1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам нешто, ако ги слушаш другите никогаш нема да ти биде убаво.
    Се додека ти завидуваат ќе имаат полна уста, а се додека ти немаш слух за нив ќе бидеш посреќна.
    Не ја потценувај сопствената среќа за луѓе што животот не си го спастриле.
     
    На SummerGirl, joy1, Milobebence и 6 други им се допаѓа ова.
  2. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    1.815
    Пол:
    Женски
    некој лп?
     
  3. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Пиши освен машки не;)
     
  4. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.182
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Само ќе ти кажам дека речиси истите зборови ги слушнав од мајка ми кога изразив желба да живеам сама. Неколку месеца по ваквата изјава, се иселив. Имав сериозна врска, ама сама живеев под кирија, не сакав да живеам со дечко. Многу лошо го поднесе тоа, ама мојата среќа и мир ми беше побитна. После неколку месеца (период во кој одбивав да комуницираме) се помири. Сега имаме многу подобар однос во споредба со првите 25 години од мојот живот. Веќе сум мажена, имам и дете, и сега ми го почитува зборот многу повеќе. Тешко е да излезеш од сенката на таков тип на родител, ама изводливо е. Само сакав да изразам поддршка.
     
    На SummerGirl, mira.mira, Shmizla94 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Пред се браво за одлуката и покрај притисокот на твојата Мајка,да одлучиш да продолжиш со момчето,и имаш подршка од мене.Твоите родители неможат да одлучуваат ти со кој ке бидеш во љубов,затоа што таа сама доаѓа од душата и не бираме срцето во кого ке се заљуби,едноставно е све тоа случајно,и све се случува спонтано,тоа што не го прифалите е нивни проблем.Нема потреба твоите да го прифаќаат,и онака ти си градиш својата фамилија,затоа живееме затоа и се бориме во животот,да оставиме после нас некого.Болно е еден родител да каже,твојата среќа е нашата несреќа,извини одамна немам прочитано ваква гадна реченица.Нема што да им бидеш роб,имаш поленетство имаш работа,имаш дечко,терај си го животот,игнорирај ги колку што можеш,и ти посакувам се најубаво во заедничкиот живот.
     
    На SummerGirl, fana, Blue.Sky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Мисија

    Мисија Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Можеби имам поголеми очекувања од новото пријателство понесена од искуството од две долгогодишни дружења што не се случило некој некого да заборави.
    Посветувањето внимание е обострано. Се пронаоѓаме во многу работи. Честопати патува и јас сум известена за отсуствата, а и тогаш сме во контакт.
    Во однос на емотивноста, не сум заљубена и тешко доживувам длабоки емоции, ама се сомневам дека тој покажува интерес.
    Имам искуство од машко-женско пријателство (едно од двете долгогодишни) и во личноста не гледам потенцијален партнер, разграничувам љубов и дружење.
    Можеби ова пријателство навестува нешто повеќе...
     
  7. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.389
    Допаѓања:
    42.620
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам од срце за советите @buba4e89 @Spidy @ЕденЧлен , ми значат вашите зборови. :hug:
    Како што реков и претходно, за неколку недели се вселуваме заедно. :sun:
    Ви посакувам се најдобро.
     
    На Shmizla94, sj *O*, ЕденЧлен и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Pretty_woman

    Pretty_woman Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2018
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Толку многу ми е мило и толку многу среќа ти посакувам што си имала сила и храброст да ја донесеш твојата посакувана одлука и да се чуствуваш исполнета и среќна во животот,знам како е и како боли бидејќи сум во истата ситуација како ти девојче,Ако изберам да сум со мојот сакан мојте би се откажале од мене,сеуште немам храброст да го пресечам тоа да кажам и јас СТОП,да завртам грб и да заминам со него,тогаш би била најсреќната личност.

    Откако те прочитав тебе,знаеш ти ми даде малку надеж,малку сила дека и јас можеби еден ден ќе бидам среќна како ти и ќе ја донесам таа одлука.Од срце ти посакувам многу среќа во животот.
     
