Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Мое мислење е да не избрзуваш,не дека не сакаш,туку страв ти е пред се за муабетите..а дека ќе ги има тоа знаеш и сама.. Тоа не се планира едноставно иде само по себе..годините немаат врска ( не дека треба да се започне со односи уште од 12 ) :D
     
  2. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Ох, не знам ни дали да пишам али ај, нека излезе ова што ме толчи и стега.
    Да се најдам и јас еднаш од другата страна, не само да дофрлам глупости.
    Знам дека ќе прочита и може уште толку ќе ме презира мислејќи дека сакам да се правам жртва, ама ок, се помирив веќе и очекувам секакви удари.
    Се извинувам за есејов што следи. Кој има време и нерви да прочита и каже нешто, фала од срце, најмногу ќе ми значи. Кој не, нека е жив и здрав. :)
    Туку да се префрлам на проблемот.
    Кој колку ми ја знае љубовната состојба, небитно. Без преувеличувања и патетики, тешко ми влегува некој во срце, тешко и излегува. А за прв пат искрено сакав, али јебига, со време се случија некои работи кои беа скриени од мене и ми ја нарушија довербата, а пред некој месец излезе и кобното. Морал да замине за Америка неколку месеци поради заработка.
    Многу лошо го прифатив тоа. Не знам колку сфаќаше дека ми е се’ што имам, па затоа со сите средства се борев да не појде, бидејќи периодов што следи ќе ми е тотален и пеколен пресврт, па ми требаше некој покрај мене. Решив да се бориме заедно за таа заработка. Од отварање сајтови за Google ads до коцкање и остало. Немав и јас многу, ама бев спремна се’ да дадам за да останеме тука и заедно. Во паника и изгубеност знаев да трескам глупости што не ги мислев, ги спомнував настаните кои ми предизвикаа недоверба, а тоа го нервираше. Знам дека му бев неподнослива, цело време барав глупости и бев свесна за тоа, ама ете...стварно сум изгубен пувеж бре луѓе. Тој сакаше разбирање, а го сакав и јас. Периодов ми беше полн промени, финансиската состојба ми ослабна нагло, го запуштив факултетот поради домашни проблеми, сите нервози врз мене се истураа, тетка ми си мисли дека ако ме финансира, може да ме третира ко слуга, главава ми вриеше. Згора на тоа, мајка ми има здравствени проблеми со матката, се плашам од лоши работи, а и плус после 18 години живеење само со мене, си најде човек. Тешко ми е да се соочам со фактот. Не дека не и’ посакувам се’ најдобро, само чудно ми е некој после толку време да зазема место кое стоело празно. За прв пат ја гледам среќна на тоа поле, но целото внимание му го посвети на тој човек. Признавам, се осетив малку напуштено, но ја сфаќам. А како единствена личност на која би можела да се искажам, не сакав да и’ ја рушам среќата со мои работи бидејќи сметав дека сум доволно силна и паметна сама да ги решам. И на двајцата ни требаше поддршка, но како секој да гледаше да ја добие без да даде. Знам, и тој минуваше низ промени, но беше премногу оладен за да ги сподели убаво со мене...и напнав и за тоа...
    И покрај сите напори тој реши дека мора да замине, а јас од пуста надеж уште дрндав.
    Се разделивме без збогум и на детски начин. Не обвинувам никого...
    Е сега, пред некој час видов љубовни песнички со посвета од наводната Мортиша што ја зборев, и тоа ме дотолчи. Мислам, може е детско, но типката постојано беше stalker, а познавајќи го него, знам дека не е еби-ветар па било кои женски да му го прават тоа. Плус, таа е некои 16-17 години и јасно ми е дека на таа возраст тоа им е најголем знак за искажување љубов. Но сепак интуицијата не ме излажала иако тој негираше порано.
    Всушност, и сега од таму ми беше пишал, но уште одбегнува стриктно да разговара на таа тема, само вели дека било последица од моите испади. Во ред, но мене не престанува да ме боли. Не велам дека не е болно за двете страни де, не знам, навистина.
    Повредлив е на зборови, а јас со мојава речитост сум посрала без да знам уште на почеток, го повредило што кога бев нешто подналутена, проработи она женското во мене, па му реков едно "Don't touch me" а не дека го мислев. Но од тогаш почнал да се лади. :worried:
    Смејте ми се, смешно-патетична сум, знам. Па уште упорно барав и се надевав дека ќе е по старо. Не знам од кога и не знам како, но не се надевав дека толку брзо ќе бидам заменета. Ми дојде ко 7ца на лото ама во негативна конотација. И јас лесно можев да си направам список што сакам од некое машко и да му се фрлам во прегратка на првиот што ќе ми пружи утеха и она што наводно тој не ми го пружил. Но јас не сакав ништо посебно, го сакав само него крај себе, безрезервно. Сакав да средам со него и да го имам повторно она мило суштество кое некогаш беше, иако може не сум заслужила и иако немав начини да го покажам тоа или неговото заладено срце не му дозволуваше да види, па сфаќаше се’ во навредлива конотација.
    Ме боли таа ладнокрвност сега. Ме боли што изгубив се’ за на крај да бидам заменета со девојче во развој кое ни со прст мрднало и ни 1% не помина низ она што ние минувавме, туку само начекало погоден момент на слабост и потреба. Демек се понашала ко човек и имала разбирање, особини што јас сум ги немала. Ах, и јас и секој друг сме паметни, солиме памет, делиме совети и сме полни разбирање кога се работи за туѓи проблеми...но на своја кожа чувството е друго.
    Но не ја обвинувам, срцето не бира кого сака, а и ме надмудри, нема што...
    И сега? Кај да кршам глава? Знам дека во себе си викате „Умри ебате, штом си толкав дебил.“ :D
    Покрај се’ не ми успева барем да не ме боли. Само себеси се мразам...
    Јас немам сили да се борам, а не знам ни како. М?
    И јас се прашувам дали случајно имам 11 години или сум ментално подзаостаната, но боли ебаго.
    Наречете ме овца, идиотка, како сакате, испцујте ме, се’ прифаќам. :D
     
