Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Мхм,зошто? :)
     
  2. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    6.633
    па бидејќи така си се потпишала и ме интересира.не се секирај сигурно не те познавам.а има милион кристини.поздрав
     
  3. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    нема причина да се секирам,секако не сме една :) фала за советот патем,поздравче :*
     
  4. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Tипично однесување на другарките ,скоро сите сме поминале низ тоа :)
    Вака дечкото не ми изгледа заинтересирано за неа,а ти гледај да не претераш со љубомората и тоа што си ја аднала на ФБ воопшто не го оправдувам,која е целта да трошиш време и енергија на небитни ствари? Сама си се оптоваруваш.
    А за другарките нејзини ич не се секирај.И мене ми правеле така,детски работи :lol: На еден мој бивши нон стоп кога ќе се сретневме со нив му праќаа поздрави од бившата пред мене нормално,се смешкаа,се глупираа ,додека еднаш тој не ги направи лом пред мене.Тогаш пропаднаа во земја и јас се смешкав не они.Така да можеш да му кажеш на дечко ти дека ти смета тоа нивно однесување и да не дозволува така да се понашаат пред тебе.Нека се поздрави со нив и нека си тргне со тебе.Само седни убаво разговарај,не со плачење и такви ствари :!:
     
    На Christina.A му/ѝ се допаѓа ова.
  5. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Кристина мој совет ти е да не се замараш со бившата на дечкоти и со нејзините другарки кои сакаат само да те провоцираат и да ти направат проблеми во врската ,не им обрнувај многу внимание ,на бившата јасно и е дека тој нема да биде со неа, тоа тоа што ти се потсмеваат сакаат само да те повредат,нема потреба да се оптоваруваш со негативни мисли и мислам дека голема грешка правиш со тоа што си направила лажен профил и ке ја надгледнуваш девојкава ,најди начин да го оттргнеш сомнежот и тие мисли ,немој да претеруваш со љубомора едноставно уживај си со дечко ти и секогаш биди насмеана пред нив не им давај слабост на нивните провокации,можеш да разговараш со дечко ти и кажи му дека ти пречи да застануваш со нив ,па следен пат оддалеку само едно здраво нека им рече или нека се прави како да не ги гледа ,не ги препознал и нека ги одмине .
     
    На Christina.A му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Мислам дека неговото одбегнување кон нив штотуку започна од Саботата ... една по една. :)
    Благодарени на вашите совети,го деактивирав лажниот профил и мислам дека тоа мноу ќе ми помогне,а тоа со нејзините другарки ... мислам дека следниот пат нема толку лесно да ме изнервираат па да неможам да им возвратам со цинична насмевка како нивната. Ми влеавте повеќе самодоверба. Фала ви. :*
     
