Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    стави го на игнор, ако те сака ке трча по тебе
    и биди лута, не се одлутувај така лесно
    а за друг пат,полека со навредите :)
     
  2. ainhoa

    ainhoa Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Imam dolga vrska od 3 godini,ziveeme daleku eden od drug.koa sme blisku se e super,dojde da se videme na mesec,2.Ednska koa bese tuka mi se imam sluceno kako na tebe,mnogu me naluti i jas si trgnav doma,a on si ostanal da si sede da si pie kafence. Napraviv greska i se vrnav,posto on ne ni trgna po mene,a jas mi bese zal i vrativ se. GOLEMA GRESKA! I znaes so? Posle nekoe vreme pak dojde,se bese super i eden den se skaravme,on pretera, jas stanav da si odam posto inace odev 2 saata peski po dozd za da go vidam posto nemase prevoz,a on mi se isponasa glupavo. Ne e trgnal po mene,racunal deka ke se vratam,duri me i pita dali sakam da me isprate do vratata :@ Poarno pocekaj si,da samo znaes kakvi se slucaevi imam za vie 3 godini. Sakam go previse,zatoa i uste sum so nego posle se i razbiram te,ali za tvoe dobro ne dzvoni deneska nikako :)
     
  3. mare16

    mare16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    ете проба да ме изневери ама за среќа или за несреќа,го фатив на време,па не се случи.на мобилен разговарасе со неа и јас слуснав.следесе сто следесе караници не знам што...цело маало кренав на нога се дерев плачев ги зедов децата и реков дека ќе си одам ама не ме пушти да си отидам.потоа наскоро отиде странство.веке 3 месеци а јас никако да заборавам и да му простам и сега веке се прашувам дали воопшто и ќе можам да заборавам.ако некоја од вас се има соочено со сличен проблем и ако му простила мооолллааамм да ми каже како успеала да заборави и да опрости ве молам девојки.одам на психијатар еднас неделно неможам да поднесам.ке полудам од ден на ден ми е се полошо.
     
  4. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    822
    Маре во целава твоја ситуација искрено јас најмногу ги жалам вашите дечиња. Те читам во други теми и мислам дека си премногу млада за да бидеш толку песимистички настроена. Како прво мислам дека мора да одлучиш каде оди твојот брак. Јас во ниедно твое мислење немам прочитано дека тебе те исполнува оваа брачна заедница и сопругот. За ова со неверството јас искрено неможам да ти кажам како би простила. И јас сум во брак и кога би го фатила мажот ми во неверство тогаш тоа би бил крајот за нас. Мора малку да собереш храброст и да ја кренеш главата и одлучиш што е што. Сепак имаш две душички кои зависат од тебе. Со депресии и секојдневни кавги во домот тешко дека ќе успееш да бидат среќни, а сите знаеме дека нема мајка која не сака да и биде среќно детето.
     
  5. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Здраво Маре,јас како психолог пробувам да те разберам тебе и твојата ситуација,постојано во сите бракови се појавуваат проблеми,некои се поголеми некои помали,како родител прва и основна должност ти е да ги заштитиш децата,односно да ги поштедиш од трауми,каков таков татко им е.
    Што се однесува до тебе треба убаво да размислиш иако не се гледаме очи во очи според контекстот на кој пишуваш ти сакаш но неможеш да му простиш,од една страна тоа е во ред.Сите мажи понекогаш се случува да ги удрат хормоните во глава,не навлегувам во тоа што се случило во нивниот телефонски разговор но можеби тоа било само привремено чувство кое твојот сопруг го добил од било каков стрес,не велам дека тоа што веројатно сакал да го направи е во ред.Нема да ти кажам да не посетуваш психолог бидејќи мој колега ќе изгуби пациент но навистина не гледам било какво ментално нарушување од твоја страна.Чувствата кои моментално во тебе владеат се чисто поради неизвесноста односно затоа што тврдам дека не сте седнале сериозно да поразговарате.Можеби вистината ќе те боли но барем тогаш нема да бидеш во ваква заблуда,а што ќе се случи потоа одлучуваш ТИ ниту јас ниту било која друга форумџика и ниедно туѓо искуство

