Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. olence86

    olence86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    91
    Fleur-De-Lis

    Јас мислам дека сега засега треба да останете во пријателски односи, да не избрзувате,па ќе видите и сами со тек на време. Не се секирај времето ќе покаже!!!
    Ако ти е убаво во негово друштво, тогаш не бери гајле уживај си!!!!
     
    На Fleur-De-Lis му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Fleur-De-Lis Му треба време ;)
    Ти поишав и у др пост, шетајте забавувајте се и све остало без гајле, е се опушти целосно ;) не се предавај само :)
     
    На Fleur-De-Lis му/ѝ се допаѓа ова.
  3. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Fleur-De-Lis
    ова случка ме потсети на една што заврши со брак..
    не сакам да ти давам некоја надеж со него али на кратко ке ти пишам за тоа,...
    една моја другарка така се пишувала со еден и од почеток биле другари на кафе едно друго,потоа некако и се допајгале еден на друг...по некое време се случил и прв бакнеж...дечкото бил од оние што биле свои,што работеле,и за фамилија што се вика човек...и така продолѓиле некое време заедно и си кажувале дека им е убаво заедно и се и еднаш дечкото ја поканил на вечера,вечера која била изненадувајне...се онака убаво романтично и и рекол он ајде вечер да збориме за нас,...и си кажале дека им е уабаво заедно и сите тие зборобви и он прстенот го извадил и ја побарал за жена :inlove: пре-романтично а сега си имат бебе.. :)

    е сега со ова твоево...ти излегувајси со него како другари али ништо друго не замислувај и да ти падне нешто така не мисли дека е така..
    а потоа ке видиш каков тип е оној....
    па и он ке види каква си ти..
    и потоа ке си забележиш сама дали има нешто он кон тебе или не..али немој ти прва да си замислуваш уште сега,а и рано е...
    биди така со него и ништо друго...

    се најдобро :*
     
    На Fleur-De-Lis му/ѝ се допаѓа ова.
  4. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    сакам да прашам нешто не сум јас во прашање туку моја другарка и ме прашува што да прави но јас не сум сигурна како да и одговорам и што точно да и кажам. Она има некоја си врска со еден дечко ама уствари не се во вистинска врска туку повеке е онака како врска без обврска и сеа ми кашува дека тоа се случува веке повеке од 5 месеци и таа се плаши дека ако продолжат понатаму можеби ке се заљуби во тој дечко а таа не е сигурна дали е тој вистинскиот и не сака да се повреди и разочара ако зборува со него на тема заљубеност и чувства. Неа и се свиѓа тој и претпоставувам дека и таа него .. ми кажа дека и тој и таа немаа немаат никакви врски со некој друг но понекогаш се допишуваат со некој повремено (тој со некоја и таа со некој но немаат никакви физички контакти со други девојки/момци) ... и сеа она не знае дали да му каже дека не сака повеке таква врска туку сака да пробаат нешто поозбилно но се плаши дека можеби тој нема да сака така и дека можеби ке го изгуби и тоа што сега го имаат а не го сака тоа. И не сум паметна не знам што да и кажам.. имате ли некој совет, мислење, предлог? дали да продолжат како што се сега или сепак да зборуваат за нешто поозбилно? фала однапред :)
     
  5. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба искрено и отворено да разговараат да знае на што е и што понатаму.5 месеци не е многу ама не е ни малку период за тоа време луѓе градат сериозни врски некои и се зимаат :D.Ако во иднина не поразговараат на оваа тема полошо за неа зошто дечкото може не сака и не планира ништо сериозно со неа едноставно вака му е убаво а кај неа ќе се развиваат чуствата и тогаш ке и биде уште потешко.
     
  6. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37

    фала но таа е исплашена и не знае како воопшто да го почне тој разговор затоа што се навикнала на ова што го имаат и тој исто, се надева дека можеби тој ке го започне а јас искрено мислам дека тој воопшто не би зборел за тоа .. тој нема никаква корист од тоа а неа само ке и биде потешко. Дали има уште некој нешто да каже? :)
     
  7. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Е де исплашена, па не иде на бесилка да биде исплашена.Кога веќе и текнало за дечко не е ваљда ретардирана да не знае да започне разговор,едноставно излегуваат на кафе и фино лепо спонтано се започнува разговор,да сум јас на нејзино место би прашала директно и отворено,што планира во иднина дали има некакви чуства, работава нејзина е или-или трето нема.Или нека седне и нека направи муабет или нека седи и нека биде на повик за фраерот да и се јави да се смилува и да се видат.И од каде таа сигурност дека он со друга нема ништо.
     
