Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од kika89, 15 декември 2009.

  1. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    2.764
    Пол:
    Женски
    Не знам што да кажам, јас немам секс распоред, ама може други си имаат, не се мешам :D
     
    На Ygritte, Dentina и Peperutce1115 им се допаѓа ова.
  2. Dark_Lady997

    Dark_Lady997 Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2019
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Планиравме во смисла пред да оди на работа сакавме ама тој ми рече во стилот ајде вечер кога ќе си дојдам чекај ме, ќе направиме атмосфера, таман и повеќе време ќе имаме. И одеднаш потоа не сакаше кога се врати.
     
  3. Peperutce1115

    Peperutce1115 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    1.437
    Допаѓања:
    15.688
    Епа ете немало атмосфера.
    За да има атмосфера желбата треба да ви биде обострана :).
     
    На Herrera, candy.cane, senza.parole и 3 други им се допаѓа ова.
  4. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    2.764
    Пол:
    Женски
    @Dark_Lady997 Еве сега имаш и друга димензија на случувањата. Не можам да зборувам за другите членови/членки, но од моја страна пак ќе нагласам дека и едниот и другиот погрешил во ситуацијата (пак ќе кажам од моја гледна точка, лично мој став).

    Како лекција од ова, се надевам сфати дека нема врска полот со согласноста за однос. Двајцата партнери мора да имаат согласност. Како што ние жените сакаме да бидеме почитувани во однос на согласноста, така верувам дека сакаат и мажите.

    Од друга страна, немој да сфатиш дека во иднина треба да толерираш насилство заради оваа ситуација. Ни па ти смееш тоа да го направиш.

    Обидете се да ги почитувате одлуките на другиот и да направите двајцата да се чувствувате безбедно во врската.
     
    Последна измена: 20 октомври 2019
    На candy.cane, Purplelilac, Ygritte и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    11.935
    Допаѓања:
    159.285
    Пол:
    Женски
    Како што рече Демонка по redditor-ски, everybody sucks here... „не“ значи „не“ и тоа важи и во врска/брак за двата пола, нема оправдување за напнување потоа. Мажите не се секс машини, и нив и тоа како може да им се случи да се уморни и нерасположени за секс. Сè друго е мит и двојни стандарди.
    @Dark_Lady997 не си силувач, но вознемирување било тоа што си направила, и во никој случај не е во ред. Од друга страна, секако и шамарот не е за оправдување. Двајцата треба да седнете да разговарате, и да се извините еден на друг.
     
    На candy.cane, Luminary, Nausicaa и 8 други им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    14.847
    Допаѓања:
    90.524
    Пол:
    Женски
    Ти работиш? Изгледа не штом толку не можеш да го разбереш.
    Те одбил и ти егото до плафон и проба да го напнеш, да направиш нешто па и ти жртва.
    Уште и се оправдуваш со некои излишни муабети.
    Треба да разберете кога ќе ви се каже "не." тоа е меѓусебен почит.
     
    На candy.cane, Sejfullai, senza.parole и 4 други им се допаѓа ова.
  7. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.362
    Допаѓања:
    3.280
    Пол:
    Женски
    Ти ветил? Што не може човек да се предомисли? Ако е машко не е робот па да мора. Од глупави ситници се случуваат и големи проблеми
     
    На candy.cane и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. Dark_Lady997

    Dark_Lady997 Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2019
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Во ред, фала на сите што коментиравте колку и да добив осуди.
    Мислев само моментално му е да не сака а ако го возбудам, ќе се премисли зашто досега не ме одбил скрос никогаш дури и кога не бил сигурен прво.. Не очекував таква бурна реакција од него, сепак не мораше со туркање и удар да ме отргне.
    А и ако не е сигурен нека не ветува. Нека не вели ништо.
    Можеби ќе му се извинам но прво го очекувам тоа од него зашто неговото повеќе болеше како и да е.
     
  9. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    2.764
    Пол:
    Женски
    Жал ми е што речиси ништо не си сфатила од тоа што го пишавме повеќето. Сепак, среќно и бидете добри :)
     
    На Billy Idol, candy.cane, Shmizla94 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. KateKane

    KateKane Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    16.029
    Пол:
    Женски
    Девојко, ти кажаа неколку пати дека и двајцата сте погрешиле, упорно не разбираш што сака да ти се каже. Ќе се повторувам со другите, али ај пак да резимираме некои работи.

    Има разлика од ветување и ветување. Ветување дека вечерта ќе ја поминете заедно е минлива и менлива ствар, особено кога ќе го ставиш факторот "живот". Не знам дали работиш, ама он ако работи со луѓе, многу е голема веројатноста да му чади главата секој ден. Да, се согласувам дека не треба да се дозволи да ти го компромитира сексуалниот живот, али има денови кога не ти се мрда после работа. Без разлика дали му е физичка или канцелариска работата, ако нема желба не го напнувај, подобро ислушај го како си поминал. Стави се ти во негова ситуација, да не ти е дојдено до секс а тој упорно да те напнува и да те допира. И да не превземи ништо повеќе од тоа - не е убаво, ти си имаш мака а некој е слеп или глув во ситуацијата.

    Грешиш на повеќе нивоа, едно што го слушаш ама не го разбираш, друго што имаш погрешно мислење дека мажите не смеат не да речат, трето што изгледаш на 5 годишно дете што се лути оти му ветиле дека ќе му купат сладолед а не му купиле.

