1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Kiki_Riki123

    Kiki_Riki123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2019
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Јас сум разговарала и со двајцата, брат ми гајле му е што нема соба, си прави како си сака бидејќи е поголем. Со татко ми сме на "ќе" веќе со години. Јас зборам, него од едно уво влага од друго излага.
    Не знам како седи таква 3 дена, уште фали шампони и гелови да ми користи. (facepalm)
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    8.356
    Пол:
    Женски
    @Kiki_Riki123 треба да бидеш малку поупорна јас мислам. Особено со брат ти, нема врска што е постар биди си директна и кажи си што ти пречи. Зошто не работи, ако сака да си има интимност, свое катче, да си носи девојки нека оди, нека заработи, татко ти ќе го подржи и нека си прегради еден дел за него ако веќе имате услови. Што се однесува на садови и слични работи, брат ти може да измие ќе му кажеш дека си имаш обврски и чим веќе валкаат нека ги измијат барем. За девојката не сакам да коментирам, брат ти е тој што треба да си го реши проблемот.
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, Animali и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Frosi333

    Frosi333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2018
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Здраво.Веќе 3 месеци а можда и повеќе си пишував со еден дечко кој стварно ми се допаѓаше ептен.И јас на него му се допаѓав како шо слушав од други.Па неколку пати ми рече да излеземе ама тоа онака како на зафрканции и си пишувавме ние се така,за на крај да не врати ништо.Не знаев што е проблемот не сфаќав неколку дена кога денес видов дека тој се смирил со бившата.Ми беше многу криво и еве цел ден сум како во депресија не знам шо да правам...
     
  4. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.378
    Допаѓања:
    42.583
    Пол:
    Женски
    Не е лесно но тргни си се на страна. Не оди да им се мешаш, а и не оди да го чекаш.
    И покрај тоа што си му се допаѓала, на крајот тој ја избрал бившата. Тоа треба да ти кажува многу. А и тоа што после толку пишување наеднаш да те игнорира..
    Соочи се и продолжи понатаму. Немој да губиш време со него.
     
    На buba4e89, cresa-jagoda, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  5. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    Тој за да се смири со бившата сигурно додека се допишувал со тебе имал контакт и со неа. Ваквите машки си прават муабет со повеќе девојки во исто време па кај им успее и со која со таа си продолжуваат во врска. Не сфаќај ништо лично ти ништо погрешно не си направила и продолжи си понатаму.
     
    На cresa-jagoda и Frosi333 им се допаѓа ова.
  6. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Имам еден проблем со дечко ми ,многу е љубоморен а и од секогаш бил .Во последно почнавме да се караме за глупости кога ќе му кажам сум сретнала колега од факс и одма е таков а се поздравивте а те гушна ова е само нешто од неговите испади порано се каравме за облеки ,што и да облечам ми викаше многу ми било кратко за други работи е супер ама до љубомората до имаме голем проблем пробував да му објаснам само него го сакам скоро пет години сме заедно со уште кога ќе му речам љубоморен си одма се лути он мисли дека мене сите ме свиѓаат ,се напна зошто брат му рекол дека сум убава,имаше еден период прекина да е љубоморен и си реков имало спас од љубомората ама еве сега зборуваме на телефон и му кажав ми пишал еден другар и ми вика ќе му вратиш и му викам зошто да не и ми вика добро ајде чао јас јадам неможам да зборувам .
    Не сакам да му раскинам затоа што стварно се сакаме и долго сме заедно ама љубомората ептен ме напиња и не знам што да правам ...
     
    На VoodooGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Кажи му дека ако не престане да ти мрчи без врска дека нема ни да му кажуваш кој си сретнала и кој ти пишал. Од една страна би те советувала да не му спомнуваш ништо ама најверојатно ако дознае ќе ти направи сцена.
    Јас мразам љубоморни партнери, ко најголеми насилници ми се. Пробај реши го ова затоа што ќе се најдеш во ситуација да не можеш да направиш муабет со машко...
     
    На buba4e89, 1209, Nausicaa и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.583
    Допаѓања:
    36.780
    Пол:
    Машки
    Некогаш ние мажите приметуваме работи што вие не ги приметувате или пак не сакате да ги приметите. Едноставно, знаеме кога некои ликови ве гледаат како хиени и едвај чекаат да ви се вовлечат под кожа, најчесто преку "пријателство", а оваму им течат лиги по вас. Си се знаеме многу добро меѓу себе, и знаеме какви мисли ни се мотаат во глава. Ова важи и за премногу провокативна облека. Знаеме како ние ги гледаме девојките, па затоа знаеме и како другите ве гледаат вас.
    Јас, искрено и не верувам бааш во машко-женски пријателства и мислам дека во 99% од случаите ако има прилика, машкото би нешто повеќе, посебно ако физички девојката е атрактивна.
    Тоа е. Секој го гледаме како потенцијална закана. Единствената разлика меѓу млад дечко и веќе зрел маж е како да ја задржи во себе таа љубомора и наместо да прави скандал од секоја ситница, да се бори да си ја освојува својата девојка секој ден од ново и ново при тоа покажувајќи самоувереност и не правејќи кавги, расправии за глупости.
    Ама пак, вие сте веќе доолго време заедно и веројатно таа љубомора со тек на време не може веќе да ја држи во себе, а веројатно и монотонијата и рутината си го прави своето па бара рачки и кај што има и кај што нема потреба.
    Овака ако продолжи само ќе ја направи врската да ви биде токсична и ќе те изгуби со тек на време.

    Мораш да го седнеш и да му укажеш каде води сето ова, да се свести малце и промени понашање. А дека сите сме љубоморни, сме. Битно е како се справуваме со тоа.
     
