Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ShtrudLaa

    ShtrudLaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Значи да почнам од почеток на приказната.. Пред 3 месецислучајно гледам слики на еден од македонскиве форуми.. Среќавам еден тип - сон за мене.. Совршенство, си помислив јас можам да сонувам само за него..
    Му пишав коментар - Многу си убав. Онака на шала.. Ми вратил во порака, му вратив и јас почнавме муабет едно друго се додадовме на фб.. Од тогаш во овие 3 месеци 2 реда муабет не направивме, се до пред 2 недели кога започна нашиот искрен, директен и по малку перверзен муабет.. Се беше на шала.. иначе да напоменам тој е од Скопје а јас од 50-100 км подалеку.. Ме праша дали одам за Ск, кога да се видиме, си разменивме број.. почнавме да пишуваме нон стоп едно 2-3 дена дојде сабота а јас се спремав за излегување.. Му кажувам кај ке одам едно друго а тој на тоа ми вика - Да дојдам ? Мене не ми се веруваше да помине 50-100 км доцна во ноќта за мене, сам.. дојде 01 часот по полноќ кога ме побара а јас во дискотека.. Ме праша дали да тргнува.. Му реков иди :) ни најмалку не помислував дека ке дојде.. Значи тој беше совршенство за мене ! и дојде 3 часот вечерта кога тој пристигна.. Неможев да поверувам дека го гледам ин лајв.. Поминавме страстен пола час, се бакнувавме и галевме како никогаш досега.. ми кажа дека е прва смена на работа и дека умира за спиење.. мораше веднаш да се врака назад за скопје.. Ми рече морам да те видам пак.. Утре дента пак пишувавме на фб колку убаво сме си поминале вечерта ваму таму.. е од наредниот ден него потполно го снема.. Гледам дека ги чита моите пораки на фб но ништо не ми врака.. Го прашав што е проблемот, тој ми рече дека му е многу лош периодов и дека нема никаква врска со мене.. Реков ок, се надевам дека наскоро ке се врати стариот Диме со кој зборував на фб.. Го чепнав уште неколку пати онака.. Добар ли си ? и секој одговор што ми го дава е најкраток во смисла Да, Не, на работа сум, пишувам нешто за на фах, уморен сум.. и после тоа го нема.. ЗНачи луѓе ме јаде од внатре.. незнам што ли е проблемот.. веке 1-2 недели поминаа ниту ми се јавил на моб ниту ми пишува нешто.. а да знаете само колку беше загреан.. ааа да последно ми пиша демек - знаеш дека ми требаш нели ? и јас му одговорив се надевам.. ако му требам ке ме побара нешто ке направи.. Зарем е можно да му е тооолку лош преиодот кога од 24часа нема да може 2 минути да посвети на мене.. Можно ли е факлутетот и работата толку многу да го окупираат па да нема 2 минути време бе.. Кажете ми што мислите дека јас повеке ништо незнам.. Се обидувам да не му пишам на фб но многу брзо попуштам и пак ке го заденам нешто.. некогаш ке ми врати а некогаш само ке прочита и толку... Зарем е можно да не му се свиѓам веќе ? Сигурна сум дека кога се видовме беше воодушевен, значи се гледаше дека неможе да ми одолее.. Што ли е проблемот :/
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Или нешто крие од тебе или едноставно била работата една вечер и толку.
    Престани да му пишуваш, игнорирај го, ако продолжиш скроз ќе го оддалечиш од тебе, остави му простор сам да те побара.
     
    На ShtrudLaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Или има нешто во позадина или не осетил некое посебно чувство кога те видел или навистина е во некој таков период како што ти кажал. Знам сега ти си толку загреана што сакаш секој мин да го поминеш со него ... ама стисни заби и не го барај воопшто. Сам нека те побара.
     
    На ShtrudLaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    По мое мислење дечково или има девојка, па ти си му била авантура за една вечер, или навистина го изгубил интересот за тебе (се појавила др. итн...). А тоа дека имал тежок период...хмм па што знам, не ми е некако за верување. :?:

    Сепак ние од овде можеме само да си нагодуваме, ама ти правиш контра ефект со тоа што го бараш.
    Ништо добро нема да постигнеш барајќи го, ако навистина сака да те побара остави го самиот да те побара ако не, живот иде даље, и онака не било ништо сериозно.
     
