Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски
    Имам две другарки кои живеат кај мене блиску , се знаеме цел живот, порано бевме многу блиски излегувавме се зезавме , ден денес уште зборуваме , но не како порано само јас сум таа што вика за надвор , за празници и сл. не сме се скарале до сега или да ми рекле нешто, ама се чуствувам како ако јас не ги викнам , не верувам дека би се сетиле дека сум жива и дека постојам , предходното лето отиде една другарка на одмор и после тоа и спомнав има евтини понуди дали сака да идеме и добив одговор само онака па ај ќе видиме , а кога треба нешто , фигаро , пегла за коса, да ја нашминкам , секогаш сум тука и правам услуги , колку пати ќе побарам и од други другарки нешто ако немам јас за да и дадам, летото цела сезона додека сите шетаа јас седев дома како во затвор исто ќе биде и ова лето , еве сега ми пиша едната другарка дека е на свадба и дали ќе може да дојде да ја нашминкам инаку ја немаше да ми пише уште пред недела дена и и реков дојди не е проблем , прашањето ми е како да престанам да бидам будала и глупава??? Или не знам што ми фали па толку ја морам да бидам иницијатор на секое искачање, како што сум тргнала ми е страв да не се повлечам во себе бидејќи 90% од денот и животот сум сама
     
  2. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Најди си други другарки кои нема да те бараат само за корист.
     
    На WildMk, Shmizla94, Tea678 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    986
    Допаѓања:
    4.095
    Пол:
    Женски
    Почни и ти да се однесуваш така ладно со нив, ќе ти побараат нешто речи не ми е дома, не си слободна и така. Вади се, да видат дека ги одбегнуваш и си оладена кон нив, и ќе престанат да те бараат штом не им се наоѓаш.
    Почни да шеташ, па и од работа/школо/факс ќе запознаеш нови кои нема така да се однесуваат.
     
    На WildMk, Shmizla94, Tea678 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски

    Комплетно се согласувам со @СуперДевојка и @smooch
    Најди други другарки кои нема да се дружат со тебе од корист.
    Нема што да им завршуваш работа, да им бидеш кловн и пополнување на времето кога ќе се сетат.
    Почни да одбиваш, ако мислиш дека не можеш сети се на она што тие тебе ти го прават за да се осеќаш мизерно како сега.
    Еднаш ќе успееш да одбиеш, после ќе биде полесно.
    Друго, да бев на твое место ќе им кажев се што напиша овде, и мирна душа.
     
    На WildMk и Tea678 им се допаѓа ова.
  5. exactly

    exactly Нов член

    Се зачлени на:
    4 мај 2019
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Читајќи ве, добив храброст да кажам збор два за моите проблеми, очекувам мислење па и критика.

    Пред еден месец прв пат ги почувствував симптомите на анксиозност, во еден момент се најдов во ќошето од мојата соба плачејќи, тресејќи се од страв, паника, гушење за тоа што следно ќе се случи во мојот живот. Ги игнорирав сите тие симптоми бидејќи не сакав да западнам во депресија од која тешко ќе излезам.
    Дојдоа деновите од кои највеќе стравував... изгубена желба за живот, за работа, за излегување, за журкање, организирање на собиранки и сл. да не сакам да се разбудам затоа што живеам во страв од што следно?
    Во друг момент се пронајдов како плачам во скутот на мајка ми, како плачам на свадби и се кријам без да ме види некој, како плачам на телефон на мајка ми или некоја другарка. Веќе долг период се немам насмеано и затоа се изолирав, престанав да излегувам и да се дружам бидејќи не сакам да пренесувам негативна енергија. И да излезам, кога ќе се вратам дома, реалноста ќе ме убие.
    Се чувствувам како кукавица, слаба личност која не може да се спротистави што дури некогаш мислам дека смртта за мене е најдобра опција, да завршам со маките и тоа грдо чувство што го имам во градите и не ми дава да дишам и живеам нормално, да се радувам на животот и секој нов ден што доаѓа.
    Немам доволна добра и силна причина зошто да продолжам бидејќи се што мене ми се случува е лошо што во еден момент се изморив да бидам борец за подобро утре.
    Не паметам кога последен пат ми се случило нешто убаво, да се насмеам, да се пофалам дека се случило нешто добро, па дури и да се смеам без причина што порано често правев. Почна да ме плаши секој звук, да не спијам доволно па дури и често се оставам прегладнета.
     
  6. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.250
    Допаѓања:
    118.900
    Пол:
    Женски
    Што поскоро посетиш психијатар, толку подобро.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Машки
    Со тебе се од корист. Не те рачунаат за права другарка.
    Јас на твое место би ги откачил. Не ти требаат такви другарки кои гледаат само корист од тебе.
    Те избегнуваат црло време бидејќи не те сакаат во нивна близина или да се дружиш со нив.
     
  8. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Машки
    Би ти препорачал да одиш на психолог и да направиш разговор. Би ти помогнало.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DenaM

    DenaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    ѕгодна се смета и нога права и долга и струк тесен и плус гради и ѕадница и целокуоно тело а има и фаца исто. кај секој се раѕлично што привлекува и одвлекува.
    и зошто го вреѓаш дечкото? па ни ти не си нешто баш искрено чим ваки описи даваш ѕа личен опис на партнер.
    треба хемија и страс да имате ѕа добар секс.
     
