Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Irenaiki

    Irenaiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Направив профил на еден сајт за запознавање, лажен т.е. една слика ставив, ми беше досадно па ај да се зезам, не знам кој ѓавол ме натера разменив број со еден, значи , дечково фин е по пишување, ниту се глупира ниту ништо да пишува глупости, проб е што почнавме да се зближуваме, а збореше дека има многу лажни профили итн да скратам , сега ми бара камера и ми пиша дека не верува дека сум јас таа на сликата, искрено ми се свиѓа он како размислува и се тоа, ама како да се извлечам сега од ова што се зезнав????? Каква причина да кажам зашто лажев ,многу лоша ситуација :|
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.842
    Допаѓања:
    80.803
    Пол:
    Женски
    Сега претстави му се вистинската ти па што биде нека биде. Јас лично камера не би пуштила, само слика ако сака. :D
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Кажу му ја вистината, дека најпрвин не си сакала да споделуваш лични податоци со непознати луѓе ама дека со текот на времето ти се допаднал. Easy peasy.
     
    На piksooki и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  4. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Ме интересира мислење и совет.

    Би продолжиле ли пријателство со другарка која редовно си реплицира со ваш бивши а знае колку си страдала поради него?
    Значи се работи за другарка која ја сметаш како сестра.!

    Не сум личност која влегува во расправии и забранува, ама веќе ми боде во очи.

    Со неа се дружам пола живот, ги знае сите мои маки и тајни, баш пред некој ден пред да деактивирам инстаграм и се доверив за една работа ама после ова што го видов се чувствувам како прави будала од мене.

    Таа нема ништо со него, мажена е, ама ме иритира што веќе не знам дали можам да и верувам.

    Се мислев да прекинам пријателство поради тоа.
     
    На Alisa22, piksooki, Milobebence и 3 други им се допаѓа ова.
  5. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.566
    Пол:
    Женски
    Од каде е она толку блиска со него, па и после вашиот раскин таа да контактира со него?
     
    На (Lord) му/ѝ се допаѓа ова.
  6. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    21.479
    Пол:
    Женски

    Би и кажала дека ми пречи тоа, кога веќе сме толку блиски. Да била некоја подалечна, би прекинала пријателство без да барам било какви објаснувања, ама вака е поинаку.
    Може и мисли дека не обрнуваш премногу внимание на тоа, па затоа е така лабава.

    Кажи и искрено како се осеќаш и дека доколку продолжи таа така, извесно е дека ќе го прекиниш пријателството со неа. Па ако и е поважно да тепа некој бош муабет со небитна особа, бујрум.
     
    На Wahnsinn, Martka, piksooki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Зависи дали тие се знаеле од претходно или преку тебе се запознале.
    Ако е првиот одговор тогаш не би се лутела бидејќи нема што дешавките меѓу нас да го засегнат нивното другарство, ама ако е вториот случај тогаш би го гледала како големо непочитување и би била премногу разочарана од другарката.
    Прво би разговарала, а потоа ако не гледам позитивен исход, arrivederci :)
     
    На T.e.d.d.y, Pea, bicycle и 2 други им се допаѓа ова.
  8. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Не знам, се следат на социјални мрежи, инста, твитер, порано не беше до тој степен, сега апла, кејжуал реплицирања и тоа по 5 6 реплицирања на ден.
    Додуша ја немам прашано ама таа е друштвена, со сите си живее, ако и преречеш нешто ќе те направи љубоморна и себична, со мене така не била ама ете ако и дојде до расправија знам дека може да си кажеме многу зборови за кои ќе се каеме затоа што некогаш кога некој прави будала од мене не знам да се контролирам со кажување но во последно време гледам да го сменам тоа и да не реагирам бурно.
    Доста толерантна личност сум, но мислам дека тука грешам.
    Не можам да одречам дека ме ислушала и помогнала кога ми била тешко ама ова е веќе ту мач.

    Проблем е што не е прв пат. Не е од сега, и не знам како да започнам муабет, баш поради тоа се дистанцирам од нејзе последен период.
    Јас и да и спомнам дека ми пречи она ќе го блокира него, ама тоа не го менува фактот дека го сторила тоа неколку пати.
    Ќе зборувам следните неколку денови со нејзе, кога ќе се вратам на социјалните мрежи, а ако случајно продолжи мислам дека е време да прекинам ако некој разговор со небитна личност и е поважна додека мене ме остава на сеен или да чекам со часови да врати додека си нижи разговори а јас ја чекам.


    Она него лично не го познава, туку само заради мене се следеа на социјални мрежи откако почнав врска со него. Гледам моите партнери да не ги запознавам лично со друштво додека не видам како ќе одат работите.
    Со него завршив врска пред 3 години и тој воопшто не ми е битен, ама таа знае колку страдав поради него.

    Види, јас не правам проблем, ама барем да ме извести, а не да се запрепастам самата. Повеќе ценам искреност.

    И уште нешто. По овој дечко имав друг, кога раскинавме таа застана на негова страна и на страна на неговата нова партнерка.

    Некаде грешам, кога сум имала проблеми сум мислела дека можам да и верувам и во некои периоди навистина било така но сега ете се двоумам, не сакам да погрешам и избрзам со одлуките.
     
