Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Fatum nos iunget

    Fatum nos iunget Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2018
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Скарани сме веќе пола месец заради некои муабети за мене што не се точни. Пред некоја недела ме побара повторно бидејќи сакаше да ме види и да се смириме но јас бев пренервозна од постапките негови кога се скаравме бидејќи ме игнорираше и се занесуваше премногу што му се истурив и премногу се наметнав почнувајќи повторно да му се објаснувам за случката иако сто пати му докажав дека не беше така. И последно кога престанав да зборувам само го прашав зошто ми беше лут, призна дека бил конечно и ми рече бидејќи сум го лажела, бидејќи премногу сум го изнервирала и продолжив да го прашувам што те изнервирав и не ми одговори ништо...
    И само што ме остави дома, солзи ми дојдоа не си дозволив себеси да ме види расплакана, никогаш досега се немам расплачено пред него. Можеби и не знам секогаш чуствувам дека мисли дека се што кажувам е лага, сите мои чуства кон него дека не се вистински...И можеби заради тоа секогаш сакав да му се докажувам но како што гледам не успева..

    Сега престанав да го барам бидејќи сметам колку сум поупорна толку повеќе го оддалечувам. Се откажав, сметам дека е подобро време да помине. Што мислите вие?
    Искрено премногу сакам да ме побара но се плашам од тоа како ќе постапам бидејќи не знам како веќе, хаос ми е во главата.
    Сакам да го откачам но не сакам да бидам гнасна и да ме мрази туку сакам да сфати дека е виновен за целата ситуација и за сите сомневања. Ако се вратам и сега, тогаш па секогаш ќе ми прави вака кога ќе види колку сум слаба на него...Сакам да покажам став малку. Но не знам како да постапам. Самодоверба и се ми појде по вода....

    Како можете да ми помогнете вие? Премногу сакам да знам како би постапиле вие на мое место? Што би му рекле?
     
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Не ти треба некој што не ти верува, туку верува на трети лица што зборат за тебе. :)
     
    На cresa-jagoda, hermosa, Moon.Girl и 8 други им се допаѓа ова.
  3. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Зависи нему колку му е стало до тебе. Ако му е, ќе те побара. Ама кога ќе те побара не треба навраќање на шо било како било, туку затворање тоа поглавје и терање напред. Ако не те побара, значи не сака ништо со тебе.
    Контра ефект е тоа упорно барање. Никој не сака некој да му стои обесен на телефон.
    Јас те сфаќам дека ти е криво зашто ситуацијата била лага ама јбг, се е со причина.
    А зошто тој не ти верува за чувствата?
     
    На shining_star, Summer16 и Fatum nos iunget им се допаѓа ова.
  4. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.503
    Пол:
    Женски
    Не си наведила колку време сте биле во врска, но не е ни толку битно штом сте биле заедно требало да ти верува тебе а не на некои персони кои веројатно од лоши побуди сакале да ти наштетат. Исто и за чувствата веројатно си му докажала и покажала во одредениот период дека навистина го сакаш. Сметам дека не треба да го бараш ти, тој треба да те погледне во очи и да ти се извини бидејќи не ти верувал. Нема смисла да го молиш ти, треба сам да е свесен што има покрај себе. :!:
     
    На Fatum nos iunget и Annora им се допаѓа ова.
  5. Fatum nos iunget

    Fatum nos iunget Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2018
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Не се скаравме поради таа причина, тој стави крај на сето тоа со муабетите ама јас чуствував некоја потреба дека треба да расчистам со тоа бидејќи таква сум ако некој ме обвинува за нешто што не сум виновна имам толку бес во мене што не знам што ќе направам и упорно му докажував и дојдовме до конфликт и не знаев да се контролирам и поради тоа се скаравме. И сега овај пат повторно се навратив на тоа кога ми рече да се видиме а гледам дека му смета, можеби не требаше да се наметнувам толку и ќе се средеа работите.