    На cresa-jagoda, ЕденЧлен, Billy Idol и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Love4u

    Love4u Нов член

    Се зачлени на:
    23 август 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Ми треба совет.. Комплицирано е. Во врска сум веќе една година многу го сакам дечко ми а и тој мене. Неговите ме сакаат како своја ќерка. Меѓутоа мојата мајка е пречка цело време ми зборува како сме фамилија како наводно сме '' први братучеди'' и сл. Јас зборував со мајка му таа тема вика дека не сме ништо сепак ако сме толку блиски она не би го оствила него да биде со мене.. На крај излезе дека сме биле фамилија од 5-6 колено хахах преку полубраќа полусестри не се знае кој со кого не спиел (ова зборам на времето) што не се ни рачуна дека сме фамилија.. Имам многу строги родители татко ми незнае за него планирам за брзо да му кажам.. Дајте ми било каков совет би ми користел.. Сакам слобода тој е 3 години постар од мене јас имам 19 стварно не сме деца да се криеме. Го сакам премногу не сакам ради нив да си ја уништам среќата
     
    На Packka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. hristinss

    hristinss Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2019
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Имам брачед прв оди со девојче што исто така нешто постара рода паѓат 4-5 колено. На почетокот и двете фамилии не прифаќаа нешто демек брачеди вака така и ете мораа да се помират со тоа. Секој ден заедно се и кај него си оди и сите работи. Секој почеток е тежок ама после се ќе си дојди на место. Убаво претстави го, дека и со неговите имаш разговарано,дека ја прифаќат тие вашата врска и дека нема пречка, со среќа
     
    На Love4u му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    2.036
    Јас би сакала мислење за роднинско/пријателски однос.

    Имено, пред година дена се запознав со моја по далечна братучетка, мноогу комуникативна, ведра девојка.
    На нејзина иницијатива се зближивме, покажа став во смисла дека и фалела ваква пријателка како мене, па почна и да ми се доверува за краток период.

    Проблемот настана неодамна, сестра и правеше свадба па за тој повод решија да прават шопинг во мојот град(таа живее преку граница, во соседството). Им кажав дека им стојам на располагање, ќе се видиме, ќе им помогнам за женска гардероба, а за машка не сум многу информирана.

    Баш тој ден кога се најави дека ќе доаѓа, и кажав дека ќе бидам искочена на кафе ( кафетериите и шопинг дуќаните се 5 минути оддалечени), па слободно да ме бара доколку дојде. Ми кажа дека не си го знае македонскиот број на памет за да ми го каже, па затоа ќе ми звони кога ќе биде тука.

    Помина цел ден, не ми се јави.

    И пишав следниот ден, одговара иронично и ладно-се изгубивме во твојот град, не си купив фустан, а на прашањето зошто не ми се јави, одговори, ти не знаеше каде има бутици, па не те побарав воопшто ( а потенцирав дека МАШКИ бутици не знам).

    И објаснив дека нешто грешка разбрала, продолжи да комуницира дистанцирано но сепак имаше комуникација. Следно, се приближува датум за свадбата, ми кажува дека како нејзина блиска сум поканета од изутрина да бидам во нивниот дом. Се заблагодарив но и кажав дека не гарантирам за 100% присуство, бидејќи не знам дали ќе успеам да организирам превоз за толку рано изутрина ( немаме автомобил ), а автобуси не сообраќаат таму.
    И не успеав, отидов директно на свадба, и честитам, а таа мртва ладна ми кажува само-Е, ти не дојде.

    И пишувам, не ми одговара.

    Навистина не знам дали имам некој пропуст во однесувањето или едноставно девојчето има тежок карактер, па избрзува со негативни заклучоци.


    P.S Сега видов дека темава е во Љубовни проблеми :D , доколку не е соодветно, нека биде преместено мислењето.
     