    А дека он е невин во ситуацијава не е. Удар не е во ниту една ситуација прифатлив, ниту од машко кон женско, ниту од женско кон машко. Да, треба и он да се корегира. Разбирам дека стресно е да се работи во Македонијава со недоветни на секој чекор, ама не смее тоа да си го дозволи. Удар е удар и боли, осоебно ако е од партнер. Секогаш можеш да изброиш до 10, тупаници никако не оправдувам.

    Решение на ситуацијава е разговор, ти да сфатиш дека сексот не е обавеза никому (збориме за машки према девојки), а он дека направил жолт картон со ударите. Два жолти даваат црвен. И да, треба да се извиниш, не оти си го напнала за секс, туку оти не си го ислушала после тежок ден на работа и не си сфатила што сака да ти каже.
     
    На 1209, buba4e89, Ygritte и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Adorabela

    Adorabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    1.362
    Пол:
    Женски
    А машките што се? РОБОТИ?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. СуперДевојка

    СуперДевојка Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    5.831
    Пол:
    Женски
    Ако ова 997 во никот ти е година на раѓање јасно би требало да ни е зошто не си спремна да прифатиш дека си згрешила. 22 години, 4 годишна врска, никогаш не те одбил и готово сеа светот ти се сруши.
    Допрва ќе бидеш одбивана и допрва животот ќе ти задава удари 100 пати посилни од тој што си го добила за еден секс. Јас сум уверена дека дечко ти само те оттурнал од себе да не му досаѓаш, а ти тоа го преувелечи за да си го нахраниш овде егото кое тој ти го повреди.
    Сексот според мене е многу битен во една врска. Јас не верувам во врски без секс. Не се правам светица, барам секс кога ми треба. Но, никогаш не сакам партнерот да мисли дека сексот со мене е морален. Сакам да е задоволството обострано. Ако ме одбие, ок, има друг начин да ми помине желбата во моментот. Исто сакам да се почитува и кога јас одбивам.
    Тоа е градење здрав однос.
    Нема ветувања, нема договарање.
    Не знам како фунционирате така.
    “Еј срце, утре ќе вечераме, па малку ќе се ебеме и после ќе спиеме”
    Тоа е спонтана работа.
    Научи да го почитуваш партнерот. Тој не ти е татко кој ти ветил кукла и мора да ти ја купи, а ниту пак ти си девојче од 5 год.
     
    На candy.cane, Peperutce1115, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  13. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    78.659
    Па нели пробал човекот со убаво да ти каже... ти самата го кажа тоа. И тоа не еднаш, неколку пати ти рекол... каква реакција очекуваше...?

    Ццц... батали извинување... грабни го за јајца копилето... нека види што значи тебе да ти се каже НЕ :devil:
     
    На Dadusicka, Herrera, buba4e89 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Dark_Lady997

    Dark_Lady997 Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2019
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Физичка работа работи, вчера морал да остане малце подолго бидејќи колегата морал итно да замине па повеќе работа останала. А јас студирам.
    Јас сфатив што сакаа да ми кажат сите но стојам на тоа дека машките ретко одбиваат секс и кажав дека и од него сум го приметила тоа. И зошто е детски кога тој е тој што вели едно а прави друго. Еднаш ме одби ок, ама ако постојано прави вака? Да прифатеше и тој ќе уживаше, вака ништо. Ете ми се извинува но ако следен пат некогаш пак ме одбие? Пак ли ќе ме удри зошто јас сакам да имаме?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.764
    Пол:
    Машки
    [​IMG]

    < My face when entitled bitch fails to get an ego boost

    Купи си вибратор те молам. Дечко ти не ти е дилдо.
     
    На marija305, simona_baby, Billy Idol и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Nausicaa

    Nausicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.100
    Допаѓања:
    15.299
    @Dark_Lady997, ќе се помириш дека ќе бидеш одбивана за секс. На никого на овој свет не му следува секс по дилфот, па макар била 100 години во врска.

    Никако не смееш да се помириш со удари. Јас и со овој не би се помирила.
     
    На Billy Idol, 1209, candy.cane и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Lostinparadise

    Lostinparadise Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2019
    Пораки:
    641
    Допаѓања:
    1.832
    Пол:
    Женски
    Е што ако те одбил да не ти падна круната? Ти рече дека понекогаш го одбиваш кога не ти се сака, па зошто и тој да не одбие кога не е расположен за секс? Ради реда да те ебе зошто ти се сакало тебе? И ти не да си сакала ти буквално си му се наметнала. Не можел, не можел голема работа.
     
    На candy.cane и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    2.764
    Пол:
    Женски
    ОК сега сум убедена дека е трол.
     
    На candy.cane, Peperutce1115, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    8.221
    Пол:
    Женски
    Девојче!!!
    Дали ти му се извини? Дали зборевте за ова?
    Зошто не се ставиш во неговите чевли? Буквално сакал само малку сослушување и разбирање, нормално е после напорен ден. Освен тоа велиш дека изработил прекумерна физичка работа, а сексот бара физичка сила, па што очекуваш?
    Како можеш да очекуваш дека ќе ужива кога очигледно не бил расположен? Можеби само да се гушкавте, да поразговаравте, да се опуштеше на тој начин ќе имавте и секс подоцна.
     
    На candy.cane, buba4e89, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Dark_Lady997

    Dark_Lady997 Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2019
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Во ред, уште еднаш ви благодарам што пишавте.
    Ќе се обидам да ја поправам ситуацијата со разговор како што велите, сепак 4 години неќам да ги прекинам. Ама не сметам за себе дека сум силувач. Силувањето е грозно и не би оправдала никогаш.
    Мислев ќе прифати и згрешив што инсистирав, не бев навикната на такво нешто ниту очекував таква реакција, особено не со насилство.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.