Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. S-Sister.91

    S-Sister.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    35
    УНА напиши си го овде проблемот па така сите што се на фемина и што имаат време ке ти дадат некој совет. ;)
    Подобро е тука, ќе добиеш повеќе мислења, па ако можеме сите ќе помогнеме. :)
     
  2. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Престани и ти да му пишуваш,не заслужува да му обрнуваш внимание чим испаднал таков кретен кон тебе не те заслужува тебе и твоето внимание.Ти биди си тоа што си и ќе видиш дека ќе се појави момче кое ќе те сака,почитува и ќе знае да ги цени твоите квалитети.
     
    На Fleur-De-Lis му/ѝ се допаѓа ова.
  3. stefani3

    stefani3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    епа вака, во врска сум со дечко ми 5 месеци, уште не сме имале односи
     иако планираме да имаме за некоа време. но тоа не е битно. тоа што 
    ми пречи последниве недели е тоа што некако како комуникацијата да
     ни отпаднала, вака кога сме заедно имаме теми на разговор и ни е супер
    , се смееме, збориме искрено и све тоа. но деновите кога не се гледаме, во
     последно време не комуницираме многу, не ми пишува толку многу пораки
     како порано, или пак ми се јавува поручек малце ќе зборнеме и толку. тоа 
    многу ми пречи и чувствувам како да нема потреба он да комуницира со 
    мене, иако секогаш ккога сме заедно многу убаво се однесува, срцка е, 
    ми кажува дека ме сака секој ден, и се тоа.
    незнам што да правам, еднаш му имам кажано и налутено за тоа, затоа 
    што имаше еден ден кога цел ден не ми се ни јави ни ништо заради ' проблеми
     со телефонот и интернетот'. што мислите каков знак е ова? што да направам?
     многу ми е тешко, никако да престанам да мислам за тоа и да си ја мачам главата. 
    ве молам за совет :)
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Како прво секс не се планира туку случува спонтано.
    Штом ви се намалила комуникација сигурно има нешто што го мачи. Не го напаѓај веднаш, туку направи смирен муабет и прашај го што го мачи и што му се вртка низ главата. Можеби навистина има некои проблеми човекот. Настапи на таков начин а не веднаш да се лутиш и напаѓаш и препишуваш дека не те сака.
    Полека не брзај, ќе си биде се во ред ;)
     
  5. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    762
    stefani Мое мислење е дека не треба да се грижеш ако во текот на денот ти прате само една или две пораки. Секој си има свои обврски, мош гледа некој филм, или е на школо, или работа или пак со некој другар играт некоја игра. Не мора да биде тоа знак дека не те сака или не мисле на тебе или пак не сака да комуницира со тебе. И самта велиш дека се е ок кога сте заедно „зарем тоа не е битно?„
    Не се нервирај и не си влевај лажни мисли дека не сака да комуницира со тебе... ако правиш притисок, се лутеш и сакаш да е 24 саата нон стоп со тебе, или нон стоп да ти праќа пораки или јавува или сигналчиња ...ке си ја доведеш врската само до пропаст ништо повеќе.
    Ако ти се јаве едншка или ти пише порака едншка биди среќна , коа ке сте си заедно ако ви е се убаво, нема потреба да се грижеш.
    Барем овоа е мое мислење , те поздравувам и надевам се дека ке биде се Ок
     
  6. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Епа ајде и јас да си го кажам мојот проблем.
    На почеток од врската јас бев многу љубоморна иако не знам на што се должеше тоа. Во последно време сум сменета, нема никакви љубоморни сцени и се си беше добро. Вчера во неговиот мобилен начекав порака од едно девојче и гласеше: " Не можам да се видиме сега, има некоја акција кај мене во школо, ќе се слушнеме покасно". Мене искрено не ми смета да си има другарки, но не знам зошто ова девојче не го можам. Порано се има мувано со нејзе и затоа не можам да се смирам со фактот дека се слуша со нејзе. Кога и да се слушне со некоја другарка или да се договори да се види одма ми кажува, а за овој случај сама си дознав. И најмногу од се што ме изнервира беше тоа што три дена по ред го терав да ми заврши една работа, но секогаш наоѓаше изговор ко во случај немал време, а да се гледа со онаа може :@
     
