Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. molikaMk

    molikaMk Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    2.582
    Епа вака... јас и мојот бивши одевме 6 месеци, ми беше првиот дечко и го сакав премногу. одевме тајно(тој така сакаше) зошто тогаш не бев полнолетна, а тој е 6 години постар од мене-..инаку сме комшии, живееме во иста зграда... почна да ме избегава, да не ми се јавува,имаше еден куп изговори...дознав дека има друга...ми се случи тоа што најмалку го очекував...таа остана трудна и се зедоа....замислете таа со стомакот олкав, а тој ми пишуваше пораки на тел, сакал да сме другари, не било убаво да сме скарани оти сме биле комшии. Ми гледа така нападно кога ќе поминам покрај него, иако му реков в лице дека го мразам....е сега поминаа веќе 3 год одкако не сме заедно, јас веќе не го сакам, ама уште ми е многу тешко да ги гледам заедно секој ден....сакам да знам каде работи , што прави, не го сакам, ама не го ни мразам....кога ќе ја видам таа неговата ми се повраќа. денот ми е уништен...неможам повеќе мислам дека ќе збудалам...

    Последиците од ова што ми се служи ги чувствувам сеуште....во секое машко го гледам него, не сум имала врска после него, самодовербата ми е на нула...како да создадов еден ѕид околу себе и не комуницирам со никое машко...по природа сум срамежлива и верувајте ова целосно ме затвори во себе...најтешко ми е тоа што го гледам секој ден.....

    Феминки дајте ми некој совет...очајна сум ;(
     
  2. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Најпрво нешто што треба да направиш е да се помириш. Тој има сопруга и сигурно веќе и деца има, а ти сеуште не можеш да си го средиш животот поради него. Знам дека не е лесно да го гледаш секој ден со сопругата, посебно па што живеете во иста зграда сигурно често се сретнувате.
    Но не можеш ти овде ништо да направиш, освен да си кажеш на самата себе-КРАЈ и да не мислиш веќе на него. Поминале 3 години, а не 3 месеци. И крени си ја малку самодовербата, дотерувај се, излегувај, дружи се, можеби ќе запознаеш некој.
     
    На molikaMk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mellanii

    Mellanii Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    7
    вее молам феминки за помош! бев со еден дечко 2-3 месеци ништо озбилно,но ептен го засакав и премногу ни беше убаво и тој беше супер се додека не ми рече дека сака да останеме пријатели и секако многу тешко ми беше, после некое време дознав дека тој пак е во многу добри односи до бившата..решив да го заборавам и си најдов ново момче,тој исто така е добар со мене но јас сеушто го сакам претходното момче и кога сум со сегашното го терам да одиме на места каде е тој и неможам повеќе многу ми е тешко...
     
  4. Leika

    Leika Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    49
    А што може тука да се помогне? штом ти кажал дека сакате да останете пријатели тоа е тоа, се повеќе од тоа ке станеш досадна и заморна, ништо нема да промениш само ке се измачуваш ... што се однесува до сегашното момче подобро раскини му бидејки не го сакаш а не е убаво да го правиш истото што и бившиот на тебе , собери се , размисли и избегнувај буквално да бидеш на места каде е и бившиот, со тек на време работите ке си дојдат на свое место ДА НАПОМЕНАМ 2-3 месеци се мал перод за засакување, ти можеби си се затрескала во него бидејки сте поминале убаво време а можеби и сте се зближиле сексуално, можеби си помала но да знаеш дека се е во твојата глава, ти можеш да го засакаш и отсакаш во секој момент само треба да си размислиш не да плачеш и да се нервираш и се ке се среди ... во животот гледај реално и не се залажувај, постави ди ги сите факти и аргименти на маса и размисли, заклучокот е секогаш нај реален и без утка, советите се најлоши зашто секој те советува како би постапил а никој не ја знае твојата ситуација и никој не ја имал твојата врска и не ги знае товите муабети САМО така никогаш нема да погрешиш и секогаш што и да решиш ке донесеш правилна одлука(која ке зависи само од тебе) со тоа ке си стекнеш поголема самодоверба и ке се научиш да се соочуваш и да ги решаваш ваквите и слични ситуации во животот... со среќа ;)
     
