Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    ^ Вајлд не мора да значи дека девојчето е во лоша психичка состојба. Може да значи дека убаво му е кога има сигурност, обезбедено место за живеење и поддршка.
    Според мене воопшто не е во ред да продолжи да го користи дечкото, кој очигледно има чувства кон неа, а таа не може повеќе да го поднесе. Како може тоа да е во ред?
    Ќе ги охрабруваме да бидат во врска со некој само од корист?
    Не знам како се случуваат вакви работи и како се живее кај дечко без знаење на родителите цели 2 години, ама според мене крајно време е да се реши проблемот.
    Скопје е голем град со многу повеќе можности, доаѓа лето, може нема да најде одма којзнае каква работа ама по кафичи и ресторани сигурно ќе најде! Ќе си изнајми стан под кирија со една цимерка за да дели сметки и ќе се ослободи од лажна врска. Мислиш дека тоа не ја исцрпува психички?
     
    На candy.cane, nextredstyle и Kate Rina 93 им се допаѓа ова.
  2. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    Во целата оваа приказна нешто не ми е јасно, мислам дека @taznata :( ни ја нема кажано целата приказна зошто толку не сака да живее со родителите, сигурна сум дека кога веќе ја пратиле во Скопје да студира нема да ја остават туку така, ќе и праќаат пари, ќе ја издржуваат додека самата не се осамостои.Секој совесен родител би го направиле тоа а од нејзе знаеме само дека тие не ја разбирале а таа се обидува да им објасни.
    А и родител ако родител ќе се распраша како се снајдуваш таму, не се ваљда монструми.
    Дали е навистина така?
    Ако грешам, Господ да не ми пише грев но мене ми е сета таа ситуација сомнителна.

    Што се однесува до дечкото и станот и седење под кирија.
    Со една плата нема да успееш да истераш неделата ако ги земеме сметките за кирија, превози со јсп и храна, со таа минимална плата што ја имаме во Мкд едвај за нејзе ќе и останат.

    Најдобар излез е да си најдеш цимерки, а да го напуштиш дечкото кој не го сакаш.
    Грев е и за него да бидете заедно од корист.

    а тоа што се заканувал, е друга приказна.
    Значи ти си на сила со некој што не го сакаш но и од корист.
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Не викам дека е во лоша психичка состојба, туку дека има никаква самодоверба.. нејзините се караат дома, не ја фермаат. Ја испраќаат на студии со 1000-2000 денари месечно.. Дечко и' и се заканува...

    Ич не е лесно да нема на кој да се потпреш.

    Абе ти така мислиш, ама јас имам другарка, што нејзините ја испратија да живее во Скопје со 1000 денари! Буквално 1000 денари!
    Ни дојдоја да видат кај живее, ни како живее, ни како се снаоѓа, ни ништо..

    Се' има по светот
     
    На menov, buba4e89, Stressed Out и 5 други им се допаѓа ова.
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Во поедини коментари читам.. Дали сериозно го жалите дечкото ?
    Повреден бил, ја сакал, би бил уништен ?
    Па зарем не прочитавте дека со уцени и закани ја држи покрај себе, пробувала да му раскине, претел ќе кажал на нејзините, па физички пресметки како и вербални.
    Класичен психопат.

    Она повише се плаши од него и од неговите закани, не се плаши од губењето на место за престој.
     
    На darlingdragon, Snowflake97, Animali и 8 други им се допаѓа ова.
  5. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.887
    Допаѓања:
    59.509
    Пол:
    Женски
    Со сила некој да ја задрживал дали навистина би размислувала да се врати кај него пак на месец дена? Дај бидете малце реални, не само глупости да се теши некој.
    Сака да се тргне од дома, но не со цимерки туку сама?
    Ако сакам да се тргнам на страна од се, ќе започнам сама со можностите кои ми се нудат. Нема да пребирам ниту пак да помислувам да се вратам кај некој кој ме малтретирал или тепал.
    На готово е најлесно, епа ако сакаш без пари да си живееш и јадеш под туѓ покрив провери се сама дали е нормално за тоа да трпиш ќотек.
    Животот не е кажи си желба и се исполни.
     
    На candy.cane, Annora и Kate Rina 93 им се допаѓа ова.
  6. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Шо му се напнавте на девојчето,толку ви е тешко да сфатите дека секакви родители имат,баш секакви,какви шо не мојте и да замислите,ко на филм.Јас имам 33 години,мајка ми 58 а никогаш не сум го запознала нејзиниот татко,мојот дедо,не знам ни како изгледат а живејт на 15 км од нас,ја малтретирал ко дете,а од ко се омажила за жива ја немат побарано. Девојчево очигледно си имат мака. @taznata :( девојче никако немој да останиш со некој шо не го сакаш и не во Скопје,туку информирај се и смогни сили и бегај надвор од Мкд,најдобронамерен совет.
     
