Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Секој сака да е блиску до своите. И мене ми фалат моите секој ден, иако од 18 години ги спакував куферите и се преселив во друг град.
    И понатаму во заедничкиот живот, верувај дека ќе ти бидат од помош дали твоите, дали неговите. Ако се нормални луѓе зборам, има секакви.

    А исто така, живеење во различен стан е сосема различно од живеење во заедница. Јас искрено не гледам голем проблем во тоа да се они во ист град. Би ми било проблем да живеам во заедница со нив. Но сепак тоа е мое некое мислење, разбирам дека друг си сака поинаку може.

    Како и да е ти посакувам среќа. Се надевам дека ќе ви се подобри комуникацијата. На крај на сето ова, најбитно е што ти можеш да прифатиш, а што не. Инаку за било која врска ќе мораш да правиш помали или поголеми компромиси.
     
    На Billy Idol, cresa-jagoda, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    4.201
    Пол:
    Женски
    На мене на почетокот ми беше симпатично и им се восхитував на семејството на мм како тие сите се меѓусебно поврзани и каква комуникација имаат. И јас сум растена во хармонично семејство, но на поинаков начин без толку голема поврзаност како они. Но како си минува времето секој ден се нервирам се повеќе и повеќе со нивните постапки, ама тие така функционираат јас колку-толку пробувам да држам некоја дистанца бидејќи на таков начин не сум учена и не ми одговара.
    Ти понатаму само ќе се нервираш и проблеми ќе си имаш ако има исто мислење како и сега. Разговарај отворено уште сега со него, кажи му и тебе како ти одговара за да не си ја чукаш главата утре и да се полниш нервози. После толку време врска и тој би требало да биде поотворен со тебе и да разговара на некој посериозни теми ако веќе сте доволно возрасни како што напомена.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    4.201
    Пол:
    Женски
    Ако ти е гостинка уште на кратко мој совет е да ја истрпиш уште тој период бидејќи на крајта може само да си ги нарушите ептен односите и да бидеш таа која ги "брка" гостите од дома.
    Ако не, седни и кажи и дека ти треба помош од неа околу домашните обврски бидејќи си уморна после/пред работа да средувап цело време по неа, објасни и на фин начин да не се осети ептен навредено, речи дека и пред цимерот ти е незгодно да гледа така дека стои не раскренато па ако сте доволно блиски со цимерот јас би му рекла и тој да ја задре како на зафрканција дека ништо не помага.
     
    На Billy Idol, buba4e89, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Не сте од вчера во врска. Можеби ви е рано за да бидете во брак. Ама не е рано, да позборувате и на таа тема. Не се разговара за тема брак и живеење заедно во последен момент откако ќе потрошите толку години заедно. За такви работи се разговара на време. Да се видат размислувањата на другиот и за посериозните теми на време.
    Не гледам никаков проблем ако бидат во друг стан, а во истиот град. Проблем може да има, ако живеат заедно.

    А за домашни проблеми, па да бидеме искрени секаде има. Некаде помали, некаде поголеми. Ама тоа е животот. Мед и млеко само во бајките.
    Каде и да се дали во истиот град во друг стан или далеку во друг град, тој им е син и нормално сакала ти или не, ќе допираат и до вас тие работи.

    Убаво ти кажа и членкава, истово и јас го мислам. Ова е проблем. Што не споделува со тебе лични работи, а сте толку време заедно.
    И мене ми е тешко да зборувам за лични и семејни проблеми, ама не е нормално да криеш такви работи од партнерот со кој си подолго време. Не се познавате од вчера, па ајде уште нема доверба во тебе, па не ти кажува ништо. Штом сте повеќе од 2 години заедно, не е во ред што е толку затворен.
    Тоа мамина мази не излезе од мене, туку од членката, јас само тоа го повторив што она веќе го имаше кажано.
    Штом си имаат посебно сместување, тогаш навистина не гледам проблем во врска со тоа.
    Вака кога те читам, да е до тебе ќе земеш и ќе го однесеш него и во друга држава само да биде подалеку од неговите.
     
