Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    @A_star
    Како мислиш те сретна минатото, на кој начин се случува тоа потсмевање?
    Буквално одиш во кафич и таму се наоѓа некој кој те навредува? Не ми е баш јасно. Би ти рекла воопшто да не се замараш кој и што рекол за тебе, бидејќи тоа било многу одамна а ти си сосема нова личност. Зошто дозволуваш толку да ти влијаат луѓе кои практично не те ни познаваат?
     
    На Animali и A_star им се допаѓа ова.
  2. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.210
    Допаѓања:
    13.670
    Пол:
    Женски
    Женска и јас имав надимак во основно и средно, бев крупна, грда , сиромашнаи повлечена и затоа на глава ми се качуваа, па дојде ред по 15години во иста фабрика да работам со тие луѓе и да им сум шефица.
    Коцките ќе се наместат без грижи само не треба да подклекнуваш и да си тераш напред и биди упорна за да бидеш што е можно поуспешна.
    Тоа се само луѓе кои комплексите си ги лечат на тој начин што наоѓаат жртва за омаложување.
     
    На hermosa, Konfetka, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    Па се случува така како што опиша ти, се случувало и да ме замолат вработените од кафичот,ресторантот или нешто слично да го напуштам местото заради мирна атмосфера и да не се случувале скандали иако им имам објаснето дури и на шефот кога се имам пожалено дека ме бркале па не ме сфаќале.
    Едноставно не се чувствувам добредојдено кај и да одам (Да го земам фактот дека бев предмет на потсмев дури и на пријателите на мојот брат, сестра и братучедите)
    Еден период кога бев во мојата трета и последна врска, сето тоа го игорирав бидејќи некаде конечно се чувствував прифатена, за да кога прекинав, и кога решив пак да се вмешам во луѓе мислејќи дека сето тоа исчезнало се појави повторно.

    Дали можам да ти се обратам во лп?
     
  4. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.210
    Допаѓања:
    13.670
    Пол:
    Женски
    Може не е проблем.
     
  5. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    9.397
    Пол:
    Женски
    Разбирам дека ситуацијата ни малце не ти е лесна, ама најнапред мора самата да си помогнеш и да сфатиш дека ти како личност вредиш многу повеќе од тие што те омаловажуваат, бидејќи таквите личности се полни со комплекси и своите комплекси ги лечат на тој начин.


    А што тоа ја нарушува атмосферата во кафичот кога си ти присутна? И искрено прв пат слушам за вакво нешто некој да бркаат од кафич, освен ако не е некој пијаница насилник и да предизвикува проблеми.
     
    На Animali, 1209, СуперДевојка и 4 други им се допаѓа ова.
  6. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    Бидејќи при едно мое одење во кафич, еден од насилниците се случи да ме удри по глава, јас се обратив кај келнерот дека сум напаѓана и не можам да седам таму ако може со пријателката на шанкот, ми се обрати - ако не ти се допаѓа оди си веднаш, не си потребна тука, само нарушуваш атмосвера, сите ти се смеат.
    Келнерот е исто така познат како дете што е од оние што сака да се исмева, но со него сум немала проблем до тогаш.
    На крајот си заминав.
     
  7. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    9.397
    Пол:
    Женски
    Те удри по глава и после келнерот то го рекол ова, па искрено КАТАСТРОФА!!!
    Но кога во кафичов се дозволени вакви работи и мавања и бркања да сум била на твое место искрено ти кажувам не би ми тежел паметот има да земам што ми дојде при рака и ќе го слупам по глава тој што те удрил, може и келнерот да си го добие, но него би му викнала полиција.
     
    На A_star му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Рече 30 години имаш?
    Извини, ама си можела многу позрели да ја решиш ситуацијата. Во полиција, го пријавиш дека те удрил во главата, и супер. Нека удара после тој со глава во ѕид.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  9. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    пријавувано е неколку пати, секогаш е истата приказна, девојче не драматизирај.
    Татко ми еднаш проба да го реши тој случај кога бев малолетна, на крајот ни дојде полиција во домот дека сме малтретирале малолетници а немаше ништо вистина.
    Еден период додека студирав и бев во друг град немаше такви проблеми, се се промени кога се вратив назад и почнаа истите работи почесто кога раскинав со партнерот и решив да се вмешам во народ наместо да се затворам.
     
  10. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    9.397
    Пол:
    Женски
    Ти сигурно до сега си немала ни потреба ни причина од полиција за да знаеш дека полицијата ама буквално за ништо не се замара и не превзема соодветни мерки, освен за пишување казни за друго не ги бива.
    И во друга тема ти кажав од искуство полицијата и инспекторите се ставени на функција ради реда, и да се курназат со функцијата, премногу слепо им веруваш дека вршат некоја работа бидејќи не си завршила у станица.
     
