Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од kika89, 15 декември 2009.

  1. Animali

    Animali Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    9.296
    Пол:
    Женски
    @Boni montoni Што ќе ти е искрено таков, бог на „интелигенцијата”? :D
     
    На Boni montoni му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Јаневски

    Јаневски Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    1.629
    Пол:
    Машки
    Зошто го сакаш?
    Што е тоа што те привлекува кај него?
     
    На jasbi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lonely222

    lonely222 Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Дали сте се нашле во ситуација во која некого сакате многу а тој ви кажува дека заслужувате подобро,премногу сте добри со него а тој тоа лошо го користел..
    Мене денес тоа ми го кажа и искрено не знам како да реагирам на тоа и што да му кажам...
     
  4. Animali

    Animali Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    9.296
    Пол:
    Женски
    @lonely222 Цени го искреното кажано и оддалечи се.
    Барем отворено ти кажал дека ако продолжиш со него, само ќе бидеш повредена.
    Одлуката е твоја, но не останувај со мисла дека ќе го смениш.
     
    На ilenaki, poppie, Alisa22 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Boni montoni

    Boni montoni Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2019
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    haha :) srcko bogami :) haha me nasmea :D:D:D:D:D vistina si u pravo
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Машки

    Ne te ceni dovolno i verojatno ima.druga licnost.
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BrokenWings16

    BrokenWings16 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Феминки помошш...Само што завршив прва средно, сега ке бидам втора..И сега детето со кое што учам, почна многу да ми се отвора, дека ме свиѓал, летото се ми призна...И дека сум му била атрактивна хахаха...Искрено глупаво ми е да пишувам а ме прашува и многу интимни работи бидејќи ке ми биде срам во школоооШто да правам како треба фала однапред..
     
    На Sandybeach и Boni montoni им се допаѓа ова.
  8. Boni montoni

    Boni montoni Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2019
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    mila devojko ,ako ti se dopadja prifati go , no pazi se sepak mnogu ne mu se otvaraj-- vidi dali e iskrebn so tebe, druzi se so nego, neka te zasaka vistinski ako ti se dopadja, i ako saka da bidete intimni nemoj, nikako pred da vlezete u nekoja seriozna vrska, poshto mashkite lazat dodeka ne te legnat , posle se drugi, ispitaj prvo :) ako ti se dopasdja. i ti daj mu signalche ako ne ti se dopadja kazi mu deka go sakash samo za drugar i da ne te zamara so tie raboti :)
     
    На cresa-jagoda и BrokenWings16 им се допаѓа ова.
  9. piksooki

    piksooki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    2.502
    Пол:
    Женски
    Мој совет...Прави што сакаш и не се замарај за тоа дали некој ќе те искористел за да те легне.Неможе никој да те искористи се додека го правиш она што сакаш да го направиш.Иако ти не си спремна за такви работи што е очигледно но сепак ова е совет за иднина
     
    На Boni montoni и BrokenWings16 им се допаѓа ова.
  10. Theoneyouwant

    Theoneyouwant Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, долго време Ве читам и денес решив да се зачленам и да побарам ваше мислење. Имам 20 години и сум на факултет во друга држава. Бев на одмор со другарки и таму запознав едно дете, од Македонија од друг град. Помеѓу нас немаше и сеуште нема ништо, да разјаснам уште на почеток. Се запознавме се додадовме на фб и на инстаграм и почнавме да си пишуваме додека бевме на одмор, и одевме на плажа заедно сите моите другарки и неговите другари, и навечер излегувавме заедно. Тој уште на почетокот ми кажа дека имал девојка. Точно дека ми се свиѓа, но, никогаш не пробав да имам нешто со него. Многу е паметен, многу зрело размислува, исто е 20 години. Сакам да кажам дека е многу добро дете, не кажувам дека е совршен, но е супер лик. И еве три недели комуницираме константно. Но, нешто се смени во неговото понашање. Тој почна да станува поблизок со мене. Зборуваме на сите теми, за претходни врски, за проблеми со љубовта, за факултети, за нас, за фамилиите онака општо за се. Но пред два дена тој прекина до неговата девојка со којашто беа врска 2/3 месеци. Се обвинувам дека е поради мене, но тој вели дека завршиле на мирен начин. Јас не му се пуштам, никогаш не бев нападна или нешто. Дали можеби јас му се допаѓам него па што тој одлучил да прекине со неа? Утре ќе одам во неговиот град имам нешто работа и ќе одеме на кафе. Цело време зборуваме за врски што е тоа што ни пречело, и двајцата сакаме исти работи патување и планинарење. Цело време комуницираме... дали мислете дека има некои чувства за мене ? Или јас сум само другарка во неговите очи..
     