  3. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    ^^^
    Ако добро разбрав, покрај сите работи кои те мачат во животот, фактот дека дечко ти требал да замине за Америка на некој месец најверојатно те заболел најмногу.
    И сакајки да не ја осетиш болката кога ќе ти недостига, ти си го избркала од себе.
    Единствено што можеш да направиш е да ја прифатиш реалноста каква што е .
    Тој колку што прочитав веќе е таму, и сигурно ова е тежок период за тебе, а можеби и за него.
    Но, не си требала на тој начин да го испратиш.
    Гледаш како одма се наоѓа некоја лисичка што го користи моментот :x .
    Па јас знам врска која беше пред матично, и додека се спремаа за свадба, една друга му се уврте на типот.
    И знаеш ли какви се мажите?
    Таа најфина, мила, а вереницава со која беа долго заедно примети..
    Почна да се кара со него , да го нервира , а оваа го викаше , го пречекуваше со насмевка...
    И по некој месец свадбата се случи со оваа втората, иако со првата беа со години во врска..
    Потоа овие се разведоа, нели , не може вечно да се глуми...
    Ама сакам да кажам, ти сама си ги правиш кавгите,
    а секогаш може да се најде некоја во чиј интерес всушност ти работиш без да си свесна :x
    А на моја другарка дечко и исто беше за Америка три месеци , и некако го пребродеа тоа....
    Едноставно, она што не можеш да го измениш, прифати го, прилагоди се :)
    А јас никогаш не би се обидувала да убедам некого да не иде некаде ,
    зашто утре ако не е задоволен од нешто во својот живот, Ти би била виновна...

    Ти посакувам се најдобро, смири се , и потсети го саканиот дека Ти си таа посебната,
    и што му нуди и разбирање и поддршка и љубов.... :)
    Да те осети повторно блиска :l:
    Не го бркај од себе !
     
