Форумџика на годината

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.937
    Допаѓања:
    60.772
    Пол:
    Женски
    Те сфаќам дека сакаш да и помогнеш, ама мора таа сама да си помогне најпрво. Нека проба, нека се тргне. Нека го пријави, нека побара помош.
    Мора да почне, ако сега кога че треба да оди на факс му се врати пак сама само ќе пропадне уште повеќе во тој проблем.
    Излезот треба да го бара веднаш, не подоцна или да размислува што би било кога би било..
     
    На Kate Rina 93 и nextredstyle им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.644
    Допаѓања:
    134.769
    Пол:
    Женски
    Членката спомна дека они двајца се со различни карактери.Се карале и се тепале.
    Единствена паметна опција е да се тргне од него.
     
    На candy.cane, Animali, RosettaStone и 2 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.330
    Не можи дури е со него да 'избега'..
    Сакала - неќела, дури да го заврши факултето ќе биди во ист град со него.
    Штип е 2 на 2, ќе ја најде... ќе ја гњави..

    Ако остане со него уште тие месец-два, полесно ќе се откачи отпосле.

    Во најголем ризик се оние кои се во насилни врски (било која форма на насилство), кога ќе се разделуваат со партнерот.
    Затоа е најдобро да не биде воопшто во негова проксимејт близина кога ќе му каже: Крај.

    Се нервирам уште повеќе шо дома страда.. да имаше поткрепа од нејзините.. поинаку ќе беше.
    Гледаш, криела оти живее кај него 2 години.. Сигурно се конзервативни.. да не речам затуцани

    Имаше една тема, едно девојче пишуваше, дека откако раскинала долгогодишна врска, нејзините не ја пуштале до продавница да оди сама, оти 'ќе се раскурвала'.
    'Срам пукнал' оти долга врска прекинала.. а девојчето несреќно во врската.

    Си ги жртвуваат децата за 'шо ќе речи народот'.

    Се нервирам многу.. Знам дека сум груба и безобразна ко зборам за вакви работи, ама не можам, посилно е од мене..

    И се извинувам доколку ве навредив
     
    На Kate Rina 93, ALISA0000, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.102
    Допаѓања:
    42.439
    Можда грешам, ама не е ова дупли профил на членката со споените нозе, дечкото што не го сака , и заканите и стравовите и све и свашта, многу работи се слични, само мене ми звучи познато?
    Ако е- проблемите и се преголеми за да ги реши на форум.
    Ако не е , такоџе.
     
    На FVP, Lianna Anna, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.937
    Допаѓања:
    60.772
    Пол:
    Женски
    Но таа сега е дома, треба да се врати во неговиот град поради факсот и зарем е нормално да отиде после се кај него сама? Зошто? Зошто да се врати кај него?
    Нека отиде под кирија, нека му се закани па ако треба и нека го пријави.
    Но, според мене после се што проживела ако сама му се врати пак ќе направи многу полошо за неа.
    Таа само се плаши, не пробала да се тргне. Не знае ниту како ќе реагира, не секој е ист. Но никако своеволно да се враќа во таа куќа пак..
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.330
    Затоа што секако ќе биде со него, сама она кажа.. и да не живееме заедно, по цел ден ќе сме заедно,с амо башка ќе спиеме.

    Ако е насилен, има шанси да ескалира.. вака ќе го 'преплови' тој период со меко раскинување..
    За нејзе меко... За него... нот вери лајкли.
     
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.126
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тешката ситуација приватно ова со предлогот на дечко ти било ко џокер на лотарија.
    Па сега се мислиш за еден месец.
    Сакаш стан ама потајно сакаш да си останеш кај него од лакомост да не плаќаш за стан.
    Не, не е плашлива итра е.
    Да му раскине кога ќе дипломира и со гзот да премине во Скопје.
    Тука ќе си најде стан ама за кратко време ќе си најде и др и кај него ќе се пресели.

    Има родители што не водат грижа за свое дете,секоја чест на исклучоци.
     