    На Mellanii и H.VAGA им се допаѓа ова.
  5. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    1.005
    Пол:
    Женски
    незнам дали мојот проблем ако можи така да го наречам е за во ова тема ам ај....ќе пробам се надевам ке разберите и ке ми поможите........со дечкото одиме 2 години и 8 дена,досега се беше добро,бевме цело време заедно,бевме среќни,со еден збор се беше супер.е сега јас многу паничам ко ќе не е до мене,цело време се измачувам,одвај чекам да го видам,тој на пример ќе биди на кафе со другар и ми кажва се,кај е со кој,ама јас ете сакам да бидам цело време со него,можи и во мене е проблемот и грешката,не велам не,претервам и јас :( ....конкретно за сношти-ќе ме носеше дома оти му се спиело а цел ден го немав видено,ок,работеше дрн дрн дрн.....и му викам добро носи ме и ми вика а да одам до кај другарите(беа в кафана негде седнати,го викаја ама демек бил по тренерки,нејќел и сакал да биди со мене) и јас се изнервирав,му викам ако не ти се спие ќе седиме кај тебе,секако мене му велам не ми се спие,колку си лоша ми вика ама онака се поднасмеа и после му велам оди ако сакаш,не одам вели сега,и си замина дома ми се јави дека стигна ама оанак ладен туш и после ко легна пак ми ѕвона ама пак она ладен в крај........и то беше и понекогаш незнам шо да мислам,можи е презаситен од мене а јас душата би ја дала за да бидам со него........шо мислите вие?некој совет? hugsssssss :inlove: :inlove: :inlove:
     
  6. Diamondkiss

    Diamondkiss Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    39
    Па вака, требаше со едно дете да се муваме, но преку еден другар разбрав дека он не планирал ништо со мене..а се гледаме понекогаш онака...и норммално збориме и некако како тој да има симпатии кон мене..и ок тоа се...и сега готово јас не ни размислував веќе за него зашто тој си кажа дека не сака со мене ништо..и сега кога другарка ми била со дечко и надовр и он бил и прашал за мене каде сум да дојдам да поседел со мене да се муваме демек..и другарка ми му рекла демек она не сака више да се мува со тебе..и тој направил пффф и запалил цигаре таму...и сега сварно не знам шо да правам???? не знам што тој мисли за мене...можеби си игра и к**** со мене..а неможам да познаам? ПОМОШ!!!
     
  7. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    И јас го имам истиот проблем и мислам дека колку повеќе сакам да сум со него, толку повеќе го туркам од себе. Не знам дали ќе успееш, но пробај да се дружиш повеќе со другарките, да не се лутиш кога ќе сака да е со другарите и да не го тераш да е со тебе, тогаш кога нема да сака. Не знам дали ќе успееш, затоа што јас не успеав и мислам дека нема да успеам, но се надевам дека ти ќе пробаш и ќе успееш. Колку повеќе си недостапна за некого, толку повеќе си интересна. :)

    Остави го малку, нека помоли малку ако сака сега нешто. Ти кога си сакала, тој несакал и сега на него му текнало и ти ајде веднаш ќе одиш? Не, тоа ќе е грешка. Остави го нека си мисли дека не сакаш да си со него, но давај му знаци, погледи, малку да го збуниш.
     
  8. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Јас порано така правев ама повеќе не, не ми донесе ништо арно само нервози и умислување глупости.Остави го нека оди каде сака па не може 24/7 да бидете заедно и он си има потреби да се види со другари не гледам ништо лошо во тоа.Не му покажувај никако љубомора пушти го зошто ако го притискаш за инат ке оди ти ќе се нервираш и така почнуваат кавгите ;)
     
  9. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    TeaB малку касно можеби пишувам ама тоа е, сега ми падна во очи. :lol: Морам да кажам дека ова твоево ни мене не ми се свиѓа! Ок е да се има другарки, јас немам ништо против тоа, ама потполно те разбирам дека ти пречи девојчето бидејќи порано се мувале. Не знам колку време сте во врска, ама ако си имате веќе доволно слобода, кажи му дека не сакаш да се дружи со неа и дека ти пречи тоа. Да се одалечи! И стој си на тоа, не го менувај мислењето. Ок можеби нема ништо со неа, ама зошто ја крие пораката? Зошто не ти кажал? Ако е поради љубоморните сцени од минатото, вака ништо нема да постигне. Барем не нешто добро.