  11. Luminary

    Luminary Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    1.350
    Допаѓања:
    13.180
    Пол:
    Женски
    Решивме да живееме заедно со дечко ми.
    Моите не го прифаќаат тоа бидејќи тој не бил од добра фамилија, од друга класа, и не бил за мене. Ќе ме искористел и шутнел, и ред други глупости се изнаслушав кога се обидуваа да ме предомислат. Што ќе кажеле луѓето за мене. Само што ќе сум отишла ќе сум се вратела на погребот на мајка ми бидејќи она тоа не можела да го издржи (нејзини зборови).
    Генерално проблемот цел живот е тоа што она сака се да е по нејзино. А ако не е, тогаш на секој начин се обидува да ги промени работите (ме има малтретитано психички и физички, до толку знае да оди. Само што тогаш бев мала и немав храброст да зборам или пријавам). Наводно мојата среќа била нивна несреќа, јас сум била себична. Ќе сум била среќна а они ќе умреле.
    А со дечко ми ми е преубаво. Заедно сме 3 години, толку ме сака, почитува, единствена поддршка ми е за се. Многу сме среќни заедно. И со неговите родители е се во ред, многу мили луѓе.
    Ова повеќе како исповед го пишувам. Некако уште сум под стрес, што се обидуваат будала да ме прават и да им бидам роб цел живот, како што они сакаат.
    Јас одлука донесов, ќе си продолжам по патот и ќе бидам со човекот што го сакам. Сметам дека не е себичност да донесуваш одлуки за својот живот и да го следиш својот пат за да си среќен, па кој како сака нека мисли. Ме боли малку што не сакаат да се среќни за мене, ама ете, со сила не можам ништо.
    Ова го пишувам да ми олесни малку, на моменти се осеќам дека ми се премногу глупостите што ги слушам и морам да ги споделам со некого.
    Совет, некоја убава мисла, добро ќе ми дојде :)
    Благодарам однапред.
     
    На Stem3, Shmizla94, sj *O* и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Pincpanter

    Pincpanter Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2018
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Ја имаш мојата поддршка и мислам дека размислуваш зрело.

    Како прво со дечкото сте заедно три години а не три месеци, знаеш каков е што прави што работи. Да беа три месеци ајде да ја разбереме мајка ти дека не го знаеш доволно, можеби е криминалец можеби сериски убиец (знаеш како одма мислат постарите).

    Како второ, многу е добро што веќе сакаш да си самостална. Учиш или работиш? Макар што тоа не е толку битно, ти веќе мислиш на твојата иднина. Твоите порано или подоцна ќе се смират. И никој не гарантира кој прв ќе умре... има млади што животот им згаснува додека се родителите живи. Затоа биди среќна, а твоите ќе го прифатат тоа. Бидејќи еден ден секако на овој свет ќе мораш да се грижиш сама за себе. Ама не им замерувај и нив од постаро време се, тогаш било така ќерката да ја дадат во поугледно побогато семејство, па мислат дека и денес го можат тоа. Секое добро. Поздрав
     
    На Shmizla94, sj *O* и Luminary им се допаѓа ова.
  13. piksooki

    piksooki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    2.502
    Пол:
    Женски
    Браво,многу ми е мило за тебе.Многу храбар потег со тоа што си тргнала по среќата.Повеќето ќе застанеа покрај родителите и ќе мислеа што ќе кажат тие но не ти и тоа е супер.Животов е еден и твој е со него прави се што ќе посакаш.

    Мое мислење е дека му се допаѓаш и дека заради тоа прекинал со неа.Оди на кафе и види како ќе биде.



