Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Најубаво. На кој му треба таква врска?
    Кога ќе сфатите дека врска не вреди да се спасува и никој не е должен да трпи ништо.
    Ако иде таа низ вода, ќе дојде подобра.
     
    На KateKane, Nausicaa, Annora и 7 други им се допаѓа ова.
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Воведната реченица ' Ние мажите ' кажува све. (hollest)
     
    На buba4e89, candy.cane и WildMk им се допаѓа ова.
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Мене ова не ми е нормално некако. Мислам дека има комплекси во врска со него нешто и многу слаба самодоверба.
    Дечко ми мене сам ми кажува кој фустан ми стоел најубаво, па што и да облечам ми дава секогаш комплименти, а да почне да ми забранува што сакам да носам, јас не би толерирала такво нешто. Татко ми никогаш не ми забранил нешто, кој е па тој? Ете кога го спомнав татко ми, досега не сум видела на мајка ми да и забранува нешто и да и љубомори вака, дури сам се смее ако некој и пришол, на работа пример и оставил некој ливче со број, кога слушна тато за тоа се изнасмеа и рече "па кога имам најубава жена, нормално дека ќе ја посакуваат и други". А он нема ни некоја причина за љубомора, па уште и такво однесување. Јас мислам да направиш убав разговор и да одлучиш што како, подобро да се потрошени 5г отколку да ти е цел живот со забрани, љубомора и вакво токсични однесување... Во брак може и ќе ти забрани на работа да одиш, случајно да не те види некој... Свашта.
     
    На VoodooGirl, 1209, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.463
    Допаѓања:
    41.051
    Пол:
    Машки
    @lovestoneddd , јас не негирам дека не сум љубоморен и дека на работите што и сугерирал он за кратката облека или за тоа што и пишува пријателот, кхм "пријателот", нема да почувствувам љубомора, само нема истата да ја искажам како него и нема да има кавги/расправии и бранења.
    Не е проблем неговата љубомора, девојки, проблем е начинот на кој ја искажува.
    Уствари, може и е... Он дури и на брат му што рекол се лутел. Тоа покажува само колку е незрел.
    Ете, ако е дојдено нож до коска, нека раскине и нека си најде некој по зрел. Проблемот решен. Сите среќни на крај. :)

    Едит: Ете таткото на @Dream-Girl е пример на зрел маж кој знае како да ја канализира љубомората во нешто позитивно, но тоа не значи дека во себе не е љубоморен и му иде да го задави колегата. Се е до пристапот.
     
    На Milan93, cresa-jagoda, Dream-Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Колку е блесаво да помислиш дека секој маж што ќе и пријде сака да ја легне. Сите ние секојдневно комуницираме со луѓе што не ни се привлечни а не па да ги посакуваме. Ко што сфатив дечкото и прави проблем за секое машко што ќе и се најде у близина и со кого ќе направи муабет ( @Alisa22 исправи ме ако грешам). Не се работи за некој преблизок другар па да кажеш "не постои машко-женско пријателство".

    Од кај знаеш "пријателот" за што и пишал?
     
    На Someonespecial, cresa-jagoda, RosettaStone и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.429
    Допаѓања:
    22.121
    Пол:
    Машки
    Ако не си му дала некој повод претходно, за ова, олкаво неверување и љубомора тогаш дечкото има проблем со самодовербата. И треба да поработи на неа, и објасни му на "ваш речник" како што си се разбирате за други проблеми и да проба да сфати. Во спротивно оваа љубомора со текот на времето само ќе се зголемува, и твојата "слобода" ќе биде се помала.

    И тоа што ти вели дека ти верува, не... не ти верува.
     
    На WildMk, Annora, IM.TMKQ и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    А зошто цело време потенцираш дека е нормално да чувствуваш љубомора?
    Еве да ти кажам, не е. Се тешиш, демек да океј е, ама јас сум зрел и ја кријам. Не е поентата да ја криеш, а во себе да се изедеш. Поентата е да имаш доверба.
    Не значи по дифолт дека сите мажи се љубоморни. Таткото на @Dream-Girl е пример за маж кој си ја познава сопругата и не му е гајле дали некој ќе и пријде, бидејќи верува во неа.
    Мојот дечко не е љубоморен и тоа го тврдам. Имам многу машки пријатели, запознавам постојано нови луѓе кои ме аднуваат на социјални мрежи итн, ама никогаш не покажал знаци на љубомора бидејќи ми верува. А довербата е најважното нешто во една врска.
     
    На christinnn, WildMk, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. SARICKA.

