1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. st2007

    st2007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    797
    Пол:
    Женски
    Како мислиш како да му кажеш дека најде друг? Што друго си нашла? Па ни еден од нив не ти е дечко,па си нашла друг. Едноставно се допишувате другарски така? Па види се прво на кафе со едниот, па со другиот запознајте се. Ако со некој од нив почувствуваш дека тоа е тоа ок, ако не ќе си бидете и натаму другари.
    Не мора да значи дека ако излезете на кафе мора да биде нешто меѓу вас.
     
    На candy.cane, Tea678, Summer16 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Ама ти седиш на 3 стола. Не знаеш што сакаш.
     
    На Stark и Tea678 им се допаѓа ова.
  3. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Нема врска тоа.
    Таа не е со никој од нив па да бара резерва.
    @Tea678 ако ти оди разговорот и со двајцата види се еднаш и со двајцата. Па одлучи на кого ќе му дадеш шанса понатака и кој ќе ти остави подобар впечаток.
    Вие сте пријатели сега и пријателски ќе се запознаеше а потоа сама ќе си одлучиш дали сакаш да пробаш со еден од нив.
     
    На candy.cane, Tea678, Alisa22 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. meri12345

    meri12345 Нов член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво. Нова сум овде и имам проблем кој сакам да го споделам со вас. Сакам кој може да ми врати или овде или во приватна порака, дојдов до таа ситуација што сум очајна и морам да добијам совет, затоа што самата не знам каде одам и каде да гледам излез од оваа ситуација. Вака, имам дечко, кој од мене е помал 10 месеци, 24 години. Во врска сме година, пред него имав проблеми со мој бивши дечко со кого се влечевме 7 години, и кога конечно решив да биде крај веднаш се фатив со сегашниот дечко. Со него се беше во ред, се додека не сфатив дека ние сме сосема различни карактери. На почетокот на врската ни беше интересно да сме секој ден заедно, да преспиваме заедно, и секој ден да ги правиме истите работи. Почнавме цело време да се гледаме, јас не излегував со моите другарки ниту пак тој со другарите. Еднаш неделно само, некогаш ни тоа го немаше. Од моите другарки јас не добив критики, но една која ми е најблиска ми укажуваше дека морам да имам и јас свој живот, и тој. Јас не , продолжив со него секој ден. Викенд за мене не постоеше, алкохол не пиев, а инаку пијам , од како сум со него не пијам повеќе поради тоа што не ми дозволува, на почетокот првите два пати кога излеговме бев пијана и ми рече тоа да го сменам и јас престанав да пијам, и да излегувам на диско повеќе од шест месеци. Почнав да јадам се сешто со него, и тој јадеше , но тој вежба, а јас не се ни шминкав, цело време само во тренерки и без шминка... дома мајка ми се чудеше зошто сум таква, ајас само ќе и кажев тој ме сака ваква. Се здебелив плус 15 кила, станав никаква, не личев на самата себе. Се запознав со неговите, се беше во ред, и со роднини и се се најдобро. Тој отиде да живее во странство, затоа што неговите се таму.Бев таму , го видов животот и сум спремна да отидам (или бар така мислев) и јас таму, имам и јас документи, нема никаква пречка, договорот е здравје на пролет да одам и јас. Проблемот се јавува токму сега овој месец. Од како тој отиде, јас ослабев, ги намалив тие 15 кила, сега сум во ред, кога бев летото кај него , внимавав на исхраната не дозволив да ме здебели пак начинот на кој тој ги прави комбинациите со леб , пици, баници и слично.. почнав да се средувам и се вратив повторно старата, без никакви проблеми од другарките и другарите бев прифатена пак. Кога еден ден решив да одам на кафе со другарките, облеков голо меше. Е од тука, почнаа проблемите. Цела вечер не ме остави на раат, укажувајќи ми дека јас не смеам да носам кратка маица затоа што имам дечко и тоа не личи на девојче кое има дечко. Не ја објавив сликата, само имав story кое стоеше 24 часа. Се расправавме 3-4 дена, и тој почна да ми кажува дека ако ја објавам сликата ќе ме избрише, дека не сум таа што ме запознал, дека не смеам да пијам алкохол , да излегувам со другарки , да одам во диско и да носам кратко, затоа што машки ќе ми пишувале. Требало да бидам старата, онаа која ја запознал и која се откажала од се. Пробав со разговор да му објаснам дека не е во ред така, дека едноставно јас не сум таа, јас му велев да излегуваме тој не сакаше, ми велеше ајде нека не ти се излегува многу , и останувавме дома. Јас сум личност што сака да се дружи, зборувам многу, сакам да излегувам и имам пријатели. Моето друшто е секој викенд излезено, а јас 6 месеци не бев со нив. Помина таа караница се до оваа недела. Оваа недела се излезе надвор од контрола. Не знам како и не знам од каде, почнав да се чувствувам премногу чудно за една личност. Помина некое време, јас со дечкото бев во океј односи, но пак со префрлувања, ама не до големи караници, се додека не се случи тоа што се случи. Од неговиот да речеме така поблизок другар, требаше да земам нешто , и отидов да го земам. Се видовме, ме однесе до дома и останавме да се муабетиме можеби 20минути. Зборевме за се, а главно за животни, јас обожавам кучиња. Толку многу ни одеше муабетот што се договоривме дека ќе ги прошетаме заедно нашите кучиња. Мојот дечко спиеше баш