1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.441
    Допаѓања:
    33.129
    Пол:
    Женски
    Слободно да блокираш, ако заслужил ич да не се замараш.

    Ехеее јас колку пати имам блокирано.. но ниту еднаш не се покајав.
    Немој ни ти.
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lonely222

    lonely222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Да ви го кажам и мојот проблем се надевам ќе ми даде некој совет

    Започнав со едно момче веке околу 1 месец се гледавме ама се одеше толку брзо започнавме да излегуваме заедно на јавни места,слики,ме запозна со неговите другари се најдобро како да сме во врска
    Некако наеднаш почна да се однесува чудно,знаев дека има нешто и ми вели во стилот дека сите го прашувале за мене,дали сме биле заедно тој не бил расположен за врска оти не можел да верува на никого.А со мене му било многу убаво и се друго му одговарало..
    Незнам сега како да постапам и што да правам,дали некој е бил во таква ситуација
    И да да кажам дека со мене до сега се однесуваше нај нај добро,внимателен,заинтересиран за се во врска со мене и некако сум во шок после тој разговор
     
  3. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Ако ти одговара остани со него ако не прекини да се гледаш со него.
     
  4. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.806
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Можеби се исплашил од тоа дека многу започнува да се поврзува со тебе.Некои луѓе се плашат од поврзување.Мој совет е да се стрпиш да видиш како ќе се одвива ситуацијата.
     
    На Summer16 и lonely222 им се допаѓа ова.
  5. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.369
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки. Дали може на некој да му се обратам ЛП?
     
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    Пиши ми ако сакаш ама подобро ти е тука да пишеш, повеќе совети ќе добиеш.
     
  7. Summer16

    Summer16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2018
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Дај му уште малку време. И сама напиша дека не можел да верува некому, можеби претходно имал некоја врска која оставила последица врз него како неверство на пример па затоа не може да верува сеуште. Јас со мм ми требаше време и време за да бидеме заедно а се знаевме долго време. Тој се велеше немам верба во никој, посебно не во жените, се заради една која многу а сакал а таа не само со него со уште еден била во врска и плус на сите им се упикувала. Плус бил сведок на тоа како мажена жена сакала да биде со него, тоа било капак. Мислам дека ме разбра што сакам да кажам. Затоа дај му уште малку време и ако тогаш ништо не се смени тогаш оддалечи се од него.
     
    На lonely222 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Summer16

    Summer16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2018
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Можеш и мене. :$
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
  9. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.806
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    И на мене можеш :)
     
  10. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    4.977
    Пол:
    Женски
    Дали би запознале некој доколку предходно сте биле разочарани 100 пати, од пропаднати врски итн? Јас чуствувам некој страв да дадам шанса некому после се што доживеав, се двоумам многу, точно дека со секој е различна приказна , но јас колку пати и на некоја пристигната порака се потресувам, а камоли нешто друго , искрено ме загрижува тоа што станав доста осетлива да не изгубам некој:(
     
  11. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Бидете пријатели, дружете се прво, ако почувствуваш дека има шанса за нешто повеќе и на некој начин утврдиш дека дечкото е океј, пробај, ништо не губиш, секогаш врските се ризик.
     
    На cresa-jagoda и Summer16 им се допаѓа ова.
  12. Chopard

    Chopard Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Врската е обврска, кога не си кажувате во врска сме тој се чувствува лабаво и сака да е се лабаво. Такви се денешните машки, никој не е спремен за врска, а се понашаат првите два месеци како да ќе ве побарат за сопруга. Штом вика не е спремен, немој да пробаш да го разубедуваш, зошто ти ќе се заљубиш и ќе плачеш кога ќе се скарате. Сум била во таква ситуација и за тоа ти викам од такви што не се спремни и не сакаат да официјализираат бегај.
     
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Далеку е од страв.
    Грешката е во тоа што во период од месец дена ја запознава со сите. Така се мешаат меѓу луѓе и немаат време ни за себе.
    И тука фактички сфаќаш дека тоа не оди.
    Не оди така, премалку време и премногу брзање за многу работи одеднаш е многу тешко после да се сварат.
    Затоа што и другите ќе почнат со прашања и тоа дополнително го притиска.
    И ете и кажал дека не сакал врска, давање лажна надеж самата на себе си е исто ко сама да си се прободела со нож.
    Подобро таа да си расчисти со време со тој дечко. :)
     
    На IM.TMKQ и piksooki им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Малку касно реплицирам на ова, ама морав.

    Признај му ги чувствата.
    Кога ќе си стар и немоќен, не боли тоа што си направил, туку тоа што си сакал да го направиш, а не си се ни обидел.

    Ќе 'премолчува' и во иднина работи... ако му се вратиш.
    Твојата рекација само му има потврдено дека е 'паметно' да си ќути.

    Ги учиме да кријат и лажат. Затоа кријат и лажат.
    И обратно, мажите ги учат жените да кријат и лажат...
     
