1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Период е ама за да не прерасне во трајно мора двајцата да се потрудите.
    Кога поминуваш повеќе време со некој веќе му ги знаеш сите потези, проблеми, обврски и се станува рутина. Иницирај нешто поразлично од време на време.
    Кај секого различно нешто разбива монотонија, адреналин за испробување нови играчки и слично.
    И разговор. Сме доаѓале до таква ситуација ама со разговор и иницијатива од двајцата се враќа се во нормала.
    Ако имате добра комуникација кажи си го стравот и поработете заедно на нешто ново што ќе ви ги разбуди страстите.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tamarkaa

    Tamarkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    129
    Имам пишувано многу пати низ форумов за мојата ситуација,но многу ми е полесно кога ќе го напишам вака.Со бифшиот се смиривме и решивме да дадеме компромис од двете страни и еве веќе трет ден а се чувствувам како нешто да не штима..Го сакам и многу ми фалеше тој 1 месец кога не бевме официјално заедно но сепак се гледавме чат-пат.Не се осеќам дека е доволно присутен во врската,ми фали внимание,труд,љубов и посветеност.Океј, сфаќам дека не е таков тип како што би рекол он-за врска и дека неќе да искажува чувства.Размислувам дали воопшто ме сака и дали вреди да останам во ваква врска.Не знам дали јас преовеличувам ама накратко ми смета тоа што еве денес конкретно си кажавме добро утро,што правиш(површен муабет) и потоа искочил по некои обврски а јас не го прашувам што и каде бидејќи неќел така.Неколку пати се пушти на инстаграм а мене ми врати после 4 саати,пак сврзавме 2 реда муабет јас му кажав да си помине убаво вечер,а тој само едно фала ти и воопшто не се потруди да го продолжи муабетот..
     
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.692
    Допаѓања:
    116.545
    Пол:
    Женски
    Звучи како да губи интерес.
    Пробај да разговараш со него,кажи му што ти недостига.Ако не мрдне,пак нека ти биде бивш,ама овој пат тоа и да остане.
     
    На Just.do.it, piksooki и candy.cane им се допаѓа ова.
  4. Tamarkaa

    Tamarkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    129

    Проблемот е што таков е цело време.Те сакам,не те сакам,не сакам врска ама сакам да се гледаме па после откако јас неќев да продолжам така ајде да се смириме,те сакам ама не сум заљубен,има многу ама ниедна пред тебе,еднаш се понаша многу ладнокрвно,другпат многу убаво...:?:
     
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.692
    Допаѓања:
    116.545
    Пол:
    Женски
    Те мавта,бе.Ако сакаш сериозна врска,а тој не,откачи го.
     
    На candy.cane и Alisa22 им се допаѓа ова.
  6. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Првин велиш не си во можност, после велиш дека имаш повеќе.
    Јас би и помогнала, секако ако ти е блиска другарка, а штом идете заедно на патување, вероватно и ти е блиска. Другарството не треба да е површна работа, една од убавините на истото е взаемното помагање, тука спаѓа и материјалното. Бар за мене.
    Сепак, ти си знаеш.
     
  7. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Типов те користи колку да има кој да ебе воопшто не е сериозен за врска,мене така ми изгледа.
     
    На Mart3, cresa-jagoda, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Да гледаше од страна со очи како личност што го посматра ова, а не како личност што е манипулирана зошто е вљубена ќе сфатеше дека типов ни љ од љубов не осеќа према тебе и дека само те користи за свои потреби.
    Али залудно пишуваме тука, не не слушаш. Така да слободно продолжи си, губи си време и емоции за таков човек, а он нека те користи како сака и нека си тера ќејфови.
     
    На Mart3, buba4e89, Nausicaa и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Tamarkaa

    Tamarkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    129

    Пробувам да сфатам затоа што јас бев крива за раскинувањето,премногу го замарав и напнував.Инаку ми беше добар другар пред ова да се случи меѓу нас и верувам дека не би бил со некоја ради корист.Сепак фала ви на советите,деновиве одлучив да ставам крај на мачењето
     
  10. waterland

    waterland Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2018
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    10
    Се осеќам како да не сум му интересна вејќе воопшто на дечко ми. На пример не се зезаме толку многу кога сме сами, претежно се водат слични муабети и тоа. Кога сме искочени на пример во друштво со наши другар и другарка кои се исто така у врска, дечко ми на пример се шали цело време со девојчево на другаров, се смее на нејзините постапки или нешто кога ќе каже она,интересна му е. А јас најчесто само седам, постојам, ќе ме бакне или погали и со покер фејс ќе ме праша нешто од типот на да не ти студи? Ќе пивнеш уште некое пиво? Да не си гладна?.... Не знам но приметувам дека така е поживнат, а со мене на само кога сме цело време истото е. Да нагласам дека не сум ќутлива , правам муабет, се зезам и сите тие работи. Не знам дали е до тоа што е навикнат на мене и ми го знае више однесувањето, карактерот или нешто друго е. И не знам дали и како да зборам џа ова со него а да не се сфати погрешно.
     