    На AngelSoul му/ѝ се допаѓа ова.
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Калиопе готово биднало. Те сфаќам секоја втора кога би се нашла во проблеми и ред др негативни ситуации ... така би се поставила. Може си згрешила но не е само кај тебе кривицата. Ако си му значела доволно ќе искулирал па ќе побарал разговор или нема тек така да улета во др врска (ако е врска). Сега остави како е, со дотичнава ќе му помине ќејфот ... ако навистина си му била важна и посебна сам ќе те побара, сигурно. Кога ќе те побара да ми кажеш. ;)
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Некои велат ,,далечината си го прави своето,, а јас ќе кажам ,,далечината или ја зацврстува врската или ја води у ПМ,, трето нема, или ќе ве биде или нема.
    Колку и години да си била со него сепак не ви била толку стабилна врската. Зошто? Затоа што кога си била во емоционална криза, расеаност, нервоза, хаос по дома тој не ти дал подршка и не сте го заедно поминале тој кризен период (ќе речеш заедно, ама не сте заедно. Да сте го поминале заеднички сега ќе бесте заедно) . Едноставно му дошло се преку глава, тој крева раце и се предава и оди кај првата што му се нуди. Е ако де, нека не мисли дека се е сјајно во животот и нема кризи, и при најмалата шлаканица од животот тој да киксира. А што мисли утре кога ќе се ожени?!?!
    Не е битно, што сака нека прави, очи нека вади таму :) туку ти извлечи ја поуката. Не си ги троши нервите ќе ти требаат за утре ;) .
    Имате нерасчистени работи и сега кога не е тука сваќаш дека ти фали. А дали навистина ти го треба?!?!
    Среди си ги мислите и продолжи си го животот.
     
  6. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.177
    Јас те разбирам многу добро, оти и јас сум иста. А осетам дека нешто не оди, не пробувам да го исправам тоа, туку го одалечувам дечко ми од себе и ја правам уште поголема работата. :|

    И ти и тој сте виновни.
    Ти, не можеш да го молиш да остане со тебе, а да не оди во Америка, ако тој го сака тоа. Јас сфаќам дека 3 месеци ќе бидете разделени, али да правиш се за тој да не оди, не чини. Тоа е негов избор.

    Кога ти си имала проблеми дома и се тоа, тој пак требало да ти се најде за помош и да не те нервира уште повеќе. И да, немој да викаш дека тој ти е се. Разбирам јас љубов што е, и да сакаш многу некого, али не дозволувај да викаш дека тој ти е се итн ... Најди си и други личности кои ти се од доверба, не само една личност, која и не знаеш дали ќе остане со тебе кога ќе ти е најпотребно.

    Сте се разделиле детски, никако т.е ... Ваљда пак двајцата сте криви за се тоа, али инатот прави многу работи.
    Тој си нашол друга таму некоја, е сега не разбрав дали се мува со неа, сте раскинале, па тој оди сега со неа ... Не е битно, битно тој си нашол занимација, додека ти се нервираш овде и губиш нерви.
    Што ако таа била пофина од тебе, знаела да се понаша, ова она? Тој ако те сака и сака да ги вратите работите на старо, нема со првата која ќе му се насмее да оди да се занесува, туку ќе проба да се средите. А не, тој си го одбрал полесниот начин за него, само нему убаво да му е.
    Крај краева, ти сама си одлучуваш.
    Ако мислиш дека вреди да се замараш со типот, во ред, кога ќе се врати, пробајте да разрешите.
    Со среќа :)
     
  7. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Според мене врската не била толку добра штом тој веднаш успеал да најде "замена" па уште и да прави да се чувствуваш како само ти да си виновна за се. За да се растури една врска, или еве за да почне да се движи по една надолна линија, потребни се двајца, еден кој расипува и друг на кој очигледно не му е многу гајле. Виновни сте секако и двајцата, што не сте се потрудиле повеќе за да ги средите работите и наместо да си помогнете еден на друг вие само сте барале решение за сопствените проблеми. Во една врска се вложува од двете страни, а не се бара решението кај трети личности.

    Како и да е, нема да знаеш уште долго на што си се додека он го избегнува муабетот на темата Мортиша и нема да ти биде лесно уште многу време. Јас не мислам дека си дебил, само си девојка која со сите сили се обидувала да го задржи оној што и значи се во животот, можеби на погрешен начин, но сепак си се потрудила. Ако он не ги препознал твоите вистински намери и не ја сфатил вистинската причина за твоето однесување, или не се потрудил или можеби и не му било многу гајле. Времето лечи се, колку побрзо го прифатиш тоа толку подобро, а далечината само помага.
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    calliope, ти си ми една од омилените и посебните на форумов, прво да ти кажам дека начинот на кој го претставуваш твојот проблем и како се справуваш со истиот, и самосвесноста која ја поседуваш е за пофалба.