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Може би било фино да престанеш да ме следиш од една во друга тема за да ми кажуваш дека полицијата не си ја вршела работата.
     
  12. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    9.397
    Пол:
    Женски
    Ни најмалце не те следам тебе по темиве, така се погодува да не ни се совпаѓаат мислењата.
     
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Супер, следен пат кога сакаш да искоментираш работа на полиција на рандом тема, преќути си.
    Знаеме дека ништо не работат и дека ништо не функционира.
    Ама 30 годишна девојка не се жали на келнерот дека некој ја удрил по глава. Или се жали кај што треба или ги превзема работите во свои раце.
    Побогу, зошто би одела во кафич во кој никој не ме сака и сите едвај чекаат да ме удрат по глава?
    Да, сум имала и јас ситуации со оние кои би требало да ми бидат другарки во основно и средно. Ги изгурав некако тие години, ама не се вратив да пробам да градам пак врски со тие луѓе. Напротив, им дадов до знаење дека не ме интересираат. Кога речат следен пат дека јас сум таа што се одделила, само ќе им речам "Знам, и со добра причина". Нема потреба да дозволуваме животот да ни го градат луѓе кои не заслужиле воопшто да бидат дел од него.
    Ударање по глава е физички напад. За физички напад се оди во полиција и се пушта пријава. Излезе ли тоа во билтен, се отвори ли случај, нема веќе "не драматизирај". Ако треба и ќе се јавам на телефон да пријавам, да не можат да ме изигнорираат. Ако треба јавно ќе зборувам за тоа, ако веќе ги преминува сите граници. Булинг е грда работа, ама со ќутење само полошо ќе станува.
     
    На Annath, Animali, Rebecca_R и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Ти си седиш на стол а некој од нигде никаде доаѓа за да те удри по глава?
    Зошто?
    Колку и да си била исмевана порано особено во средни, секој од тие лица продолжил напред, пораснал/созреал и не би мислел физички да нападне некого кој ништо не му згрешил, освен секако ако човекот не е при здрав разум и има проблеми.
    Како доаѓа до тие контакти? Истите лица секогаш те напаѓаат?

    За средношколци ајде до некаде психичко малтретирање знаеме дека постои, но возрасни лица сред бел ден во кафич пред други лица да те нападне така не е разбирливо.
     
    На Animali, DAngel и Annora им се допаѓа ова.
  15. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    Постои една група на насилници во градот кои речиси ретко некој да ги сака или дружи..
    Баш тие насилници се познати и по тоа што ги малтретираат и домашните и често прават збрки низ градот.
    Едниот ја беше тепал мајка му многу често, жената по некој период почина.
    Гледам некогаш да ги избегнувам, ама кога едниот од нив почне, други ќе се придружат.
     
  16. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Или јас сум глупава или овде нешто не е реално.
    Зошто мене некој не ме удри по глава во кафич бе?
    Ајде во школо, во пубертет, сите сме се соочиле со некакви проблеми од тој тип, отфрлање од друштво, исмејување. Ама на 30 години ова да ти се дешава...не знам. Сигурно има друга позадина приказнава поради која не си добредојдена на јавни места.
     
    На Brinetka, Avery, Animali и 4 други им се допаѓа ова.
  17. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски

    Одговорив над тебе.
    Значи според тебе личноста има причина и да ја тепа мајка му?
     
  18. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Зошто баш тебе од сите луѓе во кафичот? Или со сите исто се однесуваат тие?
    Ако е второво тогаш не треба отфрлено да се чувствуваш, не е проблемот до тебе, тие се проблематични. Одбегнувај ги или ако ги здогледаш во кафичот, замини и оди во друг.
     
    На A_star му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.978
    Допаѓања:
    45.683
    Пол:
    Женски
    Луѓето ќе одат со години и потоа некоја случка ќе ги натера да сфатат дека не се еден за друг, тоа не значи дека не се почитувале или дека не биле сериозни до тогаш. Никаква врска нема тоа што го запознала со сите, ако не се гледала со него во блиска или далечна иднина направила правилно, нема што да го лаже и влече за нос.
     
    На Konfetka, Animali, sparklie и 5 други им се допаѓа ова.
  20. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Тебе не треба да те интересираат нечии семејни односи туку зошто баш тебе од цел кафич те удрил по глава? Зошто не ја удрил на особата која била со тебе во моментот?
     
    На DAngel и baba Rada им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.