    На ShtrudLaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    822
    Јас би му дала време, којзнае можеби навистина сака да среди некој работи пред да почне нешто посериозно. Може навистина има девојка ама ете не им оди, може има некои проблеми дома или на работа. Се на се не го знаеш доволно за да си ја мачиш главата. Остави простор и време и ќе видиш што се случува. Ама како и да е немој да му оставаш впечаток дека ете си опседната со него и се друго ти е во мирување додека тој си зема слатко време.
     
    На ShtrudLaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Уф, ич ама ич не ги сакам ваквите запознавања.
    Луѓето зад нечиј профил не секогаш испаѓаат тоа што во вистинскиот живот навистина се.
    Која е причината што е толку ладен со тебе - ние можеме само да погодуваме. Можеби има девојка, па ти си му била интересна авантура, можеби кога те запознал во живо не очекувал дека ќе бидеш тоа што си, можеби навистина во периодов е преокупиран и има проблеми, па не му е дојдено до чатување...
    Како и да е - не попуштај и не му пишувај. Ако постојано го бараш, ќе мисли дека си очајна и ќе му станеш играчка. Остави го тој да те побара. А ако тоа не се случи - тури му пепел.
     
    На ShtrudLaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mila11

    mila11 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Vaka mi treba sovet,ve molam da mi pomognete... bev zaljubena kako malecka vo eden decko, deckoto mi e komsija i posle tolku vreme bevme zaedno negde okolo 1 god imavme se...i neso se skaravme za gluposti mi se naluti i sega nemame nikakov kontakt se gledame non stop vaka vo zgrada, no nikogas nemav hrabrost da go sopram i da mu kazam deka mi e zal i krivo so taka odednas prekinavme i so nemame sea nisto!! Pomooos :/ sto da pravam sakam da bidam pak so nego.. ama deckoto se pravi fraer i neznam dali ke saka.. a i ima devojki samo za vikend( sex) so niv. :////////
     
  8. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Девојки ми треба мислење околу мојата ситуација. Со дечкото сме веке година дена заедно и со мали исклучоци супер ни е. Живееме во различни градови и јас за некое време ке дипломирам и ке си одам од Скопје. Проблемот е што јас сум толку амбициозна, успешна, со цврсти цели во животот, а тој не се замара за ништо. Има услови да работи а се жали дека му е тешко, дека не се исплаќало не знам што. Ко да чека од небо да му падне. Се залагам за него, да му тргне во животот, а тој ме критикува дека го форсирам. Дури и се исмева на мојата амбициозност. Јас сакам да одам на студии во странство и планирам да го земам со мене, ама се плашам што ке правам таму со некој што само леже и офка дека нема пари. Уште ми вика "Не се будали да одиш по светот златна работа те чека во Македонија, луѓето плачат за услови на живот како твоите". Стварно не сакам да прекинам со него, но се чувствувам како птица која треба да летне високо а има врзано еден камен кој ја влече надолу. Дали неговата мрзливост и неамбициозност ке ми смета понатака во животот со него? И што би направиле ако имате ваков партнер?
     
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ^
    Ќе ти смета, нормално...Да си и ти како него задоволна од тоа што го имаш и без желба да дадеш максимум од себе за подобро, тогаш ок, би ви било идеално. На секој што има надеж, идеи и желба за било што, му требаат позитивни луѓе околу себе кои ќе ги подржуваат во истото, а со негативен став и мрзливост и сама гледаш дека тешко ќе биде да се оди напред...Ако најдеш начин да ја разбудиш желбата во него за нешто ново, поинакво, да прифати предизвик и да види дека работењето (посебно во странство) се исплаќа-ако веќе тука се жали за платите, можеби работите ќе се сменат т.е тој ќе се смени...А ако е упорен во своите жалопојки како ова не бива, она не чини, а не мрда со прст да промени нешто, тогаш размисли добро, да не се најдеш утре во живот што го презираш и во жалост по она што можеше да бидеш...
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    ShtrudLaa


    Од моментот кога сте се виделе, он имал време да одлучи дали сака да има нешто повише со тебе или не. Толку, просто е. Немој да се чудиш што на почетокот бил загреан тоа не е ништо, си му се допаѓала и толку..
    И не, нема никакво оправдување дека бил многу зафатен или дека не можел периодот. Ама ако сакаш да веруваш во тоа ок. Откажи се и излези најди си некој што ке го гледаш секој ден а не да дремеш пред компјутер за да се слушате и гледате..
     
