Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Јас на твоја возраст за прв пат имав доверба и бев блиска само со една личност, со која претходно се знаев предолго време но ете, немав толку комуникација. Пред тоа бев иста, без друштво за излегување и за муабет. Јас на твое место би пробала колку што можам да се дружам со тие од класот, не мора да бидеш блиска, само пробај да се вклучиш во некоја дискусија.
    Знам дека е рано, но дали имаш планови за факултет? Ова е потежок период кој секако ќе помине, но понатаму ќе бидеш во нова средина, со многу нови луѓе и сигурна сум дека ќе најдеш некој што ќе те прифати таква каква што си.
     
    На Cosmic Girl и Indiegurl им се допаѓа ова.
  2. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски
    Почни да чуваш куче или маче или било какво друго животно, ако не ти иде со овие другарки, вдоми некое животно, нема да бидеш осамена, баш напротив ќе имаш еден вид на занимација и обврска, нема да се чуствуваш осамено. Па доколку се запишеш на факултет, лесно ќе се спријателиш, само биди позитивна.
     
    На Jane.Birkin и Indiegurl им се допаѓа ова.
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Премногу си млада, ќе запознаваш уште многу луѓе и многу и ќе ги избришеш. Убава идеја ти дадоа за друштво од клас или уште поубаво на факултет кога ќе се запишеш. Во меѓувреме поработи си на самодовербата и тоа што те спречува да се зближуваш со луѓето. Од искуство ти кажувам не си ни свесна уште колку луѓе ќе те разочараат и колку нови ќе ти се појават во животот.
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.374
    Допаѓања:
    9.351
    Пол:
    Женски
    Кога двајцата сте уште од млада возраст заедно, односно од средно со години, врската и вие како поединци созревате и се менувате заедно. При тоа некои го издржуваат предизвикот на природните промени а некои не. Она што ви биле заеднички интереси, ставови, па дури и приоритети се менуваат како што минувате одредени периоди од животот. Добро е што имате љубов, но за да опстане врската треба да имате и заеднички перспективи кон иднината, заеднички цели. Ми се допаѓа што разбирате дека однесувањето е во склад и со годините што ги има дечкото, и што сте свесна за сите аспекти од врската и затоа и ви е стравот за тоа како ќе личи вашиот заеднички живот утре. Кај младите момци (а и девојки) кои рано почнале врска а таа траела подолги години и била посериозна сум забележала дека кога ќе се свестат дека врската тера кон озбилно или кон брак, ги фаќа малку страв, во смисла на тоа дали можеби тоа е се што ќе доживеат во младоста. Некои сакаат да пробаат со други девојки, а некои еве како со вашиот случај, со побоемски стил на живот. И во двата случаи во основа е чуството на ограниченост и желба за поголема слобода. При тоа мислам на слобода да испробаат што се можат да бидат во животот пред да бидат она што другите очекуваат да превземат како улога во животот (татко, сопруг, работник). Сакаат да пробаат и други улоги, па макар и да не се толку општествено прифатливи. Бунт некој вид, повеќе за да си докажат на себе и за да се најдат себе. Тоа што сега е друштвото такво каде што се сите сингл освен него нема вечно да биде исто. Еден по еден сите ќе си најдат девојки и жени. И тогаш и приоритетите ќе им се сменат и на другарите, па вашиот дечко ќе сфати дека тие ќе почнат да ги ставаат во прв план девојките и жените па после другарите. И јас имав долга врска пред бракот и маж ми тогаш викаше јас за нив и десна рака ќе дадам. Јас само се смешкав и му викав времето ќе покаже дали и тие за тебе ќе дадат десна рака утре кога ќе имаат како тебе сериозни врски, жени и деца. Не сакаше да чуе дека такво нешто е можно, од деца се дружеа. И еден по друг сите си најдоа некоја што им значи, сите се оженија и сите си го подредија животот на семејството. Ние некако последни од друштвото се земавме, па имаше прилика да види како другарите почнаа да го ставаат семејството пред нивното дружење. И до ден денес се другари тоа не се смени и нема да се смени ама веќе никој од нив за другиот не се удираше во гради. Мм самиот си призна дека сум била во право кога некој од нив ќе го извисеше. А што се однесува до посесивноста апсолутно е непотребна. Само полошо правите и го терате да се чуствува уште позаробено. Може дури и да го избркате од себе. Љубомората е одраз на вашата слика и однос кон себе, не е одраз на љубов. Човек што има самодоверба не е љубоморен. Човекот што го сака другиот без да му поставува услови и кој што љуби без да бара нешто за возврат не е љубоморен. Не си ја трујте душата со негативни емоции, оставете го сам да си го најде патот ако вистински го сакате. На крајот зрелата љубов прифаќа дека некогаш е подобро другиот да продолжи сам по патот ако тоа го прави среќен, зошто сакаме саканите да ни бидат среќни и исполнети во животот, со нас или без нас.

