Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Се работи за чест и почит.
    Можел да каже која е, уште на почетокот да се расчистат тие работи.
    А не тек сега после 8 месеци кога решил да зборат демек другарски. Се чувствува изиграно.
    Не му е сеуште бивша претходната,а и таа ако толку ја почитувала можела сама да пристапи и да и каже.
     
    На candy.cane, "Zoki", poppie и 2 други им се допаѓа ова.
  2. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Може тебе не ти смета, ок живеј си така.
    Не значи дека цело минато на партнерот треба да го знаеш, ама никој не сака тајни посебно кога бившата ти е во околина. И пази другарски сакал да контактира со неа.

    Доверба тешко се гради, лесно се расипува.
     
    На Purplelilac, Nausicaa, Ingvild и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Па можда ако сегашнава и не била толку опседната со бившата никогаш не ќе дознаеше и тоа немаше да смени апсолутно ништо меѓу нив,тој и раскинал неа и почнал да се гледа со другава. Нека каже членкава дали се сомнева дека дури се тие двајца заедно,тој со колешката имал само комуникација на работа како колеги или нешто повеќе.
     
  4. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски

    Значи ако те изневери сопругот подобро е да не дознаеш, па така нема да се смени апсолутно ништо меѓу вас и ќе продолжите и понатаму да си бидете среќни, нели?
    Само прост пример за да доловам поента.

    Не ве разбирам. Доверба не се гради со криење и премолчување. Искреноста е секогаш подобар избор. Ако тој од сам почеток и кажел дека дека таа му е бивша, сигурна сум дека немало да има никакви проблеми. Ама самиот факт што решил да крие ја прави ситуацијата сомнителна. Не велам дека ја изневерува, ама премолчување за ваква работа е многу подло. Посебно тоа што се работи за колешка со која имаат секојдневна комуникација. Пробај стави се на нејзино место, па кажи дали ти е сеедно. Мене не би ми било.
     
    На candy.cane, WildMk, Purplelilac и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Ema11

    Ema11 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Фала што одвоивте време за мојов случај, искрено ми значат сите мислења.
    Значи јас никогаш не бев опседната со неговата бифша, само се прашував која е таа и зашто не сака да збори во врска со неа. Не се сомневав ниту во неговата љубов спрема мене, ми беше максимално посветен и сериозно му верував.
    Сега сум буквално во заблуда и се ми изгледа како да било лага цело време.
    Имал добра причина што ја криел вистината, но не и оправдување зашто продолжил со неа "другарска" комуникација. Дали имало или не нешто меѓу нив од коа е со мене тоа само они си знаат, неможам да го тврдам ни едното ни другото.
    И незнам што понатака....
     
    На candy.cane, Ingvild, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Од старт промашуваш поента,изневерување и ова се сосем различни работи.
     
  7. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Јас не мислам дека имале нешто,па многу луѓе не сакаат да разговараат за бившите,ама тебе те копал црвот сама си кажа,исто бев и јас,џабе е се,глупости,најбитно е шо не си се сомневала во неговата љубов,преиспитај се добро пред да донесиш одлука.
     
  8. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    Не промашив јас ништо, затоа и напишав прост пример, ама кој да сфати.
     
    На candy.cane, Purplelilac, lovestoneddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Ema11

    Ema11 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Само што ми пиша на меил :D дека размислил и многу се извинува и дека сум во право тоа што сум го побарала, во обратна ситуација и он ќе го побарал истото и дека ќе прекинел комуникација со неа.
    И сега што? А тоа до сега што било пу пу не важи...оф сериозно незнам веќе да простам и да заборавам или него да го заборавам
    Ништо му немам одговорено сеуште
     
    На candy.cane и Stressed Out им се допаѓа ова.
  10. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Ти можеш да си мислиш шо сакаш ама споредбата ти е тотално безвезе,никој не рече дека е сеедно и е ок,ама да го баталит заради ова,а фино кажа девојчето дека врската им е супер со сериозни планови во иднина.
     
    Последна измена: 28 октомври 2019
  11. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Ќе ти повторам по трет пат,по се шо кажа до негде го разбирам дечкото,немал лоша намера,не брзај.
     
    На Ema11 и "Zoki" им се допаѓа ова.
  12. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    1.520
    А да не се замараш со минатото не е поарно а 8)
    Минато е и неможи да се смени и тое крај.
    Гледај во иднина да немаш такви проблеми и тое то.
    Некогаш мора да се држи колегијалност и со луѓе кој ги нејќиме.
    Оди продолжетеси и шо се замарате сонеа. Утре другиден ќе си најди друг спонзор таја:D
     
    На Ema11, Stressed Out и "Zoki" им се допаѓа ова.
  13. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    @Ema11 јас би му дала шанса на дечкото, да слушнам што има да ми каже. Малку ми е детско тоа блокирање по социјалните мрежи. Не ја оправдувам неговата постапка и целосно те разбирам тебе. Се чувствуваш изиграно, разнишана ти е довербата. Осум месеци врска, тоа ти е доволно време за да отприлика сфатиш со каков човек си имаш работа. Ти сама најдобро си знаеш што треба да направиш понатаму и како да постапиш. Тоа што јас можам да го кажам е дека мислам дека двајцата треба да разговарате и да го решите проблемот.
     
