Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.395
    Вајлд, келнер е типот. Му одела на работното место , во превод може да значи одела во кафичот,кафаната ил биртијата каде работи. Само пофенси звучи...
    Не викам дека не е очајна,туку дека баш нема основ за тужби.
    Заљубена до степен на лигавост девојчица,не е ништо ново на свет. Момакот е јасен и гласен, не е заљубен, ќе иде во странство, мисли можда дека секс е добра идеја , јер...што не би могло:D, а она си прави со години филмови во глава. Дотука е јасно.
    Не е јасно што прашува девојкава, дали ке пати и колку ке пати ако се секса или не , или што?
    Ваљда нема да го дупне кондомот и да ги фаќа на бебе.
    Ќе пати, ке и помине. Не дека сите лесно се извлекуваме од секоја зезната ситуација или мајнд гејм што сами си го правиме. Тој не може НИКАКО да ја искористи. Таа што е нереална е друг и голем проблем.
    Девојче, ќе замине тој и дел од решение е тука. За поголемиот дел сама ќе си одговорна.
     
    На candy.cane, Animali, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски

    Што тоа ќе му ДАДЕ и какво е тоа ИСКОРИСТУВАЊЕ ????

    Аман бе луѓе, до кога ќе ги употребувате овие термини застарени??(facepalm)
     
    На candy.cane, Animali, Dentina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. babygirlxxx

    babygirlxxx Нов член

    Се зачлени на:
    28 март 2019
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Имам 23 години а тој 26. Инаку, во врска со сексот тој никогаш не настојуваше на тоа, не дека немаше прилики ама не ме притискаше, не инсистираше. Тој е свесен дека јас не сум лесна девојка и го почитуваше тоа што сум невина а не дека има некој чуден фетиш за невини девојки. Да му беше целта само да ме искористи уште вечерта можевме тоа да го направиме ама тој беше свесен дека не сум спремна, а еве уште ми нема пишано. Инаку, тој е затворен и срамежлив тип, мислам дека тешко би и се отворил на девојка иако му се свиѓа, мислам дека ништо не би поттикнал, а од градов немал ниедна сериозна врска, само една врска и тоа од друг град ама мислам кратко траела. Инаку, на почетокот ми кажа дека ме гледал, дека сум му се свиѓала, па дури и се сеќаваше на детали во врска со мене. Прашањето ми е на кој начин, совет некој како да се заљуби, да се заинтересира повеќе за мене, како да го заведам затоа што сите девојки се обидуваат да ги привлечат и заведат тие што им се свиѓаат па дури одат многу подалеку од ова што јас го прашувам.Само имам дилема дали ако го направам тоа со него иако ќе замине (а свесна сум дека ќе ме повреди тоа) а од друга страна исто би се каела ако не го направам тоа со тој што премногу го сакам, значи и во двата случаи би се каела, само кое е подобро каење, односно помачо зло :^) Исто така не знам дали да имам надеж дека нешто ќе се промени во иднина бидејќи никогаш не се знае што ќе се случи а и нема да остане засекогаш таму или пак да се обидам да го заборавам.
     
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Не постои такво нешто. Не можеш да натераш или направиш некој да те сака. Ако е толку лесно, секој би бил со тој во кој е вљубен. Нема начин, ниту рецепт за вакво нешто.
    Он ќе замине секако, немој да мислиш дека за тебе ќе остане.
    Дали ќе остане засекогаш или пак не, не можеш да знаеш ти. Тој ќе си има нов живот таму и друга особа, а ти ќе дремеш тука, заглавена во минатото и чекајќи на трошки од него, ако и нив ги има.

    Ова не е љубов, туку опсесија и најубаво би било да го оставиш на раат и да си продолжиш со животот.
     
    На RosettaStone, Annora, nextredstyle и 6 други им се допаѓа ова.
  5. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски

    Ќе ти кажам нешто девојко...
    Од тие затворените и повлечените чувај се.
    Имав врска кај што бившиот знаеше многу добро која сум што сум, дека не сум лесна девојка.
    Што се случи на крајот?
    Раскинавме, ме искористи интимно, ми ја зеде невиноста која ја чував за посебна личност затоа што мислев дека е тој за да на крајот ме повреди толку многу лошо што ми влијаеше на психата.
    Ама наивноста во мене секогаш велеше - тој е добар дечко не сака да ме искористи.
    Еве ме, си ја лупам главата од зид. Тој има девојка, јас овде се нервирав до пред некој период.

    Убаво ти рекол дека не сака врска, ти понудил секс и ќе заминува надвор од Мкд, што повеќе сакаш од тоа?
     
    На RosettaStone, Kate Rina 93 и nextredstyle им се допаѓа ова.
  6. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.590
    Допаѓања:
    63.032
    Пол:
    Женски
    Ох бе деца, оти вака си правите?