    Бидејќи таква сум никогаш не сум била отворена со него, многу ретко и кога сум била претежно сни се карале бидејќи прегорделива сум и наместо убаво да искажам што чуствувам јас абе господ знае што правам...
    Сакам да се среди се, од една страна и јас се обвинувам за ситуацијата но и тој со некој постапки претера, не знаете колкав провокатор е кога ќе се скараме..Едни клучеви што ги оставив кај него кога се скаравме не сака да ми ги врати и ме нервира, страшно ме провоцира ама го сакам:?:
    И сега не знам дали следно кога ќе ме побара да се правам недостижна или да заминам со него....
     
    Последна измена од модератор: 30 јануари 2019
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    @Fatum nos iunget така не се решаваат проблеми, многу незрело однесување. И да се смирите сега секогаш истото ќе ви се случува.
    Мора да работите на тоа како ги решавате проблемите, без препукувања и повеќе доверба, слога.
     
    На Fatum nos iunget и Martka им се допаѓа ова.
  7. Fatum nos iunget

    Fatum nos iunget Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2018
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Епа токму заради оваа причина сакам поинаку да постапам со него овој пат. Но не сакам да го изгубам. Слаба сум премногу на него ама треба да престанам бидејќи премногу моето расположение е под негово влијание. Како да се изгубив себеси. Мора да се оддалечам сега малце и да поработам на себеси.
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Истото нека го направи и тој.
    Па ако вистински се сакате ќе најдете начин се да пребродите и зрело да ја градите врската.
     
  9. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Сега ќе ти дадам еден совет, послушај ги и другите феминки, сепак на крајот одлуката е твоја.

    Пред месец ипол раскинав со човекот што многу го сакав, го сакам се уште, не велам не.
    Секогаш се плашев од тоа да не го загубам. Што ќе биде со мене, дали ќе ме заборави, дали веднаш ќе најде друга.
    Се случи еден инцидент помеѓу нас односно според него јас сум правела сцени.
    Се трудев да му објаснам, праќав другарки да зборуваат со него бидејќи одбегнуваше разговор се додека не се изморив од тоа и не кренав раце па на крај кај виновен, добив и блок, ватевр.
    Зошто тој тебе не ти верувал? зошто верувал на другите?: зар не те доволно познава?
    Не ти се смачи да му објаснуваш заради муабети рекла казала?
    Ова не е врска кај што секогаш ќе се плашиш дали ќе ти верува или не.
    Права врска е онаа кај што си имате доверба еден во друг а не со незрело однесување.
    Дај си време на себе но и на него, да ги средите несогласувањата, и направи компромис со него.
     
    На Sofice му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Caci55

    Caci55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    526
    Пол:
    Женски
    Те читам и се чудам. Со вакво твое однесување кон него нормално е тој да не е сигурен во твоите чувства, но и неговото инат-детско однесување со тоа што не ти ги враќа клучевите е многу несериозно. По ова што читам се прашувам колку време сте заедно но не е важно ни тоа, се прашувам каква е таа врска со вакво однесување и твое и негово, на што ви е базирана таа врска? Се ми личи дека ви е базирана само на страст и секс, па мајка му договорете се да сте пријатели со бенефиции и решен проблем.
     
  11. helloitsme

    helloitsme Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2016
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Како ги решавате проблемите во врската кога со партнерот немате исто мислење за некои работи и ќе почните да се карате? Се нервирам секој пат кога на дечко ми му кажувам како е навистина и како треба да постапи за нешто а тој не го разбира тоа...
     
    На Fatum nos iunget му/ѝ се допаѓа ова.
  12. PurpleQueen

    PurpleQueen Нов член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво женски,

    Како повторно да стапам во контакт со некој со кого имам излезено на кафе два-три пати пред неколку месеци? Другарски излеговме, но јас се надевав на нешто повеќе.
    Како и да е, ни се заладија односите, се немаме ни видено скоро и не знам како повторно да се зближам со него. Дали да се поставам другарски или да бидам подиректна?

    Ви благодарам.
     