  7. hristin4eto

    hristin4eto Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    здраво :) имам еден проблем ако може да ми помогнете.. значи сум правела муабет со маско за оваа тема и ми има кажано дека маско кога ке се залјуби никогас нема повторно да сака така како тогаш демек маско еднас во зивот само се залјубува и сака ептен многу и после и да не е со таа зенска веке да го повредила или слицно тој нормнално ке си продолзи со друга ке оформи семејство но никогас нема да ја сака толку како таа.. е сега ме интересира сто ке казете вие на ова ако мозе на форумов и маските да ми дадат совет од нивни аспект дали е така скоро кај сите... ме загризи самата помисла дека децкоми порано сакал една премногу но идел кратко со неа со мене оди највеке до сега од се и мислам дека мене никогас нема да ме сака како неа.. совет :(
     
  8. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Кажи му смирено,разговарајте и прашај го зошто не ти кажал и што е причината поради тоа. А,за тоа што не направил тоа што си го замолила,друг пат кога тој ќе те замоли за нешто,не го прави па нека си осети како е.Значи дај му знаење дека ти постоиш и си тука и ако е со тебе,треба да ти кажува такви работи,бидејќи како што велиш претходно се смувал со неа, па сепак требало да ти каже.А,можеби не ти кажал од причина што не се виделе,па мислел дека нема потреба да ти кажи. Сепак,прашај го отворено зошто така постапил,па ќе си разбериш сама.
     
  9. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Дури си заглавена во минатото никогаш нема да си потполно среќна. Што се замараш со минати свршени времиња. Ако ви е убаво заедно и немаш причини за сомнеж, не гледам место за параноја.
     
  10. S-Sister.91

    S-Sister.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    35

    Немој така да мислиш, штом со тебе е подолго време тоа значи дека те сака. Сигурно не е со тебе колку да се каже дека има женска. Нека не те гризе совеста, ти ако го сакаш прави се за него за да може и тој да те засакува од ден на ден се повеќе и повеке. Јас со дечко ми одам 3 ипол години и секој ден го сакам се повеке и повеке а и тој мене.
    И точно е тој никогаш нема да те сака исто како неа, бидејќи секој човек е различен по карактер ! Тој ќе те сака повеке отколку што ја сакал нејзе. ;)
     
  11. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Немој веднаш да помислуваш на најлошото и да го обвинуваш. Не дека немаш причина за помислување на такво нешто, но треба прво со него да зборуваш. Прашај го што има со неа, прашај го зошто таква порака и зошто не ти кажал за таа порака. Според неговиот одговор мислам дека ќе почувствуваш ако има нешто повеќе од другарство.
     
  12. unconditionaLove

    unconditionaLove Активен член

    Се зачлени на:
    8 април 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    9
    искрено, и јас би реагирала исто како и ти..јас не сум воопшто љубоморна,не ми смета да има другарки,да оди да пие кафе со нив,но доколку се работи за некоја бивша,секако дека нема да ми биди сеедно..не велам дека нешто лошо се крие позади ова,али и самата рече дека те известува ко ке се договори со било која другарка,а за ова ете си дознала самата..мислам најубо е да седниш и да разговараш со него,баш како шо рече butterfly15,па ако има нешто ,на лагата кратки му се нозете :)
     
  13. srcence123

    srcence123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    9
    Вака има едно дете кое веќе година и пол ме моли да се фатиме и ми кажува дека ме сака,а јас секогаш му велам дека не сакам да имам дечко моментално и дека мислам дека е подобро да бидеме само другари.Многу пати го имам одбивано,но тој никогаш не се откажува.Но сега кога последен пат зборувавме на оваа тема и кога ме праша зошто не сакам да бидеме заедно јас му кажав дека ми се свиѓа друг.Од тогаш цело време ме одбегнува,а јас навистина се чувствувам многу лошо.Сега сфаќам дека можеби јас го сакам,но не бев свесна за тоа бидејќи многу ме боли тоа што го повредив толку и што не ми зборува повеќе.Мојата другарка ми вели дека јас го сакам него па затоа се грижам толку,а момчето кое мислам дека го свиѓам ми е само опсесија бидејќи е подобар од него.Сега размислувам за да разговарам со него,но тој не сака ни да ме погледне,постојано ме одбегнува.