    Искрено се надевам дека момакот ќе го прочита ова и ќе му чукне малку во лејката, оти на машките им треба поттурнување, подбуцнување, во вакви ситуации треба да им се објасни - со многу зборови, по можност и да им се гестикулира со рацете, а и еден цртеж нема да е на одмет. :D

    Ако не го прочита, јас би го парафразирала во едно долго и убаво писмо.
    Едноставно објасни му како се чувствуваш, зошто си постапила така, биди искрена. Ако чувствуваш потреба и извини се.
    Дојдена си до точката до која - нема што повеќе да изгубиш, а овој чин може само да ти биде отскочна даска во развојот на настаните, или една пријатна, човечка завршница.
    Барем ќе знаеш на што си.

    И доволно е, понатаму остави на времето и на него.
    Ако е паметен, ќе сфати, ќе ја отканта Мортиша и ќе се врати со крест паста за заби (кај нас ги нема) и со вики сикрет комплетич за тебе, со извинување и желба за почнување отпочеток.
    Ако не е лејка, треба да е свесен дека таквите како тебе се ретки. Секоја втора може да одглуми човечност и разбирање, ретки се оние кои покажуваа сурови и реални емоции, кога нешто толку сакано ти се лизга од рацете.
    Ако имало вистинска љубов, ќе се повтори.
    Ако не, барем ќе си на чисто дека избраникот сака обични и досадни момиња. Што автоматски го прави погрешен избор за тебе, тебе не ти треба обичен човек.

    И што уште сакав да кажам... а да, не можам да те испцујам или да те нарекувам со погрдни зборови, зашто кога јас дознав на времето за еден мој дечко дека планира да замине во Америка, станав неподнослива пута пута седум од твоето, до граница на физичко насилство, покрај сочно вербално, кршев и предмети и урлав како ненормална. :(
    Ама он знаеше дека тоа е од немоќ и премногу љубов и потреба по него.
    Ако му кликне на твојов дека и ти си го чувствувала истото ова, тоа е тој.
    Ако не... епа не е тој.
    (многу помогнав, знам) |(
     
    На Lepaaa, marama, moonlight-girl.55 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.244
    Калиопе,лошата реакција некако ми делува природна. Сум била сведок и на обратната ситуација,девојката да заминува,дечкото да останува,па тој да биде таков. Неповрзано со полот е.
    Колку што си ти крива,толку е и тој. Требало да има разбирање за твојата болка.
    Пресметај се убаво колку реално сакаш да средиш со него,колку е вреден како личност. Ако сметаш дека можеш да му веруваш и повторно да бидете истите или поинакви,ама подобри,време е да ја скршиш суетата и да не ја следиш немо неговата ладнокрвност,туку со искреност да пристапиш и да му кажеш што мислиш и чувствуваш. Ако е се уште таму (не разбрав баш),почекај да се врати,до тогаш и ќе се смири тој,ќе види дека тоа девојче сепак не е доволно зрело за него.А до тогаш ти повлечи се и ако те интересира како е,доволо е да имате културна комуникација.

    Времето само по себе ќе ја истисне Мортиша.
     
