1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Brinetka

    Brinetka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2018
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    8.066
    Пол:
    Женски
    Машките се такви среќа на исклучоците, ќе направат се и ќе ти влезат во глава, сум минела многу вакви случаи цело ова ти е само период ќе помине, типот не е сигурен не ти треба таков ако си решила ти за нешо сериозно
     
  2. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.503
    Пол:
    Женски
    Веројатно дечкото моментално не е заинтересиран за официјална врска. Не значи дека е лош, и сама кажуваш дека добро се однесува кон тебе но изгледа дека не сака да се врзи. Немој да го бараш, остави на него ако е заинтересиран ќе ти пиши или ќе ти се јави, со комуникација полека нека зе развиваат нештата. Можеби му треба време. Остави на него.
     
  3. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Здраво, ми треба мислење во врска со ова. Имам двајца другари кои меѓу себе се многу блиски и понекогаш излегувам поединечно со нив но работата што ме буни е тоа што тие двајца никогаш меѓу себе не кажуваат дека биле искочени конкретно со мене. Буквално за сите други мислам дека си кажуваат ама за мене не. Зашто ме кријат?
     
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    Прво што ми текна е да не и двајцата имаат чувства кон тебе:?: што од друга страна и ми е малце чудно. Или пак да знае едниов ама мисли дека ти имаш чувства кон другиов....измешано малце.
    А како знаеш дека не си кажуваат? Онака отворено ти кажува секој поединечно- Х не знае дека излегувам со тебе...
     
  5. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Бев искочена со едниот вчера и шетавме и додека бевме надвор другиот му се јавува и го вика да се видат на што другарот што беше со мене му одговори "Се шетаМ сам низ маало па после ќе учам" но на крај испадна да одиме тројцата кај него дома + уште 2ца од друштво и кога ме виде другиот дека сум таму како шок да го мавна.

    А пред некој ден бев искочена со другиот (ако ме сфатите со ова едниот другиот секоја чест :D) и јас настојував да му се јавиме на другарот да дојде со нас..прво не сакаше ама после се јави и го праша дали сака да ИСКОЧАТ како и тој да е дома па нема друштво. Не спомна дека е веќе надвор а уште помалце дека е со мене.
     
  6. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Конкуренција се сметаат двајцата меѓу себе.
    Дали само на пријателска база или нешто повеќе кон тебе тоа не може да се каже. Сама ќе оцениш според однесувањето нивно кон тебе.
     
    На Hellobeautiful му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BrokenWings16

    BrokenWings16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Сакам еден и тоа многу, ама сум премногу срамежлива од него, кога ке го видам, се кезам, се возбудувам незнам ни сама што правам;( Немам самодоверба, се сметам себе си за грда, тоа е она што ме кочи да исп со него, може е глупо ама сигурно се има на некој десено да разбере, ке ви наведам неколку примери за себе..
    Никогаш. не ја врзувам косата поради моите ушиња:DЗначи дефинитивно се срамам, забите не ми се нешто Wowww...А тој? Тој е прекрасен...Се осеќам ко стварно да несум за него, али тој ме бара да исп сака..Амаа штоо ако не ме прифати таква каква што сумм..Можда е глупо тинејџерски години сумм ама ве молаамм за совет, и фала што одвоивте време за мене:D:sweat::?: се најдобро...
     
  8. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.503
    Пол:
    Женски

    Маани имаме сите, нема совршен. За другите да те прифатат и ценат, прво треба ти да се прифатиш самата себе и да се сакаш каква што си. Самодовербата нормално да е пониска во тинејџерските години сите сме имале такви кризи. Сега се оформуваш, се пронаоѓаш себе си. Би ти препорачала да се трудиш да бидиш најдобра верзија од себе си и да работиш на себе. Внатрешно и надворешно. Што се однесува до дечкото, биди природна, биди вистинска па макар и по малку срамежлива. Ако е доволно добар ќе ги види твоите квалитети, а мааните ќе ги засака. :)
     
    На Scorpiongirl12, Stark и BrokenWings16 им се допаѓа ова.
  9. BrokenWings16

    BrokenWings16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    :clap::l:Фала од се срце, ме насочи малку на друга страна:)
     