    Можеби има вистина во оваа филозофија, можеби не... јас лично не се замарам со тоа, а би ти препорачала и ти да не се замараш. Дали некој е заедно со години или неколку месеци, нема врска со сакање. Може некој пар да е заедно 5 години ама да се заедно само од навика, а може и да одат 2 месеци ама да се сакаат повеќе од себе!
    Не размислувај на таа тема. Зарем не ти е доволно што те сака? Зошто се измачуваш со прашањето дали тебе најмногу те сака или некоја пред тебе најмногу ја сакал. Гледај да ти е убаво и да си се сложувате.

    Butterfly15 можеби љубовта веќе преминала во навика, а можеби пак и ви е потребна малку промена. Пробајте прво да смените нешто. Ете велиш дека тој сака се кај него да седите и дека се ти организираш. Кажи му да се заинтересира малку, да се потруди, да покаже кој е машко во врската и да не чека се од тебе. Разговарајте отворено што ви пречи, тебе кај него и него кај тебе, што би сакале да смените, зошто постојано доаѓа до раскинување. Пробајте да решите со разговор за да не ви е криво после. Ако па ептен не оди, разделете се на некое време и колку и да ти фали не го барај. За тоа време размисли дали го сакаш, дали ти недостига затоа што си навикната на него или затоа што стварно ти е потребен?!

    Се извинувам ама јас мислам дека е до тебе. :$ Ако не ај вржи го за тебе... Две години сте во врска, од каде причина за паника? Како и да е ќе се видите. Остави му малку простор и време за себе и за другите луѓе околу него. Што има лошо ако излегува со другарите? Мислам дека треба повеќе да го цениш тоа што се ти кажува. Немаат сите девојки таква среќа, има милион случаи каде што девојките појма немаат ништо за своите дечковци затоа што се им премолчуваат. Ете за случајот што си го пишала... Можеби сакал цела вечер да е во кафана со другарите, ама ете оделил време и за тебе. И после ти кажал дека му се спие и те врткал од околу бидејќи веројатно знаел како ќе реагираш. Мој совет ти е да не го давиш дотолку, бидејќи можеш да го одалечиш од себе. Тој имал живот пред тебе, како и ти пред него и тоа никако не треба да се заборави. Башка, нели ви е досадно цело време да сте заедно? :^)
    Се најдобро на сите :hai:
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    1.005
    Пол:
    Женски
    фала на сите за советите.....се е ок сега :) позззз
     
  11. angel217

    angel217 Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Вака имам еден проблем и се надевам дека ќе ми помогнете.Имав врска која траеше скоро 5 месеци и раскинавме пред 3 месеци затоа што неговото однесување се промени.Многу пати го прашував што се случува,зошто е изменет,но сето тоа тој го негираше,велеше дека се е во ред дека нема ништо.Некое време молчев и не зборев на таа тема мислеќи дека е само пролазна ствар,но потоа заприметив дека неговите фб-разговори се избришани што беше многу чудно,а и повеќе муабети слушав дека со друга го гледале,но секогаш неможеш да им веруваш на муабетите.Почнав да се сомневам дека постои друга и тој сомнеж не ми даваше мира.И покрај тоа што тврдеше дека нема ништо јас му раскинав затоа што незнаев во што да верувам.Секако потоа долго време ме молеше да се смириме.Потоа другар мој кога разговарал со него му рекол дека немал девојка туку дека само се смувал со некоја и дека не ја сакал..потоа ги видов заедно и тој веднаш се приближи до неа..Дали тоа сакаше да ме направи љубоморна или незнам..Незнам што да мислам незнам што да правам,а многу ми е тешко...Па ќе ве замолам за совет..позз
     