    На candy.cane, Ingvild, Annora и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Ema11

    Ema11 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Морав да го блокирам зашто он не престануваше да пишува и само ме збунуваше повеќе, а јас имав потреба да оладам. Сношти разговаравме по меил, по што повторно се разочарав.
    Ми пиша дека ќе и каже дека знам и дека ќе прекине контакт но очи во очи сакал да го направи тоа не преку месенџер. По што мн се напнав, изгледа како уште да му е битна штом му е битно во каква форма и како ќе и каже.
    Или пак јас многу барам зашто неможам туку така да поминам преку ова. И така пак се испокарав му изнапишав еден тон глупости и толку. Бај д веј ова ни е прва караница од коа сме заедно, никогаш претходно за ништо не се расправаме и лутевме.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.813
    Допаѓања:
    80.646
    Пол:
    Женски
    Ај и мое мислење.
    Заедно работат луѓето, не може на работа туку така да се прекине контакт. Јас на работа сретнав луѓе кои најмалку сакав или очекував, лица што претходно ги откантав, иако ние не сме имале ништо (тие сакале, јас не) ама кога ги видов ми падна незгодно што ќе морам најпосле да имам контакт со нив. Тоа е тоа, работа е во прашање.
    Затоа е лошо да се меша приватен со професионален живот, ќе се направи каша. Еве и да нема веќе чувства кон неа, секој нивни контакт ќе го гледаш како да има нешто меѓу нив, иако може да нема, како што ти вели. А веројатно затоа и криел која е, не затоа што се уште има нешто, туку затоа што може погрешно да сфатиш и да бидеш непотребно љубоморна.
    Остави нека си расчисти со неа на каков сака начин, а ти пробај да се смириш и да му веруваш. @Ema11
     
    На candy.cane, cresa-jagoda, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Вака,почни од себе,прашувај се и давај си одговори,колку си спремна да ја спасиш врската,зошто во еден момент некако лабаво пиша дека можда тој не бил вистинскиот,значи расчисти прво со себе,друго,стварно е тешко како колеги на работа да немаат никаков контакт,барем едно здраво,си стварате тензија меѓу вас,го условуваш да не разговара со неа воопшто иако тоа е тешко,сепак колеги се,ама твојот немир ќе остане,верувај ми,најверотно дечкото е многу зрел и не мора да значи дека му е битна туку му е детски да го прави тоа по социјални мрежи.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ema11

    Ema11 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Факт е дека сеуште му е битна, на кој начин само он си знае. Апсурдно е да сум љубоморна на неа, што кога би знаела од почеток можеби и не би ми сметала нивната комуникација. Но тоа лажење и правење будала од мене секој ден ме натера да го побарам тоа од него.
    Тоа што сега е спремен да прекине контакт со неа и да и каже дека знам за нив со разговор очи во очи само ми докажува дека и покрај се, наместо да испадне фер спрема мене после месеци лажење он ќе испадне повеќе фер спрема неа со тоа што нема да ја лаже и ќе и каже дека сум дознала за нив.
    Кога некој не ти е битен, не ти е гајле на кој начин ќе завршиш со него, а уште помалце пак ќе ти е гајле ако тоа го направиш за некој што збориш дека го сакаш и дека ти е најбитен.
    Ова е мое мислење....можеби грешам
    Не е тука зрелоста во прашање, туку докажување кој повеќе ти значи.
     
  18. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Да не побараше ти од него,тој немаше ни неа да и каже,досега сте функционирале супер,само ги комплицирате работите по мое,сега ти е тазе,повредена си,се осеќаш изманипулирано,дај си време и размисли убаво.
    Едит: Да не се лажиме да знаеше од почетокот гарант истово ќе го правеше што и сега и ќе раскиневте,токму тоа е тоа од кое се плашел тој.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ema11

    Ema11 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Да, да не дознаев...но сега откако дознав што испадна? Нека дознае и она дека знаеш, не е фер да не знае....а било фер спрема мене месеци уназад?
    Па уште синоќа ми вика добро ако толку ти е битно да видиш на месенџер пораки ќе зборам прво очи во очи после ќе и пишам.
    Молам?!? Ќе зборите прво ќе и објасниш све па после ќе и пишеш за јас да имам доказ? Што се ова играчки? Уште поголемо понижување за мене...
    Сега во моментов да ми прати скрин шот дека и кажал што сум барала после тој муабет што ми го направи неможам да верувам дека пред тоа не разговарал со неа
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Па баш и на месенџер шо потреба воопшто да комуницираат,за тоа не го оправдувам,комуницирале таму претходно,не си приметила ништо?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.