Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Како да трча по него кога отворено и кажал дека не сака сериозна врска?

    Ако е спремна и таа на истото во ред ама ако сака човек до себе кој ќе ја цени и сака нека се тргне уште сега.

    Сексот е најмал проблем, и да имаат и да немаат исходот ќе е ист.
    И пак ќе речам не ја искористува, туку отворено и кажува што сака. Нејзино е да одлучи што таа навистина сака.
     
    На candy.cane и Dentina им се допаѓа ова.
  2. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски

    Во ред е тоа, но таа кажа дека одамна го сака и ги одбивала сите поради него, за да "случајно" по неколку години тој ја примети.
    Сексот е секс ама знаеш како велат боље спречити него лечити.
     
    На nextredstyle и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.395
    Аман девојче, што е тоа кутија за празнење? Толку ниско мислење имаш за жените? И тоа кутија е еуфемизам, пошто сум чула погадни зборови во овај стил дури оговараше една.
    Ако е таа кутија, тој што е? Сериозно , ...
    Задоволна жена не ги руга другите вака. Канти, кутии, муабет ај ај ќе видиш ти. Како само машките да уживаат во сексот а ние жените треба до брак да го одложуваме,.....јер капки сме и кој ќе не сака после.
    Светот оди напред, ние за девици дебатираме.
    А за машките, ама ич не ти паѓа на памет дека не е "девица". Ил за него не важат исти правила?
     
    На IM.TMKQ, baba Rada и Tekkyi им се допаѓа ова.
  4. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Машки
    Не е застарен терминот. Туку тоа е покултурно изразување. Се знае на што мислев...и си стојам на пишаното.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  5. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.764
    Допаѓања:
    21.477
    Пол:
    Женски

    Да, ќе се осеќам ко канта за празнење ако јас го сакам него а тој ме бара само за секс.
    А нема да се осеќам ко канта за празнење ако двата се договориме да имаме секс без обврски и без емоции.

    Јасно е сеа?
     
    На Billy Idol и nextredstyle им се допаѓа ова.
  6. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Што културно има ако јас ти дадам а ти ме искористи!??

    Стои си на попишаното
     
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.027
    Допаѓања:
    130.881
    Пол:
    Женски
    Девојко,да бил он заинтересиран за тебе,ќе направел потег со кој ќе го докажал тоа.
    Понуда за секс не води до права љубов.
    А,и ова твоето повеќе личи на опсесија отколку заљубеност.
    Не брзај,ако не е тој,кога-тогаш ќе се појави господин Вистински.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.395
    Технички, тој ке ја прави истата работа во двата случаи.
    Значи , се е во твојата глава во врска со чувството, сама си го наметнуваш, врска нема со конкретниот секс. Логика нема баш многу, ама ако ти прија како канта да се замислуваш, осеќај се така. Уопште на памет не ми паѓа ако уживам и јас да се замислувам така, ма НИКОГАШ не би ми паднало на памет да се замислувам во ниедна ситуација дури и да ме лажел дека ме сака за да исполни услов за љубов, оти нели има и такви ,ни некој друг полнолетен да го сметам за канта. Секако , не ти сугерирам тебе да не се осеќаш како канта, слободен демократски свет, who am I to disagreе.
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.379
    Допаѓања:
    37.517
    Пол:
    Женски
    Дали да ја изгубиш невиноста со него? Не. Освен да решиш да ја изгубиш ама да си свесна за фактот дека нема да сте заедно.
    Дали е опсесија или љубов? Опсесија.
    Јас никаде не видов дека тој чувствува нешто за тебе.
     
    На candy.cane, nextredstyle и A_star им се допаѓа ова.
  10. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    Едно е да имаш секс со човек кој има чувства кон тебе, друго е да те примети по неколку години кога нема во која " да се празни "
    И јас би се чувствувала исто како канта кога некој ќе ме забележи само како секс играчка.
    Дали и како ти би постапила доколку некој те бара само за секс?

    Низ темите сугерирате секој да има самопочит но во случајот не е така.
     
