатиш телото какво и да е, да мислеш позитивно и пред се да се опуштиш.
    Нема никој совршено тело, секој си има некои свои мани.
     
    На Tan4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Таци душо, сите сме несовршени на свој начин, и сите сме убави од друга страна на свој начин. Сум видела девојки со извајани тела како од магазините за убавина со 0 самодоверба и жени убави али сепак не по општествените стандарди за убаво, со самодоверба до небо. Значи све е у главата. Битно е што дечко ти има разбирање и не е површен.
    Долга врска имате, што значи дека нему си му привлечна и убава, нема што да имаш сумњи околу тоа. За него си најубавата и најдобрата верзија од тебе. И ова нека ти е појдовната точка за опуштање. Поработи на себе и на ставот и се ќе биде во ред. Ќе видиш како ќе се смееш на ова еден ден :hug::hug::hug:
     
    На x.Daisy.x, Harper, worrieddd и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.593
    Допаѓања:
    36.816
    Пол:
    Машки
    Девојки, таков проблем, колку и да е тежок, мора да го решите сами со себе за истото да не се одрази долгорочно на вашата врска. Се разбира дека тука има клучно значење и како ќе се постави вашиот партнер, како ве перцепира, но верувам дека ако некоја личност потрошила 6 месеци, година, две од неговиот живот со вас, сигурно нема да ве остави ако види дека имате целулит. Никој не е совршен, реалниот свет е далеку од оној на инстаграм.
    Јас сум имал ист проблем со бившата девојка поради ниска самодоверба, најповеќе поради лошо искуство што имала пред мене, и требаше многу труд и време да вложам за да успеам да и ја сменам перцепцијата за себе си и да успее да се засака онаква каква што е и да се гледа себе си онака како што ја гледав јас. Тежок и мачен беше тој период, бидејќи ако немаш самодоверба и не се сакаш себе си, не можеш ни да ја сакаш другата личност во целост или да му се препуштиш целосно. Подоцна моите напори вродија со плод, и можам да кажам дека покрај мене имав комплетно друга личност, самоуверена, среќна, зрачеше од радост и таа позитивна енергија ми ја пренесуваше и самиот се чувствував среќно и сакано. Квалитетот на врската ни се подобри значително и поминавме многу среќни и убави мигови заедно.
    After all, секој сака покрај себе да има личност што е среќна и што го прави него среќен. А тука мислам дека е клучна самодовербата и доколку ја немате, партнерот, ако ве сака, ќе направи се што е во негова моќ да ви ја смени сликата за себе си, но ако тоа трае предолг период, едноставно доаѓа до психички умор кога константно само едната страна е таа која се труди, а напорите не даваат резултат. А една врска без интимност и љубов, не е врска, туку пријателство. :)
     
    На Shmizla94, Milobebence, Scooby Doo и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.940
    @Tan4ence Тани мила, не го испуштај најдоброто.
    Тоа нешто е најубаво кога го правиш со човекот што го сакаш повеќе и од себе.
    Не мисли на ништо лошо. Еднаш опушти се после полесно ке ти е ке видиш :inlove:
    Не дозволувај лошите мисли да те оддалечат од саканиот.
     
    На Tan4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    52.565
    Пол:
    Женски
    @Dream-Girl тоа беше совет од @worrieddd но јас истото би го кажала. :)
    @Tan4ence те разбирам многу добро, и јас бев на твое место до пред некое време. Имам повеќе вишок на килограми и многу ми беше срам што ќе мисли дм кога ќе ме види гола. Но тој многу ме поддржува, исто како тебе што те поддржува дечко ти и сфатив дека морам да сум опуштена. Еден ден најверојатно ќе бидеме во брак, тој ќе биде човекот кој ќе е до мене цел живот и не можам од него да се срамам и стегам. Сега не ми е проблем воопшто да сум гола пред него покрај вишокот килограми, тој ме сака најмногу и за него сум најзгодната девојка што постои. :)
    Само опуштено, многу добро е тоа што тој те почитува и сака покрај се. :hug:
     
    На Tan4ence, worrieddd и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.982
    Допаѓања:
    166.595
    Пол:
    Женски
    Немаш проблем. :) И не треба да мислиш дека имаш. Сите ние сме имале намалена самодоверба.
    Кон таков чекор се оди повеќе со одлука. Доволно е ти да сакаш и носиш одлука да го направиш тоа. Ќе се опуштиш постепено и ќе сфатиш дека не постои таков момент за да си ги гледаме и фокусираме на маните. Ако си сигурна дека тој е тој и дека сакаш да го направиш тоа со него, сите моменти кога ќе ти текнува на нешто што не ти се допаѓа кај себе ќе избледнат.
     