  12. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Јас да сум на твое место, ќе се откажам од него.. Како прво те варал, сакал тоа да го направи или не, добро ќе било од негова страна да ти каже за тоа! без оглед на последиците..И ако те сака, нема да е со таа сега што е, туку ќе се обиде да се врати се на старо како што било со тебе.. Батали го и не покажувај ни малку слабост пред него..Ако си му значела сам ќе дојде да те моли ;)
     
    На angel217 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. rak4estip

    rak4estip Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2012
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    228
    Феминки ми треба една помош вчера се запознав со еден дечко го знам околу 1 месец и вчера конечно братучедка ми не запозна но ми кажа дека многу е срамежлив. Луѓе се свиѓаме еден со друг па ве молам за помош што да правам сакам да му пишам ама неможам нежнам што да правам
     
  14. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    пробиј лед де ништо не губиш коа е типов страмежлив пиши прва па ке видеш како ке реагира ;)
     
    На rak4estip му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dudu4e

    Dudu4e Активен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Феминки имам еден проблем. Излегувам со едно дете веке година и 7 месеци, излегувам но онака не сме биле званично во врска, но секаде кога ке излегуваме одиме јавно, не се криеме. Така ке се потскараме затоа што тој сакаше да имаме односи, јас бев невина и не се давав затоа што ми беше тоа што не бевме во врска, многу пати сме се карале, тој излегувал и со други и јас со други, тој никогаш не ме имаше разбрано а јас го разбирав, од една страна немав право зошто не бевме во врска. И така вакви такви безвезни проблемчиња и секогаш одврти заврти до ден денес се гледаме, ме бара, скоро секогаш тој, Го сакав и уште го сакам, И сега ете пред една недела направив глупост му се дадов, тој ме скина, Го оствари тоа што го сакаше, знаев што ме чека.. но ете сакав тој да ми биде прв, па што сакаше да биде..и го очекував неговото понашање... Девојки не ме ни побара другиот ден да праша како си, што си, како ти е ? Толку ми беше тешко, се скинав од плачење, и онака нешто пишевме на фб, и му ја дадов големата, Дека можеше барем да праша дека ова она, секако .... И ми вика немаше време, не сум покварен како што ме мислиш... кје правиме муабет кога ке дојдеш, кје средиме све..И ете си дојдов јас вчера од на фах, кај мене во градот, и вчера вечерта дојде дома кај мене но со еден другар, и потоа останавме сами, не ми спомна ништо, како ништо да не било.. Претешко ми е девојки и го сакав тоа и жалам за тоа, кажете ми што да правам, да правам нешто муабет со него, што да му речам ? :(( немојте да ме осудувате дека ме искористил, го знам јас тоа самата, ама ете.... :(
     
  16. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Се десило шо се десило, си му дала, сега нема враќање назад. Колку и да се каеш - тоа е.
    Не прави муабет со него, ако не е толку покварен ќе те побара.
     
  17. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Се десило шо се десило, си му дала, сега нема враќање назад. Колку и да се каеш - тоа е.
    Не прави муабет со него, ако не е толку покварен ќе те побара.
     
  18. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Само биди што подалеко од него и не му збори,остај го,таков не ти треба,со текот на времето малкку по малку ќе го заборавиш!! :)
     
  19. FeatherCut

    FeatherCut Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    33
    олади и ти малку, поигнорирај го. ако стварно му значиш ќе сфати што направил и ќе се јави. ако продолжи и тој да се однесува ладно значи не вреди да трчаш по него ;)
     
  20. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Имаш контрадикторност во ставовите, си тргнала со јасна претстава што ќе се случи, потоа не ја прифаќаш истата. Иако мој совет ти е да се држиш до овој свој првобитен став, бидејќи и онака веќе се‘ е завршено, повеќе внимателност за понатаму. Со некој со кој си во отворена (дозволено е гледање и со други), иако тоа не е ни врска, да се разбереме, нема скоро никаква веројатност да заврши поинаку. Сега, стисни заби и биди горделива пред него, со напнување, кукање или плачење нема да постигнеш ама баш ништо. Така растат децата сексуално. И ако е некоја утеха, ретко која останува со првиот сексуален партнер, па повеќе среќа во натамошните избори.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.