Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.036
    Допаѓања:
    130.914
    Пол:
    Женски
    Види...Со цимерки може и да ти биде поарно.Можеби ќе ти станат пријателки кои ќе ти се најдат во ваква ситуација.
    Ама,прво раскини му на дечкото.
    Одлучно,гласно речи му дека не го сакаш и дека секој мора да оди по свој пат.
    Батали го стравот!
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cavalli

    cavalli Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2016
    Пораки:
    663
    Допаѓања:
    1.621
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно како некои родители праќаат на студии дете со помисла дека сама ќе си плаќа за стан со работа од Авон? Не ја потценувам работата, ни малку, но логично е дека неможе студент сам да се издржува без никаква помош. И јас сум студент во Скопје и знам како е и колку пари се трошат.
    Плус, @taznata :( , како тоа твоите незнаат каде си ти 2г, кај живееш? Воопшто не изразиле желба да дојдат да те видат, викенд во Скопје да поминеш со твоите ? Веќе ако е така, тоа дефинитивно е несовест на родители.
    Овде мислиш дека ти даваат месечно или неделно ?

    Луѓето се качија на месечината, ти незнаеш дали ќе се снајдеш сама во Скопје. Знам пријатели кои сами се снајдоа надвор од Македонија.
    Скопје го направи New York.
    Кажи си дека ти е поубаво на готово, имаш место за живеење, уживај во таков живот.
     
    Последна измена од модератор: 26 март 2019
    На cresa-jagoda, Biny, buba4e89 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. taznata :(

    taznata :( Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Не студирам во Скопје, во Штип студирам и тоа е далечко од мојот роден град, Мајка ми дојде во Штип да ме посети само два пати досега ама тогаш живеев под кирија, после тоа не се погоди да дојди а и плус има мака со нозете и затоа...месецот по 2000 ми давале, на почетокот ми плаќале повеќе дури да се снајдам и слично исто имам и чичко во Австралија и тој многу ми помогнал ми праќал пари за студирањето ..а мојот татко никогаш не дошол а не се ни замара, си гледа само земјоделието негово и се жали цело време дека неможел да престигни со работа оти оди и на приватно плус а и никој не го тера, затоа што можи да преживее и без тоа ама оди разбери се.

    Каде имам место за живеење?
     
    Последна измена од модератор: 26 март 2019
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. cavalli

    cavalli Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2016
    Пораки:
    663
    Допаѓања:
    1.621
    Пол:
    Женски
    Фала богу нема да дојде пеш до Штип. Плус може да прати роднини, пријатели да види како живее нејзиното дете, дали има што да јаде, дали е добро, во какви услови живее. Така не верувам дека барем една мајка би постапувала. Во целите студии, само 2 пати да те посетила.
    Ова ми е малку нелогично, до толку некој да не гледа за своето дете. Извини вака.
     
    На cresa-jagoda, darlingdragon, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. taznata :(

    taznata :( Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    А што можам тука јас да направам, стварно е така немам причина да лажам тоа беше само на почетокот кога почнав со студии,1ва - 2ра година, седеше повеќе денови тогаш и тоа беше ..Мајка ми е специфична жена, често кога сум во Штип ми звони ме бара на мобилен по 3-4ри пати во денот ама ете не доаѓала многу..Роднини немаме таму никој, ниту пак пријатели..
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  6. cavalli

    cavalli Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2016
    Пораки:
    663
    Допаѓања:
    1.621
    Пол:
    Женски
    Добро и како се переше ти пред твоите за стан?
     
  7. taznata :(

    taznata :( Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Во првите две - три години тие ми даваа за тие трошоци, после почнаа по помалку да ми даваат колку за јадење живеалиште, им кажав дека и јас нешто подработувам и вадам со Авон и така.
     
    На WildMk и nextredstyle им се допаѓа ова.
  8. cavalli

    cavalli Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2016
    Пораки:
    663
    Допаѓања:
    1.621
    Пол:
    Женски
    Мислам на тоа, каде си во стан, со кој/а си во стан? За ваков случај, дефинитивно прв пат читам.
     
  9. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Машки
    Најди си стан под кирија. Гледај да си најдеш цимерки за да ги делите трошоците за станот и сметките.
    Откачи го дечкото што не ти одговара и не го сакаш.
    Разговарај со родителите за меѓусебните проблеми што ги имате. Тие секогаш ќе те разберат и ќе ти помогнат. Родители се. Признај си ги грешките и за тоа што ги лажеше.
    Најди сериозна работа која нуди повеќе плата од оваа сегашната што ја работиш од Авон, но за тоа ќе мора да одиш на вонредно на факултет.

    Познавам познаници, пријатели, другари што сами почнале да си живеат посебно од нивните родители, се бореле да најдат работа и да студираат во исто време.
    Се се средува, само треба да сакаш.

    Јас од 13 годишен почнав да работам. Од 18 годишен живеам сам, посебно од моите во посебен стан кој е лично мој.

    Веќе возрасна си. Не можеш да бараш од мама и тато пари...сама почни да се снаоѓаш.
     
    На Snowflake97 и nextredstyle им се допаѓа ова.
  10. taznata :(

    taznata :( Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Знаеа дека сум со цимерки во станот и тоа. Не сум блиска со нив до толку секој детал да му кажувам..
     