    Можеш да направиш безброј работи, ама тоа со некој или го имаш или го немаш. Ќе видиш и понатаму ако има хемија и привлечност меѓу двајца не мора да применуваш никакви тактики, енергијата си постои. Не збориме за љубов, тоа покасно си доаѓа, збориме за хемија.

    За секс, гледам дека ти е битен тој чин, сакам само да знаеш дека првиот пат кај девојките не е ништо посебно, ако гледаме од перспектива на задоволство ниту знаеш да се наместиш, ниту знаеш како и што, сфати го како trial верзија на понатамошни екскурзии :lol:

    Исто многу ти е погрешно мислењето дека тие девојки што имаат секс се лесни. Како што машките уживаат во тој акт, така уживаме и ние, никој ниту дава, ниту пак зема нешто во истиот. И да имаш секс не е нешто срамно, нормално е. Дека по тоа се мери чистотата на една жена може да мисли некој рмпан, такви не ти требаат.

    За ситуацијава искрено не знам што да те советувам, јас некако не би одела со машко за кое треба толку да се трудам. Има граница меѓу срамежливост и незаинтересираност, а кај него мислам оти е второто. Сакам бре некој едвај да чека да ме види, да сака да е со мене а не да треба да му висам на работа за да го видам.

    Јас би почнала да искачам и да запознавам нови луѓе, сигурна сум дека има машки што сакаат да бидат со тебе без ти толку да се трудиш и да вложуваш. Па да пуштам се спонтано да се деси, дејт, искачања па и секс.

    Не е типот за тебе, али јас не сум меродавна да кажувам што и како, само ти кажувам од страна како изгледа. Млада си, не си губи време за личност што не сака да е со тебе и најди некој што едвај ќе чека да те види.
     
    На candy.cane, Yowannty, DAngel и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.395
    Па нели си му рекла дека не си невина , или си му рекла не, па те пофалил за тоа. Не разбирам дали си или не си...
    На 23 малку е сулудо за ова да дебатираш, јас не мислам дека првиот пат некој спектакл ке биде, па толку жалење за пропуштена прилика и планирање.
    Хммм, а што поѓаволите е лесна девојка?
    Онаа што на 21 има секс а ти на 23 дека немаш не си лесна?
    До кога бе со тие глупи ставови.
    Можда тој е лесен.
    Бог да чува.
    Ова ко вицот со кокошката, ај уште еден круг ке истрчам за да не помисли лесна сум.
    Па сеа коваш планови како да се заинтересирал. Со вуду кукла, шо го е..м, ќе го сечам работата. (facepalm)
     
    На candy.cane, nextredstyle, Alisa22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.196
    Пол:
    Женски
    Со тоа трчањето по него и милион други работи кои ги наброја дека си ги правела за него, испаѓаш многу полесна од било која која имала секс на 23. Ама ти си знаеш...
    А не дека сме глупави ние или не знам што, во едниот пост пиша дека си му рекла дека не си невина, сега пишиш дека си.
    Сфаќам јас дека ви е досадно понекогаш и пишувате и што е и што не е, ама имајте осет со лажењето, се приметува.

    И да, ќе имате секс и ќе те откачи, немој да мислиш дека животот е шпанска серија и дека после една ноќ помината заедно Лиу Давид ќе се заљуби во Есперанса.
     
    На candy.cane, nextredstyle, Alisa22 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. babygirlxxx

    babygirlxxx Нов член

    Се зачлени на:
    28 март 2019
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Тоа беше грешка од брзање при пишување. Инаку невина сум, да не бев немаше да ми биде проблем толку и да дискутирам околу тоа. Освен тоа лесна девојка не е некоја што има сексуални односи, туку девојка на која не и е гајле со кого и колку, девојка која сама се нуди за односи, што друго освен тоа нема, знам дека за многу тоа е единствен начин да ги привлечат и да ги задржат, ни муабет не знаат да направат ни ништо...
     
  10. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски

    А што му е битно нему дали ти си или не си невина?
    Или сака да те скини, проебе за да се фали дека ти е прв?
     
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    Од кај знаеш дали знаат да направат муабет или не?
    Изгледа треба ко тебе да бидат да трчаат по платонска љубов.

    До кога со вакви стереотипи?
     
    На candy.cane и WildMk им се допаѓа ова.
  12. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.196
    Пол:
    Женски
    Па и ти си му понудена на тацна нему со однесувањево... I don’t see any difference.
    Или ако е невина да ја откачи со повреме и да не си зема обавеза на глава. Зашто кај неебана трча по него ко луда, уште да и биде прв и дечково ќе треба да се отсели на друга планета.
     