  10. Radiance

    Radiance Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    170
    Прочитав се да. И лесно е на форум така да се делат совети кога ни 1% не ја знаете ситуацијата.
    Сите совети ви беа дека јас треба да си ја чукнам главата и дека јас сум требало да и помогнам и да и дадам поддршка кога таа имала проблеми дома. Ако јас тогаш не сум и давал поддршка тогаш незнам кој и дал. Ако калиопе вели дека не сум и дал поддршка тогаш навистина и коментар ќе немам. Немало денови кога не сум со убаво разговарал со неа и со прегратка и со насмевка да ја расположам и да ја разберам на најобар можен начин. Ова што таа го пиша според мене беше непотребно за на форум вакви совети да бара, затоа што знаеме сите какви ќе бидат советите и кој ќе испадне лошиот во оваа ситуација. Јас згрешив во неколку наврати, тоа и таа го знае дека и го кажав, милион пати и се извинив и и кажав зошто и што ме наведе на тоа. Претходните неколку месеци мене таа ме олади до даска, сега нема да набројувам како и кога но си знаеме ние што се случи. Таа мисли дека јас сум боксерска вреќа за зборови, и може секаков збор да се фрли на мене а јас да го абсорбирам и како ништо да си кулирам. Точно е дека можам ама тоа ме ладеше, ми ја гаснеше искрата што ја имав. Јас не велам дека не грешев, згрешив за една работа што направив и не и кажав ама таа добро знаеше ја намерата и што сакав да постигнам и се каев после тоа, се покајав затоа што не го сакав тоа навистина туку беше само повик за одмазда, но секако после тоа многу пати се извинував но таа никако да го заборави тоа и од тоа црпеше енергија за лоши зборови и ја изгуби довербата во мене. Натаму се се случи многу брзо и со лоши реакции... јас бев злобен, затоа што бев повреден од фактот што таа бараше разбирање и викаше дека не и го пружам, ама малку знаеше дека најголемото разбирање го добиваше од мене, а упорно и несакаше да ме разбере дека на некој начин морав да отидам за Америка, не дека јас сакав, ситуацијата ми налагаше така али ајде за тоа несакам да се докажувам туку само сакав да и кажам дека се што направив направив за нејзе и и реков дека кога ќе се вратам ќе бидам таму за нејзе и само за нејзе но таа реши на друга поагресивна карта да игра, а јас не сум љубител на такви карти... едноставно ме оддалечи од срце, ме навредија некои зборови кои никогаш не се надевав дека ќе ги слушнам.... Крив сум јас си признавам, да си знае дека не е таа крива, се што направив е од мене, не се обвинувај ти, знај дека јас сум тој што направи грешка и дека јас сум идиотов. Извини.
     
  11. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Колку што сватив, се јави дечкото опишан во постот на Калиопе???
    Штом таа напишала, ти и значиш и тешко и е, и признава дека згрешила. И ти признаваш дека имаш грешки, но и кај тебе има нешто останато, инаку не би пишал нели? Мислам дека кај вас единствениот проблем е нарушена комуникација. Ниту едниот не го слуша другиот, ниту едниот не го разбира другиот, се такви работи. Ама мислам дека вие сепак си значите еден на друг, и треба да ја спуштите топката и мирно да си разговарате. Мортиша, или како и да е, нема врска со проблемов. Вие можете еден со друг, само треба да си се обратите еден кон друг, КОНЕЧНО. Без ти вака, јас онака. Не знам, ама двајцата ме трогнавте, и мислам дека ке ја средите работата, ако го заборавите бесот и си погледнете во срцата. Поздрав до двајцата.
     
    На Filiposka, thinkerbell, Lepaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  12. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.177
    И по ислушувањето на другата страна ... Можам само да ви кажам да престанете да си се инатите еден на друг! Мислам, се гледа дека се сакате, само по неколку недоразбирања сте престанале да комуницирате како што треба.
    Точно дека машкото не треба да служи како боксерска вреќа за сите наши испади да ги апсорбира, и затоа и дечково ваљда пукнал.
    Е сега, ваљда е време по сите расправии мирно да си поразговарате, да признаете дека и двајцата сте направиле грешки, што гледам дека ви е јасно и да разрешите што не ви е разрешено.

    Заборавете на инатот, и она вака направи, тој така ми кажа, бла, бла ... И биче боље. :)
     
  13. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Како е и секое машко, така и ти Radiance, ќе се вратиш таму од кај што си дошол и таа искрата што мислиш дека згаснала, повторно ќе ја има. Сега само се лажиш дека нема чувства, па Америка, па нова средина-нов начин на живот, па Мортиша на чело-утеха невидена!

    Во подруга конотација, сум доживеала слична ситуација на времето! И мојот ми викаше во лице бре дека не ме сака, кратко и јасно, дека не постојат повеќе чувства за мене од негова страна, дека неможел да ги слуша моите празни муабети како имал друга, како не ми обрнувал доволно внимание, како малце сме се гледале, па како не ме сакал и незнам ти што таму....(се му викав, зошто едноставно така се чувствував!)