    SARICKA. Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2019
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Колку и да ти е убаво со него сепак љубомората е БОЛЕСТ. Тој никогаш нема да го смени тоа,секогаш ке биде љубоморен.. но со тек на време и таа љубомора може да доведе до тоа да крене рака на тебе.Не гледај на годините колку сте заедно,ако е постоајно таков шо ке ти е? да ти прави притисок и да ти забранува....Размисли си убаво,како велат, Bolje spreciti,nego leciti.
     
    На WildMk и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  9. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    Јас не знам како може да бидете во врска со љубоморни ликови кои и за ситница се лутат.
    Ако нема доверба во мене и ме третира како негова сопственост и да ми кажува како да се облекувам, со кого да контактирам, веднаш ќе му дадам црвен картон.
    Најголема грешка во врските е што некогаш од страв да не ни раскине партнерот му го правиме ќефот, преќинуваме контакт со други само за да не ми се лути дотичнатиот, и што се случува утре кога не дај боже врската прекине поради други причини ти ќе останеш без пријатели, сама, изгубена..
    @Alisa22 дали ти му имаш забрането такви работи? Сигурна сум дека не, бидејќи си свесна за прблемите кои ја носат љубомората.
    Во ред е мала љубомора, ко доказ дека му значиш, но не претерана.
    Дали си подготвена да продолжиш да бидеш со таква личност во иднина па и во брак еден ден? На страна љубовта и годините кои сте заедно, тој нема да се промени а утре ниту до комшилук нема да те пушти да отидеш.
    Размисли што сакаш, и каква иднина сакаш. Дали сакаш да биде покрај човек кој цело време е напнат па дури и поради тоа што другар ти пишал или да имаш лабава и смирена врска со личност која ќе има доверба во тебе и нема да се потресуваш секој пат кога некој ќе ти пиша.
     
    На cresa-jagoda, KateKane, RoseRain и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Rosie4

    Rosie4 Нов член

    Се зачлени на:
    25 март 2019
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Здраво Го прочитав твоето мислење и би сакала да се надоврзам.И јас имам 18 години и сум во сериозна врска која опстојува се до денес без никакви прекинувања или тн. паузи. која трае во период од 4 години. И јас веќе во 2 година од врската почнував да се опуштам и веќе нашата страст прераснуваше постепено .И јас се плашев тоа да не прерасне во нешто поголемо,но секогаш сум држела граница помеѓу интимното фаќање и односите.Јас иако сум долго време во врска сеуште немам сексуални односи.Можеби за некого ова е смешно ,но јас не се чуствувам сеуште спремна да се предадам.Можеби тоа го имам сватено пресериозно исто како тебе или мислам дека сум сеуште мала за тоа.Незнам.Сакам со ова да кажам колку време и да одиш ,колку и да имаш притисоци од другата страна,не го прави тоа се додека ти не се чуствуваш спремно.
    А во врска со мојот дечко ,тој никогаш не ми наметнувал.И до ден денес иако немаме односи сепак тој не направил ништо ,што би можело да ми наштети.
     
    На cresa-jagoda, WildMk, Jessnow и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски
    Морам да прашам за мислење бидејќи мислев ќе помине, се гледав со еден дечко од друга држава, доаѓаше тука се беше ок, но бидејќи бев веќе разочарана од машки, не се залетував мн со него, онака од време на време ќе зборевме, кога се врати кај него, јас почнав да сонувам многу чудни соништа, понекогаш и страшни, ок може е смешно но спијам по 4 саати едвај, сонувам како сум дошла кај него и на врата ми отворила жена му и он дошол со детето во рака, сонував како да сум била на свадба, веќе неколку пати го сонувам со некоја, истата таа ми се појавува во сонот, не би сакала да кажам уште што се имам сонувано, страв ми е да спијам веќе, многу реално ми изгледаат соновите, страв ми е и да зборувам со него се си мислам ќе ме остави , ќе каже дека нашол некоја, почнаа да ме загрижуваат соновиве, не знам што да правам ;(
     
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Соништата ти се потсвеста твоја.
    Скриен страв кој го притискаш во себе, рече плус разочарана си била од машките, веројатно и претходно негативно искуство, си го прави своето.
    Мисли позитивно, пробај да се опуштиш и ќе се средиш.
     