  12. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Па очигледно дека има некој проблем.Но луѓето што не саакаат разговараат за решавање на некој проблем не се вредни за да седеш и постојано да мислиш на нив.Таа ако вистински те ценела ќе се обидела да разговара за тоа што се случило а не да те одбегнува.А можеби и е само период.Можеби е нервозна од се и сите околу неа па треба да и дадеш време:)
     
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Од твоја страна си поставила коректен однос и не барај пропуст во комуникацијата. Ако таа знае и умее да ја препознае твојата пријателска наклонетост за помош и дружење, имала убав момент да го направи тоа. Си ја удостоила со присуство на свадбата и покрај релативно краткото време на познавање што многу кажува за почитта од твоја страна, но и за поинаков (негативен) начин на поимање на нештата од нејзина страна.
    Ако ти значи, дај му време на времето за да ја запознаеш подобро, па потоа одлучи дали вреди да го одржуваш пријателството.
     
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Не пишувај повеќе.
    Ти си сторила се што било во твоја моќ и можности.

    Колку повеќе и се правдаш и ја прашуваш каде си згрешила, толку поголемо значење си дава.
     
    На buba4e89 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Fallen220

    Fallen220 Активен член

    Се зачлени на:
    16 април 2019
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Многу ми се допаѓа еден дечко, мислам дека и јас него но не сум сигурна како да му пријдам. Се скаравме малку пред некое време и сега е многу ладен со мене.

    Што мислите дали да му пишам да се видиме?
     
  16. Fallen220

    Fallen220 Активен член

    Се зачлени на:
    16 април 2019
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски

    Update: Ме откачи :D
    Better luck next time
     
    На Brinetka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Leroy

    Leroy Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Nekoj vo lp ,mi treba mislenje?
     
  18. beauty.princess

    beauty.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2015
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    raspolozen nekoj za sovet i mislenje vo lp, da napomenam samo deca ne.. :D .. fala odnapred :*
     
  19. Kjutche

    Kjutche Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    107
    Здраво ми треба совет од вас пошто немам со кој друг да зборувам
    Имам една пријателка која денес бара се и сешто од мене се дружиме и се е ок. Утре ми е љута не ми зборува ме откачува не се дружи со мене. А да ја прашаш зошто не ми зборува ни таа не знае да ми одговори. Проблем ми е пошто не можам да ја откачам пошто е со мене во друштво то ест во друштво сме 6 пријателки и само она е таква од сите денес ова она се дружи со тебе се е ок а утре ти е љута те откача и не ти зборува. Не знам што да правам како да ја откачам. Пошто е со мене у друштво кога не ми зборува се дружи со другите и прави сите само неа да пазат и да не се дружат со мене. Еве мојата најдобра пријателка секогаш ја држи за рака додека одиме и и зборува свашта и се прави демек мојата најдобра пријателка ја сакала нејзе повеќе од мене (таа пријателка што не ми зборува ја држи за рака мојата најдобра пријателка да не ме свативте погрешно) И кога мојата најдобра пријателка ќе се сврти да ми каже нешто таа веднаш ќе не прекине и ќе и каже на неа друго нешто само за да не зборуваме ние двете едноставно тоа не може да го трпи. Не знам навистина што да правам. Еве во петок сме на роденден и таа ќе оди и не можам да ја трпам таму како ќе се глупира. Ми се смачи од неа. Не знае да го цени тоа што го имам направено за неа колку домашна сум и праќала колку лектири и сум раскажувала и многу други работи но таа не го цени тоа и ми враќа со тоа што ме игнорира и не ми зборува. Кога ќе нема со кој да се дружи веднаш кај мене а кога има бега кај нив и мене ме остава како да не се познаваме. Навистина многу ми е тешко кога ми прави вака пошто со сите се дружи а само мене ме избегнува и не знам зошто. Нема никаква причина. Ве молам кажете што да направам многу ми е тешко.

    Сега видов дека темава е во љубовни проблеми па затоа преместете го мислењево ако не е за овде.
     
    Последна измена: 4 септември 2019
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.640
    Допаѓања:
    116.332
    Пол:
    Женски
    Прашај ја зошто се однесува така,ма да не вреди да се трудиш да се дружиш.Откачи ја!
     
    На buba4e89, cresa-jagoda, Kjutche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.