    Здраво, би сакала да ти дадам совет ама прво чисто информативни да расчистиме едно нешто со поимиве.
    Асоцијална личност и антисоцијална не е исто. Асоцијален е оној на кој социјалните контакти му ствараат нелагодност заради која ги одбегнува. Додека антисоцијален е оној кој без никакво жалење ги крши правата на другите, ги малтретира или манипулира. (во последниве спаѓаат психопатите). Второто не си сигурно. Па дури и за првото се сомневам дека си. Со сета почит кон возраста на која си, но сеуште е рано да се идентификуваш со одредени дијагнози. Ти сеуште си на возраст на која ја формираш и развиваш својата личност. Тинејџерските години на многумина им се најлошиот, најзбунувачкиот и најматниот период од животот затоа што се преплавени од себе и од средината. Од една страна разни друштва, секакви други деца сите со свои преференции, ставови како треба као не треба, сите едни со други се меркаат, проценуваат, критикуваат. Се обидуваш да најдеш друштво во кое ќе си своја и во кое си прифатена а и самата ти истражуваш која си, сеуште го градиш својот идентитет. Згора на се тика е и потребата да се допаднеме на другите, да бидеме прифатени и да припаѓаме... Така да верувај ми решаваш една равенка со еден куп непознати. Некогаш ќе се обидеш едно, па друго, ќе се подружиш со еден круг луѓе, па со друг. Не е тоа ништо необично, така ќе истражиш, така ќе научиш која си ти и со кого ти чини да се дружиш. Со некого некогаш ќе кликне. Тоа сигурно. Само најбитно е да не си лепиш етикети, дијагнози и сл. Ти можеш да бидеш се што ќе наумиш и на што ќе поработиш. И никако немој едно лошо искуство да го генерализираш и да мислиш дека не вреди да излегуваш од дома и да се дружиш зошто нештото ќе се повтори. Ако немаш роднини, повикај некое девојче од клас, од училиште од друг клас, од комшии.. Охрабри се да се јавиш прва. Ако некој те покани, не одбивај го, излези и обиди се да бидеш отворена за нови искуства. И да остане на една две средби, не очајувај, не си изгубила ништо. Си се стекнала со нови познаници и со искуство. Вештините за интеракција и комуникација се учат. Ако сакаш да се информираш би ти препорачала да прочиташ нешто од оваа тема. Пр за говор на телото (во книжара три има книга со овој наслов), за социјалните вештини и за интеракцијата. Трансакционата анализа ги проучува интеракциите и комуникацијата меѓу луѓето, па можеш да побараш литература од овој психолошки правец.
     
    Последна измена од модератор: 14 март 2020
    На SummerGirl, Bezimenka90 и Dust им се допаѓа ова.
  5. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.743
    Пол:
    Женски
    Се согласувам целосно со @Cosmic Girl како некоја што била слично како во твојата ситуација. Јас се надевав дека на факултет нешто ќе се промени и ќе запознаам друштво, но на крај само сфатив дека сама себе си ставав сопки.

    Нема потреба од загриженост, за среќа има лек. Го применив баш тоа што го напишала членката. Поработев на социјалните вештини.
    Попрактично би ти рекла дружи се со децата од клас, населба, курс...каде се собираат тие оди и ти. Поставувај им општи прашања за хоби и интереси. Генерално луѓето сакаат да разговараат за нивните интереси. А ти така ќе откриеш со кои имаш нешто заедничко. Така ќе им биде интересна дружбата со тебе, а потоа ќе преминете на други теми и ќе ви се продлабочи пријателството.

    Пробај да бидеш опуштена и позитивна. И најбитно секогаш отворена за нови познанства. Така ќе си стекнеш нови пријателства. Таков период е, нови ќе доаѓаат и некои ќе престанат.
     
    На Cosmic Girl и Indiegurl им се допаѓа ова.
  6. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Чисто вака да си потпрашам : Тоа ли е тоа сеедно кога случајно ќе налеташ на коментар од бивш, слика од бивш кој сте го сакале а ве има повредено и повеќе не треперите од нервоза за напишаното и не анализирате повторно?
    Долго се борев да дојдам до тој степен и сега некако чудно ми е.
     