    На WildMk, buba4e89, Tea678 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Здраво.Во друга тема пишав дека сакам да се вратам со бившиот.Му се јавив еден ден откако раскинавме,прифати да се видиме но не сакаше да продолжиме.Ми рече дека нема сила да продолжи,дека не сме еден за друг и дека ако ми даде уште една шанса за кратко време пак ке прекинеме..Но јас го премногу сакам.И кажал на моја другарка да го извести за тоа како сум,на враќање ме испрати до пред врата и ми рече „се надевам ќе го најдеш тој што те заслужува“,еве веќе втор ден пуши,пие многу,тагува,правел проблеми кршел надвор јавни врати.Зошто тагува?Зошто тогаш не сака да биде со мене ако е толку скршен?

    И имам едно прашање,дали ако другарка ми му каже дека сум аплицирала за виза во странство ќе направи да ја промени својата одлука?Oткако разговарав со другарка за нејзината семејна состојба сфатив дека има многу поважни работи во животот отколку нашите “кавги“ поради кои си ја уништивме врската.Сакам да почнам одново.Премногу го сакам..
     
  14. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Како се прашуваш зошто тагува? Па мислиш немал емоции кон тебе во врскава и дека него по раскинувањето му е сеедно? Зошто не сака да биде со тебе тој најдобро знае и најдобро е да го прашаш него. А ова со визава дали ќе ја промени неговата одлука прво како можеш да размислуваш за тоа а и ете да прифати да се смирите ти би сакала да прифати заради тоа што те сака или заради визата. Дечково ми делува дека многу коректно раскинал со тебе штом ти рекол дека се надева ќе најдеш некој кој те заслужува, па послушај го.
     
    На candy.cane и Rosie4 им се допаѓа ова.
  15. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Машки
    Чим ти кажал да бараш друга, значи веќе скоро и се откажал од тебе. А со тагата и пиењето те преболува и се обидува да те заборави.
    Има дел од него што уште те сака, ама на пат е да те преболи. Затоа и се тие таги, маки, пијанчења, лумпување.
     
  16. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.590
    Допаѓања:
    63.035
    Пол:
    Женски
    Плс искажувај си ја љубомората од старт. Зошто таков калибар си очигледно, ти сметаат сите машки околу девојката, мислиш оти сите сакаат да и скокнат и дека секој маж и е следен потенцијален партнер. Па глумите лудило и кул типови години, па после паѓаат маските и циркузи се прават како во случајов, девојчето 5 години е со него а сигурна сум дека немало да е така ако од старт си кажел тој дека му смета комуникација со било кое друго машко.

    Оти сте вакви? Оти си ќутите па после кога веќе ќе ве засакаат, тогаш ви искача љубомората и правото лице? И нели партнер е да си си свој пред него, а не во тебе да вриеш со цел да не ја изгубиш девојката?

    Си пишал не е проблем љубомората, охо и те каков проблем е. Не знам оти не сфаќате дека жена ако е вљубена и сто души да ја гледаат и да и се пуштаат само за вас има очи. Ако сака да отиде со друг ќе отиде и ќе го направи тоа толку суптилно, шанса нема да се посомневате. Милион социјални мрежи има сега, барем сега има начин.

    @Alisa22 Најубаво си знаеш ти колку ти смета љубомора. Јас ништо не ти викам али да знаеш дека ако во врска е ваков, можам да замислам во брак колку све тоа ќе ескалира. Сама одлучи си дали сакаш таков човек покрај себеси.
     
    На WildMk, buba4e89, Oxymoron и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Тоа го има кажано многу пати поради комплекс на ниска вредност,дури и додека бевме заедно.Не дека така се тешам но овие негови зборови не ги сфаќам толку сериозно.И да многу ме сака и го боли тоа што не функционираме заедно.Сакам да му докажам дека можеме,но не знам како.
     
  18. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Машки
    Во тој случај, обиди се повторно да се сретнете и да му предложиш да се смирите.
    Укажете си ги проблемите за кои сте раскинале, разговарајте околу нив и гледај да најдете начин да ги одминете и заборавите.
    Вака и двајцата се мачите.
     
  19. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.136
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите за советите
    Ќе пробам да најдам некое решение а тоа да не е раскинување затоа што навистина многу го сакам ,освен љубомората нема ниту една мана навистина е предобар преамбициозен е и многу се грижи за мене ,ете може ќе звучам како глупава но не сакам да се откажам само не знам како да му помогнам да не е љубоморен ...
     
    На VoodooGirl, 1209, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  20. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Нема помош за љубомората.
    Потака ќе почнеш да криеш работи(дека те сретнал некој, дека ти пишал некој) за да нема карање, а кога ќе открие ќе има уште поголемо карање. Тоа е магичен круг од кој единствен излез е раскинување.
    Но, ти си знаеш. Ако 5 години трпиш така, или и ти така му правиш или имаш нерви од коњ...
     
    На cresa-jagoda, WildMk, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.