    На Milobebence, Scooby Doo, Tan4ence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. beauty.princess

    beauty.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2015
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Хи на сите.. мислам дека ја споделував мојата лов стори, но кој видел кој не видел од кога беше тоа веке и помина, но ајде кратка ретроспектива на целата приказна :D:D.. дечкото беше 29 јас 21, бевме многу години френдс на фб и дојде време и нешто повеке да бидеме.. разговаравме преку месинџер некаде три месеци бидејки јас не бев во мк и кога си отидов бидна што бидна бевме во хепи рилејшншип, свадби, чудби, запознавање со родители, обеќаше бракови, прстени и накрајот ја испокака целата ситуација на многу чуден начин со оправдување дека си ја сака бившата дека мене не ме сакал и дека сум му била само бројка... инаку бевме во врска точно два месеци. Тешко ми беше искрено, знам дека згрешив што му поверував ама ете волела па погрешила... пред некој ден се слушнав со татко ми кој ми рече дека бившиот се сретнал со брат ми и му рекол дека видел тој каква фамилија сум била јас и општо цела фамилија и тоа ме здоболе бидејки многу го сакав и моите многу му се радуваа кога идеше тој, значи немаше минимална грешка во однесувањето на моите беше пречекан како цар. Јас се изнервирав му звонам и му кажувам остро дека да не се осудува повеќе тоа да го прави и нека ми каже мене што толку мојата фамилја му направила лошо. Почна да се правда како тој ништо не кажал дрн мрн и ја толку готова да исклучам, на мене срекна нова и тука почна пак како си си отвара теми и ништо разговаравме ми рече дека бившата била само изговор дека немал никоја а причините биле толку банални за раскинување што ми ги кажа. Јас сум го мразела татко му (нема врска) причината беше бидејки тој има здравствени проблеми а татко му лежи здрав прав цел ден дома и заповед кога ке се жени синот пола од платата на него да се пракат бидејки тој нема ништо, а јас бев против тоа многу затоа што сметам дека е ненормално и дека животна желба му била во швајцарија а јас не сум сакала таму да живеем, а проблемот што тој тоа го знаеше од пред да се запознаеме.. и јас му реков моите чуства и емоции ги срамни како да не постојат, а тој и рече прими го моето длабоко извинување и да не те сакав бидејки јас сум тип што не се заљубува тек така, немаше докази немаше аргументи... на мене само момент, шт, чекај сослуши а нема што да сослушам.. му реков да те сакав но научив од тебе дека љубовта треба да ја давам само на луѓе кој навистина ја заслужуваат а не на стока како него... немаше одговор. Немаше на многу прашања.. знаев дека ме изневери, видов честитка од роденден од неговата бивша после мене се биле пак заедно, сега не се..ми рече да знам кога си отиде, знаеше се а не бевме заедно.. зошто се распрашува ако ме повреди... тој не сакаше да ми исклучи јас му реков ти посакувам се најубаво и изгасив. Ме додаде повторно на инста и фб го прифатив секаде но јас не го следам.. не ми пишува апсолутно ништо освен некој воут на сликата ако оди... што мислите вие, ми треба хелп, бидејќи навистина се чуствувам некако чудно затоа што прв пат наидувам на ситуација да се соочам со човек кој незнае да ја каже вистинската причина, испомешано е минатото со сегашноста, бившата е разведена има и дете, незнае да се снајде во темата што и да го прашам а ти што мислиш од типот на прашања ''Ги забавуваш уште мажените жени'' а ти што мислиш, а што ако да, а што ако не.. ке дојдеш со мене да живееш во швајцарија, викам никогаш со тебе и нема никогаш да ти дадам втора шанса.. но и покрај тоа покани секаде а нема да се труди пак да пише или бар нешто да се обиде.. ве сакам :l::l::l:
     
    Последна измена: 8 јануари 2019
  10. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Будалче си стварно. Зарем и после сите лаги негови и неговово никакво понашање задлужува воопшто да се доведеш во ситуација да размислуваш за втора шанса? Е што утре ќе ти напрај дете и ќе ти рече "Извини, се шалев само". Никако тоа. Љубовта треба да биде лесна, едноставна. Треба секоја жена да биде со човек што ќе ја почитува доволно за да биде искрен со неа. Некој покрај кого би се осеќала како цел свет да го има на дланка без разлика каде ќе се наоѓаат. Ти си млада, така да мој совет ти е да не си трошиш време на некој што не вреди.
     