    На candy.cane, Billy Idol, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.914
    Пол:
    Женски
    Тоа е сеедно(y)
     
    На candy.cane, Billy Idol, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.685
    Допаѓања:
    25.260
    Пол:
    Женски
    Ми пиша еден бифши што очи неќам да му видам и го мрзам од дното на душата значи толку покварен,егоист чоек у живот не сум видела буквално психопат е .. и ја му вратив и што да напраам сега како да го откачам ме замара ми се лепи
     
  9. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Стави го на mute и не му ги отварај пораките, евентуално ќе прекине.
    Ти пишал затоа што му е досадно периодов дома и си наоѓа занимација.
     
    На cresa-jagoda, Kimberly11 и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  10. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.404
    Допаѓања:
    2.671
    Не бе,дефинитивно им е досадно на луѓево па си бараат занимација периодов.Мене слично нешто ми се деси пред некој ден,само што мојов се дрзна да ми ѕвони во 1 саат ноќеска,па уште онаков фин ми вика оо добро вечер,како си,што правиш...абе мрш таму.А иначе има девојка..
    Ти најубаво да го блокнеш од секаде ако веќе го немаш направено тоа до сега.И бројот блокни му го па нека се слика:D
     
    На candy.cane, Konfetka, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.685
    Допаѓања:
    25.260
    Пол:
    Женски
    Абе и овој има девојка :rofl: му враќам си праиме муабет ако.ми скисне нешто ќе блокнам
     
    На Konfetka, cresa-jagoda и ana-sweet им се допаѓа ова.
  12. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.404
    Допаѓања:
    2.671
    Па можеш и така,чисто колку да тепаш досада деновиве:D Јас така го вртев некој месец,го завлекував и дека ќе се видиме и на крај кога ми пукна филм и ми стана премногу напорен го блокнав и од инста и од фб:rofl: шок го мавна
     
    На Konfetka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.417
    Допаѓања:
    22.023
    Пол:
    Машки

    Немаше потреба да прајш гужва на темава, ти годи колку толку, ко шо викаш ако не ти скисне, може да бидни нешто. :D
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  14. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Играјте си така, заебавајте се, па коа пак ќе се затрескате ќе плачете тука :)
     
    На candy.cane, marija305 и Annora им се допаѓа ова.
  15. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.685
    Допаѓања:
    25.260
    Пол:
    Женски
    Последен да е на светов не му се враќам :rofl: На кое женско не му годи ако и пише бифшиот сам и да трчка по неа?
     
  16. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.417
    Допаѓања:
    22.023
    Пол:
    Машки
    На оние што не патат од синдром да се центар на внимание.
     
    На Regina.Phalange, candy.cane и marija305 им се допаѓа ова.
  17. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.685
    Допаѓања:
    25.260
    Пол:
    Женски
    Ај чао (facepalm)
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Milaa111

    Milaa111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Премногу сум разочарана премногу. Заедно сме 2 години, ми беше нешто сомнително кај него и решив да влезам во неговиот фб...се зачудив како од трет пат го погодив пасвордот и што да видам. Си пишувал си се запознавал, со колешка од работа си пишувал вечер ке ти се јавам да те слушнам....
    Го прашувам ми вели за работа хаха секако да за работа, со таа што си се запознавате? што ако сум и пишал не направив нешто со неа јас. И вечерва 1000 пати ми раскина и ми се смири. Веќе незнам што да правам премногууу го сакам 2 години не се малку време многу ми е тешко да го оставам помошшш.. А, и ми вели ме сакал..што крепи земјата!
     
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Ти треба да му раскинеш, а не тој. А кога ќе му раскинеш никогаш да не му дадеш втора шанса.
     
    На piksooki, candy.cane, Indiegurl и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Elf

    Elf Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    568
    Допаѓања:
    2.136
    Пол:
    Женски
    Оф мори девојче...
    Епа ако го сакаш трпи го нека се пишува со сите па и нека си оди и на дејтови, а ти продолжи да го сакаш и да го толерираш.

    Па уште и он ти раскинувал ...
    Со кое право бе? Зашо си го открила и фатила на дело затоа ли? :rofl:
    Секој сам си прави све ..
    Пошо вака кога ќе слушнам ме вади од такт.
    Треба малку повеќе да си се сакате и почитувате сами, а не да дозволувате некој типац што сака да си прави, а притоа ти да го толерираш пошо нели го сакаш, а он тебе????
    Ако те сакал немало да го прави тоа!!!
     
    На candy.cane, Milaa111, Alisa22 и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.