    На candy.cane, Stark, Alisa22 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    Шала на страна, девојчето ми делува на повредена од некој, па сега го нашла овој.
    Деќково ќе ја фати на момент на слабост, оваа луда по него и ќе се плеснат.
    После, уште повеќе повредена кога ќе замине па ќе се жали по темите дека била искористена.
     
  14. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Девојче тргни си ги тие романтични причи од главата. Дечково никогаш не бил заинтересиран за тебе, ама се однесува ок, а ти тоа го земаш за доброќа. Ако сакаш да имаш секс имај, ако не немај. За емоционалниот аспект, ти веќе имаш нереална опсесија со него, типична за некоја од 16 години, а не 23, па што и да се случи ти ќе бидеш повредена. Мој совет е да си го тргнеш ти него од умот, најди нова симпатија, ако почувствуваш дека почнуваш да опсесираш натерај се да не опсесираш. И почни да ги оттргнуваш тие нездрави погледи кон женската сексуалност.
     
    На candy.cane, RosettaStone, nextredstyle и 3 други им се допаѓа ова.
  15. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Колку што разбрав тој толку време не се понудил да имаат секс ниту ја присилил. Таа трчала по него, тој не покажал заинтересираност.
    Сега му се засака секс и затоа ја отвора таа тема.
    Таа ќе биде повредена и да немаат и да имаат секс.
    Никој нема да биде искористен бидејќи се договараат двајцата, не ја присилува.
    Ако и се сака нека оди, ако не нека се тргне уште сега.

    А тоа лесна/тешка 21 век сме, срамота е веќе.
    И девојко не можеш да го направиш да се заљуби во тебе, ако не биднало досега нема ни да бидне.
     
    На candy.cane, RosettaStone, Alisa22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Ок... јас сум ова некогаш:
    Ама знам муабет да прам (за тоа мене шо ме интересира)
    Инфо плус: Имам 120кг..
    Прашање: Лесна сум или тешка?

    :D
     
    На candy.cane, Kate Rina 93, СуперДевојка и 2 други им се допаѓа ова.
  17. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    Она го сака него, тоа е најголемиот проблем, што доколку поосле сексот ако се случи таа трча по него уште повеќе ќе и биде уште потешко оти ќе има некоја надеж а тој ќе ја користи како секс играчка секогаш кога нема во која да се испразне па она е тука резервата.
    Не е тоа поентата, она сака врска, ама ќе се задоволи и со секс само за да биде со него.
    Ме потсеќа на мене, само што јас не одев до тој крај да дозволам на некој да бидам секс играчка ама се задоволував со ситници.
    Не сакам да ја направи мојата грешка, туку да си ја сфати вредноста во себе дека може да биде со некој што ќе ја почитува и ќе биде со неа и поради емоции а не само поради секс.
    И да имаат секс, што потоа?
    Иако не ја присилил тој знае дека таа е слаба на него, и дека можеби и нејзе ќе и се присака па дај шта даш.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.395
    Хм...рационално вака ..зошто некој од 26 би преферирал невина?
    Јер има искуство и е супер љубовница?
    Оти многу сака да ги учи тој жените?
    Оти мисли дека е скриен талент?
    Ил ете да проба и девица на 23.
    Сигурно не е оти ке ја зема за жена.
    Зошто толку фама од нешто што е физиолошка потреба?
    Плус таа има глупи сфаќања дека сексот задржува , и дека боље за неа е да се "чува"
    Еве женско сум, па ме уморуваат вакви тупења ко богзнае шо да чуваат на 23, богатството на крал Соломон, а после нареден проблем ке биде - сврши ваму, таму, дали сум трудна, оти кондом е sooo 21 century..
    Деца бе, оти вака? Не сте разговарале со никој повозрасен никогаш? Ај не мора родител ама сепак некој од доверба во цела младост мора да сте имале.Интересно е колку необични сфаќања имате.
     
    На candy.cane, Annora, Alisa22 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски

    Абе плесни се еднаш, чи или бу, што те Брига, можеби нема да го бива, нема да се каеш оти не си го пробала, можеби ќе се изнасмееш...еднаш се живее јбг.:D
     
  20. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.764
    Допаѓања:
    21.477
    Пол:
    Женски
    Па имај де секс, шо:D
    Ете ако толку ти се сака и велиш дека тој е посебен за тебе, направете го тоа и крај. И ти и тој задоволни.

    Ама биди спремна на фактот дека повеќе од секс (најверојатно) нема да има, барем по ова шо го прочитав.
    Ако ти е сатисфакција на 23г наместо да уживаш и да бираш некој кој ќе те гледа како капка вода, ти да бидиш " кутија за празнење " , тогаш океј, твој избор.
     
    На Billy Idol, buba4e89, nextredstyle и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.