    На cresa-jagoda, Stark, Animali и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Прво, како сум јас одговорна, за тоа што некој ме гледал 'како хиена'?

    Второ, зошто толку малку доверба имаш во способноста на една жена да рече 'Не', доколку партнерот го сака и цени доволно?
     
    На VoodooGirl, Bitter-Sweet, 1209 и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Ова е сериозен проблем и не е нормално, и да, веќе е токсична врската. Не може да те контролира тој како се облекуваш и да бара да не комуницираш воопшто со други машки.
    Дечкото очигледно си има комплекси во врска со твојот изглед и атрактивност (се налутил кога брат му рекол дека си убава бе (facepalm)), можеби и неговиот во споредба... нека поработи на тоа и да престане да ти ја ограничува слободата, или ќе треба да го баталиш. Не е ова здрава љубов со некоја занемарлива забелешка, не знам ни како сте функционирале 5 години вака... :tmi:
     
    На 1209, KateKane, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.583
    Допаѓања:
    36.780
    Пол:
    Машки
    Не му е него до довербата или дека не и верува. Туку до ниската самодоверба дека некој од тие хиените ќе му ја земе.
    Пошто, да бидеме реални, вие жените имате далеку повеќе прилики од нас мажите поради природните закони. Така да, он е под константен притисок дека може по 5 години, после некоја кавга/расправија, ќе улета некој подобар од него и ќе се деси нешто непосакувано.
    И не гледам ништо лошо во тоа што има страв дека ќе ја загуби, туку што е посесивно-љубоморен поради тоа и сам се минира во даденава ситуација.
    Затоа, треба убаво да седнат и да си направат муабет до каде ќе отиде со тоа понашање, наместо да се караат за тоа колку и како си веруваат еден на друг.
     
    На Brinetka, cresa-jagoda, Alisa22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Ако нема тој самодоверба, нека си работи на нејзе, нема што да лечи фрустрации на мене.
     
    На VoodooGirl, Bitter-Sweet, 1209 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Со него сум долго затоа што сум верувала дека ќе се промени . А он тврди дека ми верува ,само тоа ми е најголем проблем во врската со други проблеми немаме знам дека има многу добра душа. Имам разговарано многу пати пробав и со добро и со лошо ,му реков ако не престанеш да си љубоморен ќе раскинеме и он само почна да крие дека е љубоморен. Кое машко и да ми прозбори ме свиѓа ,му викам според тебе сите ме свиѓаат и ми вика да (facepalm) не знам како да му помогнам да прекине да е љубоморен ..
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Не му чини ова.
    Ич не прај разлика колку време сте заедно.
    Ако те ожени, дури тогаш ќе видиш што е љубомора и забрани.. Нема да можеш да мрдниш од дома без 'пратња'.
     
    На Nausicaa и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  15. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.583
    Допаѓања:
    36.780
    Пол:
    Машки
    Па тоа треба она да му го укаже. Дека со тој став, честите кавги, рчкање кај што има и кај што нема потреба само ќе ја изгуби.
    Со таков став, фаќање за зборови и одговори во стилот "кој си бе ти да ми кажуваш како да се облекувам и со кој да пишувам. Не ли ми веруваш дека не те варам? Не лечи фрустрации на мене.", само ќе си е*ат пиперот и ќе ја пуштат врската низ вода да им отиде.
    А 5 години не се малку време за тек така да се откажеш од некој. Веќе ако и се откажуваш, ќе пробаш претходно се што е во твоја моќ да направиш промена.
    Јас пробав да и доловам како најверојатно размислува он и зошто така реагира, и како може само да го реши проблемот. Ти од друга страна не и нудиш солуција, туку ја буткаш да раскине.
    Ако сакала да раскине тек така, немало да пишува тука...
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    А таа демек не ми рекла со арно во 5 години??
    Се' со дерење... |(

    Ќе прајме муабет, откако ќе бидеш во долга врска, и тоа во таква во која некој те контролира 24/7
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Можеби и самиот е како дечкото од Алиса, затоа и толку детално ни ги опиша механизмите на љубомората како нагон.
     
    Последна измена: 25 март 2019
    На Bitter-Sweet, KateKane, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Па ниска самодоверба не е исто со тоа што го пиша во првиот пост, дека добро си се знаат и осеќаат мажите меѓу себе со нивните намери. Напротив, ниската самодоверба те лаже самиот себеси. И кога истата се претвора во ваква љубомора и станува толку токсична по друг, другиот не е должен да го трпи тоа.
     
    На Nausicaa, Snowflake97, Billy Idol и 3 други им се допаѓа ова.
  19. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    Одредена доза на љубомора во секоја врска е здрава и покажува дека постои страв од загуба на саканата личност и потреба да се направи нешто за да се задржи љубовта но 5години без прекин или како пиша со мала пауза прекин на љубомора е заморно. Седни го дечко ти и објасни му најдобро што можеш како ти размислуваш за твоите контакти со машки и дека таа негова љубомора многу ти пречи и дека може да ве донесе до прекин на врска. Многу е важно и ти како реагираш. Ете опиша пример кога ти си му кажала ти пишал другар и ти ќе му вратиш а дечко ти рекол јаде и не може да зборува но што се случува потоа? Тој ти се лути па ти му се правдаш зошто си пишала или се карате и не зборувате? Важно е и со зборови и дела да му објасниш дека не правиш ништо лошо што си имаш комуникација со машки и дека тоа не е грев ако си во врска. Ако и по се не се промени неговото однесување размисли си дали си спремна на ваква токсична врска со постојано љубоморен дечко.
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Има логика... :lol:
    Толку длабоко да ја разбираш... или си психолог/психијатар, или си ти таков...
    Не вервам дека е доктор... :lol:
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.