тогаш, утре му го кажав договорот, тој збесна. Ми исклучи на телефон, почна да ми вика, како сум можела со негов другар да се договорам? Јас уште толку се налутив, затоа што не гледав ништо лошо во тоа, едноставно сакам премногу животни, и сакав да ги прошетам. Не , ми рече не може. На детето му должам услуга затоа што ми има тој завршено нешто за мене, ама никогаш не сме имале некоја посебна близина, како овие денови. Ние почнавме да си пишуваме по цел ден, до вечер, за се си пишувавме, за различни теми, по што јас му реков да дојде викендот со нас да излегуваме. На мојот дечко не му кажав, а за шетањето не отидов, иако тој ми пиша дали ќе излезам... другарот се согласи и викендот се договоривме да излегуваме. Дојде викенд, и дечкото ме прашува со кој ке излегувам? му кажав со другарките, а тој упорен со кој, со кој друг? Веќе знаеше дека и другарот ќе дојде, но јас не му го кажав одма, и тој збесна. Не ми дигаше слушалка, не сакаше да зборува со мене, и тоа беше се. Јас се спремав, дојде другарот не зема со другарките, и отидовме на излегување. Се додека не ме фати алкохолот. Си правевме цело време, двајцата муабет, и наеднаш мојот дечко почна да ми звони, нон стоп, со кој си збориш, со кој си правиш муабет? И јас помислив дека другарот му е кажал нешто и го прашав, тој ми кажа не нели, немам ништо кажано, само му кажав да ти врати. И јас му објаснив тогаш каков е всушност тој, дека не е коректен спрема мене, дека ме тера да го живеам неговиот живот, дека не ми дава да излегувам , да пијам и да се облекувам кратко. Заборавив дека пред да излезам , ме тераше да се сликам во блузата, до каде ми била кратка, зошто сум носела голо меше итн. Потоа отидовме во диско, се беше во ред, се до дека мене стварно не ме фати алкохолот. Сфатив дека со другарот се погодуваме за кучињата повеќе од се, и дека тој ми се допаѓа. Го видов со девојче , јас отидов и го фатив за рака и го донесов на масата. Не знам , не се сеќавам многу добро, излегов надвор по него, не знам , што се случи, ама како што стоевме тој ми кажа дека девојчето му било роднина, а јас кажав нешто како дека не му верувам , и дека тој не треба да е со неа, туку со мене. Тој се зачуди , не знам како изреагира , и му реков да ме однесе до дома, а тој не , тој ми е другар. И не се сеќавам друго. Тој си отиде... утре дента, се видовме , се беше нормално, се поздравивме, а пред тоа си пишувавме, го прашав зошто си отиде, му било лошо, а пред тоа ми кажа дека имал проблеми, ама заради мене пиеше водка.. не верувам дека е бил дома, туку со друго девојче. Во меѓувреме, мојот дечко ме чекаше да си дојдам, пишуваше, урлаше, вреѓаше... почна а ми се заканува дека ке се самоубил, ми се сликаше како плака, како сум можела да се сменам итн итн.... цел ден се каравме за тоа, тоа што се тој ми кажа не беше нормално, да дае господ на ругарките се најлошо, тие ти ја полнат главата, како си можела со другарот напред да седиш, и уште што не... јас сеуште сум шокирана од се што слушнав. На крајот дојде до заклочок дека ќе се смирува и дека смеам да пијам алкохол само со него, и да го прашам дали смеам да се напијам една чаша? Дека треба нон стоп да му пишувам додека сум излезена, со другарот кучиња никако шетање, облека пристојна, и тоа е тоа. Јас не знам што да направам. На другарот му пишав да излеземе, да направиме муабет, ми врати не сакам да правам нешто зад грб, ќе се налути, јас му кажав не , нема ништо лошо, само да си направиме муабет. Тој ми рече во ред, ќе ти пишам до вечер. Вечерта ми пиша, дека нема да може да излезе, не бил овде, имал обврски утре, и од тогаш го снема. Не ми ги отвара сторињата, значи втор ден го нема веќе. Дечко ми ми праќаше слики од река во која ке се фрлал, ми се закануваше, и едноставно веќе не се чуствувам исто за него. Ми кажува мили работи, јас немам желба да ги изговорам а не па да ги правам со него. Јас не велам дека моето е во ред, што јас кажав на неговиот другар, да ме води дома, но јас сум се така чувствувала во моментот и тоа ми излета, не велам дека е во ред што имам некакви симпатии за него, но сметам дека мојата врска е надвор од контрола. Дечко ми ми вели дека ќе се здебелеам уште толку ,дека намерно ќе ми свршил внатре, дека ќе ми дигнел рака ако треба, јас збркана не знам што да правам. Сите ме советуваат да раскинам, знам дека за викендот повторно ќе има ваков напад на љубомора. Еве сега се е во ред, но јас пак не се чувствувам сигурно со тој човек. Сакам да направам муабет со другарот, чисто да видам што тој мисли за нас, за целата ситуација, да му објаснам каква е ситуацијата и врската меѓу нас. Не го оправдувам тоа, со дечко на другарка или со женска на другар, но сега кога на мене ми се случува нешто, можам да ги разберам лугето што им се има случено вакво нешто. И да не е тој во прашање, јас со мојот дечко повеќе не се чувствувам тоа што сум била некогаш. Со него н сум своја. И другарот има чудни мисли, кога има девојка нема фб, но сепак мислам дека ме разбра што сака да му кажам, а од друга страна според тоа што си пишувавме цело време, тој ми пиша прв, и според начинот на муабет помислив дека можеби сака нешто со мене. На еден начин како да си пронајдов некоја сродна душичка.... не знам што да правам , очајна сум и ве молам за совет.
     