    На Kjara15 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    За жал драга, да сакал нешто повеќе ќе имало. Батали го мое мислење. Колку повеќе му даваш значење полошо за тебе :)
     
    На Animali, Caci55 и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.828
    Допаѓања:
    80.764
    Пол:
    Женски
    Зависи какви се тие работи за кои се има различно мислење и дали тоа има поврзаност со меѓусебниот однос. Ако станува збор за некои општи работи, кои повеќе се однесуваат на нешта надвор од врската, не мора да е тоа причина за расправии, секој има свои начини на мислење и делување, но ако се однесува конкретно на врската, треба отворен разговор. Пречести расправии не се добри. Не може секогаш едниот да попушта и да се повлекува. Никој не би требало да е во врска во која чувствува незадоволство.
     
    На helloitsme му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Brinetka

    Brinetka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2018
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    8.066
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, идеме со дечко ми скоро една година, како сите врски и нашата на почетокот беше мед и млеко последните 3-4 месеци реално според мене не е како шо треба, јас сум личност што забележува ситници знам некогаш да сум брза на јазик ама сакам рамнотежа во врската, проблемот е што не знае да прави муабет каков што треба за да се реши некој проблем или ја превземам иницијатива или се караме за тоа кој што направил и кој е крив, се сакаме премногу но ретко пишуваме и се слушаме само неколку пати на кратко во денот и плус пораки, не знае да ме ислуша кога имам проблем затоа што се си поврзува од негова страна, нонстоп се жали како е тој изморен и си легнува у 10 секоја вечер а кога испаѓа со другарите знае да одспие па после да искача, од различен град сме и кога ја излегувам некогаш чувствувам како да во него има некои несигурности, секогаш мисли дека јас ги стварам проблемите и е многу тврдоглав, имаме врска каде што секој има право да оди каде сака но секако со граници, имав пробано мн пати да зборувам но џабе е како да сум му солела памет, ве молам некој совет затоа што ми е смачено да се расправам за банални работи и да се ствара некоја негативна енергија некогаш не се ни зборува со него што делува дека е незаинтересиран и плус видео игрите се на прво место
     
  16. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.429
    Допаѓања:
    22.134
    Пол:
    Машки
    Pa ako vie samite ako ne najdite nekoja sredina so odgovara za dvajcata sto bi te sovetuvale ovde osven da mu raskinis ako ne odi?
     
  17. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Штом има граници значи сепак ја нема таа потполна слобода. А со потполна слобода оди и потполна доверба.
    Ми изгледа како да немаш доволно доверба во него, тоа што сте од различен град како да ти создава сомнеж.
    Исто имам чувство дека ти се чувствуваш запоставено.
    Тоа дека си легнува во 10 часот, на прво место се видео игрите, не верувам дека е коренот на вашите проблеми.
    Ти очекуваш повеќе од него а тоа не го добиваш. Размисли дали навистина сама си правиш проблеми каде ги нема или навистина двајцата не внесувате еднакво во врската.

    Доколку не си задоволна, седнете разговарате, кажи му како се чувствуваш.
    Детално разговарајте што ви смета и на двајцата.
    Само преку искреност може се да се реши, ако се сака.
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Brinetka

    Brinetka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2018
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    8.066
    Пол:
    Женски
    Пробав да раскинам и да бидам реална ја го тешев на крајот дека премногу ме сака а и јас него, ама кога доаѓа некој проблем и трба да се реши кај него се е рамно како плоча јас сум крива на крај

    Реално и си во право, јас знам дека обрнувам доволно внимание затоа шо секогаш кога и да му е нешо прва сум да решам а од кај него не е така некогаш не ни имам желба и ни причина да кажам што ми е
     
    Последна измена од модератор: 10 февруари 2019
  19. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Тебе тој ти е приоритет а ти него не, барем ти така се чувствуваш.
    Размисли дали си среќна во таа врска, па сама ќе знаеш што понатака.

    Сум била на твое место и добро знам како е, но едно научив секогаш има подобро и секогаш тоа што го нудиме заслужуваме да ни биде возвратено.
    Ти посакувам се најдобро, што и да одлучиш. :)
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Brinetka

    Brinetka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2018
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    8.066
    Пол:
    Женски
    Фала ти премногу за советот :*
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.