    На СуперДевојка, Annora, lost123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.937
    Допаѓања:
    60.772
    Пол:
    Женски
    Мора да почне, мора да му даде до знаење дека е решена и дека сака да се тргне од него. Мора со крупни чекори да ја сфати сериозно. Додека размислува да се врати пак кај него, ништо добро нема ниту ќе го омекне туку само ќе му даде сила дека сама се враќа.
    Таа кажа дека се степале, не доразбирања не дека е насилник. Не знаеш која е причината и што се случувало.
    Таа не ни пробала да се тргне за да знае како ќе реагира, не секој е ист.
    Како и да е, мора да почне од некаде, но никако своеволно да се враќа кај него.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.937
    Допаѓања:
    60.772
    Пол:
    Женски
    Фала богу некој да ги гледа работите како мене, истото сакам да го кажам. Таа не сака да се тргне, таа сака да го искористи и фрли. Кога веќе завршила сфатила дека не чуствува ништо за него?
    Сака да живее сама но не со цимерки? Дома и било хаос?
    Ако е така, верувај ќе го најдеш излезот но нема да пребираш.
     
    На Kate Rina 93 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.126
    Пол:
    Женски
    Lost манијак во главата не прифаќа крај.
    @WildMk е 100% во право. А и нејзините зборови тежат приказна зад тоа.

    Меѓутоа, јас стојам зад моето дека она не бара совет како сега да му раскине туку отпосле.
    Дури и пресметките како лоша математика ја издаваат.
     
    На Kate Rina 93 и lost123 им се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.126
    Пол:
    Женски
    Речиси и е невозможно само со Авон да плаќа стан овде. Од 200 евра па нагоре се станови.
    Имав бивши што живееше под кирија и едвај крај со крај. Кирија посебно, сметки посебно, храна посебно.

    А ваму во Штип све на тацна, 4000 авон 2000 од нејзините, стан беспари, за јадење ако дава, за искачање па и да си купи нешто и стасува.

    И не се плаши дали ќе се снајде во Скопје туку дали ќе најде некој што ќе и даде се на тацна.

    Ве мрзи да го испотите гзот и да бидете самостални и со цврсти ставови. Зависноста од некој друг скапо ќе ве чини.
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  12. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    Другарка ми имаше 2 ипол години психопат дечко кој се закануваше дека ќе се самоубие, и праќаше слики со неговата кола пред провалија, слики со нож како сака да се убие секој пат кога таа сакаше да го остави.
    Знаете што се случи? Ништо.
    Таа после 2 ипол годишна врска преќина со него, тој ништо не направи од тоа што и се закануваше.
    Ете го си тера животот, ја заборави, најде друга девојка.

    Што ќе се случи ако овие двајца утре бидат во брак? Девојката ќе се жали во тема на разводи, со дете, напуштена од сите, зар треба и до тоа да дојде?
    Закани се закани, некогаш се опасни, некогаш не знаеш како да постапиш, ама не смее да дозволи да остане во таков лавиринт само затоа што нема кај да оди и се плаши.
     
    На RosettaStone и nextredstyle им се допаѓа ова.
  13. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.937
    Допаѓања:
    60.772
    Пол:
    Женски
    Јас ве сфаќам вас но не и неа. Како може после се сама да размислува да отиде повторно кај него?
    Па кога ќе дипломира, чао пријатно? Епа извини ама и јас да сум на местото на дечкото нема д ами е сеедно, некого да хранам и чувам 2 години додека стигне до неговата цел и некој да ми заврти грб (не дека оправдувам дека се тепале или слично, да разјаснам)
    Сакам да дојдам во Ск да живеам и работам ама не со цимерки туку сама.
    Т.е да, може и во Ск да се живее со 4,000 месечно ако најдеш друг спонзор каде што ќе спиеш и ќе се прехранува мегу кои нема да имаш потреба од цимерка.
     