  9. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.566
    Пол:
    Женски
    Јас би прекинала пријателство со нејзе.
     
    На Wahnsinn, Youknow, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    А да те прашам, колку ти е вистинска пријателкава? Мене ми личи на некоја што ти завидува и одвај чека да те посе*е уште толку.
    Па ако бившиот ми сје*е живот, другарка ми го хејта повеќе од мене, а не да го воздигнува.
    Да сум јас грешка, мене на страна ќе ми каже што како, ама пред него никогаш нема да ме потцени.

    Разговарај со неа, собери храброст и кажи ѝ точно што мислиш, до детал.
    Или сврти ѝ грб, па ако ѝ значиш сама ќе проба да го реши проблемот, а тогаш ќе биде твојата минута да докажеш дека си во право.
     
    На Wahnsinn, Trxmx, Youknow и 4 други им се допаѓа ова.
  11. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Така и планирав, моментално размислувам како да почнам дијалог.
    Или само директен прекин без објаснување и блок.

    Е баш вака.

    Фала ви.
    Ми дадовте до знаење дека нема да згрешам со крајното решение.
     
    На christinnn, *Amethyst*, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.778
    Пол:
    Женски
    @bicycle Еве мое мислење во кое се најдов лично јас во слична ситуација ...
    Во мојот случај мене ме изневери бивши ми и си продолжи понатаму со таа, јас од инает се "сплеткав "со неговиот најдобар другар и на почетокот не му сметаше на другарму се додека дозна бивши ми , тој толку се дистанцира од мене што ми стана многу криво бидејки јас и бивши ми сме завршена приказна и го мразам (иако до пред 5 месеци бевме заедно) но тенка е линијата помеѓу љубовта и омразата! Којзнае што му зборувал за мене!!

    Во твојот случај сакам да те прашам дали ти сеуште го сакаш него?
    Ако да , избегни ја другаркати за цел живот !
    Ако не си , зошто толку трагично го сфаќаш тоа? Нели секој си продолжува со својот живот и заслужува да биде среќен?
    Очигледно е дека другаркати кокетира со него и прашање на време кога ќе излезат ..но и да излезат како што пишав погоре во мојот случај такви врски ниту се долготрајни ниту успеваат!
    Ако си го преболела ,не го ставај ова при срце и не се замарај многу со нив , остави ја другаркати нека кокетира со него и биди ладнокрвна и не давај им големо значење ! Кога тогаш сето тоа ќе заврши со неуспех.
     
    На hermosa, *Amethyst*, AAKG и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски

    Не, не го сакам, одамна е завршено со него, пред 3 години, ниту го имам видено од тогаш, а по него имав и друг партнер.
    Она е мажена, не го познава лично и какко што кажав они се заследија тогаш кога почнав врска со него а не ги имав запознаено лично.

    Би било подобро да ми кажеше а не да ме прави будала, да крие од мене и слично а овде да ми кажува други работи, за него не ме интересира.
    Искреност пред се.

    Нејзе да и направиш така ќе почне да ги врти сите против тебе.

    Јас никогаш не би и го сторила тоа.
     
    На hermosa, *Amethyst* и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Тоа што е мажена не значи дека не кокетира со него или дека не може да се сплетка.
    Јас искрено не би расипала другарство ради ова. Сум го преболела било што било, нека тера магарето со која сака.
    Ако уште чувствувам нешто за него и другарка ми знае, тогаш е друга приказна.
     
    На (Lord), *Amethyst*, bicycle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.778
    Пол:
    Женски
    Очигледно дека флертува но мажена е ??? |(
    Не коментирај ништо само целосно дистанцирај се од неа , не и дигај слушалја , не ја сматрај ни за жива , како да не постои , да не испадне дека неа и љубомореш .
     
    На Youknow, *Amethyst*, bicycle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.892
    Допаѓања:
    173.472
    Пол:
    Женски
    Вториов те уценува?
    Куче што лае не каса..ништо нема да направи.

    А ти ...време е да му признаеш се на маж ти... ако вториот те уценува..
    Или на вториов ако маж ти те уценува(fingers) ма да мислам првото е..

    Ма да ти си се разделила од семејството и твоите деца во моментот кога си отишла со друг ;)
     
    На Alisa22, *Amethyst* и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    А каков е односот со мажот, како реагира тој кога мајка му те малтретира? Разговарај со него, биди искрена за да можеш и да го пријавиш психопатот во полиција доколку продолжи со закани и уцени.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.438
    Допаѓања:
    21.060
    Пол:
    Женски
    Обиди се да и кажеш дека тоа ти пречи, па ќе видиш понатаму што ќе се случува. Ако не е во ред повторно, ако продолжи со истото тогаш прекини го пријателството..
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    @bicycle ќе прекинев другарство јас.
    Баш вакви ситници се показател на некои работи.
    Отпосле кога ќе помине време сфаќаш колку токсични ситуации имало кои си ги занемарувал човек.
    Не ми личи на вистинска другарка.
     
    На Alisa22, Youknow, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Greh333

    Greh333 Нов член

    Се зачлени на:
    19 април 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.