    На candy.cane, Alisa22, Annora и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.294
    Пол:
    Женски
    Сакав да кажам имаат сместување каде што сега си живеат.
    Не би сакала да го разделам, само не ја сфаќав потребата да мора да ги земи со него кога си имаат свој живот и тука каде што се.
    Инаку, најмалку сакам јас да му отежнувам дополнително, напротив сакам да сум му поддршка и колку што можам да му помогнам, само не сакам нивните проблеми утре да ми се мене проблем.

    Како и да е, затоа побарав и ваше мислење, можеби не сум во право.
    Фала ви, дефинитивно помогнавте да сфатам дека можеби и не е толку лошо.
     
    На cresa-jagoda и nightingale им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што гледа се и не реагира, исто и паѓаат трошки покрупни и не ги дига. Почна да дава наредби "направи ми риба, испери ми, исчисти ми" и мене ми е преку глава.
    Еднаш ајде океј ама секој ден претерано.
    Останало тањирче неубаво измиено уште ми го покажува какво било и го фрли во лабавото. И реков измиј го и земи го ништо не му е, таа носот до плафон го дигна.
    И јас сум спиела кај другарка ама сум помагала во обврските и сум имала осет.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Со таква се прави само отворен муабет, па макар се налутила
     
    На candy.cane, piksooki и buba4e89 им се допаѓа ова.
  8. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.169
    Пол:
    Машки
    Мене така да ми се искурчи другар, а притоа ми дошол на спиење, има да го исфрлам со партали у ист момент. Такви себичњаковци не ми/ти требаат у блиска околина.
     
    На Waverly Raven, elenaxbbg, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.447
    Допаѓања:
    40.977
    Пол:
    Машки
    @Ugly Duckling , и јас мислам дека не е толку лошо самиот чекор на кој се решил да го повика семејството да живее со него во другиот град.
    Полошо за мене би било што истото не го споделил со тебе и не разговарал воопшто за тоа и за неговите одлуки кои ги носи, а и причините позади нив.
    Иако рече дека не сакаш брак и сеуште не си спремна, значи воопшто и ја немате начнато досега таа тема иако сте поприлично долго заедно за да се збори бар за некој заеднички живот колку да се видат размислувањата.

    Можеби сега е право време да ја продлабочите вашата врска со некои искрени разговори и теми кои досега не биле споменати меѓу вас.
    И читам дека неколку пати пиша дека се плашиш дека неговата фамилија негативно би влијаела на вашата врска. Додека живееше во твојот град (претпоставувам со нив заедно) имавте ли пречки поради неговата фамилија (мајка му ваљда?) што го имаш овој став сега?

    @buba4e89 , Мислам дека требало уште на старт да и кажеш директно какви се правилата на куќата и да се чувствува "како дома", а не како во хотел.
    Имав и јас сличен проблем со братучеда ми кога ми дојде на гости и живееше со мене. И после сите мои примедби, си продолжуваше по свое и ми одеше на живци. Не се промени ништо. Ја трпев 2 месеци и потоа не ја викнав повторно.
    Во право беше една моја другарка која викаше: "Гостите се гости до 3 дена, после веќе се домашни."
     
    На candy.cane, Annora, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.294
    Пол:
    Женски
    Како што кажав, тој сега живее само со татко му, како што ми кажал (од околу) поради тоа што неговите не се сложуваат најдобро. И тоа е повеќе од океј, да сака да им помогне.
    Но, ако тие сега не се сложуваат и живеат разделени, како утре би живееле сите заедно плус со неговата жена? На тоа мислев негативно ќе влијае, никој не би сакал да живее постојано со кавги.
    И сега испаѓа што би било кога би било, но сепак сум претпазлива, да не мора да си ја чукам главата кога ќе е доцна.
     
  11. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.447
    Допаѓања:
    40.977
    Пол:
    Машки
    А од каде ти е овој заклучок дека ќе живее он и понатаму со неговите кога ќе се ожени, т.е сите на куп.
    Ти го кажал истово или е твое размислување.
    Ако е твое, како што реков веќе погоре, мислам дека е време да начнете некои теми и да му ги видиш ставовите.
    Доколку е негово, а има услови во иднина за самостоен живот со идната сопруга, а не сака... Е тогаш... Бегај!