    И по било каква случајност да ти треба разговор или совет контактирај ме во приватни пораки :)
     
  6. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Не знам што е толку страшно на денешно време да се прекине, особено во ваква ситуација како твојата.
    Не сум мажена, не знам како е, ниту па имам деца. Но знам една работа, што мислиш еве да речеме да му простиш, секое наредно негово излегување ќе ти биде сомнително, ќе го испрашуваш ќе напињаш, ќе станеш хистерична се додека не пукне повторно каде што пукнало претходно но овој пат ќе се распарчи.
    Децата....Тоа е проблем. Има многу опции кои имаат свои последици. Но како би им било да гледаат војна дома секој ден, расправии и се со ред...(зборам ако воопшто продолжи на лошо ситуацијата), или па во нај мала рака, доколку тој на пример те изневерува, ќе пукнат и муабети и повторно кој ќе трпи-децата. Не е за утеха но секојдневно завршуваат бракови, а она "Не се разведувам заради децата" е нај голема грешка. Значи тие се услов за да продолжиш мачење, кое денес утре сигурно нема да заврши на арно.
    И не може никој да ти каже како да простиш некому, прошката доаѓа длабоко од душата а не од нечија уста. Ако сама не можеш да простиш, како јас би те убедила дека можеш да простиш некому? И таа прошка би била прошка вистинска или само превез околу очи?
    А да, хистеријата во тие моменти е излишна..
     
  7. mare16

    mare16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    офф леле не знам навистина,ве читам и плачам и се чудам на самата себе од каде уште солзи во моите очи.а да би имала храброст уште сега би го оставила,ама немам.тоа е најлошото.кога одам по улица мислам дека сите гледаат во мене,дека сите знаат што се случило,не му се јавувам ниту пак тој.само децата кога сака да ги види.го уклучам скајп и излезам ос собата.не седам додека разговара со децата.како доаѓа денот да си дојде се повеќе се плашам.ми изнакажа дека се кае дека нема повеќе да дозволи солза да пуштам ама нисто не ми помогнаа неговите зборови,дури уште повеке се нервирам.во ниту еден збор неможам да му поверувам
     
  8. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Лекови не се потребни,потребен е разговор...се на светот се решава со разговор,немој да се плашиш од него,плаши се од себе и твоето однесување,верувај му но верувај си и себе,не биди лабилна не за тебе туку за децата,избори се и за тебе и за нив и за него
     
  9. dusicka123

    dusicka123 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    zdravo decki...Jas sum nova ovde i se zacleniv zosto itnoo mi treba pomos :(( imam decko i idam godina ipol so nego...No pocnav na rabota i se zapoznav so eden kolega...pocnavme poraki i ragzovori i se dog deka ke se muvame i ke imame tajna vrska no toj ima isto taka zenska :((( se izmuvavme ednas ( se izlapavme 2-3 pati ) :) JAS GO BARAV NA Telefon oti bevme dog da se slusame ama samo so skiruien br da se barame,toj mi krevase no samo ednas me pobara toj a jas sigurno 7-8 pati go pobarav...Vecerva mu zvonev i mi krena zenskamu i jas rekov deka pogreska sum vrtela i se bese ok...Ali nekako ne e zainteresiran za mene.. :((( se plasam samo sakase da me iskoristi i da me ostavi.,,, So da pravam ve mnolam da pomos :((((((
     
  10. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Немој да мислиш,дечкото сака да те искористи,инаку не дека те осудувам но твојот дечко не ти е жал за него и тоа како тој се чувствува? Малку си себична оставаш долга врска за авантура освести се
     
