Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SharllettGirl

    SharllettGirl Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    5
    Вака значи ми се допаѓа едно момче веќе подолго време и тоа му го казав на моите 4 најблиски другарки,и на еден мој другар кој што е другар со детево и тој не запозна се излеговме еднаш,и после почнавме да пишувамена фби по некое време една од другарките почна да ми зборува за него како нон стоп си пишеле,како бил фин и добар..итн..итн.На почетокот не ми сметаше но сега почна да ми смета и да ме нервира пред 4 дена заминав на одмор и другарка ми ми кажа дека почнала со него и да се дружи,да излегуваат,на фб срциња по ѕидови си пишат кога си пишуваме ни ја прашувам за него таа ми кажава колку бил фин,и добар и ме нервира многу,како таа се замене нај нај зборувала..сега и престанавме да пишуваме и стварно не знам што да правам :( :( :(
     
  2. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    За со момчето незнам што да правиш.Но оваа „другаркава“ одма откачи ја..се гледа дека не и гајле за тебе и тоа ти како се чувствуваш!
    Можеби и тој така си се навикнал и сега тешко му е да го смени тоа :D
     
  3. sandra.92

    sandra.92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    Веќе подолго време ме мачи една мисла, па се решив да прашам овде за да видам од искуство дали е точна или не. Од најстари времиња старите ја употребуваат пословицата „клин со клин се избива“, но дали е така и во љубовта? Дали присуството на една личност може да го пополни отсуството на друга? Но да не се изостави фактот дека за таа личност која ја бркаме од нашите глави и срца, емоциите се далеку поголеми од таа втората која стапува на сцена со само една цел- да ги залечи раните кои времето очигледно не може...
    Некое мислење од ваше лично искуство..?
     
  4. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    а нели си и кажала ека ти се допајга оти така ти прави? :^) може за инает или незнам што..
    е сег акога ке ти пише нареден пат прашаја што сака да каже сто тоа срциња и слично,е се допајга или што???...а после спомени и дека ти си и кажала за тебе дека ти се допајга и оти така прави :^)
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски
    Искрено, не верувам дека „клин со клин се избива“ во љубовта. Ако сакаш да заборавиш некого, нема тоа да го постигнеш со тоа што друг/а брзо ќе го заземе неговото/нејзиното место. Не значи дека по дифолт ќе се вљубиш во тој/таа со кого го поминуваш времето, односно во тој/таа во чие друштво уживаш и ти е убаво. Но што кога си сама?
    Мислам дека може само да биде полошо. Никогаш не можев да ги сфатам оние кои влетуваа без застој од една во друга врска - сум прашала зошто е така, најчест одговор е дека не можат да бидат сами, не знаат како. Јас лично мислам дека кога си бил во врска со некој кој навистина ти значел, ако се прекинала од било која причина, а двајцата сè уште се сакаат, или барем едниот уште го сака другиот, мора да помине време да се преболи. Залудно ќе бараш утеха и помош од друг да го заборавиш бившиот, може да се случи тој новиот да го замразиш, затоа што не го сакаш, само ти бил средство за преболување. Подобро е човек да си даде време да преболи, да сфати што навистина сака и очекува, па да почека малку може ќе ја сретне и вистинската личност.
     
    На anngelique и LivingGlam им се допаѓа ова.
  6. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Ако почнеш да се гледаш со некого со таква однапред определена цел , не верувам дека ќе ти помогне да заборавиш на другиот..
    Кога навистина ќе сретнеш некој со кој ќе сакаш да бидеш, кон кој ќе ја осетиш таа хемија, страст, привлечност која не се опишува , некој заради кој ќе ти се помати во главата, и се друго , и бившите ќе станат помали....
    Тоа не е нешто што со сила ќе го направиш...
    Ако од почеток не ја почуствуваш таа страст, желбата да бидеш со тој заради тоа што е,
    ако појдеш со него заради мислите кои ги имаш кон друг, ќе ти биде само потешко . :(
    Не брзај, не си комплицирај.
    Клин само со добар за тебе клин се избива. :)
    Немој да бидеш со било кого и од погрешни причини :)
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    епа вака ми треба совет.. тој што ми се свиѓа ме позз преку деЧко и на сестра ми а ја прва му пишав здраво ама не можел да ми врати дека ке искаЧкал и добро и ја следниот ден му пишав фала за позз и он излеа ме зезаше пошо ме праша кој позз ова она.. и добро и на крај ми реЧе ајде Чао ја идам и ја Чао и после коа се вратив од искаЧање се допишував со една другарка и ми се отвори тоа за Чет за него и ја наместо на другарка ми да и пратам му пратив на него и ја одма му пишав ејј извини грешка и он го виде тоа дека му пишав ама не ми врати сигурно си рекол што ке и вракам коа грешка било и толку.. а се иаме запознаено и еднаш му се насмевнав и он ми се насмевна.. он до сеа нишо ми нема лајкнато а пред тоа ми лајкна една песна и неколку слики.. сеа незнам што да правам понатаму а мн ми се свига :\ дајте ми некое ваше мислење, совет?
     