  11. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.177
    Супер е тоа што ти си толку амбициозна и сакаш нешто да постигнеш во животот. Лошо е што дечко ти, ај што не е таков, туку не добиваш ни поддршка од него, туку упорно те убедува во спротивното.
    Штом сега ти смета таа негова неамбициозност и мрзливост, сигурна сум дека ќе ти смета и понатаму. Какви златни услови за работа во Мк, какви бакрачи ... Ако тука има услови, не знам каде нема. Сега уште не почнал да те кочи, али во иднина мислам дека ќе почне. Едноставно, и јас не би можела со некој што ми противречи оти имам некоја цел во животот и сакам да направам нешто од себе.

    Дечко ми не се споредува со твојов, али сепак има сличност. Тој никогаш не би ми викал дека надвор нема можност, со сила да ме држи во Мк ако сакам да одам надвор, или да не ме поддржи. И тој си е амбициозен, али ете, ништо не прави, не се помачува околу факултетот за да го заврши навреме. Какво навреме, ќе се влече најмалку 2 години плус. За него се има време, сите се жалат од факултетот, тој мака не видел од него, оти нема седнато да учи како што треба. Ме нервираат луѓе кои имаат капацитет и мозок, а не го користат од пуста мрза. Е мојот е таков. Сега за сега, не ме нервира тоа, кога сака нека заврши, али тоа што не се замара ужасно ме нервира и тоа според мене му е најголема мана.
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    E баш така. Значи далеку од тоа дека е глуп, али не се замара ни за факултет ни за работа. Јас стварно имам можности да напредувам и во македонија, ама ете сакам да пробам да завршам во странство постдипломски па може и ке се вратам. За него е тоа несватливо, да имаш тука услови а да бараш повеке.

    Фала Ви девојки на советите, убаво е така кога некој од страна ке ти даде мислење, оти сум ги прашала сите наши пријатели и сите го поддржуваат него и велат дека јас сум таа што се филма (а исти ко него се и тие)
     
  13. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    љубовта една работа а ти друга работа..
    значи тоа е едно кај тебе а тоа што сакаш да одиш напред во животот не треба да спречиш..
    ако она е таков и не сака како тебе тогаш тој со тоа што сака ти со твојата жлба за напредно учење...
    би било добро да беше со тебе,подрша и се ама ете не се сите исти..
    така да слободно да си одиш напред а тој ако мисли дека така му е подобро па нека си прави така..
    сепак можете пак да си бидете заедно,љубота е една страна а учењето др.. :)
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Кикирика сосема нормално е да размислуваш на тие работи, бидејки не е ниту кратко-трајна врска а и гледаш и самата си планираш да напредуваш во секое поле.. Не е до финансиите туку до одредените ставови, твојот став и неговиот а се гледа дека се различни. Не треба ти да бидеш таа што треба да му кажува дека тој не само кон тебе туку ке треба да има поголем товар во неговиот живот, едноставно така е! Јас мислам дека едноставно не се вклопувате еден со друг. Он не придонесува и не ни сака да се мачи. Било тешко, па кој рече дека ке биде лесно?! Никој не успеал тук-така, чим отвориш-затвориш очи. Меѓутоа ако не ни пробаш, нема ни да знаеш..Многу нормално е да мислиш покрај сите услови, што со нас во иднина?!
    Можеби тој не е изграден како личност, можеби има потенцијал но не превзема ништо за тоа. Ако сака да живее цел живот така, тогаш подобро што побрзо раскини со него бидејки ете гледаш дека и тебе почнала да те загрижува ситуацијата..
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да ве прашам нешто.......кажете ми ако знаете :)
    Дали девер и дверуша се роднини?!Јас бев деверуша на 1 братучедка а тој девер на нз као му доаѓа вујко ама не прав вујко пошо мајка му со младоженецот се 1 братучеди... нели деверот држи свеќи во црква а мене невестата ми е 1 братучедка и сеа :?: роднини сме или не?не знам дај некој нека ми каже ако знае.
     
  16. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Не сте роднини по крв, сватови му доаѓа
     
  17. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Не сте роднини не се грижи, ако сте биле и двајцата девер и деверуша ,а тоа нема врска со роднинаската врска по крв така да нема место за паника ;)
     
  18. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Се обидов да не пишам, ама сепак, сакам да слушнам мислење од поискусни форумѓики.

