Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.505
    Пол:
    Женски
    Со бившиот се запознавме преку социјални мрежи. Заради икс причини врската заврши. Сега пишувам со еден дечко кој живее во градот каде што јас работам. Засега разговорот ни оди убаво а има и заинтересираност од негова страна за запознавање. Проблемот е мајка ми, денес разбра дека пишувам со некој и веднаш почна немој повторно со некој кој не го знаеш, виде како беше последниот пат. Ништо не и вратив, морав да излезам за на работа. И јас знам дека постои ризик но ако никогаш не пробаш никогаш ни нема да знаеш што можело да биде.
    Јас знам дека и е страв за мене и не сака да страдам но ете кога јас сум спремна на ризикот не гледам зошто би се спротиставувала.
    Не знам ни дали ќе испадне проблем од ова, ќе разговарам со неа повторно но сакам мислење да слушнам..:?:
     
    На SummerGirl и candy.cane им се допаѓа ова.
  2. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Дали е преку социјални мрежи,или некаде надвор,во кафич,диско,да си го запознала исто ке било,до човекот е не е до социјалните мрежи.Мајкати ке ти бира момче?зарем она ке гради иднина со твојот партнер,кој треба само ТИ да го одбереш.Стварно не разбирам како дозволувате родителите да ви се мешаат во вакви сериозни работи.Не сакам да звучи навредливо,но јас кога одбирам кој сака нека е против,ми е гајле,се работи само за МОЈА и СПОСТВЕНА среќа,која треба да ја градам со тек на времето.
     
    На Harper, sj *O*, IronLady и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.394
    Колку години имаш?
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.399
    Пол:
    Женски
    Може и комшија да ти е, од дете да го знаеш, дечко да ти стане, па да испадне никаков... Нема врска тоа и многу врски почнале преку нет, па завршиле дури и во брак. :)
     
    На Harper, sparklie, IronLady и 14 други им се допаѓа ова.
  5. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.505
    Пол:
    Женски
    Знам ама досега за се со неа отворено разговарав а еве сега ова ме тера да кријам дека пишувам со некој нов.
    Ќе разговарам со неа, знам дека ќе се среди се, ја познавам мајка ми и важна ми е нејзината поддршка, секогаш била тука за мене.
    Фала ви на сите за советите. :)
     
    На cresa-jagoda и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  6. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.169
    Пол:
    Машки
    Паметно те советувала мајка ти ама на крај ти си таа што ќе си одлучиш. Башка што уште ни кафе не сте испиле, може нема да биде така лаганица ко што е преку нет.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, IM.TMKQ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски
    Се е тоа убаво од страна на мајка ти затоа што денес пола и повеќе врски, неважно дали преку нет или било како започнале , на почеток сигурно дека се е убаво и супер муабет, ама правите лица на повеќето се гледаат тек од после , дај си време да го запознаеш поубаво да видиш каков е што итн, немој да се залетуваш со некој за кој не си ни знаела до вчера дека постои воопшто. а уште помалце некој близок да изгуби доверба во тебе баш од тие причини. Ако планираш да го запознаеш и да идеш на кафе со него, избери место каде што има повеќе луѓе, центар и слично.
     
    На cresa-jagoda и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  8. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Излези неколку пати со дечкото,но не брзај за врска,прво процени го па пробај.;)
    Тоа е тоа.
    И за вакви излегувања само на прометни места каде има многу раздвиженост.

    Земање и носење со кола не би ти препорачал,користи си свој превоз,такси,бус и сл...;)
    Ај со среќа:D
     
    На Purplelilac, candy.cane, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  9. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.505
    Пол:
    Женски
    Да да тоа е јасно.
    Не сакам ни јас да брзам со ништо, но би сакала да го запознам за да видам дали има или не шанса нешто да бидне од сето тоа, за да не си го губиме времето и двајцата доколку испадне нешто поинаку при запознавањето.
     
    На Purplelilac, candy.cane, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.417
    Допаѓања:
    22.024
    Пол:
    Машки
    Што има врска годините?
    Мојата девојка е 24 години, па нејзините се конзервативни, особено нејзината мајка и ја контролира, ако можам да речам контрола.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.417
    Допаѓања:
    22.024
    Пол:
    Машки

    И мене нешто слично ми зборуваат дома за новата девојка. Ме потсетуваат како сум поминал со претходните девојки, ама им реков дека сум доволно голем за да одлучам со која девојка ќе бидам.