  8. MorgaNa

    MorgaNa Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    11
    Ве молам за совет !!
    Пред 2-3 недели на фб. ме боцна типот кој го свиѓав долго време . му вратив , и видов дека е стаен у врска па мислев онака .. и после дознав дека е у врска уствари со турчинка ..
    се запознав и лично со него и цело време смешкање погледи и све тоа..и ми кажа дека иде со таа..и дека се сакаат ама ми покажува знаци дека сака и да има нешто со мене..ептен ми се засвиѓа..јас со другарите негови сум ептен блиска и си скоро секој вечер седиме заедно и така седев една вечер со нив и се погоди до мене да седне и така муабет праење и утредента требаше на базен да идеме..и и кажале на неа дека не виделе некои таму кај седиме заедно и одма на фејсбук ми праќа покана за пријателство ..
    Ми врти он сабајле да се договориме што како за на базен и отидов со другарка , седнуваме таму сите и кога да видам женска му со него , а уствари кога дошол он на базен другарки нејзини ја викнале и она да дојде..
    Прво ме изнемќори , а одкога си отидов ми пиша на фејсбук у стил нешто не го замарај ова она , одалечи се нејќам да праиш муабет со него..ги видела повиците на телефон..
    А типката покрај тоа што е Турчинка, има правише пари , го части нонстоп му купува све и не смее ништо да и каже..све е она како што ке каже..кога е со неа не смее никоја да погледне ...а за некој ден ке иде у странство на месец дена..
    Не ми е фората да го вара со мене, зашто имам човечност и знам како е кога сакаш некој, ама ептен ми се засвиѓа типот и ми покажува знаци дека сака да има нешто ..ми вика не значи дека ако несум ја варал нема ни да ја варам , ми намигнува ..
    Типот и ја сака , ама и убаво му е пошо све она му купува , го части и нема намера да и раскине..
    Во ред е , и ја така би постапила да сум на нејзино место нема да сакам да ми се меша некој
    е сега незнам дали само да сум на здраво и да го кулирам цело време , или што да праам..нејќам лошо мислење да си има за мене и да се одалечи а у исто време и типката да ме мрзи мене..
    Ве молам помогнете ми ..у фрка сум
     
  9. MorgaNa

    MorgaNa Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    11

    Па мое мислење ти е , да оставиш недела-две , види може ке ти лајкне нешто или ке ти пише , ако нема никакви знаци , пиши му пред спиење , на кратко , само да те поздравам нешто таака и прати му некоја песна , пример To the moon and back и ;) стај му..
    и он кети пише демек фала нешто така..и кажи па ако ти текне пиши , не само ја да ти пишувам и ке видиш после дека ке ти пише и така муабет фати си нешто ...мене така ми успеа..
    му се замарав 2-3 пати му пишав претходно и не ми врати и му пишав како што ти кажав пред спиење само да те поздравам , му пратив песна..и викам ако ти текне пиши некад..и ми пиша одма утредента..и така играј си малце тактика топло-ладно ..За натака лесно е си знаеш :D тоа ти е мое мислење..
     
  10. portokalova

    portokalova Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    32
    јас мислам најубаво да се поставиш некако другарски. значи муабети, зезање ова она.... не му давај до знаење дека ти се свиѓа... мислам давај му знаци ама онака биди малце и ладна, малце недостижна и така повеќе ќе го заинтересираш. ќе се прашува дали сакаш другарка само да му бидеш или нешто повеќе. ако ти се свиѓа дечково пробај така според мене, ако ти е онака да бидеш со него неколку пати, да видиш каков е, да речам ако му го имаш меракот :D пробај, нема што да изгубиш амаааа..... ако замислуваш нешто повеќе како врска, или многу си затрескана... според мене треба да внимаваш. штом на оваа девојка и прави ВАКА, се пушта на други (на тебе и ти дава знаци)... значи дека ако некогаш ти му бидеш девојка истото ќе го прави со други женски. како и да е според ова што го кажуваш тој е со неа од интерес и мислам дека не ја сака.