    Среќно и на двете :*::*
     
    На Shmizla94, sj *O*, poppie и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Luminary

    Luminary Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    1.350
    Допаѓања:
    13.180
    Пол:
    Женски
    @piksooki @Pincpanter
    Ви благодарам многу.
    Работам, да. И јас и тој сме си вработени.
    Ми тежи моментот што сакаат буквално да ме изманипулираат дека јас сум злобна и себична, дека не ми е гајле за нив и слично. Не дека ако останам со нив ќе ми биде пружена љубов и не знам каква среќа и поддршка.. како што и било до сега. Да се откажам од се што сум градела за својата среќа, и од толку убава и стабилна врска, не е опција.
    Секогаш си велам, на крајот од денот најбитно е да си ок сам со себе :)
     
    На Shmizla94, sj *O*, poppie и 4 други им се допаѓа ова.
  15. МериСкај

    МериСкај Нов член

    Се зачлени на:
    16 август 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Здраво.
    Нова сум овде и конечно собрав храброст да ви го изнесам мојот проблем.
    Имам 26 години, се занимавам со медицина, па голем дел од времето го посветувам на тоа поле за да не размислувам на проблемите и последиците од проблемите.


    Имав големо друштво во минатото кое секогаш ми тропаа на врата кога имав врски.
    Кога бев со дечко, тие секогаш ме бараа, за услуги, за кафе муабет, за седенки, било што. Сега сум сама и осамена, не можам да сметам на никого бидејќи поминувам низ многу тежок период - смрт на блиска роднина, кавги со фамилијата бидејќи според нив јас не сум воопшто успешна личност а ќерките на нивните пријатели се чекор напред од мене а со тие навреди и плескање во лице за моите грешки ми даваат помалку храброст и намалување на самодовербата за да одам понатаму.
    За жал, се уште не сум доволно финансиски снабдена за да почнам да живеам сама или со цимерка.

    Бидејќи работам со луѓе Запознав многу нови личности, машки и женски, секогаш кога ќе кажам дома како го имам поминато денот тие мора да ми уништат се со своите забелешки, наоѓање маани, префрлувања, навредувања и ќе ми ја уништат желбата за понатамошен напредок или пак уште полошо наоѓање маани на луѓето кои ги имам запознато па така ќе се затворам себе и денот ќе го поминам полна со негативна енергија.

    Мајка ми никогаш не е заинтересирана за мене, зошто плачам и пречи, зошто се смеам и пречи, дури и зошто излегувам, ми се меша во мојата финансиска состојба, речиси во секој дел од мојот живот таа мора да ја сее својата негативна енергија а да додадам на тоа и пречи секој човек што ќе дојде на гости или зошто седам на интернет и читам разни работи кои според неа не биле во ред.
    Доколку и кажам зошто сум лошо расположена ќе започне со нејзините лекции за живот и во лице ќе ми каже каква личност сум јас.
    Татко како речиси и да немам, на прво место му се пријателите и парите, па потоа јас.
    Можам да кажам дека ги имам најлошите родители на светот па така утехата ја наоѓам во виртуелниот свет.

    На крајот од денот останувам сама, љубов не можам да најдам бидејќи се плашам дека таа врска ќе ја уништи мајка ми, како и претходните со нејзиното вмешување на прсти и солење на памет дека не било во ред девојката да спие кај партнерот, да има секс и некои трети работи кои ги прават младите на моја возраст.

    И спомнав еднаш низ муабет дека сакам да посетам стручно лице за да поразговарам таа ме гледаше чудно и ме направи ментално пореметена личност. Шта речи?

    Таа сето незадоволство од нејзиното минато и лош однос со родителите на татко ми и неговите сестри како и го загорчувале животот ми го истура на мене.