    Последна измена: 21 ноември 2019
  15. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Се согласувам.
    Се е толку брзо направено што тој сега сфаќа што всушност чувствува.
    Не дека нема никакви чувства ете и сам кажал дека му е убаво но не е сигурен каде би водела таа врска.
    Грешка е што дозволил толку рано се на тој начин да се одвива без да си сигурен во своите чувства, знаејќи дека ако дојде до оваа ситуација ќе ја боли и ќе е шок за другата страна.

    @lonely222 Јас би се повлекла и би го остала да разреши со себе.
    Ако сфати дека сака да си дел од неговиот живот, сам ќе те побара.
     
    На Alisa22, piksooki и buba4e89 им се допаѓа ова.
  16. Wild.Cat96

    Wild.Cat96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2014
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    723
    Женски ми треба совет, со дечко м сме заедно 5 години, до сега ни било супер сме немале некакви проблеми големи. Последниот месец дена како некоја криза имаме во врската, што според мене е нормално во долга врска. Тој мисли е ради тоа што сме многу различни и не можеме да функционираме заедно и освен да се промениме нема како да ја опрајме работата. Јас не верувам дека е само до тоа, затоа што ако некој не си одговара со некој или се многу различни не би можеле да опстанат во врска 5 и кусур години. По мое мислење ова е предизвикано од повеќе фактори можеби и еден од нив се тие различности (под различности мислам на некои карактерни особини и интереси, не од типот едниот сака брак другиот не или едниот сака деца другиот не иако е рано за тоа) но не дека се се темели на тоа. За да биде уште позафркнато дечко ми е доста послаб на карактер од мене и многу често може некој да му ја наполни главата. За ова му кажал на два негови другари дека вака се осеќал и тие му рекле прекини и џабе ќе се мачете, кога ми го кажа за ова од такт ме изваде. Не знам како да постапам, знам дека е криза и дека има солуција за проблемот а да не биде прекинување. Најлесно е да прекинеме но мене искрено ми е жал да фрлам 5 годишна врска така лесно без барем да се изборам да се најде некое решение. Инаку и тој е за да најдеме некоја солуција но, според него нема начин освен да се смениме (што е реално не возможно а и нема да го реши трајно проблемот) или да прекинеме. Фала однапред :)
     
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Зошто да се менувате. Ве фатила монотонија. Ставете се на пауза ако не сакате крај или брак.
    Еден без друг со или без повици, оладете малку и ќе го видите појасно проблемот.
    Нормално и јас би ти рекла крај ако не иде, има луѓе по 13 год идат па раскинуваат, а не за 5 години ама мислам дека паузата е решение.
     
  18. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Зависи што е проблемот и како тој гледа на тоа. Разговарајте видете што е изворот на проблемите.
    Не е лошо нешто и да се промени доколку промента е за подобро.
    Дајте си време и пробајте да најдете решение, секако доколку двајцата сте спремни еднакво да се потрудите.
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    А случајно и некоја друга личност да не се има појавено, па се вади со другари дека му рекле да прекинат...? Како тоа другар да ти кажува 5г врска да ја прекинеш и он да слуша такви совети. Многу несериозно ми изгледа од негова страна, колку години сте?
    Може е и само монотонија, некако нешто да направите да ја вратите искрата.
    Не го имаш детално опишано проблемот, што точно да смените, што е подлабоко проблемот всушност, верувам дека повеќето феминки тогаш ќе те советуваат подобро..
     
    На MrenaRiba, Purplelilac, lovestoneddd и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Wild.Cat96

    Wild.Cat96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2014
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    723
    Разговаравме два пати и тој е убеден е дека проблемот е во тоа што сме различни, што мене ми е bs. Јас мислам дека е комбинација од повеќе фактори: оладени чувства, последните неколку месеци поминуваме мнооогу повеќе време заедно (скоро и да живееме заедно) и вероватно повеќе си ги гледаме маните и недостатоците, мене ми се имаа случено некои проблеми на работа и во фамилијата па еден период бев посветена само на тоа а врската некако ја затуркав....кога му го кажав ова него, ми одговори како може да сум во право ама сепак тој смета дека проблем е тоа што сме различни, и тој многу често се наоѓал во ситуација каде што се кочи самиот за да ми угодел мене и тоа го правело несреќно....а како и секоја врска едноставно некогаш работите се сведуваат на компромис и никогаш не било по цена едната страна да е жртва. Пример он е спонтан кога станува збор за излегувања, планови итн. а ја сум тип на човек што сака да испланира се унапред уште во среда сакам да знам што ќе правам за викендот, е ова го иритирало него...главно се вакви различности да речам до некаде и банални работи, него му сметале и според тоа заклучил дека ние сме многу различни и дека можеби не треба да сме заедно.


    За друга личност колку што знам не, прво тоа го прашав дали има некоја друга ми кажа не...му верувам не мислам дека не ме лаже.

    Иначе он има 24 јас 23.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.