    На Billy Idol, Dentina и nextredstyle им се допаѓа ова.
  11. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Ако се согласиш а тој ти каже што сака, нема што да се чувствуваш како канта. Безразлика што тој нема чувства а ти имаш. Ствар договор.
    Ако не ти одговара тебе секс без обврски, се тргаш од таков човек.

    Ама ако тој што чувства, не е заинтересиран за тебе (како бо случајов) се познава тоа, затоа треба да се прави проценка и да не се брза доколку сакаме сериозна врска. Во тој случај што би барала со таков? Веднаш би прекинала уште пред да дојде до односи.
    Ако веќе толку се крие и лаже, ќе прекинеш со него штом се се дознае.
    И повторно нема да се чувствувам како канта, бидејќи тој е тој што си игра со туѓи чувства и прави девојка да му верува, измислува дека ја сака и сл.
    Лажго и манипулатор.
    Девојката би немала вина.
     
    На Alisa22 и Dentina им се допаѓа ова.
  12. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.395
    Конкретно ако зборуваме за случајов, тој е релативно јасен . Ќе оди во странство келнерот, не е решителен во врска со неа, испипава терен, ЈАСНО вели дека не сака да се врзе. На паметен му се доста податоци.
    Секс како секс во светот на возрасните, не е секогаш пратен со љубов. Некогаш е чиста страст, едноставно некој те пали, ако си женско те возбудува некој маж, и обратно, за машко има нели израз "ти го дига некоја". Едноставно страст, желба. Не брак, не љубов до гроба, можеби врска, долга, кратка, секако фер однос ако си паметен. Не планови за свадба. Не прават сите планови за свадба по прв секс. Сакаат некои да истражуваат можеби , се е индивидуално.
    За мене зборам- заљубеност не мешам со љубов. Љубов е подлабока. Љубов е и во добро и во зло, таа не боли и еволуира низ годините. Но тоа не значи дека не сум можела да имам секс со некој кој само ми се допаѓал а нема длабока љубов за цел живот. Оти ако била длабока за цел живот, оти не сме останале заедно? Свесно ги правиме нашите избори. Никогаш не би имала секс со некој кој не ме привлекува, се разбира. А мотивите на партнерот, секако се важни, ама не е единствен услов длабока љубов. Колку што маж користи од секс, и жената користи. Не е као тој зема, а таа дава. Јас не реков дека таа треба да има секс со него. Тоа таа треба да одлучи. Сепак не е мудро да го прави тоа зашто очекува не знам што од него, да го врзе на пример, и нема смисла ако го направи, потоа да пати оти не се остварила "љубовта". Нема љубов, таа е заљубена еднострано.
     
    На candy.cane, Alisa22, Annora и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.427
    Допаѓања:
    22.106
    Пол:
    Машки
    Свесна си ама не си свесна. Плесни се и почувствај ја болката на искористеност или игнорирање после тоа.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ribabiba

    ribabiba Активен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    64
    Ама тој и кажал јасно дека нема иднина и дека се ќе заврши само на секс.
    Таа возрасна е превозрасна за сексуални односи. Плус него го сакала толку долго. Искористеност ќе има од двете страни. Ако го наречеме тоа така.
     
    На Snowflake97 и Biny им се допаѓа ова.
  15. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Машки
    Изразот.
     
  16. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.427
    Допаѓања:
    22.106
    Пол:
    Машки
    Таа по пишувањето ми вели дека го сака и сака да го освои, значи си мисли дека со сексот ќе се заљуби во неа. А од моја гледна точка и кажав како би било.