  8. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    е за таа сигурност ни јас не сум сигурна од каде и е :D сепак ако мисли да и биде подобро ке мора да зборува со него, кога знаела да влезе во таква врска сега мора и да се соочи со тоа дека или ке изгуби или ке добие трето нема :) фала ти многу за мислењето
     
  9. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    5 месеци не се малце за мување, алал да и е како издржала толку во таква "врска" со некој кој и се допаѓа .
    Би требала веќе да реагира, да не помине уште некое време , да ја гледа ептен така, па може и да ја изгустира ...
    Она сама треба да процени знаејки го колку толку , кој е најдобар начин. Дали да почне со озбилен муабет, па да му каже, или како на шала да го прашува кога се зезаат што му е она, па да го провоцира, можеби да му пружи малце да си го замисли чувството кога она ќе му избега некако од рацете :?:
    Јас со ниеден дечко таков озбилен муабет не би почнувала , попрво преку шала би му го изнела својот став ;) па според реакцијата би делувала ..
     
  10. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Ви благодарам Феминки за советите и подршката! Обавезно ви пишам како ќе заврши работава! ;) :*
     
  11. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    11.804
    Пол:
    Женски
    Fleur-de- lis остави работите да си течат. Дечково не е рамнодушен спрема тебе, верувај. Не избрзувајте, запознајте се убаво и се ќе си дојде на место. Излегувајте, смејте се, уживајте...
     
    На Fleur-De-Lis му/ѝ се допаѓа ова.
  12. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    па може да го праша на што ке бидат,на што ке продолжат..
    а не да се залјуби и потоа он да и каже дека не биле до тоа дојдени..
    нека си праша и нека си одлучи дали ке продолжат така или не...

    сепак јас мислам дека она нејзиното е само забава и ништо друго кога веке нема ништо сериозно..поз
     
  13. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    фимале без разлика колку и да изгледа дечково дека ја свиѓа другарка ти, нека се соочи со тоа дека на него не му е дојдено до врска туку сака само мување..
    Ке речеш зашто? Едно машко што е сигурно дека сака да биде со некоја девојка нема едно нешто на овој свет што би го спречил.. Така и тој да сакаше нешто повише од мување сам ке и речеше на другарка ти. И тука нема никакви оправдувања дали тој не бил спремен или можеби уште е рано! BULLSHIT!
    Едино што може другарка ти да направи за да и олесни е да го праша директно? Ме интересира што правиме јас и ти во спротивно не сакам да го губам твоето време а најмалку моето.. И нема што да изгуби, или ке биде или нема да биде трета опција нема :) со среќа
     
  14. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    фала ви веке другарка ми си го праша и виде не биднува ништо и го остави.. туку сеа луѓе и покрај тоа што многу мој другарки и другари доагаат кај мене за љубовни совети да им дадам, јас секогаш се наогам во ситуација каде што самата себе не можам да се посоветувам и не сум сигурна што треба да направам.. ЗАТОА ПОМАГАЈТЕ ЗАТОА ШТО НЕ СУМ ВЕКЕ ПАМЕТНА веке сум писувала дека нели сум на некој начин заљубена во мојот најдобар пријател или подобро да кажам бивши најдобар пријател затоа шо ми предложи да имаме нешто заедно. Прифатив и сега сум со него иако мислам дека не е баш исправно сакав да бидам со него, и на ниеден начин не би окривувала никого кога покасно ке бидам можеби повредена поради своите чувства .. тоа е мојата сопствена одлука. Но сепак мислам дека сеуште не е касно да исправам некој работи ако е можно.Прво ке објаснам каков е тој а каква сум јас. Мојот да го наречам сегашен ’’дечко’’ и мој поранешен најдобар другар е за мене најдобрата личност што сум можела да ја сретнам и запознаам во животот. Многу го сакам. Пред се има одличен смисол за хумор, шармантен, друштвен, креативен, свири гитара, страствен, нежен, искрен, добар, пожртвуван, можам да кажам и дека е озбилен но не секогаш(тој вели дека е озбилен но поради неговото често несериозно однесување дури и кога е навистина сериозен не изгледа така а тоа него многу го нервира) ... јас сум друштвена исто, прилично сум сериозна личност, добра, плашлива, често срамежлива, се правам дека не ми е гајле но уствари многу размислувам итн.. Е сега. Јас сум сеа 18 години и еве за еден месец завршувам со школото, но проблемот е што сум моментално во Србија тука учам а планирам да се вратам за факултет во македонија, а тој е од тука. Иначе е помлад од мене 7месеци.. После сето наше дружење стигнавме и до овој степен кога сме поблиски, поинтимни(без секс) и имаме поверение еден во друг добро се сложуваме и се е во најдобар ред, но кај мене постојат некои чувства,често мислам на него, размислувам за целата наша ситуација и стварно не знам што да правам. Не сакам да му кажам дека чувствувам нешто кон него затоа што за еден месец ке се разделиме и мислам дека ке ми биде полесно да не му кажам.Не сакам да се врзам за него но сепак сакам да бидам со него бар сега кога имам прилика последниот месец и сакам тоа време да го искористам за да бидам и да поминам време со него. Но постои и друг проблем кој најмногу од се ме измачува и мислам дека е тоа баш поради тоа што чувствувам нешто кон него, проблемот е следниот: Ние не ги поминуваме деновите цело време заедно, а кога сме заедно ме гушка, ме бакнува, ме допира и многу ми е убаво но јас секогап сакам нешто повеке, повеке во смисол на разговори и такви работи. Се со него ми е убаво но единствено што ме мачи и најмногу ми недостасува во врска со него се долгите разговори кои порано како пријатели ги имавме по цел ден и не ни беше досадно.. осекам како се се сведува само на физичка привлечност и тоа некако ме повредува сакам да бидам со него, и да зборувам со него, а тоа го немам... а ете на некој начин па и не сакам да му се приближам премногу за да не ми биде толку тешко кога ке се разделиме. Сакам да му кажам дека чувствувам нешто кон него но не сакам да го исплашам и да мисли дека очекувам од него нешто посериозно па да се повлече.. иначе тој мнмогу ретко зборува за своите чувства и се палши да не биде повреден(еднаш беше оставен од страна на една девојка), а јас сакам да зборувам за тоа со него, да знам како се чувствува, што мисли... и понекогаш кога ке започнам таква тема тој не зборува ништо, не сака да изнесе што мисли и што чувствува... Мислам дека се плаши повторно да биде во таква некој сериозна врска. А сепак и јас сакам тој да ме прашува како се чувствувам и што мислам но тоа него како да не го инетерсира и не можам да препознаам зошто е тоа така. Понекогаш ми кажува не е битно што цувствуваме битно е дека сум со тебе и дека имаме нешто што двајцата го сакаме. и тоа е крај не сака да зборува за сериозни теми, и за тие чувства. И кога и да посакам да му кажам нечто во врска со моите чувства само ми поминува низ мислите дека ке ме игнорира, дека можеби ке си замине и ке биде крај со нас. Помогнете ми ве молам не знам веке што да напишам и ако нешто не ви е јасно од горе напишаното прашајте ме ... многу сум збунета и не знам дали да му кажам или да бидам силна(знам дека глупо звучи) и да издржам уште еден месец овака.
     