    Ако сеуште претеруваат речи и, па штом си толку упорна, дали сакаш скришно да се гледам со момчето итн?
    (ако е таа упорна против тоа, а ти си ЗА да се гледате со момчето)
     
  12. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.505
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека ќе дојде до тоа доколку го запознам и се е океј.
    Сепак фала на мислењето. :)
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.394
    Затоа што поинаков совет би дала ако има 16 или 26 години.
    Конзервативни родители можат да ПРОБААТ да контролираат. Колку ке им дозволи е друга работа.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.417
    Допаѓања:
    22.024
    Пол:
    Машки

    Не е се така лесно во општество како нашево што најчесто сме зависни од своите семејство. Посебно ако студираш.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.394
    Секако. Не реков дека е лесно . И сите имаат различни нивоа на блискост. И спремност да разговараат. И е добро родителите да те сфаќаат и прифаќаат. И дури ако се замешаат сепак да ги почитуваат твоите одлуки за дечко/ девојка. Мајките се обично лавици. Ама ако не згрешиш, како ке научиш.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  16. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Како би изгубила мајка и доверба во неа ако искочи со некој?

    @IM.TMKQ нормално е да се плаши, ама нека не влијае тоа на твоите одлуки. Допишувај се, излези и сама процени си.
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.505
    Пол:
    Женски
    Далеку од тоа дека ќе се меша, никогаш не ми се мешала дури и кога сум грешела ама секогаш совет ми давала и била во право.
    Еднаш згрешив и ја научив лекцијата, таа се плаши дека можеби пак ќе поминам низ истото. Сама ми има речено, тебе периодот ти беше лошо ама мене уште полошо.
    Важно јас ја научив лекцијата, се што не ти одговара веднаш стави крај а не да прескокнуваш и да се објаснуваш нонстоп а од другата страна без никаков напредок.

    Ќе видам како ќе биде понатака. Еднаш или два пати да се видиме веднаш се проценува со каков човек си имаш работа.
     
    На buba4e89, "Zoki" и Dentina им се допаѓа ова.
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    И јас така со еден си пишував. Јас го аднав, случајно ми излезе неговиот профил, ми фати око, тој ме прифати и тој ми пиша. Си пишувавме, дури и за кафе тој ми спомна, не прифатив одма, му реков дека прво вака сакам подобро да се запознаеме со допишување, а потоа кафе. И бидејќи не сакав да кријам од мајка ми и спомнав за него. Ама она е строга и почна да ми држи лекции. Како можам непознати на фејсбук да додавам и да зборувам со нив, кој знае каков е, а може да глуми добар. И да го избришам... Не го избришав, ама ја прекинав комуникацијата и тој ме нема избришано иако почнав да го игнорирам кога тој ми пишуваше. Иако ми делува и на изглед и од допишувањето како фин дечко, сепак немав сила да се карам со мајка ми за некој непознат кој не знам каков е навистина или да ја разубедувам. А позади грб не сакав да и правам работи, тајно да се гледам со него. Зашто кога тогаш ќе разбереше, па ќе ја изгубеше довербата во мене.
    Она сака некој дечко со кој би имала заеднички пријатели, познаници па да можам да се распрашам каков е, што е.
    Не знам дали згрешив, ама вака помирна ми глава.

    Ги разбирам мајки се, се грижат, ама па не може да не држат толку заштитнички во стаклено ѕвоно.
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.897
    Допаѓања:
    24.165
    Пол:
    Женски
    Ништо не е мерило за ништо, верувај.
    И мој бивши цел живот си беше и сè уште си е ок со пријателите, па со мене никаков испадна, до таа мера да на никој не му се веруваше отпосле.
    Едно си со пријатели, друго во врска.
     
    На Harper, IronLady, Purplelilac и 10 други им се допаѓа ова.
  20. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Имам другар ги поседува сите добри особини,но кога се работи за девојка ги губи тие добри особини.
    Кога би прашала за него ќе ти кажат добар е,но мене да ме прашаш ќе ти кажам не е за тебе ќе те извара.
    Така да не бидете баш сигурни на таа карта;)
     
    На Harper, Purplelilac, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.