    Кажете ми што би направиле на мое место и кое е вашето решение за мојов проблем.
     
  14. S-Sister.91

    S-Sister.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    35
    Ова секогаш е така. Кога тој трчеше по тебе ти му го вртеше грбот, а сега е обратно. Сега ти стави се на негово место како му било нему кога ти постојано си го одбивала. Знаеш како се вели се се плаќа се се враќа. Не ме сфаќај погрешно. Ама мислам дека штом ти е криво сега дека те одбегнува ти очиглено чувствуваш нешто кон него. Си била искрена и си му ја кажала вистината дека ти се свиѓа др момче, но размисли си ако навистина тоа момче ти е само опсесија ( а верувам дека ти е) откажи се од него. Пиши му порака на детето дека сакаш да се видите и да разговарате, па сама одлучи што понатаму дали сакаш да пробате или не. Со среќа Реагирај на време за да не го изгубиш без разлика дали ке си останете другари или нешто повеќе иако би сакала јас да пробаш со него и да видиш како ке ти биде. Позз
     
    На srcence123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Веќе подолго време не ни оди со дечко ми. Постојано раскинуваме, па се смируваме и веќе се навикнавме на таа игра раскинување-смирување и постојано ја играме.
    Понекогаш помислувам дека воопшто не си одговараме и не можам да го поднесам, а понекогаш не можам да се разделам од него.
    Има повеќе причини за да прекинам со него, но секогаш по раскинувањето се предомислувам и го сакам назад. Никогаш не сум го молела јас да ми се врати, но јас сум таа што ја води нашата врска. Јас сум таа која организира излегување надвор и тоа е толку тешко бидејќи тој сака постојано да сме кај него. Некогаш помислувам дека со мене е само поради секс, а некогаш сум толку сигурна во неговата љубов.
    Не знам што да правам. Мислам дека нашата врска е само измачување, но мислам дека и многу го сакам и не знам што да правам.
    Добредојдени се вашите совети, затоа што навистина ми се потребни. :(
     
  16. hristin4eto

    hristin4eto Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    ке мозе за моево прасанје да ми дадете повекето совет..? само една личност ми даде совет друг никој :( навистина ми требаат повеке совети за да се уверам
     
  17. trtla

    trtla Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    71
    ЗДРАВО!!!
    Мое мислење ќе ти кажам , па ти размисли си.Сакањето и заљубувањето и дали човек само еднаш сака и мене ме замисли - искрено.Не знам колку години имаш и дали си во врска и колку време , како ти е во врската.Јас мислам дека кога некој е во врска со некого има и убави и неубави работи,љубов , омраза ,караници и саканици,кога ке ја раскинеме врската со некого си размислуваме како ни било, колку не сакал , колку ни било убаво,односно тој што сме го изгубиле почнуваме некако да го идеализираме заборавајки на караниците и лошите моменти во врската и си викаме како него што го сакав ниеден друг нема да сакам.НО, ако тебе ти е убаво со сегашниот партнер имаш почитување , внимание ,слога според мене ( имам 28 години) мене повеќе би ми значела толеранцијата и хармонијата во врската.Сведок сум што од лично што од туѓо искуство дека во брак сепак завршуваат парови кои не се сакаат толку многу лудо ,туку кои имаат заеднички интереси и се на некој начин компатибилни, кои знаат да ги поделат обврските околу децата , куката....
    Лудата заслепеност и сакањето ( до коска :) ) за сериозна врска не знам колку помага или одмага!!Ја разбирам твојата потреба од посесвност , ама мислам дека не ти е потребна ,се додека тераш и додека функционирате -тоа е љубовта.А дечко ти можеби е склон да за секоја претходна вели дека нема да сака никогаш како неа...можеби само ( трескам ) има и такви луге , да ја сакал толку многу немало да ја остави и да проба со тебе.Они бар лесно ги решаваат работите ако нешто не им штима во врската раскинуваат...значи не чинело и не се грижи мислам немаш потреба .Биди поздравена!!!
     