    На Annora, Snowflake97, beauty.princess и 2 други им се допаѓа ова.
  11. beauty.princess

    beauty.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2015
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    За втора шанса у никој случај.. само не ми е јасно после сето тоа се понаша као ништо да не се случило па одозгоре на се покана ми праќе пак.. а ја што сум си будалче сум си :D:D но ме здоболе тоа што зборувал глупости на брат ми и тоа беше и причина што му се јавив, иначе НИКАКО! Сепак фала ти на советот :inlove::inlove:
     
    На Someday му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Тоа е особа без осет и без срам. Место да се засрами тој те дматра како лесна мета што може да јс има за резерва кога и да посака. Да имал добри чувства и мисли прво не би се разделил со тебе, а второ не би се дрзнал глупости да зборува на твоите. Не заслужува таков ни да го погледнеш. Така да, живеј си го животот и не се замарај, ќе се појави некој што ќе знае да те цени сигурно. А овој ќе може само од страна да гледа и да пати по тоа што го загубил а можел да го има. Позз :hug:
     
    На Alisa22 и beauty.princess им се допаѓа ова.
  13. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.291
    Допаѓања:
    20.748
    Пол:
    Женски
    Еден дечко за кого имав чувства пред повеќе години повторно ми се појави во животот, не се случува нешто премногу ама секогаш кога сме со повеќе луѓе го приметувам како ме гледа само мене, и почна повеќе да сака со мене на само да седи и да разговараме. Уште одамна имав чувство дека барем малку му се допаѓам и тоа до ден денес го мислам. Проблемот е што повремено го има и после како да се губи..си мислам дека е поради едно "лошо" искуство што го имав со него пред неколку години и тоа не му дозволува да ми се приближи повеќе. А исто и јас не превземам некои драстични чекори за да му покажам дека ми се допаѓа. Не знам како да постапам, не сакам повторно да губам денови(месеци) надевајќи се на нешто за кое можеби нема иднина. Каков е вашиот совет?
     
  14. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    52.565
    Пол:
    Женски
    Пиши му, или пристапи му прва со разговор на само кога сте собрани повеќе луѓе. Можеби чека некој знак или не е баш сигурен како ти се чувствуваш во врска со него. :) Мислам дека од самиот разговор со него би можело да заклучиш колку е заинтересиран и дали воопшто е.
     
  15. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.291
    Допаѓања:
    20.748
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден бевме собрани кај другар, и постојано беше до мене и сакаше константно да му обрнувам внимание, наоѓаше начини да ме допре малку на рака, ништо нападно. Вечерта после ми пиша и наредниот ден зборевме цел ден, и вчера јас му пратив слика ама само ја отворил и од тогаш ништо..не знам што му е стварно.
     
  16. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    52.565
    Пол:
    Женски
    Да не е зафатен со нешто? Работа, учење? Ако не, не гледам зошто не би ти враќал на пораки, освен ако не е многу заинтересиран или можеби не знае точно што сака и чувствува во моментот. Времето покажува се.
     
    На rolulika му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.291
    Допаѓања:
    20.748
    Пол:
    Женски
    Да, зафатен е со учење. Можеби до тоа е. Сепак за една порака на ден секој има време што знам (си се залажувам :rofl:). Ти благодарам многу :l:
     
    На rolulika, Tina22m и Amellie13 им се допаѓа ова.
  18. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.735
    Допаѓања:
    15.230
    Пол:
    Машки
    Или можеби има друга?
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Или можеби е од топло-ладно типовите :?:
     
    На Hellobeautiful и rolulika им се допаѓа ова.
  20. rolulika

    rolulika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2018
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    За мало внимание и едно здраво е доволно, него мене во целава ситуација што ја објасни ми падна в очи она лошо искуство, колку лошо било тоа?Толку е лошо за тој да делува дека има нешто кон тебе а друго да му е во план?
     
    На Amellie13 и Snowflake97 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.