Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Па чим не правиш како што си замислил тој, одма нестабилна си :D
     
    На smooch, lovestoneddd, Annora и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Епа ајде, да кажеме дека неговите чувства се битни и таа мора да биде со него макар и да не го сака, макар и најголемо мачење да и е, сѐ нека и биде најлошо ама мора да биде со него.
    Кога бе ќе сфатите дека не ги поседувате чувствата на партнерите? Дека на "не те сакам" не е соодветен одговор "ама јас те сакам". За партнерство треба обострана љубов. Штом не е обострана - нема партнерство. А тој со чувства може да си ги закачи на бандера, било тоа машкото или женското.
     
    На smooch, sparklie, senza.parole и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.396
    За месец дена па и не е љубов туку заљубеност. Таа минува. Освен ако не се фиксираш како момајов и се злопатиш со години после. Сите сме биле заљубени и сме се одљубувале по некое време. За љубов треба малку повеќе.
     
    На Annath и Animali им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    What?
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    Ама ти, го сметаш запознавањето со родителите за посериозен чин, можеби неа не и значело ништо посебно. Не можеш да знаеш и не можеш да сметаш дека твојот начин е правилен и според тоа да донесуваш заклучоци за другите.

    Убаво ти кажа @DAngel, ако љубовта не е обострана, за какви чувства зборуваш? Според тебе таа требаше да продолжи со него иако не го сака? Не можам да те разберам.

    Каква врска има твојата бивша?
    Па не знам, ти кажи ми. Гледам дека постојано ја/ги спомнуваш кога даваш совети на другите, а немаат баш никаква врска. Или не можеш да се помириш со ситуацијата или не знам што е.
    Имаме разговарано да, ама не се ни сеќавам. Искоментирав само врз основа на она што го читам тука од тебе.
     
    На 1209, Animali, lovestoneddd и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.396
    Кој дел не е јасен?
    Си чула за infatuation? Се разликува од зрела љубов. Она што се влажни некој или срце лупа ко лудо а не го ни знаеш човек со сите предности и мани подетално е заљубеност.
     
    На Annath и Animali им се допаѓа ова.
  7. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.429
    Допаѓања:
    22.126
    Пол:
    Машки

    Машкото спомна дека го запознала со сите и вака му направила. Веројатно некоја личност што е сигурна во своите чувства нема вака да направи (освен го занемарив фактот семејството да ја премисли, ако тие не го бендисале). :)


    За мене вака кога не зборувам, а упорно ме "влече" некој на форум ме иритира и веќе ми се губи сета смисла на разговор и не мора секој пат да ми се повторува едно исто за нешто што сум плачел на форум по некоја бивша девојка. Да, стварно, ме болеше и бев слеп. Ме болеше, и се соочив со вистината, онаа вистинската вистина, а не драмата што ми ја приреди тогаш и знаев дека нешто не штима. :)


    А се дотогаш ко че не ми биди нешто јасно односно логично или ме интересира некое друго мислења (од различни луѓе, пред се на форум) ќе поставам овде прашање за мојата девојка.
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Во склоп на околности, и јас имам запознаено дечко со родителите уште пред да бидеме во врска. Се случува, јбг, некогаш не се замараш.
    И сегашниот дечко го криев од домашните, па сретнав еден од најблиските на улица. Нема правила, некогаш запознавање не значи ама баш ништо.
    Ако се запознале, ај па веднаш да ги ожениме.
     
    На Annath и Animali им се допаѓа ова.
  9. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.429
    Допаѓања:
    22.126
    Пол:
    Машки
    Добро, би требало доттука да биди сето цитирање, се додека не дојде момчето и не праша повторно за мислење и совет. Да не му вадам од прсти коментари од мое гледање, и пишувам како јас да сум тој.


    Мое мислење момчето е океј, ако се гледа добрината и искреноста, но мој совет е да ја игнорира и да си тера по својот пат.

    По мое мислење и искуство наместо да биди романтичен/clingy/очаен, игнорирањето повеќе скренува внимание/боли па можеби некогаш ќе му се врати, ама со оглед на тоа колку биле во врска и колку се познавааат мали се шансите.
     