    На mamukos и Anon им се допаѓа ова.
  11. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.836
    Допаѓања:
    81.043
    А ти што мислеше?Дека среќно ќе си живеете до крајот на својот живот???
    Ти е гајле,ќе најдеш друг колега или колега на твојот колега,ама пожелно е да има девојка а ти немој ни под разно да му раскинуваш на дечко ти ;)
     
  12. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Извини вака ама дечкото си ја сака женска му чим и го дал телефонот да ти се јави и чим те одбегнува
    мој совет ти е да си ја гледаш твојата врска и да не се замараш за твојот колега :)
     
  13. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Се глупираш !
    Престани.
     
  14. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.177

    Јас ќе те критикувам, оти ми се :puke:, али буквално ми иде цревата да си ги исповратам на вакви ко тебе и тој дечкото, овај колегата твој. Имате и двајцата некого, во врска сте, па ви текнало ќе се мувате. Ма дај! Оти не раскинеш со дечко ти и тој со девојка му, па лапајте се до мила волја.
    Глупости!
     
    На Look, calliope, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Да замениш долга врска со една авантура која патем не е вредна, која сатисфакција е тоа?
    Зарем не ви е жал бе?
     
    На calliope и maryJ им се допаѓа ова.
  16. maryJ

    maryJ Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    17
    Аман бе девојче, како што да правиш? Сама си даваш одговор на проблемов твој дека сакал само да те искористи и те оставил.. сигурно нема да ја остави девојката заради тебе.
    За машките ваквите девојчиња се само како играчки, гледаат дека брзо паѓаат на нив и кога ке им пројде кејфот, ајт у к*рац.
    Незнам што би очекувала повеќе од него, место да си го гледаш дечкоти и да си го цениш, ти се пикаш кај што не ти е место!
     
  17. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Немаш друг колега да си се зближите и да си праќате порачиња? :(
    Си дробела сестро, ќе си сркаш.
    Јас навистина не знам што очекувате од ваквите работи. Не можам ни да претпоставам.
    Не гледа тука што набила рогови на дечкото, туку се плаши што колегата не и’ кревал.
    Замисли што правеле вечерва штом не кревал и после ти се јавила женската, м?
    А ти седи си така и надевај си се на нешто, наместо да му се фрлиш на дечко ти со мирна глава и без грижа на совест. Ако ви е бе, ако.
    Е не, од едно мување со прстен ќе ти дојде пред врата.
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Зошто да ти крева?Ти зафатена,тој зафатен,те ќарил со некој евтин шмек за да те искористи и чао..Незнам зошто се однесуваат девојќите по еден бакнеж како да се во врска со дечкото и го бараат,мислат сериозна е работата...? Всушност и тој и ти сте знаеле дека сакате мал флерт,бакнеж,да си ја смените секојдневната монотонија и потоа чао кај вашите партнери.
     
  19. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Дефинитивно можам да ти кажам дека НЕ ТЕ САКА.Ако те сакал немаше да продолжи со неговата девојка во врска и немаше тајно да се гледате.Тој те користи,откачи го додека е време.И јас сум била во ваква ситуација(слична),но јас го откачив пред да успеа да ме легне и да ме остави.Ти кажувам од искуство и се надевам ке ме послушаш. ;)
     
  20. dusicka123

    dusicka123 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    decki ne sakav da me osuduvate so vakvi komentari.... sum imala pred 2 god mn bolna vrska :( i padnav vo deprisijata poradi toa i mislam deka od togas stanav vakva i sea go prevariv deckomi. :( stvarno se kaam i mi e zal i ve molam za pomos a ne za kritiki zosto i bez vase mislenje sama sum svesna deka se glupiram i deka se nadevam zaludno...pobarav samo pomos i resenie za problemov. ali sepak fala vi
    [mod-kirilica:2s1rbmqd][/mod-kirilica:2s1rbmqd]
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.