    Имено, имам проблеми со моите. Не е ништо ново, да..
    Збунета сум, во конфузија, гневна, желна за одмазда, кон нив и кон нивниот „пријател„ , како изминува времето немирот во мене се повеке и повеке расте, за жал истиот е резултат на нивните постапки.
    Се смирив малку, колку - толку ок си бев, си правев планови за даље , имам свои амбиции, почнав да мислам на себе, а не и за нив.
    Кога и да ги слушнам, кога и да ги видам, слушнам, желбата во мене да успеам во некое поле од животот исчезнува, и за жал, ми трае подолго време. Нашите жестоки судари почнаа од моментот кога почнаа да ми попуваат дека треба да се мажам, да раѓам деца, ехее, времето ми е поминало. Сестра ми жена за пример, од неа треба да учам.

    Вчера ме бараја на скајп. како - така се нафатив да видам што има да кажат, зошто ни јас сама не знам. Вечерва око не можев да склопам.
    Пред 2,5 месеца земавме кредит од банка, биле во тесно, истиот е на мое име, молеа - колеа, се согласив, договорот беше сите заедно да го исплатиме, али не си додржија до збор, плативме една рата, за втората јас им дадов половина рата, останатото тие, али не се појавиле во банка. На 3јцата жиранти им сопреле пари од плата. Да ми кажеа, ке презедов нешто, немаше да догураме до тука. Жирантите се мои познаници, се нафатија луѓето, па сега незнам и пред нив како ке испаднам. Незнам како да постапам, што да правам, што да им кажам?
    Нема да биде се ок и кога ке им ги вратам парите, во прашање е изгубената доверба? :@ Истата ја градев со години, сега се сруши за миг.

    Се плашам да фатам автобус и правац дома, се плашам бидејки за невредни луѓе може да си ја заебам иднината, во лутината незнам како ке постапам.
    Им велам јас ке се откажам од нив и пред закон, тие мислат зајебавам се. Ме измачуваат психички, тортура, тортура.
    Одев и на психолог, Во некои работи ми доста помогна, во некои не.

    Ради овие проблеми тргнувам еден чекор напред, па потоа два се вракам. Од никогаш не ми биле финансиите важни, веке семејството. Али тие се зајебаа. Немам намера мајчинската „љубов„ да ја купувам со пари.

    Незнам искрено што да правам, како да постапам. некогаш се прашувам дали е себично да се свртам и да заминам и што да им е, гајле да не мие. :(
     
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    ^^ Не знам дали се точни твоите години на профилов, ама ако се, не ми се верува дека сакаат ти сега на 20 години, да се мажиш, да раѓаш :o
    Живеј си го животот според тоа како мислиш дека ќе успееш повеќе, не мисли на проблемите, зашто животот е твој и ти ќе треба да го живееш а не мајка ти и татко ти, тие го поминале нивното. Што ако се омажиш а не го сакаш тоа, цел живот ќе се каеш за пропуштеното.
    Но не велам дека треба и да чекаш одредена старосна граница за мажење. Се ќе си дојде во свое време, не треба да брзаш, само да си ги следиш чувствата и амбициите.
     
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Родителите понекогаш, мислејќи дека ни прават добро, не сфаќаат колку повеќе не оттурнуваат од себе и од својот дом.
    Како прво, раздолжи си ги обврските спрема тие луѓе. Незнам колку го користиш ти кредитот, ама и да не го користиш, нека биде твојот образ бел пред нив.
    Незнам што се случи со твојот план за Швајцарија, ако не се лажам нели се спремаше за таму?
    Дај си време и не очекувај се одеднаш за биде. Млада си и можеш и имаш време да инвестираш во себе, ама не брзај.
    А за твоите...немој целосно да вртиш грб. Има далеку полоши семејства, верувам да си во лоша состојба веднаш би ти помогнале. Барем не ми делуваат како лоши луѓе...само со поинакви размислувања. Не им врти целосно грб, но не ни им дозволувај да ти влијаат во одлуките и во размислувањата. Кога ќе успееш во себеси, верувај ќе бидат горди на тебе. Иако тоа не е тоа што они си го замислуваат за тебе, кога ќе те видат среќна и задоволна и тие ќе се среќни (барем така би требало да биде :) ). Растени во поинакви околности, мислат дека тоа е единственото и најдоброто нешто за тебе, едноставно се ограничени за промени и за нешто сосема поинакво од нивното, валјда веруваат дека поинаквото може да биде само лошо, а не и добро.
    Биди рамнодушна спрема нивните зборови, продолжи напред кон своите цели и планови, ама имај си го и семејството зад грб...сепак убаво е кога има на кого да се вратиш, убаво е да се има дома.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.