    На Liu му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.503
    Пол:
    Женски
    И да немаат сексуални чувства кон тебе, имаат некои симпатии како кон жена пријателка. Со ова се јавува природниот инстикт кај човекот за припаѓање. Не сакаат да те делат и сакаат да го имаат твоето женско внимание 100 %. Меѓу себе се чувствуваат како конкуренција. Ништо страшно, природно кај мажите па макар и за пријателка или другарка. Не си сфаќај ништо лично само пробај да му даваш подеднакво внимание како на другари, за никој да не се почувствува навреден и запоставен. :)
     
    На Animali, Prijatelot и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  11. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Јас имам чувства кон едниот но не сакам тоа да го примети и повеќе му обрнувам внимание на дечкото што го гледам само како другар. Лошо ли правам со тоа?
     
  12. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.429
    Допаѓања:
    22.129
    Пол:
    Машки
    .....


    И што ќе му правиш на чувствата кон едниот и зошто му обрнуваш на другиот внимание?

    Емпатија ли е или создаваш конкуренција меѓу нив односно љубомора кон дечкото што имаш чувства?

    Во прашањата можиш да пронајдеш и одговор што ти е потребен.
     
  13. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Не сакам да направам никаква љубомора нити конкуренција помеѓу нив, нема зашто да го правам тоа туку другарот према кого имам чувства некогаш има чуден, топло-ладен однос кон мене и не сакам да му посветувам многу внимание затоа што не знам сеуште на што сум со него..не сакам да ме примети.
     
  14. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.429
    Допаѓања:
    22.129
    Пол:
    Машки

    А која ти е целта тогаш со сето ова?
    Да го освоиш тој типот што имаш чувства и да го правиш љубоморен на некој начин?
     
  15. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Не значи дека ако има чувства кон едниот не треба да се дружи со другиот.
    Само убаво е да се знае кој што чувствува за да не настане недоразбирање.
    Ако вториот дечко ја гледа само како пријателка се ќе биде океј но ако таа им се допаѓа на двајцата тогаш може проблем да настане.
     
  16. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.429
    Допаѓања:
    22.129
    Пол:
    Машки
    Мислам дека и двајцата ја бендисуваат, затоа така и се поставив.
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Јас не знам каде пишав дека имам некаква цел? Прашав зашто едниот со другиот не споделуваат дека се гледаат со мене и тоа е тоа. Другари сме од раѓање што се вика секогаш односот ни бил ваков, не сакам да сфати едниот дека го гледам за нешто повеќе бидејќи може и пријателскиот однос со него да го уништам па затоа повеќе имам контакт со другиот што го гледам само како другар. А и убаво прашав погоре "Лошо ли е?". Можеше на тоа да ми одговориш ако веќе ми враќаш.
     
  18. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Можеби бидејќи повеќе му посветуваш внимание на другиот така тој се чувствува и не е целосно отворен со тебе.
    Искрен совет, ако не сакаш да ги изгубиш двајцата мораш да си искрена.
    Ако мислиш дека се создава тензија меѓу нив, иницирај ти заедничка средба, дружете се сите заедно. Но, за да не повредиш ни еден од нив, мораш да си искрена доколку одлучиш да бидеш со тој што ти се допаѓа.
     
    На Hellobeautiful му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу за советот, ќе пробам во скоро време да ја средам ситуацијава пред да е доцна :l:
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.503
    Пол:
    Женски
    Признај си на себе а потоа и пред нив. Во животот правиме различни избори еден од нив е избор на дечко/маж. Тој сега игра топло - ладно бидејќи и тој се плаши да не те изгуби како другарка и не знае какви размислувања имаш ти. Клучот е во искреноста, и подобро е да биде порано за никој од ситуацијата да не излезе оштетен. Си бегаш од себе си со тоа што му обрнуваш повеќе внимание на оној кој го гледаш како другар, а исто така ги збунуваш и нив. Твојата енергија дека имаш симпатии кон дечкото, ја чувствува ама не е сигурен на што е бидејќи ти си малку резервирана и недостапна за него. Не е некоја комплексна ситуација, со искрен разговор и следење на срцето и чувствата ќе се реши. :D
     
    На Hellobeautiful му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.