    Но :!: се јави. Се јави за 10 дена. Иако имаше друга, ме побара и се јави.
    Зошто?-Затоа што таа Х-тата не го познаваше како мене! Затоа што јас сум ваква каква што сум, со него толку време, го познавам, ме познава и не глумам дека е се ОК, а всушност многу работи не ми одговараат. Не глумам дека сум фино и невино девојче, кое би ја исполнило секоја негова желба. Јас сакам се’ да разјаснам веднаш и сега, па макар и Трета светска војна нека настане! Префрлам многу работи кои ми ги направил некогаш. Зошто па да не? Тоа го чувствувам во тој момент, ме навратил во минатото и сакам да се истурам. Сите имаме такви моменти, па така и јас. Ми сметаше бе, многу ми сметаше. Неможам да му речам: “ОК е љубави, продолжи само така! Лажиме, варај ме-јас те сакам!

    Ја раскажав во кратки црти мојата приказна, (иако неинтересна за повеќето :lol: ), за да објаснам дека не е лесно да најдиш некој со кој ќе поминиш прекрасни моменти, кој добро ќе го познаваш. Не е лесно да најдиш личност која пред тебе нема да глуми кул девојчица, па ајде уживај срцка-мене ништо не ми смета, оди криј се од мене, крши глава, јас пак ќе те сакам! (Хмм, како да не!)
    А премнооогу е лесно да ја завртиш главата и да си заминиш со изговор “Нема чувства веќе! Доста е...“...

    Има и те како има чувства во вашава приказна. Само се повредувате меѓусебно! И патите и двајцата.
    Зошто ги памтите лошите работи? :^)
    Навратете се наназад и размислете што убаво се случило во вашата врска. Оладете ги главите, посебно ти Radiance, размисли малце, што пропушташ, а што добиваш.
    Јас мислам дека многу пропушташ, а малку добиваш! Мортиша, оставија Мортиша, кој знае што се крие позади нејзината маска! Калиопе ја призна вината, сака да е со тебе, сака да е се во ред! Зошто неможиш едноставно да ја смириш топката и да продолжиш како до пред некој период? Немој да речиш пак дека нема чувства.

    Поздрав, се надевам не се лутите ако употребив груби зборови, но бесцелно се мачите. После прочитани двете страни, едно ќе кажам: Нема кај да си избегате еден на друг! Не Америка, Баталмерика одете, пак ќе се најдите, зошто си припаѓате. ;) Инаетот е лоша работа.
     
  14. little-girl

    little-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Значи вака... јас сум заљубена во едно дете 9 месеци по ред... за тоа знае и мојата најдобра другарка.. пошо ми е најдобра се разбира...пред некое време решив да му кажам на мојот најдобар другар, воедно и негов најдобар другар... но под услов да не дознае детето пошо учи со мене и ако знае мене ке ми биде многу страм . И така јас му кажав нему а тој реши да ми помогне . Се договоривме да му предложи на ,,слаткиш" ( така да го наречам детето што ми се допаѓа) да има нешто помеќу мене и нему ... тој наместо во живо да му рече му пиша на фејсбук. Од околу го праша слаткиш дали му се допаѓам и дали сака да има нешто со мене... а тој му рече дека можеби ама во иднина... сето тоа и го раскажав на другарка ми и таа ми рече повеке среќа следниот пат...не го сватив тоа здраво за готово и си продолжив со љубовта кон него.. таа немаше најдобри односи со него...стално се караа и се ,,тепаа,,...по 2 дена тие се однесуваа како најдобри другари .. таа му пишуваше домашна на одмор и цело време седеше до него...кога се враќавме накј дома таа ми се правдаше дека како божем му зборувала за мене цело тоа време ... следните 2 дена не зборуваа .. по некое време повторно се зближија..таа цело време седеше со него и му испраќаше погледи и го чепкаше за коса ... а знае дека јас неможам да трпам кога некој го фаќа за коса и дека можам тој некој да го истепам... но сепак го правеше тоа ...и уште ми вика Љутко... :devil: :@ :envy: ....кажете ми што да правам.... како да се справам со неа ... почна во последно време ненормално да ме нервира .... :@
     
  15. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Разговарај со неа. Кажи и ги пак истите работи, тоа дека ти смета дека така се однесува со него, и види како таа ќе изреагира. Можеби и се свиѓа или сл. но не сака да ти каже.. Разговарај со нејзе сепак и види каква другарка е, и дали воопшто е!
     