    Друго што ми е чудно, и што ми иде на памет е, пошто рече дека татко му и мајка му не се во најдобри односи, да ова што он го прави всушност го прави во корист да им помогне повторно да станат поблиски неговите родители. Можно е, нели?
     
    На candy.cane, Annora, Ugly Duckling и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.294
    Пол:
    Женски
    Тоа е негов став и планови, не е само мое размислување, затоа и сум малку збунета.

    Можно е, ќе треба сам да се изјасни кои се причините за неговата одлука, вака само ќе нагаѓаме.
    Фала Били :)
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    @Billy Idol Пред да дојде и кажав одредени правила кон кои се придружуваме сите, таа изреагира многу агресивно, дека тоа било тапа и глупо, и дека според правила не се живее. Сепак станот не е мој, исто и на цимерот му се има испонашано.
    @cresa-jagoda @John Snow Затоа прашав како да го почнам разговорот без да ми дига нос зашто малку ми фали или пак уште 2 дена ќе си оди и да си фурам дистанца.
     
    На John Snow и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Јас ни уште 2 дена не би ја трпела. Ќе и кажеш или да ги почитува правилата или друг избор нема. Кажи и отворено што ти смета.
     
    На candy.cane и buba4e89 им се допаѓа ова.
  15. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.169
    Пол:
    Машки
    Ти си знаеш, јас не би трпел такво курчење ни 2 секунди.
     
    На Ingvild, candy.cane, Shmizla94 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Tamarkaa

    Tamarkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    141
    Дали сте почувствувале дека во врската нешто едноставно фали?Признавам дека сум многу голем емотивец и сум несигурна во себе,overthinker најголем а тоа ми се одразува во односот со партнерот.За разлика од мене он е многу ладен и лабав тип,колку и да му смета нешто преќува итн...Проблемот е што јас сакам отворено да збориме за тие работи да најдеме некоја средина и компромис,а он го смета тоа како повод за карање и секогаш го одложува зборењето или пак вика дека не може да се објаснува ...
     
    На piksooki и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  17. DevilGirl212

    DevilGirl212 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    1.319
    Пол:
    Женски
    На candy.cane и piksooki им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Јас да ви кажам пробав да разговарам отворено и таа ми дигаше нос и мене малку ми фалеше да и речам "Ајде магла."
    Ако сме другарки сметам дека се грижиме еден за друг и имаме осет.
    Пред некоја вечер ме праша за диско, а јас немав спиено 2 ноќа затоа што идам на работа ноќна смена и само тој ден ми беше слободен за одмор, ме премоле и као демек не сум сакала да ја шетам, зашто сум идела на работа, зашто сум прифаќала такви смени, на што јас ќутам и веќе стрес ми створa да се карам.
    Се враќа од диско пијана и као другиот ден ни збори да сме и праеле за јадење, нејзе и било лошо.
    Си велам у себе, не си ме прашала како сум, не си ми помогнала у ништо, јадеш фрлаш, станав си направив за јадење.
    Да не и речев некои работи што ги имаше земено немаше да ги врати.
    Разочарана сум, мислам дистанца е најдобро решение.
     
    На piksooki и Ladybug98 им се допаѓа ова.
  19. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    6.692
    Пол:
    Женски
    Ако не ви одговараат енергиите страстите поарно на дистанца само со него ако ептен се заљубиш во егоистичен тип ладен ке наеб...
     
  20. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски
    Се допишувам со еден дечко една година , со друг три месеци и двајцата сакаат да дојдат , не знам со кој да излезам , на овој првиот му реков на шала па дојди, ми вика стварно сакаш сега да тргнам? (Од кај него до мене има 3 саати со кола) од овој другиот 6 , проб е што не се лоши ни двајцата , т.е. проб е што ако веќе се гледам со овој што е поблиску тогаш нема поента да се гледам со овој другиот , а му зборев како сум искрена и никогаш не лажам, јас и стварно никогаш не лажам , ама не знам од подалеку е , како сега да му кажам најдов друг (facepalm)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.