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    Јас повеќе би го нарекла симпатизирање, заљубеноста доаѓа после неколку месеци. Воопшто не се согласувам со тебе, мислам дека бев јасна.
     
  11. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.396
    Све ок. Поинаку сватив тоа што болдираше. По моја дефиниција за симпатија не се трескаат лугето толку. За инфатуираност т.е. занесеност -да. Можда имаме различни дефиниции
     
    На Annath, 1209 и Animali им се допаѓа ова.
  12. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.719
    Допаѓања:
    46.293
    Пол:
    Женски
    Најблиските роднини на дечко ми живеат веќе 5-6 години во друга држава (не далеку, Европа). Тој има документи од таму, и добри шанси да најде убава работа. Планираме и сакаме да одиме бидејќи сметаме дека ќе имаме убава иднина. Плус ни е што ќе бидеме опкружени со луѓе што ги знаеме и кров над глава и слично.
    Прашањето ми е, како на најбезболен начин да им го кажам ова на моите?
    Среќна сум, возбудена, имаме многу убава шанса, сакам да одиме, одлучна сум, но тешко ми паѓа кога ќе ми текне на реакцијата што можам да ја добијам од моите.
    Не знам каков совет може да ми се даде на ова, ама ете да си симнам малку товар од гради и да слушнам и туѓо мислење.
    Благодарам однапред.
     
    На DAngel и Animali им се допаѓа ова.
  13. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.426
    Пол:
    Женски
    @Luminary Ако веќе подолго време сте во врска, твоите го знаат партнерот и ти си доволно возрасна, што те плаши конкретно од нивна страна?
    Најбезболен начин е смирен зрел разговор прво ти со твоите лично, а после чисто онака можете вие заедно со твоите родители да седнете на ручек некаде, на еден начин да прославите и да се ослободат малку, да добијат сигурност дека се ќе биде во ред.
    Кога ќе им кажуваш, не ја комплицирај, речи млада си, сакаш да напредуваш, а тука не гледаш таква можност, плус воедно дека нема да бидеш сама, а заедно таму ќе имате грб од роднините, т.е поддршка за почеток. Ако реагираат, рече дека сакаш едноставно да се обидеш, ништо не е конечно :)
     
    На Annath, Luminary, Annora и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да носиме заклучоци дали нешто или некој ја премислил. Фер беше од нејзина страна што му кажа на време и тоа е тоа.

    Никој не те влече, туку ти постојано ја спомнуваш бившата во буквално секој совет кон друг член. Ти си тој што постојано кажува некои примери кои тебе ти се случиле, а немаат никаква поврзаност со конкретната ситуаиција за која се разговара. Не можеш во проблемот на секој член да се препознаваш и да споредуваш со тоа што тебе ти се случило, а притоа да си носиш заклучоци.
    Во превод, секој е различен и има различна врска. Не се сите девојки како твојата бивша, ниту пак сите мажи каков што си ти.
     
    На Animali, DAngel и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  15. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.719
    Допаѓања:
    46.293
    Пол:
    Женски
    Благодарам @Animali за мислењето. Ме стресува тоа што моите се малку конзервативни, за мајка ми е тоа незсмисливо да се оди во друга држава, таму било страшно, а овде мирно (замисли).
    Знам дека ќе треба да се соочам и со нивното спротивно мислење, само се надевам ќе сфатат и нема да пружаат отпор или да се обидуваат да ме спречат. Не би сакала да поминувам низ стресови и караници. Ама за жал на тоа не можам да влијаам. Само убав мирен разговор и без комплицирање, убаво кажа ти, па ќе видиме како ќе биде.
    :hug::f:
     
    На Animali и Annora им се допаѓа ова.
  16. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.429
    Допаѓања:
    22.126
    Пол:
    Машки

    Во ред, се откажувам ни тој самиот олку не напиша околу сучајот па да зборуваме xd.

    Си има повеќе мисчења нека прифати тоа што мисли дека е најдобро.
     