    А инаку со таа "фора" странство, знам на блиска другарка што и се случи... Беа пар и тој почна да и кажува како демек ќе одел во странство поради работа и можеби е подобро да прекинат со врската, прекинаа. И знаеш што?
    Тој не замина странство и си најде друга девојка во период од месец најкасно до месец и пола. :D

    (овде може да полемизираме многу, ама најкратко што можев кажав)
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mariii :)

    Mariii :) Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2019
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Здраво, еден дечко што ми се допаѓаше веќе некое време и се допишувавме на инстаграм и тој е од истиот град како мојот, ми пиша пред некој ден дека ме видел низ градот па ме повика да излеземе, излеговме вчера тој цело време си кажуваше само за него , а јас срамежлива и не зборував многу, не се ни бакнавме ни ништо и после вечерта кога си дојдов ми пиша каков впечаток сум имала, јас му кажав дека е многу комуникативен а тој ми вика дека сум била многу мирна и повлечена и затоа се двоумел дали да ме бакне или не ... и од тогаш не ми пиша повеќе :(а мене баш ми се допадна и физички и секако е сега незнам дали не му се допаднав штом не пиша досега, цел ден го чекам да пише и ништо....
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    А ти му одговори како си помина?
    Му кажа дали сакаш да те бакне или не?
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. neoglobin

    neoglobin Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2019
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Имам 29 год и сум бремена,моите го знаат дечко ми,има идено кај мене дома,се знае со брат ми и се е воред.
    Проблемот е што откако и кажав на мајками за бременоста,после некој ден кажала на татко ми и тој знае само неколку дена и за време на тие неколку дена живото пекол ми го направија,не сакам од работа да си одам дома,наместо да се радуваат што ќе имат внуче тие го сфатија тоа како нешто многу лошо и погрешно а им кажа дечко ми да не се секираат дека нема да ме остави,дека ќе дојде со таткому да разговараат.
    Инаку јас никогаш не сум имала никаква слобода дома,бев премирно дете,примерно,веќе 10 год работам,им помагам финансиски кога треба,никакви проблеми никогаш немам правено,тој ми е втор дечко и само него го имам запознено со моите,цел живот другите се подобри од мене за нив,другите што правеа куп глупости подобро се снашле,цел живот сме споредувани со другите,цел живот вестите и политиката се најбитно за татко ми и треба да се молчи,мајками е инспекторот дома,мора да знае кај сум,што правам,ако ми заѕвони телефон одма трча да прислушкува и после потпрашува и очекува да и се доверувам.
    До пред некое време ме притискаа да се мажам а сега кога ќе биде пак не им е погодено оти сакаат одма за еден ден се да се реши.
    Толку мизерно прават да се осеќам што не сакам да си идам дома,на секое видување исто прашање а им кажаа да не се секират и јас им имам кажано,па само неколку дена има поминато,ме гледаат дома накриво,не ми прават муабет,незгодно ми е да седам со нив,се осеќам многу лошо и постојано ми велат да го притискам за побрзо да бидело,таман ќе се повлечам во соба одма мајками по мене доаѓа и ми врши страшен притисок и ме прашува,а правен е муабетот,после ги слушам како разговараат пак за тоа во соба,направија да се осеќам како да сум направила нешто што никој не го направил а во денешно време 95% од невестите се трудни,па и мајками пред 35 год кога било невообичаено за тоа време во доцна бременост се зеле со таткоми а сега се прават како човек да сум убила,и тие денови после работа се повлекувам во соба и за да не ги гледам како ме гледат во стомак и накриво а мајками се врти околу за да наслушне што правам и само ќе влезе да ме праша како демек некоја глупост или да ми ја наполни главата со глупости за повеќе да ме нервира,толку прават да е неподносливо што незнам кај да фатам.
    Неможам да сфатам како може на 29 да ме гледаат како изрод оти ќе имаат внуче,толку ми е ужасно што сакам да умрам.
     
  20. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Ќе рече после некој, немало лоши родители. Има и тоа огромен број. Ограничени, токсични, со повеќе обзир што ќе речат комшиите отколку обзир према своето дете, напорни.
    Тоа е што е, не можеш да ги промениш. Гледај да не се нервираш пошто ништо нема да смениш со тоа, полошо на себе си правиш.
    Гледај што поскоро да заминеш во куќата на идниот ти маж а отпосле размисли каков третман ќе им пружиш на твоите родители.
    Дај им ограничен пристап до тоа внуче, да не се кочоперат како баба и дедо кога ќе се роди, а кога дознале за истото, душата ти ја ваделе.
    Како они со тебе, така и ти со нив.
     
    На Annath, candy.cane, gjoker4e и 13 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.