    На Kate Rina 93, RosettaStone и buba4e89 им се допаѓа ова.
  14. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
    Мене не ме чуди ова две години родителите да не знаеле дека живее кај дечко. Имав познаник, ги лажеше родителите дека е четврта факултет, а тој беше прва година. Е отпосле кога му стана сомнително на родителите овој се опамети и зема две во една.

    Не се согласувам со тоа дека треба да го искористи дечкото уште еден месец додека дипломира, само заради тоа што Штип е мал град и било каде може да ја начека. Така ако гледаме и Македонија е мала, Штип-Скопје е на саат време. Постојат соодветни институции каде може да се пријават ваквите случаи.

    Ако си сигурна дека карактерно не си одговарате и не гледаш иднина со него, прекини колку што можеш порано. Секако дека е тешко, особено кога станува збор за долга врска, но сигурно не сакаш животот да го поминеш со некој со кого како што сама кажа не се ни поднесуваш.

    Гледам дека имаш проблеми дома, но дали имаш некоја блиска другарка, пријателка, познаник? Поддршката ти е клучна и неопходна во ваква ситуација, барем за разговор.
     
    Последна измена: 26 март 2019
    На nextredstyle и RosettaStone им се допаѓа ова.
  15. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    И што ако им каже на твоите кога тие и така не се загрижиле за тебе да видат каде живееш додека студираш во Штип и кога мислат дека со 1000-2000 и твојата заработка можеш и кирија и јадење и се што треба да има студент да имаш? Што ќе направат твоите а? Ќе се затрчаат да ти даваат повеќе пари да се тргнеш сама настрана? Тешко, кога нивното однесување кон тебе кажува се ако е така како што го опиша.Мене ми делува на твоите не им е грижа па и тебе и така гледаш само да искористиш престој кај дечкото. Тој каков и да е не го заслужува ова а најмалку пак го заслужуваш ти неговото однесување. Заканите и тепачките можеш и да ги пријавиш а можеш и да раскинеш со него и ниту ти да искористуваш и се мачиш со него а ниту тој да страда и сама да решиш што ќе правиш понатаму.
    Тој месец април на крај од студирањево толку имаш предавања секој ден што не можеш да патуваш од твојот дом до Штип на факултет секој ден? Колку студенти секодневно патуваат. Кога си дома со твоите посвети се на учењето да дипломираш побрзо и нема да приметуваш дали се караат по дома.
    Треба да одлучиш што ти е важно и малку по малку да го остваруваш.
    Според мене најважно е да раскинеш со дечкото кога сметаш дека имате различни карактери и не си одговарате и како си пишала кога си оладила до толку и не го поднесуваш и ако сметаш дека ова нема да се поправи.
     
    На Alisa22, IM.TMKQ, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.126
    Пол:
    Женски
    Истото го мислам.
    И двајцата не се заслужуваат меѓусебно.
     
    На RosettaStone му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Машки
    Поголем проблем овде и се направи на девојката отколку дома нејзините и дечкото што и прават.
    Многу различни совети кажува секој.

    Дури и мене ми е сумњиво дека не кажува се. Но не е се за тука и ние да читаме и дознаваме.
     
  18. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.704
    Допаѓања:
    23.937
    Пол:
    Машки

    Овде најчестите совети се ( како и да ја вртиш ) да раскинат при првата препрека.
     
  19. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.509
    Пол:
    Женски
    Ти која и да е девојка би ја советувал да спасува врска во која партнерот и се заканува и се тепаат?
    Може оваа препрека да се премине и поправи?
     
    На candy.cane, WildMk, buba4e89 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
    Со оглед на тоа дека тука станува збор за подолга врска, јас не би советувала да раскинат при првата препрека. Нормално дека секој еден пар наидува на препреки во врската. Суштината е да се пребродат сите кризи и да успее врската.

    Но во случајов како што кажа членката тие не се поднесуваат. Притоа, таа го искористува, тој и се заканува. Мислам дека прочитав и дека имало физичко пресметување. Каков совет би дал ти? Има ли иднина ваквата врска?
     
    На RosettaStone, nextredstyle, Stark и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.