  7. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    Стварно не знаев каде да ја ставам темева затоа шо не е скроз љубовна, Стварно ми треба совет и мислење за ова малце ке биде подолгичко но ве молам прочитајте и помогнете ми. Се скарав со најдобрата другарка поради тоа со бев со нејзин бивши само на еден ден... еве прво ке ви ја објаснам нивната ситуација. Значи они имаат раскинато едно 100 пати и коа биле у врска се по неколку недели само еднаш издржаа месец ипол и тогаш баш таа него го изневери со претходниот нејзин дечко.И еве поминаа 5 месеци од кога тие не се заедно ама понекоаш си се допишуваат онака безврска. А еве ја мојата и неговата ситуација: јас со него си се дружев одамна ми беше другар и тој ми има кажано дека му се свигам но јас никогас не наседнав на тоа и не сакав да бидам со него иако и тој мене ми се свигаше, а и нели не сакав поради другарка ми затоа шо таа не е за тоа две другарки да делат еден дечко па нема врска дали поминале 5 месеци,година ,2 или повеке.. јас на пример не се сложувам со таа теорија. И добро до кај стигнав е овака се се случи тој ми е мене супер другар , забавен е луд и супер ми е кога се дружам со него.Еден ден се шетавме и зборувавме нешто, се смеевме,кога одеднаш тој ме бакна и јас му дозволив не размислував и се препуштив да уживам во тие моменти. После тоа има мала грижа на совес поради другарка ми и му кажав да не го повторуваме тоа, и тоа што се случи тој ден да биде тајна која ке ја знаеме само јас и тој. Тој се согласи и си продолживме да си се дружиме како другари но секако имаше искри измегу нас но едноставно јас не смеев да бидам со него поради другарка ми и не сакав да си стварам проблеми со неа. И ете поминаа неколку недели од тогаш и се е нормално никој ништо не знае но јас и тој си се допишувавме се нормално во некои од пораките имаше напишано дека можеби не сме требале да имаме ништо и слично. Таа пред два дена станала во 5ипол сабајле и ми го земала мобилниот од под јастук и прочитала пораките и јас ја осетив кога ми го врати мобилниот но се правев дека спијам ништо не кажав.и Коа станавме после јас ја прашувам зошто ми го земала мобилниот таа на мене ми вика кога планираше да ми кажеш дека си направила нешто со мојот бивши? И ми се налути кажа да ја избришам од лкистата на најдобра другарка, да не се трудам да бидеме пак во добри односи затоа што таа ја изгубила довербата во мене и не сака ни да проба да ја врати затоа што се разочарала во мене... А таа мене ми има многу работи направено, кажано,ме има 100 пати разочарано но јас секогаш ја прифакав и ја тешев во врска за се, понекокгаш ке се налутев но брзо ми поминуваше. А таа мене не ме разбира дека тоа сто го направив јас со нејзиниот бивши беше толку не оцекувано и без размислување и само еднаш. Не можам да разберам. Таа не сака да помине преку тоа што сум го направила јас.. зар сум толку многу крива? Зар стварно вреди да ме отфрли само така...? од една страна знам дека сум на некој начин крива но што да правам тоа не можам веке да го исправам сум го сторила. Таа дури посака повеке да не се дружам до другар ми т.е нејзиниот бивши затоа шо неа и било гадно да не гледа еден до друг. И разговарав и со него и му кажав дека дознала и дека сме се скарале , и тој ми кажа да ја префрлам кривицата на него затоа што стварно тој поцна прв но јас му дозволив така да и двајцата сме криви. И секој ден до синока ми пишуваше дека се ке се среди и дека таа ке ми прости , но искрено јас не верувам. А од една страна кога ке помислам колку многу работи лоши таа мене ми има сторено, а таа мене колку многу ме окривува за оваа работа.. и не ми е многу жал што сме во оваа ситуација. Но јас не сакам да имам лош однос со неа но таа не разбира. А му кажав на другар ми да бидеме малце на дистанца и да не се дружиме како до сега и искрено едвај му го кажав тоа се поради неа, а и него му падна тешко. :( И стварно не знам што да правам многу сум збунета .. ве молам дајте ми некој совет како да продлжам не сум веке паметна не знам што да правам. Фала од напред :)
     
  8. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Ти си крива затоа што не си гледаш само за себе, ете зошто си ти крива.
    Таа е твоја најдобра другарка точно, но и ти самата велиш дека многу полоши работи ти има сторено па ти и имаш простено на неа. Само силните луѓе простуваат. Најлошо е тоа што поради едно машко се караш со најдобрата другарка, но ти не можеш да си ги контролираш емоциите. Тој не успеал со неа, таа не била вистинската за него. Можеби ти си таа вистинската за него, од каде знаеш?
    Јас не велам да си со него сега, но не треба да дозволиш и поради неа да си ги расипеш односите со него.
    За тоа што се случило сте и двајцата криви, не е само тој, но другарка ти нема право да ти го зима мобилниот да проверува, од каде и тоа право на неа?
    Ти требало уште денот кога се случило тоа да и признаеш, но сега не можеш да го вратиш времето назад.
    Немој да ја молиш да се спростите, таа ако реши да ти прости ќе ти прости. Твое е само да и се извиниш и да оставиш она да одлучи што сака и треба да прави.
     
    На Christina.A му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Addrianna

    Addrianna Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    15
    во една подолга врска како ќе знаете дали станува збор за љубов или само навика ??
     
  10. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    фала ти знам дека сум крива на некој начин и се што кажа горе ти, јас неа и кажав разговарав со неа и и се извинив и кажав дека ми е жал но таа ништо. Кажува само дека ме сака но ова не може да го прифати,и да постои некој начин се би направила да може да го прифати тоа.. Па ако ме сака зар љубовта не е доволна за да го прифати тоа што сум го направила??? и не е дека ние не зборуваме но сепак тоа е разговарање само за некои работи за кои мораме да зборуваме или да ме праша нешто или па јас неа.. а јас така не сакам да биде .. но ако не може другачије тогаш нека биде овака.. јас само знам дека не чувствувам голема кривица но тешко ми е што не може да ме разбере и ме навредува поради сето тоа што се случило САМО ЕДНАШ.... се надевам дека ке биде подобра ситуавијата затоа што јас навистина го сакам тоа но ако не сака таа тогаш ке биде како ке биде... се во животот си има причина зошто се случило. усте еднаш фала за мислењето . :)
     
  11. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Е тоа ке го дознаеш кога ке раскинете :)
     