    Извинете за долгиот пост, но немав каде да се пожалам бидејќи ретко некој да ме сфати.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    2.439
    Пол:
    Женски
    Ја имаш целата моја поддршка во однос на ова.
    Некои родители неможат да ги сфатат сегашните ситуации бидејќи се водат по тоа - така било речено од порано. Затоа гледај си ја среќата своја. Ако те прави среќна тоа и си сигурна во тоа, тогаш терај. Не е битно материјалното.
    Имај си свое јас, инаку ќе живееш под друго "јас".
    Ти посакувам среќа за понатаму :l:
     
    На Shmizla94, sj *O*, poppie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Мисија

    Мисија Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е прашањето за во оваа тема, бидејќи не е љубовен проблем.
    Имам пријател со кој одржуваме добра комуникација. Пред неколку дена се видовме, го частев за роденденот и ми даде подарок. Средбата беше пред датумот. На денот на роденденот ниту ми пиша, ниту ми се јави да ми честита, а јас и за обичен одмор му пишувам пред да замине.
    Премолчев, ама ме копка. Се сомневам дека заборавил зашто честопати препрашува за некои работи. Друга причина не верувам дека има, ама сепак малку се разочарав.
    Совет?
     
  18. +++

    +++ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.740
    Допаѓања:
    8.018
    @МериСкај

    Темата малку ја утна ама ајде, нема врска. Луѓето за жал такви се какви што ги опишуваш. Најдобро оружје ти е да заборавиш на тие луѓе и да си продолжиш по патот и памет за во иднина. Луѓето секогаш се тука за тебе само кога си моќен и кога можат да извлечат корист од тебе или да те зафркнат. Друго не ги интересира. :)
    Колку што гледам веќе си полнолетна и се занимаваш со медицина. Навистина убаво. Паричката како и да е секогаш има две страни но, ако е ова навистина така како што го опишуваш тогаш би ти било подобро да живееш сама и мизерно, знаејќи дека главата ти е мирна и дека нема никој да ти го нарушува душевниот мир, отколку да живееш со луѓе кои се крајно искомплексирани и не се горди зошто „ќеркичката“ не е на исто рамниште со нејзините братучетки, пријателки и слично. Зошто според ова што го читам, кај тебе во фамилија е вистински пекол а и претпоставувам дека се една од тие фамилии кои ги гледаат нештата повеќе од материјална перспектива отколку од душевна.

    Затоа ако можеш некако да најдеш некое гарсоњерче и да плаќаш ќирија само за да си изградиш посебна и лично твоја палата на мирот тогаш би ти советувал уште сега тоа да го направиш. Ако не си во состојба ова да го направиш во моментот - тогаш стисни заби и работи на тоа поле.

    И да извлечеш поука од ова и да не се осмелиш во иднина ни во сон на некој друг вака да му правиш како што ти прават тебе во моментов. Зошто тоа е лошо.

    Но, се разбира доколку ова е вака како што го опишуваш ти. Ова е чисто мој совет ако не ти се допаѓа слободно не го земај во предвид. Јас така би играл. Попрво би живеел сам и мизерно, знаејќи дека имам мир и никој не ме уништува психички отколку да живеам со некој кој си лечи комплекси на мене.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  19. FVP

    FVP Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    Не гледам некој проблем, можеби бил зафатен или има проблеми. И да заборавел, се случува, плус тоа што вие сте славеле заедно. Не ми е јасно зошто сметаш дека треба да си во центарот на светот на сите. Луѓето имаат и нивни животи.
     
    На lonely222 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.279
    Допаѓања:
    17.573
    Пол:
    Женски
    @Мисија , нели сте славеле заедно? Да. Он тоа го смета можда више као честитано.
    На роднини некогаш забораваме да им честитаме, да не се фејсбуци, римајндери, нема ни да честитаме на половината од оние на коишто им честитаме.

    Дали си сигурна дека не ја утна темата? Штом толкаво внимание посветуваш и очекуваш од таа личност, можно ли е да си во подлабока емотивна состојба? Јер ако е така, тоа е веќе ситуација која е проблем и за која треба да се реагира на начин соодветен на ситуацијата.
    Те молам не сфаќај како провокација, само сакав да се осигурам, иако не мора да значи, блискост у машко женско другарство е нешто у што веруем и поштувам. Ако случајно нешто има велам, да спречиме пред да лечиме.

    Машки на девојки забораваат родендени, годишници од брак па бетер, не па роденден на другарка.
    Јас двапати имам забораено роденден на мнооооогу блиска другарка.
    Не дека ја нејќам. Сум си имала проблем тој период и мене да ми бил роденден би забораила.
     
    На poenta и cresa-jagoda им се допаѓа ова.