  18. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Христинче користи ги буквите ш, ж, ќ, ѓ полесно ќе биде за читање ;).

    За прашањето, не се секирај не е така :D.

    Кој колку ќе сака е многу индивидуално така да можно е некоја да му била нешто најдобро што нашол, таа да му раскине и тој цел живот да ја жали ама исто е можно петтата женска да му биде најдобрата во животот и со неа да направи фамилија. Исто е можно неколку девојки да сака до максимум без да прави градација дека некоја ја сакал повеќе или помалку. Можно е и да биде порезервиран додека ја заборави бившата но со тек на време да ја засака еднакво или повеќе новата, значи сите комбинации се можни.

    Во принцип неколку девојки сакаш до крај а другите се онака со помал интензитет (да попунат место :D) што сепак не значи дека нема со некоја и трајно да останеш.

    Така да многу е можно ти да си му нешто најдобро и тебе да те сака најмногу на свет што значи немој повеќе да се оптеретуваш со тоа прашање :)
     
  19. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172

    Ja би сакала да ти дадам еден објективен одговор, се надевам нема да ми се налутиш .

    Познавајќи ја твојата врска од овде што споделуваш, мене најискрено ми изгледа дека сево ова вам ви е од навика. Детево не е со тебе само заради секс, ами од навика ко и ти со него.
    Кога велиш дека му раскинуваш а после пак го сакаш назад ти е исто сам заради тоа шо си навикната на него а и можеби некој потсвесен страв од тоа да не останеш сама. како и кај него исто верувам.
    искрено ја низ ова поминав, од две и нешо годишна врска една година слободно можам да речам дека сум била само од навика заради детево, исто ко тебе се осеќав и исто ко тебе правев , се додека еден ден не ставивме АМА стварно крај. И да ми беше тешко ама искрено од сама помисла дека нз како понатаму, дека нема да сакам никој, дека можда ја сум го изгубила , дека можда го сакам, дека никад нема да го заборавам и дека ке бидам сама. Ама не!

    И нормални се такви раб по една долгогодишна врска. Доколку планираш да ставиш крај Стави го, ама очекувај вакви нешта. После ке ми го сфатиш муабетот.
    Откако искрено се отргнав од детево сфатив дека ја љубовта одамна сум ја изгубила и дека сум направила најдобра одлука и дека нема да бидам сама. Нешто од што најискрено се плашев.

    Така верувам и кај тебе.

    Ја те советувам да си разграничиш баво љубов од навика. И по тоа донеси здрава одлука. :)
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    2.383
    Butterfly сум била во слична да не речам иста ситуација како твојата. Бевме заедно 5 години и последните 2 години беше скарај се смири се... Кога не оди не оди... Секој пат беше исто ќе се смиревме и првите 2 недели супер ама подоцна пак по старо истите расправии, па ќе се скаравме и пак исто. Се смирувавме од навика. Така што мислам дека и вие двајца се смирувате бидејќи имате навика да сте заедно. Мој совет ти е да не си ги трошиш времето залудно. Да тешко ќе ти е и ќе сакаш да се смирите, па напади на паника леле сама ќе останам ама се ќе помине. Зошто да се вртиш во круг цело време и времето да ти поминува?
    Ако не си 100% сигурна што сакаш дајте и уште една шанса на врската можеби ќе успеете, но од друга страна пак доколку повторно се скарате тогаш стави крај на врската и продолжи понатаму... Тоа ти е мој совет сепак одлуката е твоја. Ајде само мисли позитивно :D се ќе биде :D
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.