    се надевам дека ти помогнав со моето мислење и совет некако! :)
     
  11. BBojana

    BBojana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    5
    Ми треба брз совет и мислење :) Се скаравме вчера ама многуу и многу се напнав чувствувам дека пак ме лаже и ме мафта нешто.. Си заминав дома така изнервирана и мислев ке тргне по мене, ме остави да си отидам. Му се јавив му реков да дојде пред да си идам ми се смееше колку сум била љубоморна и си заминав, цел ден плачев и го немаше да се јави и да се извини, му пратив порака дека го мразам и пак го нема. Не сфакја дека ме повредува вака, неможам веке.. се договоривме вецер да бидеме заедно и уште го нема да се јави ;( Што да правам?? Да му се јавам ли?? Знам дека да треба јас да дадам мислење би рекла НЕ, ама морам да го видам вечер, самата помисла дека се ни виси на конец и дека ке дојде до крај ме убива, тешко ми е стварно :(
    фала
     
  12. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Нека,остави го.Доста се понижуваше.Без разлика дали си ти и виновна или не,прекини.Чекај да те побара тој,и без такви пораки те мразам,идиот си бла бла |( нека олади малку.
     
  13. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Не го барај не му се јавувај,ако му значиш ќе ти се јави .Сигурно има причина зошто си постапила така ,без ништо никој не се лути и никој не е љубоморен без причина .Ти си таа што си се налутила најверојатно затоа што тој те испровоцирал негово е да ти се јави и да ти се извини .
     
  14. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Епа потруди се и самата на себе да си кажеш не. Не го барај сега, тој секако ќе те побара само почекај малку. И да не се видете вечер утре сигурно ќе се видите и се ќе решите. Не се брзај, и така уште си нервозна па може и полошо да биде. Пробај да не мислиш на тоа(иако знам дека не е баш така), но потруди се..
     
  15. BBojana

    BBojana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    5
    лелле неможам само го вртам телефонот у рака.. ке скренам.. утре ни е годисница и требасе вечер цела вечер да ја поминеме заедно дека е сам дома, толку убав план имав за вечер и се ке расипе... незнам дали да чекам до 7 и да му се јавам... уфффф
     
  16. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Почекај уште малку, стрпи се. Можеби тој ќе ти се јави и тогаш подобро ќе се чувствуваш. Почекај уште 1-2 часа ако го нема јави му се ти.
     
  17. portokalova

    portokalova Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    32

    ако не можеш да издржиш и ако премногу го сакаш јави му се УТРЕ, не денес. со озбилен тон речи му дека треба да правите ОЗБИЛЕН МУАБЕТ и ако сте се договориле за кај него претходен ден, речи му ЌЕ БИДАМ ВО 8 КАЈ ТЕБЕ... илиии ваква порака озбилна пиши му... ќе го пецне малце, ќе си рече што е толку озбилно, да не ја изгубам, да не ми раскине и ќе му дојде памет сигурно. ќе се сети што направил сигурно. само мој совет барем до утре почекај а сега... за да ти се тргнат мислите земи читај книга или пушти си добар филм или напи се кафенце со другарките :) само издржи до УТРЕ! сепак можеби уште денес ќе му дојде памет и ќе се јави. не попуштај одма толку лесно, нека види барем малце дека ,,не се замараш,, дека те нема, дека не се јавуваш.... издржи до утре :)
     
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Ќе си стоиш на своето. Лута си и нема да го бараш ... Не може после секој проблем ти да попушташ испаѓаш лабилна, те научил и ќе си користи. Остави го сега, нека се потруди сам нека те побара.
     
  19. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Убаво кажаа девојкиве НЕМОЈ ДА ГО БАРАШ, не попуштај зошт тој ако види сега дека си попуштила ќе го свати тоа здраво за готово и после ќе си прај што сака бидејќи ќе знае дека ти ПАК ќе му попуштиш..
    Немој да попушташ ако стварно те сака ќе те побара
     
    На portokalova му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BBojana

    BBojana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    5
    Нема да попусти инает невиден, а знае колку време ја чекам вечерва... не требаше да му ја пратам пораката синокја а го изнавреѓав ептен и сега нормално ја врти топката и он е лут :@ ке почекам уште 2-3 саати ако не ке му се јавам, знам, посилно е од мене :(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.