  5. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Не беше истово прашање веќе поставено? Извини ако не сум во право, но мислам дека веќе прочитав мислења.

    Мое мислење инаку ти е да бидеш сингл некое време. Дечко ти има проблем и се надевам ќе се реши да иде на терапија.
    Другиов дечко само што си го запознала малку подобро. Не би скокнала јас во нова врска.

    И сама пиша, не се чувствуваш сигурно во негова околина. Тоа е доволно за да заминеш.
     
    Последна измена: 9 октомври 2019
  6. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Мој совет:
    -Со дечко ти да раскинеш.Затоа што и ти го сакаш тоа и затоа што треба тоа да го направиш.Неможеш да дозволиш да те контролира.Тргни се и од другар му затоа што и со него нема да имаш нешто.Така да заврти нов лист и живеј си како ти сакаш.
     
    На buba4e89, Summer16 и nightingale им се допаѓа ова.
  7. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Штом не си среќна со дечко ти раскини му а тоа моткање со негови другари е крајно бедно и ниско.
     
    На christinnn, candy.cane, Ugly Duckling и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Summer16

    Summer16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2018
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    И јас истото го помислив. Дека тоа го направил за да си ги зближи родителите.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Summer16

    Summer16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2018
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    И сама велиш дека веќе немаш чувства кон него, затоа подобро раскини. Тој е премногу љубоморен, уште сега се ти забранува, а што ќе биди понатаму? Само глава ќе те боли. Затоа поарно стави крај додека е рано.
     
  10. meri12345

    meri12345 Нов член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Фала ви многу на одговорите, стварно сте прекрасни!
    не знам што ќе биде
     
  11. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.095
    Пол:
    Женски
    Ти брани да излегуваш со кого сакаш, ти брани да се облекуваш како што сакаш, ти брани да се напиеш чаша-две, ти брани да контактираш со другар.
    Манипулаторов уште слики праќа како плаче, па реката ја слика и се заканува дека ќе се самоубие и покрај се' те убедува дека ТИ можеш да се смениш. Се заканува и дека без твоја согласност ќе те остави бремена, а и би те удрил.
    Те молам ај кажи, дали сериозно и после сето ова размислуваш да останеш со ваков болен манипулатор?