  17. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.267
    Допаѓања:
    50.864
    Пол:
    Женски
    @Luminary мислам дека твоите ја знаат ситуацијата во нашата држава, дека тешко се доаѓа до убава работа и пари.
    Објасни им дека убаво ќе ти биде таму, дека нема потреба да се грижат.
    Кажи им дека сакаш да одиш за подобро утро т.е за подобар живот.
    Мислам дека секој посакува убаво за своето дете.
    На почетокот можеби ќе се противат, но кога ќе видат како ќе ти биде таму ќе го променат мислењето.
     
    На Animali, DAngel, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    Здраво, нова сум на форумов и сакам да слушнам ваши мислења.

    Пред извесен период откако ја преќинав мојата по ред 3та врска во животот, јас се променив од корен.
    Карактерно - од мирна и повлечена личност се претворив во агресивна, кавгаџика, плачка и хистерична а тоа мене буквално почна да ми пречи.
    Низ годините луѓето секогаш си играле со моите чувства, независно дали се работи од пријател до партнер или роднини.
    Никој до сега ме нема сфатено како сериозна личност па дури и на мои 30 години сум штетник во моја поширока фамилија иако се трудам да работам 2 работи за да излезам на крај и да не зависам од никого.
    Се наполнив со комплекси бидејќи од мали нозе бев малтретирана во училиште од моите соученици па така во најбрз можен рок станав предмет на потсмев во градот и кај и да излезам минатото ме следи.
    Би започнала од старт.
    Откако ја преќинав мојата прва врска, го собрав моето скршено срце и решив да продолжам понатаму, самата не знам како успеав, добив сила, набрзо сето тоа беше минато и по некоја година започнав врска со личност која одговараше на моите стандарди - работник, искрен, внимателен, посветен на врската, да ме сака и цени.. во втората врска одеше се супер, се додека на личноста не му текна да ми преќине бидејќи не бил спремен за врска после десет месеци.
    Успеав со поголеми тешкотии да го поминам тоа, благодарение на мојот трет партнер во животот кој ми беше многу добар пријател и на крај завршив со него во врска, не знам како но се случи иако не планирав ништо ама блискоста си го направи своето, решив да си дадам шанса да бидам среќна.
    Последната врска мене ми значеше повеќе од претходните две бидејќи бев прифатена од секого и мислев дека тоа е тоа. И кога конечно се опуштив после неколку месеци настана сериозна караница со него започната од мене бидејќи не ме почитуваше доволно, и учена од претходните примери дека не треба да бидам нечија играчка преќинавме.

    Сума сумарум кога се случи последниов удар, грешката почнав да ја барам во мене, дали ми фали мене нешто, дали нешто погрешно правам, дали нешто трето е во прашање.
    Кога решив да запознавам нови личности, на работа, приватно, започнав да се допишувам со дечко чисто пријателски без задни намери од моја страна, сакав да имам пријател на кој можам да се потпрам и да верувам во секое време, за да подоцна сфатам дека личноста ме гледа како секс објект бидејќи од старт му кажав дека не сакам врска поради икс причини.
    Наместо да ја смирам топката со таа личност тој се однесуваше како дете, да се лути бидејќи го одбив затоа што се уште имам чувства кон последниот партнер, ме нападна и упати погрдни зборови кон мене.

    На крајот решив да прекинам контакт со сите негативни ликови околу мене бидејќи се изморив од тапшање по рамо дека се ќе биде во ред еден ден.
    Се уморив да го слушам тоа.

    Размислував долг период и кога излегов од дома, минатото од погоре повторно ме сретна и почнаа навредите од машките и потмевањата од женските во кафичи, бутици, независно каде се движам.


    Ви благодарам однапред.
     
    Последна измена: 25 февруари 2019
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  19. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    А зошто ти се смеат?
    Дека имаш 3 неуспешни врски?
    Глупости...
     
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    Ми се смеат поради малтретирањата во училиште.
    Поради сите тие грди надимаци на моја сметка што доаѓало и до физичко насилство.
    Сега и да сакам да створам нови пријателства секаде ме знат како онаа ниска девојка, со блед лик и чудна градба на телото.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.