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Не ги силувај работите нека оди се полека и спонтано, нека олади од претходната врска а ти помогни му во тоа ... така што ќе му дадеш до знаење дека може да ти верува дека ти не си иста како претходната дека си тука и немаш намера да одиш. Ќе видиш како се ќе си дојде на свое и можно е да се случи убава љубов помеѓу вас. Плус јарец е ... тие се упорни и кога ќе засакаат некоја ја сакаат вистински. Само трпение и упорност и од твоја страна нека има.
     
  16. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Фала феминки за сета подршка и убави совети!
    Да ви го кажам епилогот на мојата приказна! Дечково од 2 та средба, натака ниту ме побара ниту ми пиша! На два наврати јас само испратив порака имај си убав ден, и другата само да те поздравам ....На тоа ништо не ми врати, а гледам на фејсбук растур прави...
    Се на се, тој ме искористи да си ги искаже маките, и некој да го сослуша...
     
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Така?? Хмм ... тогаш и ти прекини воопшто да му пишуваш. Ако нешто има сам ќе те побара ако не здравје, не е само тој на светов. Ќе ги има. Ајде еден ден ќе се насмее среќата.
     
    На Fleur-De-Lis му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648

    Tака е! Во право си! Престанав да пишам, не сум очајна! Тој незнае што изгубил!.... А јас ќе си чекам нешто подобро :$ ! Само криво ми е, ме маткаше месец и пол како бил добар, искрен и сл.... :envy: ! Се чудам, изгледа на машкиве не им е дојдено до искрена личност и чувства.... како само да сакаат да си играат....
    Како и да е, јас не одстапувам од своите квалитети, и да се правам нешто што не сум! АКо некој ме сака, ќе ме сака каква што сум!
    ФАЛА ФЕМИНКИ! ВЕ ПОЗДРАВУВАМ! :* :* :*
     
  19. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Hм Sи помислив машко да работи и дома,тоа е ретко денес..
    Oстави иц не му пишувај и ти .. Oставиго и иц како да не си го знаела како другар.
    Nе се замарј со него веке. Nемма ништо..
    I не мисли на ништо друго. Zаборави.
    Mисли на себе и погризисе убаво да ти е. :)
     
    На Fleur-De-Lis му/ѝ се допаѓа ова.
  20. U-N-A

    U-N-A Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Доколку некоја има повеќе време би сакала да ми даде совет за мојот проблем,човек кога е вљубен не ги гледа реално работите како што се па добро би ми дошло ваше мислење.Бидејќи малку е посложен мојот проблем може да ми пишете ЛП :*
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.