Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Машки
    Ако е љубоморен, тогаш е сосема друга прикаска. Тука треба да седнеш и сериозно да размислиш. Љубомората е добро но кога е до границите. Но често ги преминува и доаѓаат непосакувани случки.
    Ако сакате и двајцата да се смирите тогаш најголем проблем ќе ви е неговата љубомора. Тоа ќе е голема пречка и за врската. Најверојатно заради љубомората сте раскинале.

    Јас да сум на твоето место не би брзал и би слушнал повеќе предлози и совети овде на форумов, а и од искрени другари/ки.
     
  2. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.429
    Допаѓања:
    22.121
    Пол:
    Машки

    Не си глупава, само го сакаш.

    Тој те сака, ама не ти верува, односно се плаши да не те изгуби. Не се цени себе си доволно, дали од претходно или едноставно тебе те става на прво место, па после себе си.

    Пробај... веројатно сака романтика или нешто така "помеко" зборување, објасни му дека вреди како личност и дека го сакаш.... и се надевам во меѓу време тој ќе поврзи 2 и 2 колку се и ќе се смири, ако не целосно ама барем веќе да е во границите на нормала. :D
     
    На candy.cane и Alisa22 им се допаѓа ова.
  3. taznata :(

    taznata :( Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Здраво, ми треба совет и мислење, за недела дена ќе направам 24 години, при крај сум со студирање. Студирам во друг град и од таму имам дечко, во врска сме 3 години и повеќе. Е сегa, со дечкото живеев две години кај него без да знаат моите, дури студирав наместо да плаќам стан седев со него заедно си живеевме, се знаам и со неговите ама после сватив дека не ми одговара карактерно воопшто, не ни се совпаѓаат карактерите, тој едно мислење има јас сосема друго..и почнавме и почесто да се караме дури мислам ги изгубив чувствата што ги имав кон него и повеќе не го сакам и не сакам да сме заедно, сега во април треба пак да одам во тој град за факултетот да завршам некои работи и се мислам дали повторно да седам кај него дома или да си најдам подобро стан. Секој ден помислувам да му раскинам да се разделиме и да се ослободам од него ионака веќе не го ни поднесувам, и зошто за џабе уште да си арчиме години кога не си одговараме посебно ова јас го забележав од негова страна тој не сака да се разделиме, а му имам повеќе пати кажувано дека не си одговараме, треба да се разделиме и слично ама не сака да слуша. Мене не ми е проблем да се разделам со него и да си продолжам по свој пат, сметам дека лесно ќе го преболам ама ме мачи помислата дека нема да можам повеќе таму кај него да се вратам да живеам и ќе треба со моите дома во мојот град да живеам а тоа најмногу ме плаши. На некој начин, можеби последната година со дечкото што сум повеќе сум била од корист за да живеам кај него и да имам некој во тој другиот град отколку што сум го сакала ама тоа е тоа. Ме плаши помислата дека ако раскинеме со него ќе треба да се вратам кај моите во мојот роден крај и нив да ги трпам со нивните караници и викања а тоа воопшто не го сакам и од тоа се плашам. Скоро еден месец седам дома кај моите и ми се чини ќе побудалам тука, воопшто не сакам тука да живеам, постојано сум нервозна, фрустрирана, тажна.. Незнам што е најдобро да направам дали сеуште да се влечкам и продолжувам уште со дечкото од другиот град со цел да не седам во мојот град со моите или некој други мерки да преземам. Се плашам незнам повеќе што ќе правам со мојот живот и иднина. Немам постојано место за живеење а во никој случај не сакам со моите да живеам...
     
    На Кавалер му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.429
    Допаѓања:
    22.121
    Пол:
    Машки
    ^

    Епа тогаш чути и трпи го дечкото што немаш чувства. Некогаш и парите или откај знам еве во случајов станот може да те направи среќна.
     
  5. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    ?????

    @taznata :( а што правиш со парите за кирија?
     
    На cresa-jagoda, Annora, cavalli и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.429
    Допаѓања:
    22.121
    Пол:
    Машки
    Па колку што ја сфатив се плаши да му раскини на дечкото каде што престојува во неговиот стан, да не не ја прими назад.
     
  7. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Сфатив ама не сфаќам зошто мислиш дека стан ќе ја усреќи покрај несреќна врска.
     
  8. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.426
    Пол:
    Женски
    @taznata :( А не ти паднало на памет дека можеш да се вработиш и да живееш со цимерки? :?:
     
    На cresa-jagoda, Annora, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  9. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.887
    Допаѓања:
    59.510
    Пол:
    Женски
    Како? Како може некого да го искористувате? Па и најлошо е што не ти е жал што го искористи и ќе го фрлиш како крпа туку дека ќе треба да се вратиш дома???
    Не, јас стварно не знам дали е до мене или живеам во погрешно време што се ова за мене е крајно дрско и безобразно.
    Срам да ви е.
     
    На cresa-jagoda, Nausicaa, Annora и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.429
    Допаѓања:
    22.121
    Пол:
    Машки
    Затоа што на два пати во постот ја начекав како повторува и зборува за неговиот стан. Па можеби тоа ја прави среќна...
     
    На Kate Rina 93 и candy.cane им се допаѓа ова.
  11. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Тоа ја прави бедна. Грубо многу, ама бедно е да си со некој во врска за да имаш кај да спиеш, а способна си да се снајдеш сама.
     
    На cresa-jagoda, Nausicaa, Annora и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.429
    Допаѓања:
    22.121
    Пол:
    Машки
    Знам ама јас сум само еден непознат член на форумов како и сите други и немаме баш право (иако го прават често на форум и си се храни алтер егото), само се внесив во нејзината психа и го извлеков најдоброто нешто ако сака да биде среќна.
     
    На Snowflake97 и candy.cane им се допаѓа ова.
  13. taznata :(

    taznata :( Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Не ми даваат моите пари за кирија, порано ми давале ама веќе 2 години не ми даваат.
     
  14. taznata :(

    taznata :( Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Не ме прави среќна неговиот стан, а и плус не живее во стан туку во спрат од куќа, на другиот спрат се неговите родители, јас сакам само мирно место за живеење каде ќе бидам сама со мирна глава или со дечко со кој ќе си одговараме карактерно.
     
  15. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.887
    Допаѓања:
    59.510
    Пол:
    Женски
    Епа не знаат дека живееш кај дечко, како мислат дека ја плаќаш киријата? #самселажамсамсиверувам
     
    На SelenaGomez, cresa-jagoda, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  16. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Или работи и оди под кирија или врати се дома. Злобно е да одбереш третото...
     
  17. taznata :(

    taznata :( Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Не бев на почетокот за тоа имав чувства кон него ама со тек на време се оладија и сега се плашам дека немам кај да одам...
     
  18. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.887
    Допаѓања:
    59.510
    Пол:
    Женски
    Кога заврши со обврските во тој град се освести? Каква случајност..
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. taznata :(

    taznata :( Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Со Авон работам и нешто земам од тоа и така си мислат дека ја плаќам а и последната пола година повеќе седам во мојот роден крај отколку таму.
     
  20. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Па не зборам јас за на почетокот туку за сега. Ако не го сакаш и има потреба да му прекинеш а не ги направиш тоа само за да не останеш на улица сама на себе ќе си направиш лошо.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.