  11. С_Ш

    С_Ш Нов член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Излегувам со едно машко и сме од различни градови, но јас таму студирам. Се беше во ред, ми се допадна тоа што беше посовесен заразлика од други машки, можеш да разговараш во врска со се.
    Лабаво излегувавме, но сепак немаше никакви глупости одстрана, само без многу приврзување.
    Се беше океј, се додека не почна да се дистанцира.
    Презафатен е секогаш и си имаше некакви проблеми во последно, разбирав тоа се.
    И последно тој ме побара да се видиме и бидејќи бев надвор од градот му кажав дека ќе бидам отсутна неколку дена, па кога се вратив јас го побарав, цела недела што не бев тука само еднаш си пишавме.
    Ми стана пречудно и го прашав што му е и значи ми кажува дека не е ништо и се некои изговори, како тоа хаос му било...А го нема???? Не разбирам воопшто, барем него го мислев за совесен и директен да кажи ако има нешто, да седни да направи муабет. Се имаме расправано и претходно ама тогаш ми се правеа некои филмови и му реков дека може да каже ако сака да скрсниме толку.
    И никако не спомнува такво нешто, туку само го нема сега и некои изговори ми дава.
    Не знам како да постапувам веќе..Не разбирам што се случува помеѓу нас.
     
  12. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Нема да свати погрешно.Кажи му директно само така ќе се реши твојот проблем.Можеби тој не е ни свесен за неговото однесување.Седни и кажи му како се чувствуваш на смирен начин и без нервози.Среќно
    И самата кажа дека немало многу приврзување.За жал од твоја страна не било така но од негова можеби било.Моеме мислење е или да му кажеш директно дека сакаш да сте нешто повеќе или да раскрстиш со него.
     
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.696
    Пол:
    Женски
    Кажете ми како да искочам на крај со говедо?
    Не го сакам више (ваљда) ама многу ми е убаво коа сум во негова близина.
    Искочивме 3-4 пати од кога се смиривме и океј е односот само што со ситници знае да ме изнервира и повреди.
    Глупав еден.
    Има некои работи кои одамна сакам да му ги кажам ама не знам колку сериозно ќе ме сфати.Јас би да пробам со муабет.
    Шо викате
     
  14. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.294
    Допаѓања:
    20.772
    Пол:
    Женски
    Се допишувам месец дена со дечко што премногу ми се свиѓа ама се едните исти 3 теми се вртат и повеќе вниманието е насочено кон него. До завчера зборевме постојано на инстаграм само ама деактивирав од Х причини и мислев дека нема да ме побара на фб но вчера ми пиша. И пак истите теми се вртат. Не знам како да сменам насока на муабетот и да не се збори толку само за него. Не можам ни за искачање да го викнам затоа што мислам нема да имаме што да збориме поради ова.
     
  15. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Пробај различни теми.Ти започнувај тема и види како ќе се движи разговорот.Можеби и тој сака да разговара на различни теми ама нема смелост да ги отвори за да не изгледа смешно или нз јас што...Ако повторно не успева разговарај со него директно штом ти се допаѓа.
     
    На Mese4ka92, cresa-jagoda, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. DevilGirl212

    DevilGirl212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.318
    Пол:
    Женски
    Занимација му си дур да си најди друга
     
  17. lonely222

    lonely222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Ако има некој слободен нека ми се обрати лп,ми треба разговор
    Фала
     
  18. Emilija7000

    Emilija7000 Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2019
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Знам дека темава е во љубовни проблеми, но нема друга од овој карактер

    Значи проблемот е што бев фатена од татко ми како лажам. Лагата беше што, не бев на местото на кое реков дека ќе бидам. Татко ми и мајка ми многу ме контролираат, ми ѕвонат по неколку пати кога сум излезена и не ми дозволуваат да излегувам со машки. Е сега, работата беше што јас реков дека ќе бидам во бар со другарка, а всушност бев со машко.
    Татко ми ми се јави бидејќи требаше да ми даде нешто, но прво ме праша каде сум и јас излажав, и потоа тој рече ок ќе дојдам таму за 5 мин. И јас немаше шанси да бидам на местото за 5мин но сепак тргнав, а тој на патот натака ме видел како одам натака. А јас во меѓувреме измислив друга лага и кажав дека сум стигнала со автобус. И примети дека лажам очигледно, но не ми кажа ништо. Потоа ме испрашуваше и ми рече ок ѕвони и на другарката, и јас во меѓувреме и пишав на другарка да се преправа како да знае што се случува, и збореа со неа.
    Уф, многу ми е страв од што ќе треба да се соочам утре, се тресам.
    И да, знам дека не треба да лажам и дека е лошо. Но им имам признаено до сега работи и ми направија да пројдам низ пекол, ужасно беше и немам друг начин да имам основна слобода што треба да ја има секој 18 годишник, значи не се враќам дома дома после 1 максимум, не сум спиела никогаш надвор од дома дури ни кај другарка, едноставно сакам да имам слобода да имам дечко и да имам приватност малку.
    Ама премногу ми е страв, како да постапам сега?
     
  19. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Ти не беше таа со дечкото шо му сметаа цигарите, па шо пуштал музика додека јадеше?
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  20. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Таа е.

    @Emilija7000 си пробала да бидеш искрена и да разговараш? Ако да, каква беше реакцијата нивна? Како всушност се имаше ти поставено?
    Ако не, зошто?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.