  12. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    female.3 можеби нема да ти се допадне ова што ќе ти го пишам ама тоа е, секој си има свое мислење. :) Мислам дека стварно е лошо што си имала нешто со нејзиниот бивши. Лично јас никогаш не сум сакала да имам ист дечко или мувач со другарките без разлика дали раскинале пред 2 дена или пред 5 години! И лошо изгледа од страна, ај сега се погодил добар дечкото, ама да е некој кретен знаеш колку ќе си ја дигне цената? Еј брат двете ги поминав! Како прво самата кажа дека сто пати раскинувале, дали тоа ти кажува нешто? Тоа што другарка ти го изневерила дечкото нам не треба да ни е гајле, можеби ете потајно или потсвесно има силни чувства за него па затоа сто пати се смирувала, ако не и значи нема да прави цигански работи, фати- пушти. Како второ, не разбрав дали дечкото ти кажал дека му се допаѓаш пред нивната врска или одкако раскинале? Ако е пред, тогаш си требала да си ја искористиш шансата. Не си ти виновна што тебе те шмекнал. Како трето, кога веќе се случило ете ненадејно како што викаш си требала веднаш да и кажеш на другарка ти. Бидејќи вистината кога тогаш се дознава, а подобро е да слушне од тебе одколку од други! Мада мислам дека и не било толку неочекувано за тебе, бидејќи ако е, нема да се плашиш туку веднаш ќе потрчаш да и кажеш и да и се извиниш на другарка ти! Извини ако грешам. :) И како четврто :lol: не ја оправдувам другарка ти што ти правела грди работи и што те разочарала. Пријателите тоа не треба да си го прават. Ама кога веќе си решила да и простиш и да и погледнеш низ прсти, тогаш не е убаво сега да го користиш тоа за да се оправдаш! Тоа е мешање баби и жаби! Сега ова испаѓа, ееее па она мене тогаш тоа ми има направено, ако и е, враќам! А да, и воопшто не ја оправдувам што ти буричкала по телефонот. :^) Тоа си е твоја приватност.
    Мој совет е, ако сакаш да се смириш со другарка ти да ја оставиш некое време, нека се прибере. Па после пак разговарајте, објасни и, извини се и замоли ја да ти прости. А ако не сакаш да се смирите- тоа веќе си го постигнала. Позз :hai:
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  13. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37

    не сум сакала да и вратам иако можеби така изгледа, и да дечкото ми има кажано и пред тие да бидат заедно ,во мегувреме ми има неколку пати кажано, а и од кога раскинаа сега последниот пат и буквално му бев како најдобра другарка се ми зборуваше како им е у врска и добри и лоши работи ... сакам да кажам прв пат беа во врска пред 3ипол години и раскинаа таа си имаше други дечковци и воопшто не се дружеше со него и оваа година почна повторно да се дружи со него и мислам дека едно 7-10 пати се смирија и раскинаа. Но сепак го почитувам и твоето мислење.. фала :)
     
  14. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Пред да почнам да ви го раскажувам моето проблемче, морам да ви кажам дека сум тежок и непоправлив романтичар!!

    Лани за мај се запознав со најдоброто и најчесното машко што го имам запознато во цел мој живот. Бев најсаканото суштество на планетава. За се по газо ми одеше. Ама пошто си имам бубачки во глава и пошто татко ми успева да ме дотера до ситуација да не сакам од дома да излезам му се скарав. Оттоаш ако се сретневме низ чаршија си праевме здраво само и толку. Околу октомври ноември почнавме да си пишуваме на фб и можам да кажам дека нема тема што ја немам прочешлано. Ама се останува на пишувањето на фб. Имам и почнато нешто да му зборувам ко демек да се видиме и одма врти тема. Еднаш дури и му реков дека сакам да се смириме ама опет корпа. Ова беше некаде февруари. после пак ми пишуваше. Знам дека си нема фатено женска од ко сме скарани, а се нема ни мувано со никоја. Едно време другарите неој ми зборуваја демек оти не се смирите ова она, ама се на то остана.

    Е сега пошто лани на мај се запознавме ми дојде на идеја кај мене горе на покривот од зградата да напишам со свеќи ТЕ САКАМ или ИЗВИНИ!

    Што мислите вие за идејава добра ми е или тотален кретен ќе излезам??
     