  16. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    оти сето тоа не и го кажеш во лице?
    така направиси кажии оти така прави,дека до вчера не се поднесува а зошто сега се зближи со него...
    не би требало така да прави бидејки викаш дека ти е најдобра другарка :^) разговарај и прашааја ?.....
     
  17. little-girl

    little-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Да разговарам ?! па таа не сака да ме слуша секогаш сум и досадна...особено кога и зборувам за неа и слаткиш... :doh: И кога ке и спомнам дека и се допаѓа ми вели дека и имал бебшка фаца и дека немало шанси да и се допаѓал :(
     
  18. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Епа јас ќе ти кажам, туѓото е секогаш послатко, пред да и кажеш дека си пробала нешто со него може не и се допаѓал, ама сега верувај и се допаѓа. А понатаму што како, тука вие си знаете. Али јас ти тврдам дека ако она има прилика нешто да направи со него, ќе направи бидејќи чим така одеднаш почнале да се дружат и се јавиле симпатии кон него. На крај ќе биде ама јас не сакав, се случи, ете и тој сакаше и бла бла и би ти рекла да не си го земаш тоа толку при срце, сите сме поминале низ такви нешта со другарките. Може ќе ти биде тешко од почеток, ама после ќе се појави некое подобро момче ;)
     
    На little-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    11.805
    Пол:
    Женски
    Калиопе ти си ми една од најприземјените форумџики тука, лелава со зборови, живописна од петици. Како што кажа Трендафилка, за пофалба е твоето претставување на проблемот.
    Фактот што и ти и дечко ти сте зачленети тука и што комуницирате на овој начин ми ја прави ситуацијава малку мутава. Отворањето тука, кога знаеш дека и тој е присутен ги доажува твоите чувства.
    Радианс, твојот одзив, покажува дека ја сакаш. Да не е така, немаше и двајцата да се замарате со барање совети на форум. Едноставно, сеедно ќе ви беше што пишал другиот.
    Не се повредувајте, не се бркајте од себе, не се ладете, па да се загревате после. Станете од столчето, кренете ја слушалката (претпоставувам Радианс е во Америка), направете озбилен муабет. Да или не, има шанси да го биде или не.
    Имате чиста љубов, се фаќате за последната сламка- виртуелен совет.
     
    На Filiposka, Trendafilka, FortuneTeller.xD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    I think I got this.
    Убаво беше што можевте да ја прочитате приказната од двете страни. Не е дека ние не комуницираме, туку објективното мислење е најлогично. Може не требаше, ама испозамарав јас. Desperate fuck. :D
    Фала ви многу на сите џенцкињи за оддвоеното време и пишаното, сега се осеќам ко црнче што прв пат добило свежа вода, ко Asian после cock extension, ко Фернанда влезена за прв пат во замокот на Хозе Дорињо Љамаз, дебело дете во Бургер Кинг и тако даље. Сфатете ги споредбиве позитивно! :!:
    За понатака, низ други постови ќе дрндам. Сега да се позанимаваме со други проблеми.

    Ти, мало девојче, гз преку глава да ја истресеш другарка ти.
    Од искуство со моја бивша другарка можам да ти кажам дека штом си и’ досадна и се’, таа не ти е другарка туку е со тебе за да те зајадува. Не велам не, но не мора веднаш да значи дека и на неа и’ се допаѓа типацот, тоа е чисто за да те пецка. Мојава беше таква. Штом ќе приметеше дека мене ми тргнало во некоја работа, таа мораше да се вмеша и да прави нешто за кое знаеше дека ме нервира.
    Ти фино, лепо седни ја на маса, отвори ги картите, кажи и’ што мислиш директно, па ќе видиме колку е другарка. Јас истото го направив со мојата, ја изгубив, ама ми докажа колку била другарка.
    А во меѓувреме најди си друг што ќе те поврзува со момчето, или најубаво, пријди му сама.
    Верувам дека пријатно ќе се изненади. :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.