    Тргај се што понастрана и некое време биди сингл, размисли што како, соземи се од ситуацијава.
    Не ми се верува што читам, шокирана сум...
     
    На lovestoneddd, Belgin1, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    35.959
    Раскини. Заканите дома нека си ги кажива ако те вознемирува кажи му ке му викнеш полиција. Нема да се самоубие, тоа е една од омилени закани на болно љубоморни.
    Не знам колку си возрасна но алкохолот очито не ти прија, можда сакаш да контролираш тоа иначе се е ок со тебе. Дечко ти е будала. Другар му е ваљда коректен. Не му се нафрлај, ако не сака со девојка на другар, не сака. Има и други мажи.
     
    На Ygritte, candy.cane, Purplelilac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Ta-mara

    Ta-mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Добив ланчиња, менџуши , алки, од еден дечко што не ме интересира а упорно ме замара , ги дал на другарка и она сега ми ги донесе -_- што да им правам да не ги фрлам жал ми е некако ? Не сакам да ги чувам...(facepalm)
     
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Ниту другарката требало да ги зема, ниту ти да ги примиш.
     
    На lovestoneddd, theowndemon, piksooki и 5 други им се допаѓа ова.
  15. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    Како што стигнале до тебе на ист начин ќе му ги вратиш.
     
    На lovestoneddd, theowndemon, piksooki и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    41.821
    Пол:
    Женски
    Како не знаеш што ќе биде?
    Не треба веќе ни секунда да си со дечкото, ќе наоѓа милион начини да те задржи - немој!
    Често кога сме во врска не ги гледаме негативните постапки на партнерот или наоѓаме оправдување, ја бараме вината во себе, ама ова негово однесување ИЧ не чини.
    Доколку мислиш дека е способен да го направи тоа со кое се заканува (иако јас не верувам), пријави го или извести ги неговите родители.

    Некои работи можеби си ги криела од него бидејќи знаеш дека бурно ќе реагира.

    Ама совет за во иднина:
    - Кога си во врска, а ти се допаѓа некој друг, раскини па потоа мисли на други.
    - И на најмирниот, најкултурен дечко нема да му е мило доколку тајно излегуваш со негов другар.
    - Немој алкохол ради СЕБЕ, напиша дека си била пијана неколку пати, едно е чашка-две, друго е пијана. Како што ти кажаа и погоре, лошо ти влијае, а и неубаво изгледа.
     
    На lovestoneddd, cresa-jagoda, Blue.Sky и 4 други им се допаѓа ова.
  17. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Случајов на @meri12345 е типичен пример како претерана љубомора и контрола создава контраефект. Ама не е оправдување. Без разлика што е никаквец, плеткарање со најдобар другар не е убаво.

    Прекини му на дечкото, не гледам ама баш ниедна причина да бидеш со него.
     
    На theowndemon, cresa-jagoda, piksooki и 3 други им се допаѓа ова.
  18. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    На cresa-jagoda и Shmizla94 им се допаѓа ова.
  19. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    879
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Ми треба совет не би сакала јавно да пишувам за што е, ако сака некој што е слободен за совет нека ми пише ЛП, фала
     
  20. Dark_Lady997

    Dark_Lady997 Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2019
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Здраво, веќе некое време го читам форумов
    Проблемот е следен
    Со дечкото сме во врска 4 години и досега е се убаво освен она што се случи вчера. Живееме заедно и тој дојде изморен од работа и легна да одмори. Јас дојдов до него и пробав да иницирам секс а тој само ми рече дека не е расположен и рече само дојди да се гушнеме, не мора секс сега. Јас инсистирав да имаме бидејќи претходно зборевме вечерта околу тоа и многу сакав но тој велеше дека е уморен и да го оставиме за утрото. Тогаш почнав да го бакнувам, допирам таму долу зашто знаев дека на крај ќе прифати а и тој обожава секс. нежно ме потргна и само ме гушна. Продолжив со допирите, бев напалена многу па кога виде дека не се откажувам одеднаш насилно ме турна од него и ме удри и јас паднав долу. Почна да ми вика дека сум го притискала иако првпат се случува вака да направам Не се извини, само заспа јас спиев на посебен кревет и утрово сакаше да ми се извини но јас му реков дека удар не би простила. Не знам дали згрешив со тоа што го притискав но тој ми имаше ветено а потоа не сака.
    Сега сме лути но не знам дали да продолжам со него. Што да направам според вас девојки?
     
    Последна измена: 20 октомври 2019
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.