  15. FreakyGirl

    FreakyGirl Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    3
    Squirrel ти предлагам да не го прајш то мислам дека ке испадниш будала...Дечкото делува како да е незаинтересиран за тебе пошто спомна демек си му имала речено за да се смирите а тој сменал тема
     
  16. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Позз феминки! Се мислев дали да пишам...
    Вака јас сум веќе долго време сама, некако се навикнав на тоа, ама доаѓа таков период кога веќе осаменоста не се издржува! Во принцип сум оптимистична личност и весела! Ама си имам тага на срце, сама сум! Некои ќе се најдат во мојов текст, ама луѓе немате поим како сега ми треба нечија прегратка, и да ми рече дека се е во ред! Многу неубаво се чувствувам....
    И дека јас сум таква личност, си викам ајде ако ништо не се дешава во живо,суша...(ради сплет околности немам можност барем во месецот да одвојам време да излезам, тоа го правам 1-2 пати), ќе пробам на интернет!
    И така, се пишував еден месец со еден, се нај нај имам за него да кажам! Во главно, момчето на карактер е весел, ужива да се шегува, многу работи и е скромен, ма да неговиот изглед мами! Ради тоа што работи цел ден, на повик е 24, пред некое време девојкаму го изневерла и му раскинала, па се скарале премногу лошо! И сега момчево, уз муабет ми вика дека не може девојка да има и дека не му треба, заради работава дека се му уништила...вика дека не може да даде отказ, од таму го вади лебот! КОлку што разбрав, бившата девојка стално му барала пари! Вика дека луѓето околу него, мораат мало трпение да имаат! Вика како да и објасниш на пример на некоја девојка која цел ден само кафе пие, и ужива, а дечко и работи ко луд, на некоја која само пари гледа, па уште да те изневерии и да ти ги удри клоците!
    И да се вратам на темава, значи бидна првата средба, ми рече дека сум симпатична, многу интересна и дека сум фацка! И јас како јас, свашта ми се сврти во ум, како леле ич не му се свиѓам ова она! После тоа седевме на мсн и зборувавме, јас културно се заблагодарив за убавата вечер, дека си поминав убаво, и тој истото го рече! И другиот ден,се фативме на муабет и јас како на шала го поканив на кафе, ама тој сериозно сфати! И тој, одма се согласи и праша каде и во колку? И се видовме во парк, тој беше малце тажен ама не се оддаваше, се шетавме, муабети на еден тон, смешки...!И така се шегувавме за сладолед, дека тој првиот пат, частеше, се подскаравме кој да плати, јас попуштив, и тој ми рече ќе частиш сладолед наредниот пат! И му викам ех, на сладолед мора да се оди, јас частам! И дечково да да,ќе одиме! ЗНачи не одбива средба! По средбата му пишав дали се чувствува подобро, и тој ми врати, да одкога те видов после долго време (а се видовме вчера). Сега пред малу се уклучи на мсн, па ме прашуваше што правам, и така на си одвење, ми вика убави сништа, сонувај како сме јас и ти заедно на сладолед!
    Луѓе незнам што да мислам! Се се одвива пријателски, ама несакам да си давам лажна надеж, да се повредам...... не сакам да се заљубам, особено не во некој што ме гледа само како пријателка! Што мислите вие за сето ова?
     
  17. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Можеби се однесува пријателски само за да не го сватиш погрешно.
    Има време излезете уште неколу пати и можеби ке испадне нешто поголемо.
     
    На Fleur-De-Lis му/ѝ се допаѓа ова.
  18. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.177
    Хммм ... Јас мислам да продолжите со мсн и фб или што и да е, па со тек на време ќе видиш на што си. :)

    А машкиов пол не троши време на некоја што само ко пријателка ја гледа, така да, сигурно има нешто повеќе. ;)
     
    На N.Kety и Fleur-De-Lis им се допаѓа ова.
  19. Volsebnicka05

    Volsebnicka05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    90
    па мислам дека треба малку и да останите на пријатели некое добро време......зошто без разлика дали ти му си симпатична или тој гледа само добра другарка во тебе, му треба време да му олади малку главата од врски, од обврски....зошто можеби некогаш ти ќе се почувствуваш дека во тебе тој уствари ја гледа бифшата и те тера (не намерно) ти да се се однесуваш како неа (ова ти го кажувам од искуство)... е тука ти се големи проблеми и ретко која девојка би го издржала тоа :|
    јас мислам дека е најубаво да зборуваш со него и да му кажиш дека сепак е малку рано и дека мислиш дека му треба време за да можи да си ги реши своите проблеми и понуди му се ти шо можиш да му помогниш.... мислам дека на ваков начин тој ќе има поубаво мислење за тебе и ќе можите ако понатаму бидите во врска освен женска да му се доближиш како пријателка ;)
     
    На Fleur-De-Lis му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Фала девојки! :)
    Гледам во хороскоп е јарец, па затоа е толку многу срамежлив, и бавен!
    Иначе на мојот профил, каде што и се запознавме, го начекав дека ме има гледано! Ме гледа секој ден!...
    Јас ќе одам по полека, што ќе биди нека биди!....
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.