  10. exactly

    exactly Нов член

    Се зачлени на:
    4 мај 2019
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Закажано е, термин имам во четврток.
    Прашање е како до тогаш?
     
    На Ма.нев и fana им се допаѓа ова.
  11. greenday

    greenday Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите..
    Излегувам со дечко ми веќе 3 месеци, се сакаме премногу има огромна хемија меѓу нас. Има еден проблем, тој постојано доаѓа кај мене дома, а мене никогаш ме нема покането кај него на гости и малце ми е чудно. Секогаш кога ќе се спомне одоколу дали јас ќе одам кај него и сл. тој игнорира. Еднаш го прашав на шала, но не добив одговор. Инаку живее само со татко му и е доволно возрасен да однесе девојка дома. Дали ќе може совет ќе ве молам??? :( :( :( :( :(
     
  12. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски

    Не ме сфаќај погрешно, но мислам дека воопшто не треба да размислуваш на ова како проблем (барем засега). Немаш потреба да ги форсираш нештата, особено за толку краток период во кој сте заедно.
    Тоа што ти си го поканила кај тебе била само твоја желба, се надевам дека тој не ти наметнал или досадувал во врска со ова. Причината зошто тој тебе не те поканува кај него може да е милион и една. Можеби не е во добри односи со татко му, можеби и му забранува, можеби се' уште смета дека врската не ви е толку сериозна и уште многу можеби.
    Почекај, не ги форсирај работите и ќе видиш и самиот ќе ти предложи кога ќе сака. :)


    Пишувај ни на форумов. Има многу креативни и релаксирачки теми во литература и уметност, можеш и во ФМЌ или +/- 40 да пишуваш. :)
     
    На cresa-jagoda, greenday, Peperutce1115 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.505
    Пол:
    Женски
    За само 3 месеци ни јас не би сакала дечко ми да иде дома.
     
    На Belgin1, Iva9612, cresa-jagoda и 14 други им се допаѓа ова.
  14. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    Не правете проблем кај што нема.
     
    На Iva9612, cresa-jagoda, Brinetka и 2 други им се допаѓа ова.
  15. greenday

    greenday Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Женски
    Доаѓа кај мене бидејќи јас живеам со цимерки.. тиe постојано ми прават притисок зошто тој не ме поканил барем на кафе кај него, а сме 24/7 заедно.. некогаш цимерките имаат за учење и не сакам да им сметам и излегуваме седиме надвор на скали.. јас го сакам и го почитувам, ама сето ова изгледа како да крие нешто од мене, барем јас така чувствувам. Неколку пати изненадно му имам купено пица и слично и тој само ќе слезе пред зграда ќе ја земе и сам ќе се качи да ја однесе и пак ќе слези и ќе седиме пред зграда. Не сум спонзоруша, фала богу не очекувам да ме вика кај него на ручеци, вечери. Пример ако не може да седиме кај мене, на ладно, дожд и слично седиме на улица.. не сме 20 годишни деца... затоа ми е чудно. Иако ми е дечко кратко време, сепак многу сме блиски и веднаш се засакавме. Ако проблемот е татко му тој оди на работа.. еднаш можи да ме викни на пола саат чисто на едно кафе од почит, наместо да стоиме пред зграда...
     
  16. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.419
    Допаѓања:
    22.030
    Пол:
    Машки
    А ти го имаш викнато кај твоите?
     
    На Alisa22, cresa-jagoda, IM.TMKQ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. greenday

    greenday Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Женски
    Да, јас живеам во друг град и кога беше кај мене дојде на кафе се запозна со мајка ми. Не е културно да не поканиш некој да го оставиш пред врата да дреми. Тој ги знае сите од мојата фамилија и тие го знаат него, а јас неговите не... не е тоа толку важно. Само нема смисла да седиме на скали.. не ни одиме на кафе во кафич и слично туку само надвор седиме на скали и пред зграда..
     
  18. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.505
    Пол:
    Женски
    Брзаш.
    Треба да почитуваш ако не сака.
    Нормално дека не може влице да ти каже не сакам да те поканам дома, затоа и ништо не кажува. Можеби има и друга причина не викам не, ама не се носи дома секој дечко или секоја девојка.
    Особено не после само 3 месеци.
    Ако друго е причина со тек на време ќе се открие. Засега не гледам проблем.

    Инаку, одете на кафе, парк, шетајте, не мора само пред зграда да седете. Планирајте однапред што ќе правите тој ден.
     
    На smooch, cresa-jagoda, Shmizla94 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.419
    Допаѓања:
    22.030
    Пол:
    Машки
    Мислам дека е прерано, но ти си знаеш и не би требало така да очекуваш демек ако ти го запознајш и тој МОРА, но биди си со доза резерва, ама да не биди вака главна преокупација. Сепак како што разбрав сте 3 месеци, еххх па првите 2-3 месеци "мед и млеко" тече. :P
     
    На Kiki_Riki123 и Brinetka им се допаѓа ова.
  20. greenday

    greenday Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Женски
    Ама тој не сака.. ете да речиме дека јас брзам, зошто тој доаѓа кај мене и прифаќа да ги запознае моите другарки фамилија и слично. Ако му речам ајде да одиме на кафе, во кафич ми вели не сакам мене тоа ми е глупаво и бесцелно. Ако не сакаше да брзаме немаше да ги запознае моите.. јас не го форсирав со сила.. сам своеволно пристапи кон тоа..
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.