    На WildMk и nextredstyle им се допаѓа ова.
  11. cavalli

    cavalli Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2016
    Пораки:
    663
    Допаѓања:
    1.621
    Пол:
    Женски
    Како што ти наведоа и другите членови.
    Почни си сама да се снаоѓаш, тешко е, но мора да издржиш. Не си створена на овој свет да трпиш некој кој ти се заканува за некои глупави работи.
    Не покажувај слабост, затоа и тој така ти прави. Дипломирај и после најди си работа. За секој кој му се работи има работа. Под вакви услови, мора да започнеш од нула. И самата си свесна за тоа и исто така гледаш дека немаш никаква помош. На твоја возраст и плус сама скоро се издржуваш, не гледам причина да се објаснуваш на родителите.
     
    На Snowflake97, nextredstyle и taznata :( им се допаѓа ова.
  12. Swatt

    Swatt Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    Дали постои говор на тело според кое можеш да препознаеш дали на некоја девојка се допаѓаш од прво видување или тоа е некој машки глупав мит?
     
  13. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Се смее на твоите шеги, всушност слуша што зборуваш, но тоа може да биде дека и се допаѓаш како соговорник исто така, не мора да значи и привлечност.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    53.065
    Пол:
    Женски
    Ќе си најдеш работа и ќе си живееш некаде под кирија. Како што ти пишаа погоре. Многу е лошо да си со некој од корист. И за него е лошо и за тебе. Уште на почеток кога го читав постот добив впечаток дека е од корист. Без да го дочитам до крај.
    Не сме овде да те осудуваме. Ама ако имаш барем малце совест нема да продолжиш со тоа.
    За членката што се чуди како е можно да не доаѓаат нејзините и да мислат дека од авон може да се студира. Можно е. Имам доста примери каде што родителите не се замараат со децата. Или пак родителите се неуки луѓе и едноставно не знаат за постоечки трошоци и мислат дека 2000ден ќе завршат работа.Таа се снашла некако. На многу лош начин. Наместо да најде работа, таа одбрала да биде во врска со некој од корист. Тажно е.
    @taznata :( Времето не може да се врати назад.
    Но можеш сеа да се поправиш со што ќе бидеш фер према него. Ако не повеќе бар поради годините што си била под негов покрив.
     
    На Animali, nextredstyle и Luminary им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Добро, ја читате вие шо пиши, или не?

    @taznata :( , остај ги овие. Те разбирам како ти е.
    Има чаре за се'.

    Оди кај дечко ти живеј додека да дипломираш, а во тоа време, аплицирај во Скопје за вработување. Испраќај ЦВ-а секаде каде што можеш. Во ЦВ-то нека ти стои дека си дипломирана. Ионака.. некој месец е во прашање..
    Запни го га*от дипломирај како што имаш испланирано, во тоа време, некој ќе ти се јави за интервју, гарант.

    Ако мораш после дипломирањето уште некое време да живееш со твоите.. односно, ако сеуште немаш најдено работа, и тоа не е крај на светот.
    Колку и да те нервираат, можеш да си најдеш начин да не бидиш дел од нивното секојдневие.
    Ќе шеташ, ако треба цел ден надвор биди и иди само за спиење... што помалку контакт да имаш со нив.

    И барај работа! Уште од денес почни да аплицираш!

    Можеш.. ама за сигурно, ќе си ја прашаш.
     
    На WarriorMind, poenta, taznata :( и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    9.397
    Пол:
    Женски
    @taznata :( истото што ти го кажа и @WildMk и јас би ти го кажала, и така си на крај на студии па уште малце можеш да издржиш кај дечкото, нема потреба да се малтретираш, а и кириите во Ск ни малце не се ефтини, додека најдеш цимерки и сето тоа многу време губење. Од кога ќе завршиш и веќе ќе заминеш од кај него на фин начин ќе му раскинеш, не мора да му кажуваш дека од корист си била со него чисто да не го повредиш.
     
    На taznata :( и WildMk им се допаѓа ова.
  17. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    53.065
    Пол:
    Женски
    И да не му каже мислиш тој нема да го види тоа? Освен ако е некој што треба се да му се црта.
    А пак од друга страна и да не било од корист, така да се поклопиле коцките, да го остави после дипломирање. Пак ќе мисли човекот дека била од корист.
    Се водам со тоа " Не прави на другите тоа што не сакаш тебе да ти прават"
    Мене ова многу би ме повредило.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Ама таа има проблем дома.. А и да не живее со него, пак ќе бидат во врска дури е во неговиот град.
    Гледаш дека тој не сака да раскинат, а според она што таа го пишува, таа нема да му раскине дури е таму.
    Девојчето е потиснато од проблеми дома, сигурно никаква самодоверба има..
    Страв и' е да оди Скопје и да живее сама... тоа доволно кажува во каква психичка состојба е.
     
    На buba4e89, Alisa22, Kate Rina 93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    53.065
    Пол:
    Женски
    Така е. Ама таа ни него не го сака. Таа се мачи од двете страни.
    Пиша и дека му рекла неколку пати дека не си одговараат. Тој не сакал тоа да го прифати. Се заканувал затоа што не сакал да раскинат.
    Кај проблеми дома, утре нема да може и него да го откачи. Помисли што би било ако сфати дека била од корист со него, а ваму и се заканува зашто не сака да раскинат.Мора да има трета опција.
    Јас сум од помал град па работа има. А не па ск. За привремено да се снајде.
    Или пак да оди кај роднини..
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    А сега да му раскини додека е во неговиот град, што мислиш, што ќе се случи?
    Поарно ќе биди?
    Тој ко и' се заканува веќе, ништо чудо, да фати да ја зачека негде и да и вчука некоја.

    Нека си ќути сега, нека си тера вака, и ко ќе најди работа нека замини Скопје, а него нека не му кажва ништо.. скроз нека прекини контакт.. И ај со здравје.

    Не е убо од корист, ама не е убо и закани!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.