    На Alisa22 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.036
    Допаѓања:
    130.914
    Пол:
    Женски
    Аман,луѓе...
    Девојката не го сака и сака да се тргне од него,ама е плашлива.
    Сосем нормално.Кој може да знае што го чека утре,задутре...
    Не треба да остане со тип кој се заканува дека ќе каже кај живее таа.
    Штом не може да издржи кај нејзините,треба да собере храброст и самата да си тргне по свој пат.
     
    На candy.cane и Stressed Out им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Си била ти во насилна врска?

    Јас имав раскинато по 6 месеци, ко ме зашамара прв пат.. ама за да го откачам скроз ми требаа 3 години!

    Шо значи, пред луѓе, официјално.. врската ни траеше 3 и пол години.

    ок?
     
    На Snowflake97, Alisa22 и Stressed Out им се допаѓа ова.
  9. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.887
    Допаѓања:
    59.509
    Пол:
    Женски
    Ако сака да се тргне ќе размислува да се врати кај него пак?
    Јас и давам предлог да оди под кирија ми враќа што ако одам под кирија кога пак по цел ден ќе сме заедно. Мене не ми личи на човек кој сака да се тргне на страна.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Да!
    Оти нема да ја остај на мира!
     
  11. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.887
    Допаѓања:
    59.509
    Пол:
    Женски
    А дали ти размислуваше да се вратиш пак кај него??? Зошто девојкава за да не оди под кирија туку размислува да се врати кај него, сама тоа го кажува а не е присилена. Читај убаво што пишала се.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.036
    Допаѓања:
    130.914
    Пол:
    Женски
    Скоро сите ја советуваме да се тргне од него.Таа е неодлучна.
     
    На candy.cane и lost123 им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Па се враќав после шамарот... 3 години се враќав!
    Оти ми беше страв дека ќе ме убие, дека ќе се самоубие, дека не знам шо..
    Никој не ме посоветува да пријавам, теле бев, дете бев...

    Знајш како е да ти е страв да излезиш со него и да ти е страв да не излезиш со него?
     
  14. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.887
    Допаѓања:
    59.509
    Пол:
    Женски
    На гравчиња гледате дека ке е така? Зошто не го направила тоа за да знае, сама си кажува да се врати. Извини ама ако некој мене ме тепа последно место ќе ми биде да се вратам кај него.
    21 век, може и да побара помош и да го пријави. Мора да почне од некаде, ако се враќа ќе си трпи цел живот.
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Е алал да ти е... не сме сите толку 'паметни' ко тебе... и 'јаки'...

    имаш на интернет исповести од луѓе во насилни врски, читај

    И такви жени кои се финансиски независни, високообразвоани, со јаки кариери, итн..

    Вака од страна, многу е лесно да збора некој..
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    53.065
    Пол:
    Женски
    Овде и таа и дечкото се криви. Дечкото што ете и се заканувал и таа што е живеела кај него од корист.
    Тој нема такво право, луѓе во брак поради вакви работи се разведуваат,а девојчето одбрало да седи со него.
    Не знам,јас прочитав дека дома не сакала да се врати затоа што имало викање, а ваму има дечко кој и се заканува.
    Би одбрала да бидам дома додека не се снајдам. Но никако кај дечко ми .
    Од две зла одбери го помалото ако веќе мораш.
    @WildMk јас бев со еден психо 2 год. Неговото беше болно сакање.
    Не можев да го оставам. Емотивен манипулатор. Од плачења,до закани..ете само ме немаше удрено.
    И знаеш како прекинавме?
    Кога ме изневери. И најверојатно се заљубил во неа. Посреќен човек од мене немаше тогаш.
    Затоа велам да не седи кај него.
    Тој можеби тоа го прави затоа што гледа дека е немоќен да ја задржи, па мисли со заканите ќе успее.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Абе нека го искористи и нека го мавни...
    Ич не ми е жал ... ич
     
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.036
    Допаѓања:
    130.914
    Пол:
    Женски
    Па,не се сите луѓе храбри.
    Ама,колку и да е заебан типот,не е добро ни да го користи.
     
    На Kate Rina 93 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.887
    Допаѓања:
    59.509
    Пол:
    Женски
    Ти ако некој нема размислување како тебе не скокај одма, не сме глупи ако не мислиме како тебе !
    Јас и давам само совети како што да направи, таа ќе се враќала.
    Зошто не побара помош?
    Она не се тргнала да знае дали воопшто ќе ја побара, или сите се исти?
    Дај не се прави секаде паметна и се ти знаеш и ти си проживеала, дадов совет како што мислан дека треба сакала да го прочита или не тоа е нејзино.
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Не е за 'мислење'.... не го мислам тоа... го проживеав, го осетив и знам како е...

    И жал немам за мажи кои се закануваат, кои се вербално, физички, сексуално... било како насилни...

    Ама ич жал немам

    А да, не мора мене да ми верваш, ти реков, најди случаи со други луѓе.. па ќе видиш
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.